Принцезата од Велс, Кетрин Мидлтон, вчера беше во посета на породилиштето на болницата во округот Крал Сари. Фото: Getty Како што изјавуваат од Кенсингтонската палата, за време на посетата, принцезата имала можност да научи повеќе за „холистичката поддршка што единицата им ја дава на бремените жени и новите мајки за да се осигура дека ја добиваат најдобрата можна грижа во текот и по нивната бременост". За приликата, како што доликува на една ...

Вечниот шарм на Авиатор јакните повторно во фокусот оваа сезона. Постојат одлични причини зошто Авиатор јакните уживаат статус на безвременска класика и зошто се едни од најомилените типови на јакни за есенските месеци кај секој кој ја сака модата и знае како да го препознае квалитетот. Фото: Pinterest Удобноста, топлината и лесниот начин да се стилизира во различни комбинации, ја прави Авиатор јакната уникатен избор за кој речиси и да нема ...

Есента крие неверојатна романтика во себе. Раскошната палета на бои и златниот сјај на природата; сивите облаци и есенскиот дожд; мирисот на тиква, ванила и цимет; топлите напитоци; свеќите во ентериерот и мекото плетиво кое го враќаме во гардероберот неизбежно будат топло и смирувачко чувство. Фото: Pinterest Па така, неретко, а можеби потсвесно, забележуваме дека дури и облеката која ја одбираме за секојдневните пригоди во есенскиот период ја ...

Додека голем број дизајнери се одлучија да одат во есктреми во нивните колекции за пролетта 2023 година, Шанел се одлучи да оди во поинаква насока и да се држи до својата потврдена формула за елеганција, формалност, смиреност и суптилност. На овогодинешната ревија во рамки на Модната недела во Париз, моделите на Шанел беа видени во проѕирни наметки, шорцеви од твид и мрежести чорапи до колена како дел од колекцијата инспириана од филмот „Last ...

Оваа сезона сме сведоци на многу динамично менување на трендовите, како во светот на модата, така и во сферата на убавината. Веќе покривме голем број трендови кои оваа есен ќе влијаат врз вашата фризура, почнувајќи од начинот на стилизирање, должината, формата, па сè до бојата. Сепак, се чини дека за многумина, портокаловата боја и сите нејзини нијанси се омилениот избор за есенските месеци. Фото: Pinterest Портокаловата боја е впечатлива и ...

За овогодинешната модна недела во Париз, модниот дизајнер Николас Гескиер на престижниот бренд Луј Витон се врати во Cour Carrée каде ја претстави својата колекција за прилет 2023. Модната писта за оваа ревија беше засебно ремек дело - резултат на соработката помеѓу францускиот уметник Филип Парено и холивудскиот продукциски дизајнер Џејмс Чинлунд (познат по својата работа на филмскиот гигант „Бетмен") кои создадоа сет и инсталација во форма на ...

Дакота Џонсон, актерката која стекна светска слава по улогата на Анастасија Стил во филмот „Fifty Shades of Grey" во 2015 година, денес полни 33 години. Фото: Pinterest Ќерката на Дон Џонсон и Мелани Грифит го имаше своето филмско деби на 10-годишна возраст во филмот „Crazy in Alabama" од 1999 година, а подоцна ја воодушеви филмската публика со својата извонредна телевизиска улога како Кејт Фокс во „Ben and Kate". Дакота зад себе има бројни ...

Моќта лежи во деталите! Оваа изрека е точка во различни контексти, вклучувајќи го и модниот. Вистинските познавачи на модата и вљубеници во префинетиот стил препознаваат дека едноставноста и суптилноста неретко го постигнуваат најсилниот ефект. Тајната лежи во изборот и начинот на комбинирање на модни парчиња изработени од висококвалитетни материјали, преку кои се постигнува ненаметлив луксуз. Овие парчиња се најчесто безвременски и класичен ...

Убавината на Плитвичките езера е надалеку позната. Воопшто и не е чудно што се едни од најпопуларните туристички атракции не само во Хрватска, туку и во целиот свет, привлекувајќи авантуристи и вљубеници во природата од сите страни на планетата. Фото: Unsplash Не постои сомнеж дека Плитвичките есера се прекрасни во секоја сезона од годината. Раскошната природа и богатото зеленило кое ги прегрнува езерата во пролетните и летните месеци е ...

Здравата и негувана коса е резултат на повеќе фактори, како внатрешни така и надворешни, и е секако желба на многумина. Во најголем дел од времето, главната улога во здравата, цврста, густа и сјајна коса ја имаат гените, но сепак постојат одредени животни навики кои можеме да ги имплементираме за да ѝ помогнеме на нашата коса да го постигне својот полн потенцијал. Дел од тие промени за почеток би биле да ги избегнеме најголемите грешки, како ...

Брендот за накит Tiffany & Co. ја одбра музичката икона Бијонсе за заштитно лице на најновата кампања. Преку оваа кампања, Tiffany & Co. наоѓаат начин беспрекорно да ги спојат музиката и стилот на пејачката со класичните, безвременски парчиња накит. На една од фотографиите направени за кампањата, Бијонсе носи црна креација од латекс со длабоко деколте и асиметрични детали околу рамениците. Изгледот беше комплетиран со соодветни светкави ...

Директно повлекувајќи инспирација од планината Винукунка (Виножито Планина) во Перу, Солената купола на Загрос и Мермерната пештера во Патагонија, Зухаир Мурад не носи во волшебно колоритен свет. Фото: zuhairmurad.com Фото: zuhairmurad.com Неговата нова колекција за пролет-лето 2023 година се карактеризира со извајани силуети инспирирани од оваа карпеста природа издлабена од ветровите низ вековите. А од попатно собраната пена на Тихиот Океан, ...

Сведоци сме на безброј нови трендови кои доаѓаат со секоја нова сезона, па така и оваа есен. Но, не можеме да одречеме дека колку и да им се радуваме на модните новитети, секогаш ќе постојат моменти кога радо ќе им се вратиме на омилените класични парчиња облека чија сестраност ги прави совршен избор при планирањето на секојдневната гардероба, без разлика на пригодата. Фото: Pinterest Такво парче е незаменливиот кариран блејзер, познат по ...

За некои од нас збогувањето со летото сè уште оди тешко, но секако ги има и оние кои со нетрпение го планираат следното патување за да нурнат во златното море од пожолтени листови. Вљубениците во есента знаат дека нејзината магија најубаво се чувствува в природа, помеѓу позлатените дрвја и бајковитите планински и шумски пејсажи. Дочекот на новата сезона со себе повлекува и одредени ритуали, како што е пиењето топол чај во удобен ентериер со ...

Новата сезона ни носи многу новитети, како во модната сфера, така и во сферата на убавината и маникирот. Следејќи ги дизајните кои се најпопуларни во последен период на социјалните мрежи, можеме да заклучиме дека минимализмот победува на повеќе полиња, вклучувајќи ги и ноктите. Па, затоа што сме во чекор со трендовите, денес одличивме со вас да споделиме еден во кој ќе се вљубат минималистите. Фото: Pinterest Оние кои претпочитаат едноставен ...

Канје Вест (или Је како што сега се нарекува) беше гостин ѕвезда на вчерашната ревија на Balenciaga за лето 2023 година во рамките на модната недела во Париз која се одржа во париското предградие Вилпет! Модната писта изградена од шпанскиот уметник Сантијаго Сиера претставуваше постапокалиптична сцена покриена со кал (како симбол за топењето на снегот) на која беа претставени креациите на креативниот директор на модната куќа, Демна Гвасалиа. ...

Првиот ред на ревијата на Yves Saint Laurent во Париз беше исполнет со поранешни супермодели. Ѕвездите како Амбер Валета, Карла Бруни, Шалом Харлоу и Кејт Мос со нетрпение ја очекуваа новата колекција на дизајнерот Ентони Вакарело. Фото: elle.hr Очекувано, сите се појавија во класични и совршено елегантни вечерни тоалети, но се чини дека сепак Кејт Мос беше таа која што успеа да го привлече сето внимание на себе со малиот црн фустан во спој со ...

За многумина идејата од повеќеслојна облека за време на студените месеци во годината предизвикува непријатно чувство. Неретко замислата која ја имаме во главата е поврзана со невкусно и неатрактивно „натрупани" слоеви парчиња облека кои ја кријат нашата силуета. Но, воопшто не значи дека модата и стилот треба да страдаат во името на удобноста и топлината. Сè што ви е потребно е храброст и желба да експериментирате, и неколку корисни трикови кои ...

Првата ревија на Викторија Бекам во Париз се одржа во петокот попладне во рамките на париската модна недела. Поканета заедно со неколку авангардни модни гиганти, Бекам - која започна во Њујорк и ја пренесе својата ревија во Лондон за 10-годишнината од нејзиниот бренд, конечно стигна до Париз. Фото: Vogue „За мене е од големо значење да имам ревија во Париз. Тоа беше мој сон, и затоа колекцијата мора да го одрази тоа", изјави Бекам. Фото: Vogue ...

Себастиен Мајер и Арно Вајлан се дуото кое функционира како креативен мускул зад ултрамодерниот париски моден бренд Coperni, кој за колекцијата пролет/лето 2023 вчера докажа дека е способен да ги помести границите на модната технологија уште повеќе. Одржана во Salle des Textiles во Musée des Arts et Métiers во Париз, на ревијата дизајнерите покажаа дека сакат да си играат со историските пропорции, од пренагласени колкови, до прекумерна драперија ...

Слично како и машката облека за пролет 2023 година, модниот бренд на Рик Овенс во колекцијата за зима/пролет 2023 која ја претстави на ревијата во рамки на Модната недела во Париз, вметна многу креации со широки рамена, наметки со качулки и необични дизајни на чизми. Фото: Vogue Сепак, во оваа колекција за женска облека доминираа посмирени силуети и бои. Моделите кои чекореа по скалите и модната писта поставена околу фонтаната на Palais de ...

Среќен прв ден од новиот месец октомври - месецот кога полека топлите парчиња облека ги вадиме од длабочините на нашите гардеробери. Фото: Pinterest Студените есенски денови се пред нас, па како со секоја нова сезона, така и со оваа, потребно е да се направи одредена промена кај нашата гардероба, како поради падот на температурите, така и поради желбата за нешто ново и разиграно што со што ќе ѝ се спротиставиме на претстојната сива и облачна ...

Живата легенда, Ајрис Апфел е бизнисменка, моден стилист, дизајнер на ентериер и модел, позната по тоа што никогаш не се плашела слободно да го изрзи својот стил и чувство за мода. Фото: forbes.com Фото: forbes.com Неодамна, таа ги здружи силите со Ciaté London за креирање на нова колекција шминки во кои доминираат светли, храбри и впечатливи бои. Оваа колекција комплетно ја рефлектираат енергијата на Апфел! Фото: forbes.com „Мојата убавина и ...

Иако блејзерот долго време важеше за исклучително машко парче облека, во последните неколку децении сме сведоци дека полека си го наоѓа своето место и во женските гардеробери. Денес постојат безброј различни модели на блејзери, кои во зависност од својот крој, должина, дезен и материјал можат да служат како одличен начин да се потенцира женствениот, или пак андрогениот изглед на еден аутфит, а притоа да биде дел, како од деловни, така и од ...

За многумина кафените панталони се омиленото есенско парче, особено кога зборуваме за долните делови од нашите комбинации. Фото: Pinterest Изгледаат смело, шик, а нивната неутралност дозволува да бидат искомбинирани во нарјазлични комбинации без разлика на стилот, а сепак, ефектот кој се постигнува со нив значително се разликува од оној на црните, белите или пак панталоните во било која друга боја. Фото: Pinterest Во зависност од кројот и ...

Во пресрет на осмото издание на Фестивалот на европската литература, кој оваа година ќе се одржи од 3 до 5 октомври, на неколку локации во Скопје, под мотото „Храбри нови зборови", поразговаравме со македонскиот писател Петар Андоновски, кој како учесник на фестивалот ќе ја претстави својата книга „Страв од Варвари", за која му беше врачена Европската награда за литература. Во рамките на фестивалот, на 4 окромви, во Кино „Фросина", тој ќе биде ...

МФФ „Киненова" од 7-14 октомври под слоганот „Првиот остава трага" Од 07 до 14 октомври ќе се одржи новото издание на Меѓународниот фестивал на дебитантски филм „КинеНова", под слоганот „Првиот секогаш остава трага". Со проекции во „Милениум" и во Кинотека, организаторите по седми пат на домашната публика ќе ѝ ги „подарат" актуелните први и втори остварувања на новите режисерски имиња во седмата уметност, кои гледаат на светот со отворени и ...

Назначен за креативен директор на Saint Laurent уште во април 2016 година, Ентони Вакарело упорно и успешно ја провлекува препознатливата сензуалност низ големиот и луксузен париски моден бренд, додека постојано го интегрира својот минималистички талент. На овогодинешната Модна недела во Париз тој повторно приреди спектакуларна ревија откривајќи ја својата колекција за пролет/лето 2023 година. Фото: Vogue Со блескавата Ајфелова кула во позадина, ...

Кога надвор е мрачно, облачно и дождливо, лесно можеме да ја изгубиме мотивацијата да се потрудиме околу нашиот изглед. Неретко сме се нашле во ситуации кога се откажуваме од доброто планирање на аутфитот и се одлучуваме за најздодевните комбинации затоа што „и онака ќе наврнеме, а и онака никој нема да ни посвети внимание". Но тука лежи нашата најголема грешка. Со овој начин на разлислување, се убедуваме дека се дотеруваме за другите наместо за ...

Ревија на Dior која се одржа во вторникот во рамките на Модната недела во Париз, дизајнерката Марија Грација Кјури подготви колекција за пролет/лето 2023 инспирирана од француската кралица Катерина Медичи и модата која доминирала за време на нејзиното владеење. Фото: Vogue Инспирацијата од барокната мода, големите кринолини, тесните корсети и чевлите со платформа типични за таа ера, несомнено се пресликуваат во дизајните на Кјури, која изнајде ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
3.6
93%
1015
weather icon

Белград

3ᴼ / 1ᴼ
2.06
90%
1017
weather icon

Загреб

3ᴼ / 3ᴼ
2.06
75%
1016
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
1.97
62%
1016
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
2.07
92%
1018
weather icon

Љубљана

0ᴼ / -1ᴼ
0.33
97%
1017
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
2.57
83%
1018
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
3.6
88%
1014
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
100%
1013
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
3.6
92%
1018
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
1.34
90%
1017
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
4.63
68%
1018
Currency

61.5137

Currency

53.0854

Currency

69.7933

Currency

34.5571

Currency

37.9634

Currency

66.4195

Currency

7.47635

Currency

0.65544

Currency

0.34162

Currency

0.5252

Currency

1.25539

Currency

0.60035