Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Кејт Мидлтон и принцот Вилијам штотуку го посетија Велс и тоа за првпат откако ги усвоија новите титули принц и принцеза од Велс. Парот пристигна во Велс и одвои време да се поздрави со локалните жители. За пригодата, принцезата се одлучи за една од нејзините омилени комбинации, едноставна основа од црна кошула со долги ракави и соодветни црни пантолони со широки ногавици. Фото: Getty За да го комплетира едноставниот изглед, Кејт одбра палто во ...
За вљубениците во топлите слоевити парчиња облека и удобните плетени џемпери, есента и зимата се несомнено омилените сезони кога на стилските експериментирања им нема крај. Високите чизми, шаловите со впечатливи дезени, џемперите со необични плетки и текстури, кожните модни парчиња се само дел од возбудливата есенска гардероба, а судејќи по трендовите кои секојдневно прават „бум“ на социјалните мрежи, можеме да заклучиме дека плетивото, во ...
На 1 октомври, со почеток во 19 часот ќе се одржи 18-то издание на Бела Ноќ во Скопје. Како и секоја година тоа е вечер со богата културна програма за Скопје и скопјани која ги опфаќа сите културни унстанови. Белата ноќ под името „КИЦ Артленд" и целовечерна културна програма во облик на мултимедијална манифестација, ќе се случи и во Културно информативниот центар - Скопје. Како круна на овој настан ќе се случи и отворањето на големата изложба ...
„Суштината се состои во одредената чистина и златен сјај. Има многу суптилно треперење на злато кое ја преминува целата колекција, давајќи и многу шармантна и уникатна светлина. Светлина што потсетува на песокот на пустината", стоеше во официјалното соопштение од Џорџо Армани објавено пред самата ревија со која беше затворена Модната недела во Милано. Фото: Vogue Фото: Vogue Последната колекција на Армани за пролет 2023, насловена Fil d'Or ...
Можеби звучи необично, но нијансата на сребрена боја за коса уште позната како „боја на острига" е нешто со кое е запознаен речиси секој кој во одреден момент решил да ја осветчува косата со бланш. Станува збор за оној момент кога косата неуспешно е доведена до одредена сребрена боја која тврдоглаво се прелева во друга нијанса, најчесто во онаа на вашата природна боја на коса. View this post on Instagram A post shared by (@ryu_blonde) Но овојпат ...
Неодолива готска естетика владееше на модната писта на Версаче минатата недела за време на ревијата во рамките на Модната недела во Милано. Колекцијата на Версаче за пролет 2023 блесна на сцената на која што беа поставени црни свеќи, а во позадина се беа пуштени хитовите на легендарниот Принц. Фото: Vogue Фото: Vogue Креациите на Донатела Версаче за оваа ревоја зрачат со бунтовност и моќ, совршено илустрирани преку модели кои се базираат на црна ...
Секој премин од една во друга сезона подразбира менување и на гардеробата. А кога од лесна летна облека преминуваме на есенски комбинации, неретко чувствуваме потреба да ја вратиме елеганцијата и бесмртните класични модни парчиња назад во нашиот стил наспроти летната лежерност. Во моменти кога бараме инспирација за како да го сториме тоа, честопати се потпираме на жените од кралските семејства. Дамите како Кејт Мидлтон, кралицата Летиција и ...
Експлозија на бои и вистински раскош од длабоки топли тонови. Тоа е есента! Портокаловата е заштитна боја на претстојната сезона, но веднаш по неа, несомнено доаѓа црвената. Црвената боја и сите нејзини нијанси се исклучителен симбол храброст и моќ, лесно привлекува внимание и поставува одреден авторитет во опкружувањето. Токму затоа, честопати изборот на многумина се сведува на попитоми и загасени бои, но оние кои знаат како да ја носат ...
Од неодамна, македонската музичка сцена е побогата за уште еден нов авторски бенд кој го носи името „Red18". Членови на бендот се Елена Манева (вокал), Јован Чифлигароски (гитара, исто така член на бендот Live Wire),Марко Тошанов (гитара), Иван Димишков (тапани) и Александар Коцевски (бас гитара). За себе велат дека не сакаат да се ограничуваат во однос на жанровите, но она што е важно за нив е дека сакаат да создаваат музика во која слушателите ...
Едно од секои 42 родени деца во светот е близнак, а дел од нив беа дел од ревијата на Gucci која се одржа во петокот во рамките на модната недела во Милано. Имено, креативниот директор на модната куќа, Алесандро Микеле, за ревијата ангажираше 68 пара близнаци, а главната инспирација за овој концепт доаѓа од неговата мајка, која исто така е близначка. Фото: Vogue Нераскинливата врска и импресивна сличност на неговата мајка Ералда и нејзината ...
Не е прв пат за италијатнската модна куќа Dolce&Gabbana да преземе храбри чекори во својата работа и да ја изненади публиката со нешто ново и свежо, па така, тоа не беше исклучок ниту овојпат за време на модната недела во Милано, кога модното дуо ја претстави својата колекцијата за пролет/лето 2023 година во соработка со ѕвездата Ким Кардашијан. Фото: Vogue Симболично именувана „Ciao, Kim", ревијата беше отворена со звуци од камери, ...
Школка е љубов, Школка е радост, Школка е инклузија. Под мотото „ Сите сме заедно, сите сме исти на различен начин", по 2.5 години пауза, вчера на Школка во Гратскиот парк во Скопје, повторно се одржа „Играме заедно" - настан за зголемување на свесноста за лицата со атипичен развој како и за нивно прифаќање, почитување и инклузија во општеството, во организација на „Играме заедно" – Аутизам ААМК и Колектив Ветерница. Овој настан, трет по ред, ...
Познатата холивудска актерка Кејт Бланшет (53), се појави на вчерашното доделување на наградите CNMI Sustainable Fashion Awards 2022 во Милано во гламурозен светкав црн фустан и длабоко деколте со потпис на Армани. Фото: Getty Свечената тоалета на актерката блесна во полн сјај под рефлекторите на розовиот килим. Главниот акцент на фустанот беше патентот кој одеше по целата должина на фустанот достигнувајќи го самото дно на предниот дел на ...
Вљубениците во високите чизми конечно ќе уживаат во претстојната сезона. Есента е совршениот период во годината кога можеме со сето задоволство да ѝм се вратиме на високите чизми до колена и да бидеме креативни во градењето на одлични есенски комбинации. Фото: Pinterest Без разлика на тоа дали претпочитате рамни или високи потпетици, заоблени или шпицасти врвови, чизмите до колена се достапни во безброј модели, бои и материјали кои се вклопуваат ...
Македонскиот филм „Најсреќниот човек на светот" во режија на Теона С. Митевска е годинашниот македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм". Одлуката денеска ја донесе Комисијата за избор при Друштвото на филмските работници на Македонија, прифатена и одобрена од Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука, во состав: Игор Иванов - режисер и претседател на Комисијата, Бранко Петровски - ...
Секоја сезона со себе повлекува одреден тренд кој прави вистинска модна експлозија, а оваа есен сме сведоци на голем број такви. Кога се зборува за есенски модни трендови, првите асоцијации кои ни доаѓаат напамет најчесто се удобни и топли џемпери, лесни палта, мантили и модни додатоци во раскошни земјени тонови и нијанси на портокалова боја. Но, покрај типичните и очекуваните тренодви, тука се и оние кои отскокнуваат со својата уникатност и ...
Веќе сме на почетокот на есента и студените месеци се пред нас. Иако Нова Година и Божиќ се навидум далеку, мислите несвесно започнуваат да ни талкаат во нивна насока во првиот момент кога ќе го почувствуваме мирисот на студениот воздух. Со нетрпение ја очекуваме идиличната атмосфера во домовите, печењето божиќни колачи, пиењето топло чоколадо и божиќните песни. Божиќ има шарм и моќ да ја развлече својата магија неколку месеци, а сите оние кои ...
Во четвртокот, на официјалните социјални мрежи на Нетфликс беа објавени снимки од претстојната сезона на хит серијата „Emily in Paris", со кои беше потврдено враќањето на главната актерска екипа на серијата и некои други познати лица. Фото: wwd.com View this post on Instagram A post shared by Lily Collins (@lilyjcollins) На една фотографија можеме да го забележиме главниот лик, Емили Купер (Лили Колинс) како седи со нејзините најдобри пријателки ...
Популарната ѕвезда Шакира несомнено имаше тешка година, а за своите проблеми и предизвиците со кои беше принудена да се соочи, таа искрено проговори во интервјуто со магазинот Elle. Фото: Elle Емотивниот разговор, таа го започнува зборувајќи за нејзиниот татко кој се соочува со тешки здравствени проблеми, а фокусот потоа се префрла на останатите приватни теми, меѓу кои и распадот на нејзината долгогодишна љубовна врска. Познатата 45-годишна ...
Миланската модна недела официјално започна во вторникот, а во нејзините рамки, вчеравечер Prada одржа ревија во Prada Fondazione на сцена обвиткана во црна хартија и инсталација со видео проекции на режисерот Николас Виндинг Рефн. Снимките на кои беа прикажани капут закачен на дрвена трпезариска столица, празна кујна, жени кои мируваат на каучи, неизбежно асоцираа на она низ што помина човештвото во текот изминатите две години. Сепак, се чини ...
Кога станува збор за чевли кои цврсто го држат статусот на бесмртна класика, дефинитивно мора да ги споменеме и старките. Chuck Taylor All Star е несомнено една од најпознатите патики во светот препознаена по својата непогрешлива силуета и културна автентичност. Фото: Pinterest Класичните бои, материјалите и квалитетниот вулканизиран гумен ѓон кои го карактеризираат овој модел на платнена патика, ја прават една од најносените низ годините. Со ...
Ако често следите објави на Инстаграм под категоријата ентериер, веројатно некаде сте налетале и на овие необични перничиња кои со својата вибрантна естетка го освојуваат вниманието на љубителите на уредувањето и постепено стануваат новиот хит на оваа сцијална мрежа. Зад нивната забавна приказна стои дизајнерката Роуз Гринберг од Лос Анџелес. Таа е уметница и дизајнерка која своите, веќе популарни, перничиња во необични и неправилни форми, ...
„Невидливата шминка" беше трендот што го освои светот ова лето. Но, со промената на сезоната и гледајќи како сите останати трендови околу нас започнуваат да се прелеваат во тоновите на есента, подготвени сме да ги прифатиме истите промени и на полето на убавината и козметиката. Оваа есен се чини дека топлата палета на земјени тонови ќе доминира во речиси сите аспекти од нашето живеење и естетски израз, а тој тренд ќе се одрази и преку шминката, ...
Следната недела ќе се одржи најновото издание на изложбата на македонска мода и дизајн „Slowscapes" во Kултурно-социјалниот простор „Центар - Јадро" на улица „Алберт Ајнштајн", број 2 во Дебар маало, Скопје. Изложбата ќе даде приказ во работата на современите македонски дизајнери, истакнувајќи ги нивните практитки што придонесуваат кон заштита на нашата средина и подобра иднина. Ќе бидат претставени најновите колекции на нашите дизајнери, чијшто ...
Сколиозата претставува искривување на 'рбетниот столб и истовремено е еден од најчестите деформитети на 'рбетот. Од многубројните коскено-мускулни деформитети, денес најголемо значење се придава на сколиозата, која претставува отстапување од нормалната (физиолошка) закривеност на 'рбетниот столб. Станува збор за странична закривеност со ротација на пршлените по надолжната оска, односно 'рбетниот столб е абнормално искривен на страна, во облик на ...
Магазинот @harpersbazaarserbia го слави својот осми роденден носејќи пет различни насловни страници за октомвриското издание, а едната од нив особено го привлече вниманието на локалната и околната читателска публика. Имено, на една од налсовните страници, српската манекенка Софија Милошевиќ (@sofijamilo) позира доејќи го своето дете, облечена во сако и панталони од Alexandre Vauthier и накит од @maestro_jewelers_ . View this post on Instagram A ...
Мегапопуларниот холивудски актер Бред Пит неделава за прв пат се претстави како ликовен уметник, дебитирајќи како скулптор на групна изложба во Финска, заедно со музичарот Ник Кејв и уметникот Томас Хаусаго. Неговите први уметнички дела се поставени во Музејот на уметност „Сара Хилден" во Тампере, Финска, а изложбата која го носи називот „Ние" ќе биде отворена до 15 јануари. Фото: theartnewspaper.com Меѓу деветте дела на Пит на изложбата се ...
Магазинот @harpersbazaarserbia го слави својот осми роденден носејќи пет различни насловни страници за октомвриското издание, а едната од нив особено го привлече вниманието на локалната и околната читателска публика. Имено, на една од налсовните страници, српската манекенка Софија Милошевиќ (@sofijamilo) позира доејќи го своето дете, облечена во сако и панталони од Alexandre Vauthier и накит од @maestro_jewelers_ . View this post on Instagram A ...
Моќен, авангарден, а истовремено елегантен изглед што не остава простор за рамнодушност... Вера Мештеровиќ стилизирана во фантастична уникатна комбинација од ЕЛЕНА ЛУКА, вчеравечер пленеше и беше во фокусот на модното внимание на корпоративен коктел настан во Скопје. Изгледаше светски, а истовремено соодветно на приликата. ЕЛЕНА ЛУКА секогаш со визија во создавањето врвна мода во чекор со светските текови и овојпат за својата долгогодишна ...
Белата кошула отсекогаш важела за првиот избор при градењето на класични и елегантни изгледи, особено кога станува збор за формални пригоди, бизнис состаноци или канцелариски опкружувања. И наверојатно ќе остане на врвот на приоритетите во тие случаи. Сепак, добро е да се има некаква алтернатива, зарем не? Кошулите во боја, иако можат да бидат инкорпорирани во формални аутфити, сепак во себе содржат одредена лежерна и разиграна нота која не ...