
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Познатата холивудска актерка Кејт Бланшет (53), се појави на вчерашното доделување на наградите CNMI Sustainable Fashion Awards 2022 во Милано во гламурозен светкав црн фустан и длабоко деколте со потпис на Армани. Фото: Getty Свечената тоалета на актерката блесна во полн сјај под рефлекторите на розовиот килим. Главниот акцент на фустанот беше патентот кој одеше по целата должина на фустанот достигнувајќи го самото дно на предниот дел на ...
Вљубениците во високите чизми конечно ќе уживаат во претстојната сезона. Есента е совршениот период во годината кога можеме со сето задоволство да ѝм се вратиме на високите чизми до колена и да бидеме креативни во градењето на одлични есенски комбинации. Фото: Pinterest Без разлика на тоа дали претпочитате рамни или високи потпетици, заоблени или шпицасти врвови, чизмите до колена се достапни во безброј модели, бои и материјали кои се вклопуваат ...
Македонскиот филм „Најсреќниот човек на светот" во режија на Теона С. Митевска е годинашниот македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм". Одлуката денеска ја донесе Комисијата за избор при Друштвото на филмските работници на Македонија, прифатена и одобрена од Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука, во состав: Игор Иванов - режисер и претседател на Комисијата, Бранко Петровски - ...
Секоја сезона со себе повлекува одреден тренд кој прави вистинска модна експлозија, а оваа есен сме сведоци на голем број такви. Кога се зборува за есенски модни трендови, првите асоцијации кои ни доаѓаат напамет најчесто се удобни и топли џемпери, лесни палта, мантили и модни додатоци во раскошни земјени тонови и нијанси на портокалова боја. Но, покрај типичните и очекуваните тренодви, тука се и оние кои отскокнуваат со својата уникатност и ...
Веќе сме на почетокот на есента и студените месеци се пред нас. Иако Нова Година и Божиќ се навидум далеку, мислите несвесно започнуваат да ни талкаат во нивна насока во првиот момент кога ќе го почувствуваме мирисот на студениот воздух. Со нетрпение ја очекуваме идиличната атмосфера во домовите, печењето божиќни колачи, пиењето топло чоколадо и божиќните песни. Божиќ има шарм и моќ да ја развлече својата магија неколку месеци, а сите оние кои ...
Во четвртокот, на официјалните социјални мрежи на Нетфликс беа објавени снимки од претстојната сезона на хит серијата „Emily in Paris", со кои беше потврдено враќањето на главната актерска екипа на серијата и некои други познати лица. Фото: wwd.com View this post on Instagram A post shared by Lily Collins (@lilyjcollins) На една фотографија можеме да го забележиме главниот лик, Емили Купер (Лили Колинс) како седи со нејзините најдобри пријателки ...
Популарната ѕвезда Шакира несомнено имаше тешка година, а за своите проблеми и предизвиците со кои беше принудена да се соочи, таа искрено проговори во интервјуто со магазинот Elle. Фото: Elle Емотивниот разговор, таа го започнува зборувајќи за нејзиниот татко кој се соочува со тешки здравствени проблеми, а фокусот потоа се префрла на останатите приватни теми, меѓу кои и распадот на нејзината долгогодишна љубовна врска. Познатата 45-годишна ...
Миланската модна недела официјално започна во вторникот, а во нејзините рамки, вчеравечер Prada одржа ревија во Prada Fondazione на сцена обвиткана во црна хартија и инсталација со видео проекции на режисерот Николас Виндинг Рефн. Снимките на кои беа прикажани капут закачен на дрвена трпезариска столица, празна кујна, жени кои мируваат на каучи, неизбежно асоцираа на она низ што помина човештвото во текот изминатите две години. Сепак, се чини ...
Кога станува збор за чевли кои цврсто го држат статусот на бесмртна класика, дефинитивно мора да ги споменеме и старките. Chuck Taylor All Star е несомнено една од најпознатите патики во светот препознаена по својата непогрешлива силуета и културна автентичност. Фото: Pinterest Класичните бои, материјалите и квалитетниот вулканизиран гумен ѓон кои го карактеризираат овој модел на платнена патика, ја прават една од најносените низ годините. Со ...
Ако често следите објави на Инстаграм под категоријата ентериер, веројатно некаде сте налетале и на овие необични перничиња кои со својата вибрантна естетка го освојуваат вниманието на љубителите на уредувањето и постепено стануваат новиот хит на оваа сцијална мрежа. Зад нивната забавна приказна стои дизајнерката Роуз Гринберг од Лос Анџелес. Таа е уметница и дизајнерка која своите, веќе популарни, перничиња во необични и неправилни форми, ...
„Невидливата шминка" беше трендот што го освои светот ова лето. Но, со промената на сезоната и гледајќи како сите останати трендови околу нас започнуваат да се прелеваат во тоновите на есента, подготвени сме да ги прифатиме истите промени и на полето на убавината и козметиката. Оваа есен се чини дека топлата палета на земјени тонови ќе доминира во речиси сите аспекти од нашето живеење и естетски израз, а тој тренд ќе се одрази и преку шминката, ...
Следната недела ќе се одржи најновото издание на изложбата на македонска мода и дизајн „Slowscapes" во Kултурно-социјалниот простор „Центар - Јадро" на улица „Алберт Ајнштајн", број 2 во Дебар маало, Скопје. Изложбата ќе даде приказ во работата на современите македонски дизајнери, истакнувајќи ги нивните практитки што придонесуваат кон заштита на нашата средина и подобра иднина. Ќе бидат претставени најновите колекции на нашите дизајнери, чијшто ...
Сколиозата претставува искривување на 'рбетниот столб и истовремено е еден од најчестите деформитети на 'рбетот. Од многубројните коскено-мускулни деформитети, денес најголемо значење се придава на сколиозата, која претставува отстапување од нормалната (физиолошка) закривеност на 'рбетниот столб. Станува збор за странична закривеност со ротација на пршлените по надолжната оска, односно 'рбетниот столб е абнормално искривен на страна, во облик на ...
Магазинот @harpersbazaarserbia го слави својот осми роденден носејќи пет различни насловни страници за октомвриското издание, а едната од нив особено го привлече вниманието на локалната и околната читателска публика. Имено, на една од налсовните страници, српската манекенка Софија Милошевиќ (@sofijamilo) позира доејќи го своето дете, облечена во сако и панталони од Alexandre Vauthier и накит од @maestro_jewelers_ . View this post on Instagram A ...
Мегапопуларниот холивудски актер Бред Пит неделава за прв пат се претстави како ликовен уметник, дебитирајќи како скулптор на групна изложба во Финска, заедно со музичарот Ник Кејв и уметникот Томас Хаусаго. Неговите први уметнички дела се поставени во Музејот на уметност „Сара Хилден" во Тампере, Финска, а изложбата која го носи називот „Ние" ќе биде отворена до 15 јануари. Фото: theartnewspaper.com Меѓу деветте дела на Пит на изложбата се ...
Магазинот @harpersbazaarserbia го слави својот осми роденден носејќи пет различни насловни страници за октомвриското издание, а едната од нив особено го привлече вниманието на локалната и околната читателска публика. Имено, на една од налсовните страници, српската манекенка Софија Милошевиќ (@sofijamilo) позира доејќи го своето дете, облечена во сако и панталони од Alexandre Vauthier и накит од @maestro_jewelers_ . View this post on Instagram A ...
Моќен, авангарден, а истовремено елегантен изглед што не остава простор за рамнодушност... Вера Мештеровиќ стилизирана во фантастична уникатна комбинација од ЕЛЕНА ЛУКА, вчеравечер пленеше и беше во фокусот на модното внимание на корпоративен коктел настан во Скопје. Изгледаше светски, а истовремено соодветно на приликата. ЕЛЕНА ЛУКА секогаш со визија во создавањето врвна мода во чекор со светските текови и овојпат за својата долгогодишна ...
Белата кошула отсекогаш важела за првиот избор при градењето на класични и елегантни изгледи, особено кога станува збор за формални пригоди, бизнис состаноци или канцелариски опкружувања. И наверојатно ќе остане на врвот на приоритетите во тие случаи. Сепак, добро е да се има некаква алтернатива, зарем не? Кошулите во боја, иако можат да бидат инкорпорирани во формални аутфити, сепак во себе содржат одредена лежерна и разиграна нота која не ...
Шеширите се моден додаток кој веќе со векови е дел од гардеробата на многу жени кои го претпочитаат класичниот изглед, или пак едноставно уживаат во нивната елеганција и креативноста која ја нудат во дополнувањето на изгледот. Некогаш задолжителен дел од секојдневниот стајлинг на жените (и мажите), шеширите денес се моден избор за кој потребно е барем мало познавање на нивната историја за да се постигне правилно стилизирање. Денес, женските ...
Речиси и да не постои човек кој не сака да патува. Можноста да се посети нова земја и да се ужива во нејзините убавини, природа, култура и историја е несомнено значаен фактор во културниот развој на секој човек. Дел од нас претпочитаат да играат на „сигурна карта" и се фокусираат на популарни туристички места или луксузни дестинации кои најчесто ги рекламираат инфлуенсерите на социјалните мрежи. Но оние со малку посилен авантуристички дух, би се ...
Сигурни сме дека не постои жена која за време на менструалниот циклус не посакала да има можност макар еден ден да остане дома. Е таа желба е многу блиску да им се оствари на Шпанките. Имено, доколку помине законот предложен од левоориентираната партија на власт во Шпанија, таа би можела да стане првата земја во Европа која воведува законска можност за менструално отсуство. Така, жените би имале можност да земат еден до три слободни дена, а за ...
Познатата повеќеслојна фризура „Рејчел" се врати во тренд благодарение на Џенифер Анистон! Фото: Pinterest Именувана според ликот на Анистон во хит-серијата „Friends", оваа фризура беше особено популарна во раните 2000-ти години, а се чини дека сега таа доживува вистинска ренесанса благодарение на актерката. Фото: Pinterest View this post on Instagram A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston) На неодамнешното видео, кое го објави на ...
Есента е погодна сезона за деловни комбинации, затоа што преку слоевитото комбинирање се овозможуваат лепеза на опции како истите парчиња облека за на работа, да ги комбинирате во неколку различни варијанти. Веројатно едно од оние парчиња кои важат за базични во сечиј деловен стил е сакото, па секогаш е корисно да имате на ум како ова парче да го споите во вашиот деловен изглед неколку пати во текот на работната недела. Неговиот универзален ...
Светската премиера на филмот „Кајмак" на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски ќе се случи на 35. Меѓународен филмски фестивал во Токио (ТИФФ), кој ќе се одржи од 24 октомври до 2 ноември. Фестивалот во Токио е на А-листата заедно со Берлин, Кан и Венеција, најголем е во Азија и еден од најголемите во светот. „Кајмак" во Токио ќе се прикаже во официјалната селекција за награди. Манчевски и дел од актерската екипа на „Кајмак" ќе ...
Неколку години наназад, сега веќе 16-годишниот Марко Пејчиновски им држи лекции на возрасните. За истрајност, за храброст, за тоа како соништата стануваат реални само кога многу и искрено се трудите за нив. Исто толку искрен и посветен во својата борба, Марко стана нашето дете-херој кое боледува од ретка болест покрај која уште поревносно се соочува со предизвиците. Кога имаше само 12 години, направи подвиг за паметење откако за околу 9 часа го ...
Портокаловата боја можеби се смета за заштитна боја на есента. Есенските трендови укажуваат на тоа дека оваа сезона ќе доминираат модни парчиња во сите нијанси на портокалова боја и земјени тонови, но непишаните правила се лесни за прекршување. Со внесување на контрастна и акцентска боја во очекуваната есенска палета на нијанси може да се постигне одличен ефект на необично освежување и разигрување на сезонската гардероба. Фото: Pinterest ...
Британскиот моден дизајнер Ричард Квин, вчеравечер ја затвори Лондонската модна недела со ревија на која ја претстави својата колекција за пролет/лето 23. На ревијата доминираа целосно црни креации, збогатени со тиари со мониста и превези од тантела посветен на покојната кралица Елизабета Втора. Фото: Vogue Во 2018 година, кралица присуствуваше на Лондонската модна недела и седеше во првиот ред следејќи ја дебитантската комерцијална ревија на ...
Втората сезона на манифестацијата ќе се одвива вкупно десет дена на нова локација во трговскиот центар, со три ревиски гала вечери и ексклузивен изложбен салон, за претставување на колекциите на учесниците од земјата и странство. „Can you feel the light?" e слоганот под кој на почетокот од месец ноември ќе отпочне второто издание на Скопски моден фестивал, забавна манифестација за љубителите на дизајнот, културата и уметноста во метрополата. ...
Есента е веќе на прагот, а вљубениците во ова оваа сезона со нетрпение ги очекуваат сите нејзини карактеристики: позлатени лисја, студени температури, звукот на есенскиот дожд, топлите напитоци и удобните есенски модни парчиња во кои несомнено се вбројуваат и плетените ролки. Фото: Pinterest Плетените блузи и џемпери се повеќе од само есенски и зимски тренд. Потребата од топлина и удобност безмалку ѝм дава статус на бесмртна класика, додека пак ...
Можеби дојде крајот на летните патувања, сончевите топли денови и песочните плажи, но авантурите не застануваат со последните денови од летото. Есенската сезона нуди одлична можност да се спознае природата од поинаков агол, а со тоа и да се ужива во неверојатниот раскош од бои и нијанси на злато во кои се облекуваат оклните шуми и планини. Па така, за почетокот на оваа есен имаме предлог за токму такво возбудливо патување на северот на Италија, ...