Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Кога помислуваме на есенски трендови во уредувањето на домот, вклучително и палетата на бои која доминира во есенската сезона, нашите мисли веднаш летаат кон портокаловите нијанси кои неодоливо потсетуваат на позлатените лисја на дрвјата и вкусната тиква. Но, еспертите за уредување на домот велат дека оваа година трендовите се менуваат и дека оваа есен ќе биде една од најшарените и најразиграните сезони за 2022. Според нив, ова се водечките ...
Училишното ѕвонче заѕвони и од вчера си ги повика учениците назад во училишните клупи, конечно без рестрикции да го започнат (првачињата) или продолжат својот образовен процес враќајќи се во нормален тек на наставата. Безгрижните среќни лица на учениците се слика на која сите се радуваме. Но, реалноста е дека меѓу сите тие насмевки има и дечиња и ученици кои по една или друга основа, немаат стандардно детство како нивните врсници. Децата со ...
Како и секоја нова сезона, така и есента со себе повлекува нови трендови. Овојпат станува збор за оделото во боја, кое покрај тоа што често се практикува и за дневни пригоди и професионални опкружувања, се чини дека преоѓа и во избор за формални и свечени настани, како коктел забави и свадби. Фото: Pinterest Иако најчестиот и најочекуван моден избор за овие пригоди се долгите свечени свилени и сатенски фустани, оделото во боја претставува ...
Суперѕвездата Џенифер Лопез (53) и актерот Бен Афлек (50) кои неодамна се венчаа во Лас Вегас, на своите љубители им приредија можност да погледнат во дел од интимните моменти поминати за време на раскошниот свадбен викенд во Џорџија, како и фотографии од големиот ден, преку најновиот билтен на Лопез, објавен во четвртокот. Во билтенот таа открива дека моментот кога се појавила во венчалниот фустан пред својот сегашен сопруг Бен, сè добило ...
Кога е во прашање Кејт Бланшет и нејзините појавувања на црвениот тепих, очекувањата се секогаш огромни. И никогаш не разочарува, што веројатно ретко кому му успева. Кејт Бланшет е токму една од тие ретките која секогаш се надминува, па и во модна смисла. Вчера беше главна атракција на црвениот тепих на 79-то издание на Венецискиот филмски фестивал, на премиерата на нејзиниот нов филм „ Tár", во режија на Тод Филд. Фото:Vogue/Getty Ја видовме и ...
На 6 септември, со почеток во 20 часот, ќе се одржи отварање на изложбата „Акварели" на Илија Маџиров, во Салон Империјал 2, во Културно информативен центар- Скопје. „Има нешто прозрачно во сликите на Илија Маџаров, нешто кое како стакло остро, рентгенски ги созерцува појавите и објектите во светот. Прашањето е дали уметникот одвнатре ги согледува нурнувајќи се во нивната слоевитост или само отстрана, мудро ги набљудува, доловувајќи ја нивната ...
Две децении по објавувањето на „Sk8er Boi", поп-панк пејачката од Онтарио, Аврил Лавињ, во средата конечно доби своја ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд. Свеченото откривање на ѕвездата е совршениот начин за 37-годишната пејачка да ја прослави 20-годишнината од нејзиниот деби албум „Let Go", кој ја започна нејзината кариера со синглот „Complicated" и незаборавни хитови „Sk8er Boi" и „I'm With You". Фото: cbc.ca Лавињ ја отвори ...
Домашниот миленик е најдобриот пријател на човекот. Не постои љубител на животните и сопственик на миленик кој не би се согласил со оваа изрека. Постојат солиден број на причини зошто луѓето толку се приврзуваат за своите крзнени пријатели и зошто неретко ги сметаат за вистински членови на семејството. Покрај неограничената среќа и забава која загарантирано доаѓа по одредено време поминато со припитомено животно, постојат голем број научни ...
Кралицата на Јордан, Ранија, на својот личен Инстаграм профил објави фотографии од деловен состанок на кој носи сафари фустан, вешто искомбиниран со суптилен накит и елегантни салонки. Дека ѝ прилега беспрекорно, тоа е неспорно. Но, универзалниот карактер на ова парче, кое ѝ ласка на женската фигура, ја потенцира половината, а во долниот дел е дефиниран во А крој, го прави совршен модел за секоја жена на различна возраст. Неговата миди должина ...
По успехот кој го постигнаа сериите „Halston" и „Тhe Assassination of Gianni Versace: American Crime Story" на Netflix и зголемениот интерес за модните теми во светот на кинематографијата, се очекува дека овој тренд значително ќе расте во следниов период. Доказ за тоа е и најавениот серијал на Apple TV, во режија на Аитор Ареги, кој ќе ја обработува врската помеѓу Коко Шанел и Кристијан Диор, а од неодамна дознаваме и дека Disney+ подготвува ...
Вчеравечер официјално беше отворено 79-то издание на престижниот Венециски филмски фестивал, воедно и најстар во својот ранг. Возбудливата филмска програма, големите филмски ѕвезди и фантастичната мода, низ годините го изградија неговото реноме издвојувајќи го како еден од најзначајните. Годинава на чело на жирито во официјалната селекција е оскаровката Џулијан Мур, наградата за животно дело ќе ѝ биде врачена на Кетрин Денев, а во трката за ...
Утре со почеток во 18:30 часот, во Дом на култура „Кочо Рацин" Скопје (зелен кров), се отвара самостојната изложба на академскиот графичар и графички дизајнер Дарко Аницин. Целта на овој автономен и иновативен проект насловен „Боите на вкусот" е преку мобилизирање на граѓаните/ките, од различни културни средини, да ги поттикне на негување и афирмирање на традицијата и културата. Нешта кои се помалку или повеќе интересни во зависност од ...
Холивудската ѕвезда Шерон Стоун (64) изгледа фантастично во едиторијал за Vogue Арабија, позирајќи во раскошни креации од врвни брендови, меѓу кои и Зухаир Мурад, Долче и Габана, Ели Сааб и Валентино. Фото: Vogue Но, покрај блескавите тоалети, во ова издание на Vogue, Шерон ја претстави и својата нефлитрирана страна преку искрено интервју и разговори на вечно сензитивните теми: стареењето, сексизмот и правата на жените. Во интервјуто таа ...
Убавината и раскошот на жените од митологијата, божиците и нимфите, се креативниот импулс како инспирација за новата капсулна колекција на ЕЛЕНА ЛУКА, „Satin dream" која својата приказна ја создава околу артистичниот моден израз. Архитектурата, скулптурите и декорациите од старата грчка и римска уметност, вешто се преточени во модернизирана линија на ексклузивни тоалети кои на современите дами кои бараат смел и атрактивен дизајн, им ја ...
Се чини дека без разлика на тоа каков тип на тело имате или пак колку изнесува вашата висина, пазарењето соодветна облека и стилизирањето на истата знае да биде проблематично за секоја жена од одреден аспект. Висината секогаш се сметала за позитивна карактеристика, како кај мажите така и кај жените. Но фактите покажуваат дека и оние кои ја имаат висината и конвенционално најпосакуваната форма на тело, се соочуваат со модни предизвици како и ...
Славниот холивудски заводник Леонардо Дикаприо (47) и моделот Камила Морон (25) се разделија по четиригодишна врска. Како што пренесува магазинот „The Sun", парот се разделил летово, а последен пат биле видени заедно во јули, по што одвоено заминале на одмор, Камила со нејзината мајка, а Лео со пријатели. „Лео и Камила се разделија ова лето. Останаа во добар однос. Едноставно, одлучија дека така е најдобро", изјавил извор близок до актерот за ...
Вчера, на инаугуративната коктел забава во рамките на 79-тото издание на Венецискиот филмски фестивал, оскаровката Џулијан Мур блесна во извонредна креација со потпис на Alaïa. Фото: wwd.com Актерката и претседателка на жирито беше забележана како пристигнува заедно со фиректорот на фестивалот, Алберто Барбера, облечена во едноставна, но елегантна црна свилена тоалета со горен дел во форма на срце и долен дел пропрскан со жолти почка точки. ...
Во мега интервју за новото издание на магазинот „The Cut", војвотката од Сасекс, Меган Маркл зборува на различни теми од нејзиниот живот, а како дел од нејзината промотивна стратегија за нејзиниот нов подкаст „Archetypes" на Spotify кој старуваше минатата недела. Но, колку и да гравитира разговорот околу различни теми, јавноста сѐ уште најмногу ја интересира за релацијата на Меган и принцот Хари со британското кралско семејство. Во тој контекст, ...
Македонскиот народен театар во септември официјално ја отвора и новата театарска сезона, исто онака како што и ја заврши старата, со меѓународни гостувања и патувања надвор од границите на државата. Овој пат во изборот на селектираните претстави се двете најнаградувани претстави од изминатата сезона, „Народен непријател" од Хенрик Ибзен и „Нема да биде крај на светот" од Аднан Лугониќ, и двете во режија на Нина Николиќ. Првото гостување со ...
Белите патики се задолжителни моден додаток во текот на топлата летна сезона. Верситалноста на оваа обувка ѝ дозволува совршено да се искомбинира со различни парчиња облека, а современите трендови се доказ дека е таа е одличен избор при стилизирање на разни модни изгледи, без разлика на стилот на личноста. Фото: Pinterest Фото: Pinterest Како дел од спортски аутфит, лежерни комбинаиции со маичка и фармерки, кошула и шпрцеви, или пак во спој со ...
Фестивалот на светлината – SKOPJE LIGHT FESTIVAL e културно-општествен настан на кој уметниците преку најразлични светлосни инсталации и видеопроекции поставени на различни локации низ централното подрачје на градот од 2 до 3 септември со своите светлосни перформанси им се промовираат на посетителите. Темата на овогодинешниот SKOPJE LIGHT FESTIVAL е токму рефлексијата која нѐ поттикнува да ја истражиме светлината, да ја почувствуваме и да ...
Кијану Ривс е ѕвезда која живее обичен живот меѓу обичните луѓе. Важи за еден од најскромните актери во Холивуд, а тоа кај публиката му носи уште попозитивна репутација од онаа што веќе ја ужива. И тоа го покажа со уште еден пример викендов. Имено, како пренесува Newsweek, Кијану им ја направил совршена венчавката на пар кој ја организирал свеченоста во хотел во Нортхемптоншир каде што престојувал и самиот. Младоженците Џејмс и Ники Роднајт, ...
Дали сте знаеле дека кошулата и маичката на пруги прв пат официјално биле воведени како дел од униформата на морнарите во француската морнарица во 1858 година? Овој интересен податок се однесува на конкретен, изворен дизајн со точно 21 пруга кои ги означувале победите на Наполеон Бонапарта, но имал и практична функција: благодарение на впечатливиот принт во пруги, полесно било да се забележат залутаните морнари во море. Дизајн на Коко Шанел Но, ...
Есента веќе ни е на прагот, а за многумина таа можеби дојде премногу бргу. Со високите температури кои сè уште „дивеат" на многу места низ светот, не е ниту чудно што со мислите сме сè уште некаде на плажа и се сончаме. Реалноста е дека веќе треба да започнеме со преуредување на нашиот гардеробер. Но, станува збор за преодна фаза, па доколку веднаш го извадите топлите џемпери и толи капути на виделина, најверојатно ќе ги заб оравите повторно ...
Најголемата бунтовничка меѓу највлијателните икони на стилот, Ајрис Апфел, вчера го славеше 101-от роденден. „Кој би помислил..." само кратко напиша под роденденската фотографија која ја објави на нејзиниот Инстаграм профил. И навистина, многу фантастични приказни кружат околу нејзиниот живот и нејзината личност и фактот што со 101 година таа е една од највлијателните и ангажирани фигури во модниот свет, ја сместуват меѓу легендите. View this ...
Поп-панк иконата, Аврил Лавињ ги здружи своите сили со британскиот алтернативен бренд за облека Killstar за дизајнирање на нова модна колекција. По објавувањето на нејзиниот седми студиски албум „Love Sux", Аврил учествуваше во дизајнирањето на оваа нова колекција на облека која вклучува голем број уникатни модни додатоци во розова боја. Фото: kerrang.com „Носам парчиња од Killstar веќе со години, така што оваа соработка беше сосем логична", ...
Поп-панк иконата, Аврил Лавињ ги здружи своите сили со британскиот алтернативен бренд за облека за дизајнирање на нова модна колекција. По објавувањето на нејзиниот седми студиски албум „Love Sux", Аврил учествуваше во дизајнирањето на оваа нова колекција на облека која вклучува голем број уникатни модни додатоци во розова боја. Фото: kerrang.com „Носам парчиња од Killstar веќе со години, така што оваа соработка беше сосем логична", вели Аврил. ...
Една од најголемите модни афторитети и најмоќните жени во модната сфера, Ана Винтур, покрај тоа што е извршен уредник на американскиот Vogue, таа е позната по тоа што со години ги поставува темелите за новите трендови. Не би било далеку од вистината доколку се каже дека нејзиниот збор е „закон и ред" во светот на модата го дава својот благослов на новите дизајнерски имиња и нејзиниот збор е закон и ред во светот на модата. Новите дизајнерски ...
По пауза од 5 години, пред скопската публика се враќа Пиволенд. Во програмата распределена во 5 дена, од 31. август до 4. септември, ќе настапат над 50 музички имиња од Македонија и Балканот, на две сцени лоцирани на плоштад „Македонија", а љубителите на пиво ќе може да бираат од понудата на над 100 видови на пиво. На овогодинешниот Пиволенд ќе бидат поставени две сцени, „Main stage" и „Craft stage". На „Main stage "ќе настапат познатите ...
Доколку планирате патување во следниов период, но имате желба да го избегнете класичниот летен пејсаж кој вклучува плажа и море, тогаш имаме одличен предлог со кој ќе се почувствувате како лик во бајка. Јеленов гребен, сместен во подножјето на прекрасната Олимска Гора, на само 4,5 километри од Терме Олимија, Словенија, е најдобро познат како дом на повеќе од 100 питоми елени и муфлони, кои неодамна станаа главна туристичка атракција за голем ...