Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, го покрива новиот број на Variety со ексклузивно интервју и фотосесија, што всушност требаше да се случи минатиот месец. Првичната идеја беше Меган да биде една од жените наградени на овогодинешниот настан „Моќта на жените", како признание за нејзината филантропска работа преку Archewell, како што е нејзиниот поткаст Archetypes и останатите креативни активности кои ги спроведува заедно со нејзиниот сопруг, ...

Актуелни се веќе неколку сезони наназад и не, не ни здосадија. Напротив, оваа есен може да бираме од уште побогат избор на модели на здолништа од еко-кожа. Генерално, парчињата изработени од еко-кожа се тенденција која како да нема намера да заврши, а особено се популарни токму здолништата. Актуелни се неколку верзии, но како најшармантни би ги издвоиле моделите со висок струк во А крој, кој лесно се имплементираат во дамски, елегантни, па и ...

Амал Клуни отсекогаш знаела како да се презентира себеси пред јавноста и како да се облече за свечени пригоди, како и за настани каде се појавува заедно со нејзиниот сопруг, холивудската ѕвезда Џорџ Клуни. Па така и овојпат, за време на промотивната турнеја за неговиот најнов филм „Ticket to Paradise", адвокатката блесна во изданија кои го потврдија нејзиниот софистициран стил, уникатен вкус за мода и наклонетост кон винтиџ фустаните. Фото: ...

Градот на светлината, наедно и еден од најромантичните дестинации на светот, Париз, претставува неисцрпен извор на инспирација и постојан поттик за патување и истражување. Со својата импресивна историја и култура, бајковитиот главен град на Франција е синоним за уметност и фасцинантна архитектура, вклучително стара барокна и нео-класична архитектура, но и современи квартови кои блескаат со своите стаклени облакодери. Сепак се чини дека шармот на ...

Кратка или долга? Права или кадрава? Руса или темна? Тенка или со волумен? Постојат навистина многу типови коса, но и многу проблеми со кои се соочуваме сите ние кога се во прашање правилниот третман и негата! dm, во соработка со професионалниот фризер, Даниел Артевски, ги откриваат „тајните" на блескавата коса, правилната нега, како и сите останати фризерски тајни, кои малкумина од нас ги знаат. Во изминатиот период, на инстаграм каналот на dm ...

Паралелно со големиот интерес од публиката за концертниот спектакл „ИНДЕКСИ И ПРИЈАТЕЛИТЕ", расте и бројот на исполнувачи кои ќе се појават во Скопје на 28 октомври 2022 од 20 часот во Филхармонија. По повод 60-годишнината од основањето на култниот сараевски бенд компанијата MUSIC TIME организира и продуцира пет големи регионални концерти, од кои еден ќе се одржи и во Скопје. Дека станува збор за спектакл говори и фактот што речиси половина од ...

Секој од нас се нашол во ситуација да купи голем број парчиња облека без претходен концепт за тоа што конкретно ни е потребно. Во такви случаи, за кратко време подоцна сфаќаме дека новата облека всушност не ни е потребна и дека гардероберот ни е преполн парчиња кои немаме каде да ги носиме, ниту како да ги искомбинираме со останатиот дел од нашата гардероба. Фото: Pinterest За среќа, њујоркшката стилистка Алисон Борнштајн има решение за овој ...

За многумина, сивата боја претставува прва асоцијација за монотонија, студенило, здодевност и некреативност, иако реалноста е далекупоинаква. Можеби причината за тоа лежи во фактот што во секојдневието, сивата боја најчесто ја забележуваме присутна во тоновите на облачното небо и студениот бетон, но светот на модата ја доживува оваа боја сосем поинаку. Фото: Pinterest Впрочем, сивата боја претставува одлична основа за градење на некои од ...

Кога пиењето кафе или чај ви претставува посебен ритуал во денот, тогаш сигурно искуството е уште поубаво кога својот омилен напиток го консумирате во персонализирана шолја или филџан. Со оваа идеја на ум, настанал еден мал бизнис кој го носи називот @chiacups.studio и претставува креативно студио за рачна изработка и декорирање на уникатни филџани и шолји за омилените топли напитоци. Нивните дизајни се карактеризираат со посебен шарм и ...

Покрај Први Април, Ноќта на вештерките за многумина претставува уште еден возбудлив празник каде вљубениците во маскирањето и косплејот можат да уживаат во сета креативна слобода. Овој ден нуди неодолива можност за бескрајно експериментирање со костими, ткаенини, фризури и шминка, а за некои дури можност и да ја канализираат својата „мрачна страна" на симпатичен начин. Секој од нас познава по некој кој ужива во детално осмилсување на маска и ...

Дури и ако не ве интересираат мода и трендови, невозможно е да не се забележи доминантното присуство на сезонските јакни – монтки, во излозите, а сѐ почесто и на улиците. Клучно парче во сезонските аутфити, години наназад. Зошто? Едноставно, затоа што монтките се така дизајнирани за истовремено да ве стоплат и да се прилагодат во различни комбинации, од спортски до вечерни изданија. Со оглед на нивната популарност, модната индустрија понуди ...

Кога станува збор за модата, не може а да не се спомене Ана Винтур. Уредничката на престижното модно списание Vogue се наоѓа на врвот на индустријата повеќе од 30 години, а денес е една од најпознатите и најмоќните жени во светот на модата. Нејзиниот авторитет претставува долгогодишна инспирација за промени во модната сфера и медиумите, а таа самата честопати е тема на восхит за која се пишуваат бројни написи, книги, па дури и се снимаат ...

Поради болки во стапалото, шпанската кралица Летиција периодов се откажа од високите потпетици и покажа дека елегантниот изглед не ги исклучува и ниските и удобни чевли. Дијагнозата невром на Мортон, мускуло-скелетен проблем што предизвикува болка во горната страна на стапалото, е причината поради која во последно време кралицата Летиција почесто носи рамни и удобни чевли, наместо високите потпетици во кои навикнавме да ја гледаме. Но, тоа ...

На премиерата на филмот „Ticket To Paradise" која се одржа вчеравечер во театарот Regency Village во Лос Анџелес, ѕвездите Џулија Робертс (54) и Џорџ Клуни (61) зачекорија на розовиот килим во впечатливи модни изданија кои ги воодушевија присутните и го привлекоа сето внимание на камерите. Фото: dailymail.co.uk Фото: dailymail.co.uk Актерката блесна во волуменозна макси розова тоалета со карнери, длабоко деколте во V-израз и ракави до лактите. ...

Есенската гардероба, со својата текстурираност и слоевитост е забавна самата по себе, но се чини дека оваа сезона ни доаѓа уште еден тренд кој има задача да додаде дополнителен сјај и шарм на нашиот изглед. Станува збор за накит кој се носи преку облека. Фото: Pinterest Колку и да звучи необично, овој тренд веќе изесно време ги полни локалните бутици и продавниците на високите стрит брендови, а наедно е и доста присутен на модните писти и помеѓу ...

Во Пула, Хрватска се наоѓа еден хармоничен семеен дом сместен во 55m2. Смирениот амбиент, неутралните тонови и комбинацијата на природни материјали, ја создаваат неговата идеална целина, што ни го привлече вниманието на Инстаграм. Зад профилот @ines_homedeco е всушност Инес Силјан, медицинска сестра, фотограф и мајка на две деца која е вљубеничка во уредувањето на ентериери. И токму таа нејзина страст кон декорирањето на домот е видлива на ...

Минатата недела, британскиот Вог ја обои корицата на ноемвриското издание за 2022 во виолетова боја во чест на кралицата Елизабета II. Насловната страница не содржи ништо друго освен логото на магазинот, зборовите „Нејзиното Височество Кралицата" и годините на нејзиното раѓање и смрт, 1926 – 2022 година. Фото: super1 Ова е трет пат како Вог објавува виолетова корица, и причината за тоа е од голема важност за Велика Британија. Имено, виолетовата ...

Деловниот изглед честопати знае да биде предизвикувачки, со оглед на тоа што истовремено треба да задоволи неколку критериуми. Да се долови индивидуалниот стил, да одговара на природата на работната функција, да биде практичен, да е соодветен на деловниот дрес код доколку има посочено конкретни правила на облекувањето во компанијата во која работите и сето тоа да биде имплементирано во една естетска целина... Но, со запазување на неколку базични ...

Во четврток, со почеток во во 17:30 часот, во Morris Caffe Bar во Дебар маало, ќе се одржи промоција на книгата „Патот на душата по зборот што гори" од Кристина Краличин. Промотор на настанот ќе биде Сребра Ѓорѓијевска, модератор Билјана Црвенковска, делови од стихозбирката ќе ја прочитаат Јована Аврамовска и Благоја Чоревски. За приликата, писателката ќе биде облечена во креација на ЕЛЕНА ЛУКА. Кристина Краличин е родена во Скопје каде се ...

Џенифер Лопез и Бен Афлек, беа меѓу гостите кои го украдоа вниманието на шоуто на Ралф Лорен кој за прв пат одржа модна ревија на Западниот брег, односно во Сан Марино, Калифорнија. За приликата, старо-новиот брачен пар беше стилски координиран во монохроматски, црни аутфити. Џеј Ло изгледаше впечатливо во макси црн фустан на пруги, во крој на преклоп, акцентирајќи го изгледот со шешир. Бен Афлек пак, ја следеше истата оваа естетика, во ...

Секоја година ова време, магазинот ELLE оддава почит на најистакнатите и најсилните жени од Холивуд, споделувајќи ги нивните инспиративни приказни со светот. Па така, и оваа година, ELLE посветува осум корици на жени кои континуирано работат на подобрување на местото на жената, како во забавната индустрија, така и во општеството. Денес, пет години од отпочнувањето на движењето #MeToo кое длабоко ја растресоа забавната индустрија, преку бројни ...

На аукција одржана почетокот на масецов во Колорадо, најстариот пар џинс во светот (колку што е познато) е продаден за фантастични 76.000 долари. Се работи за пар Левис од 19 век или попрецизно од 1880-те години. Овој пар џинс го пронашол во рудник, авторот на книгата „ Jeans of The Old West", Мајкл Ален Харис, а заеднички го купиле Кајли Упер, дилер на винтиџ облека од Сан Диего и Зип Стивенс, сопственик на винтиџ продавница во Лос Анџелес. ...

Заштитен знак на модната куќа Шанел, неоспорлив симбол за класика и неодолива елеганција. Можеби веќе претпоставивте, станува збор за кратките јакни од твид, кои и ден денес пленат со својот винтиџ изглед. Класичната јакна од твид беше и помеѓу омилените парчиња облека на Лејди Ди, пред таа комплетно да престане да носи Шанел по разделбата со сегашниот крал Чарлс. Фото: wwd.com Неодамна принцезата Кејт Мидлтон се појави во Лондон на ...

Вечерва, 17 октомври, во 19 часот, во главниот хол на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски" - Скопје, под мотото „Ние сме УКИМ, ние сме едно семејство", ќе бидат презентирани модни дизајни на студентите од Технолошко-металуршки факултет - Институт за дизајн и инженеринг на облека. Изложбата на дизајни насловена како „МОЛИВЕРЗУМ/MOLIVERS" се реализира во соработка со Катедрата за романски јазици и книжевности при ...

„Ова за мене е посебен роденден" со широка насмевка и со овие зборови нè пречека Лила на својот роденден, што вечерва го одбележа со роденденска забава заедно со најблиските пријатели. Со години, едно од нашите најпопуларни тв лица кое од своето име изгради бренд. Вечерва, наздрави за животот затоа што како што вели и самата, животот е навистина убав, со сите негови доблести и маани. „Животот ме научи да го живеам секој ден како да ми е ...

Октомври е месецот посветен на подигнување на свесноста за рак на дојка. До сите девојки , жени - еднаш месечно правете си само преглед. Човековото тело е чудо, мислам дека не сме ни свесни колку сме силни и моќни. Ако нешто ова ме научи е дека треба да ги слушаме знаците на телото, пред да биде прекасно. Да застанеме во тишина и вистина да слушнеме. Животот е многу брз и неосетно секојдневието не завлекува... исцрпува изморува. Мора да имаме ...

Македонската Радио Телевизија ја информира јавноста за донесената одлука, идната година да не учествува на Изборот за песна на Евровизија што ќе се одржи во Обединетото Кралство. Ваквата одлука е во најдобар интерес на граѓаните, имајќи ги предвид зголемените трошоци поради енергетската криза, коишто зафаќаат голем дел од буџетот на Јавниот сервис, како и зголемената котизација за самото учество на „Евросонг 2023", којашто до минатата година ...

За време на медиумската турнеја организирана со цел да се промовира новиот филм „Armageddon Time", актерката Ен Хатавеј ја воодушеви публиката, а и модните критичари, со низа блескави модни појавувања на улиците на Њујорк. Па така, за нејзиниот прв состанок за новинарите, Ен Хатавеј се одлучи за предимензиониран модел на блејзер со црно-бели графички дезени од Кристофер Џон Роџерс, кој го носеше врз фустан со потпис на Валентино и хулахопки од ...

Модната дизајнерка (48) и поранешна членка на женската поп-група Spice Girls, Викторија Бекам, неделава беше забележана во Њујорк како носи две верзии од ист модел на фустан со што јасно покажа колку всушност ѝ се допаѓа. Фото: dailymail.co.uk Камерите ја уловија како излегува од хотелот „Mark" облечена во долг лелеав сатенски фустан во боја на слонова коска. Елегантниот фустан без ракави и со висок шлиц имаше деколте во форма V, тесна половина ...

Сивите и врнежливи денови неретко имаат моќ да го расипат нашето расположение, особено доколку сме принудени да излеземе надвор од удобноста на нашиот дом. Помислата на тоа дека постои можност да ги намокриме чевлите и да бидеме принудени да останеме со мокри нозе извесно време, воопшто не е пријатна. Но и покрај тоа, гумените чизми за дожд кои се најпрактични за овие климатски услови се наоѓаат помеѓу најизбегнуваните парчиња. Причината за тоа ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
87%
1015
weather icon

Белград

2ᴼ / 1ᴼ
3.09
90%
1018
weather icon

Загреб

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
81%
1016
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
1.71
61%
1015
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
2.65
89%
1017
weather icon

Љубљана

0ᴼ / -1ᴼ
1.03
96%
1017
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
2.06
83%
1017
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
82%
1013
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
100%
1013
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
4.12
90%
1018
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / -1ᴼ
1.34
89%
1017
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
68%
1018
Currency

61.5137

Currency

53.0854

Currency

69.7933

Currency

34.5571

Currency

37.9634

Currency

66.4195

Currency

7.47635

Currency

0.65544

Currency

0.34162

Currency

0.5252

Currency

1.25539

Currency

0.59902