Почнувајќи од овој месец, модниот бренд Bottega Veneta нуди доживотна гаранција за своите ултра популарни чанти и на своите клиенти им овозможува бесплатни поправки преку програмата „Certificate of Craft" вклучува услуга за нега на торби, нивно неограничено освежување и поправка. Фото: elle.rs Bottega Veneta е посветен на својата визија за висококвалитетен луксуз и со овој потег дефинитивно го потврдува тоа. View this post on Instagram A post ...

Модата е флуидна и брзо се менува, но одредени модни парчиња ги преживуваат сите тестови на времето. Фустаните се вбројуваат во оние задолжителни парчиња облека, соодветни за секоја сезона и пригода. Тие се едноставни, лесни, впечатливи и независни парчиња облека, доволни самите по себе да заокружат целосен аутфит во кој веднаш ќе изгледаме дотерани. Фото: Pinterest А фустаните со точки пак важат за бесмртна класика која никогаш не излегува од ...

Ријана ги ангажираше некои од најголемите имиња од поп културата за нејзиното претстојно Savage x Fenty Show Vol. 4. Годинешната четврта сезона од ова модно искуство ќе се емитува на Prime Video на 9 ноември и ќе прикаже нов асортиман на долна облека достапна во различни големини и достапна за купување на Амазон истиот ден кога се појави и шоуто. Фото: Bazaar Во тизерот кој беше објавен неодамна се појавуваат бројни изведувачи, како Анита и ...

Македонскиот фотограф Томислав Георгиев е добитник на наградата за најдобра фотографија на светскиот конкурс „Вода = Живот" во организација на Министерството за надворешни работи на Холандија. Од вкупно 143 фотографи од целиот свет, фотографијата на Георгиев беше избрана за победничка. Фотографирана е на 3-ти септември 2022 година, а прикажува како маж ги чисти водните плевели и смет од дното на реката Црн Дрим во Струга. „Една од причините ...

Есента е сезона на промени и подготовка за зимата, а тоа значи дека есента е наедно и совршено време за промени во нашиот ентериер. Сега е вистинскиот момент кога можеме да му се посветиме на домот и да го трансформираме во пријатна оаза. Во последнава деценија сме сведоци на промени на повеќе стилови на внатрешно уредување, но се чини дека најголем број луѓе тежнеат кон скандинавскиот кој плени со својата префинетост, едноставност, ...

Викендов во Истанбул, Турција се одржа изборот за убавина Кралица на Евроазија 2022. Нашата претставничка 18-годишната Мија Стерјовскаод Скопје ја освои титулата Кралица на убавината (Queen of Beauty), како најубава од сите 30 кандидатки од исто толку држави од Евроазија. "Освен Мија, уште една членка на Модното студио Црнокрак успеа да освои титула, и тоа главната, победничка на изборот. Тоа е нашиот интернационален модел, Доти Полгар од ...

Ако сте љубители на топлите земјени нијанси, минималистичка естетика и едноставна елеганција, Инстаграм профилот @lglora е вистинската дестинација за модна инспирација. Французинката Лаура која стои зад овој профил, успева преку секојдневни есенски комбинации да ги сплоти францускиот шик и безвременската едноставност. Секоја комбинација на која ќе наидете, е микс на базични парчиња облека хармонично споени во трендовски есенски аутфити, па ...

На својот Инстаграм профил, актерката Шарлиз Терон објави фотографии на кои е стилизирана во супер кул комбинација, која всушност е модернизирана интерпретација на иконскиот „New look" на Диор. Предимензионирана бела маичка со амблем што симболизира сестринство, црно транспарентно здолниште и војнички чизми, комбинација која по својата естетика е спој на женствен и урбан изглед што на актерката перфектно ѝ прилега. Но, она што е уште ...

Американскиот мултинационален конгломерат за медиуми и забава The Walt Disney Company за прв пат претставува plus size протагонист во својот најнов анимиран краток филм „Reflect". Фото: screenshot Шестминутниот филм обработува исклучително важни теми како што се телесната позитивност и телесната дисморфија и е во режија на Хилари Бредфилд, која е дел од Дизни од 2017 година и која работеше на проекти како „Frozen 2" и „Encanto". „Reflect" ја ...

Французинките отсекогаш уживале статус за едни од најубаво облечените жени на светот, па не е ниту чудно што честопати се пишува за нив како за вистински пример од кои можеме да научиме многу за модата и правилното градење на стилот. Без разлика на тоа дали сте почетници и допрва учите како да ја користите модата за стилско изразување, или пак сте вљубеници во француската мода и посакувате да внесете дел од нејзиниот шарм во вашата гардероба, ...

Покрај новите трендови, секоја сезона со себе неизбежно враќа во живот и по некој стар носталгичен тренд. Па така, во текот на минатата зима бевме сведоци на враќањето на „камионџискиот" џемпер со препознатлив патент на јаката, додека пак оваа година, за зимските денови ни се враќа џемперот со препознатливата ретро „кабелска" плетка. Фото: Pinterest Всушност, овој тип на плетка потекнува од крајот на 19-тиот век, од карпестите и диви Арански ...

Со надоаѓањето на секоја нова сезона, обновувањето на гардеробата доаѓа како непишано правило. Но, при инвестирањето во нови модни парчиња, модните стилисти препорачуваат паметно и организитано пазарење како би се избегнало трошење на краткотрајни и неквалитетни парчиња облека кои само ќе придонесат до зголемено производство на отпад. Наедно, планирањето на гардеробата е важно и при самото градење на вашиот стил, кој треба да е препознатлив и да ...

Со големите луѓе наједноставно се комуницира. Така една светска мега ѕвезда како Ана Ивановиќ се најде на нашата насловна страна за овој месец со ексклузивно интервју во кое отворивме теми кои од различни аспекти говорат за нејзината личност, навраќајќи се на најголемите успеси во тенисот па се до новите бизнис амбиции кои од неодамна носат нови возбудливи предизвици во нејзиниот живот. Поранешната српска тенисерка која успеа да го искачи ...

Ноември е месец посветен на подигање на свеста за машкото здравје, преку познатата глобална кампања #Movember. Во таа насока се активира и модниот свет кој преку различни проекти го користи своето влијание да допре до што поголем дел од машката популација и да ги потсети мажите да не ги забораваат редовните здравствени контроли кои може да им го спасат животот. Нашиот моден бренд ЕЛЕНА ЛУКА се приклучува кон глобалната кампања и порачува: Драги ...

Хајди Клум е позната како Кралица на Ноќта на Вештерките која секоја година изненадува со неочекувани и неверојатно детално изработени маски, Па така, таа не само што го докажа својот статус, туку и го надмина за време на вчерашната забава по повод Ноќта на вештерките (нејзина 21-ва по ред), која се одржа во Sake No Hana во новиот хотел Lower East Side Moxy. 49-годишната манекенка се појави како црв, додека нејзиниот сопруг, музичарот Том ...

Ноември конечно пристигна на нашите прагови, но наместо есенско студенило, ни донесе сончеви и топли денови. Сепак, временските прогнози укажуваат на тоа дека сонцето ќе нè радува само на почетокот на месецот и дека сепак температурите ќе паднат, а дождливите денови нема да не одбегнат. Фото: Pinterest Како природата околу нас, така и нашата гардероба ќе биде обоена во топлите и земјени тонови на есента, вклучително раскошната црвена, бордо, ...

Веќе сме длабоко навлезени во есенската сезона, и полека се придвижуваме кон студените зимски месеци кои имаат моќ да ги претворат природните пејсажи во вистински уметнички дела. Иако не значи дека треба да чекате да падне снег за да уживате во нив, сепак добро е однапред да имате предвид неколку места каде можете да појдете за викенд и да уживате во бајковита есенска или зимска идила. Една токму таква нуди Алпака во Словенија, на само час и ...

Секоја временски период и сезона ја одбележува различен тренд, како во стилизирање на облеката, така и косата. Оваа година бевме сведоци на динамични промени кај трендовите на фризури, па така, и оваа сезона со задоволство го пречекуваме новиот стил кој ќе не освои. Овојпат му посакуваме добредојде на трендот кој претставува совршен микс помеѓу фризурата на Брижит бардо, односно нејзините шишки кои ги одбележаа 60-тите, и прамените на Рејчел ...

Есента отсекогаш била омилена сезона за оние кои сакаат разиграни и слоевити модни комбинации и впечатливи модни детали кои му даваат дополнителна живост на преодниот период помеѓу топлите летни денови и студените зимски месеци. Есента најчесто се карактеризира со студени утра и ноќи, но затоа пак деновите се претежно топли. Земајќи ги предвид температурните разлики, за време на есенската сезона бараме облека во која ќе изгледам добро, но и во ...

За многумина, Ноќта на вештерките е еден од најзабавните и најкреативните денови во годината - празник кој во денешно време, за современото опшетство, има чисто забавен карактер. Исто како и обичниот народ кој ужива во креативната слобода при изработување на маските за овој застрашувачки ден, така ниту славните личности не се исклучени од забавниот процес. Впрочем, со своите ресурси и стилисти, ѕвездите секоја година се во можсност да изведат ...

Овој четврток, во 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Омаж на маестро Александар Џамбазов" во рамки на 45. издание на фестивалот „Денови на македонска музика", посветен на големиот македонски композитор. Концертот е хуманитарен, а парите од билетите ќе бидат донирани на Асоцијацијата за детски дијабет на Македонија „Баланс-Мк". На концертниот омаж публиката ќе може да проследи дела од неговиот симфониски опус - ...

Безвременската убавина на Моника Белучи е документирана на уште една насловна страна, овојпат за италијанскиот магазин „Style Magazine". Во фотосесијата црно-бели фотографии што ги направи фотографот Лоран Хамберт, Белучи самоуверено позира стилизирана во парчиња од Долче и Габана чија муза е долги години. Пред еден месец, италијанската актерка наполни 58 години. Важи за една од ретките во шоу-бизнисот која им одолева на претераните естетски ...

Боб фризурата била секогаш во тренд. Гледајќи децении наназад, на ваков или онаков начин, оваа фризура со своите многубројни и различни верзии, секогаш наоѓала начин да се најде на листата на најпривлечни и најпопуларни фризури. Едноставноста и практичноста, му дозволува на бобот да биде прифатен од жени со различен стил на облекување и стил на живеење, а особено е омилен кај оние кои го претпочитаат динамичното и брзото секојдневно темпо. Фото: ...

Мери Квант имала едвај 21 година кога заедно со нејзиниот сопруг Александар Грин во 1955 година го отвориле нивниот прв бутик Bazaar во лондонски Челзи. До тогаш таа била непозната дизајнерка која студирала илустрација и изработувала шешири во еден лондонски салон. Во тој период се носела облека со пристојна должина до колена или малку под нив, заедно со уредни фризури, а ќерките најчесто се облекувале слично како и нивните мајки. Но, промените ...

Боб фризурата била секогаш во тренд. Гледајќи децении наназад, на ваков или онаков начин, оваа фризура со своите многубројни и различни верзии, секогаш наоѓала начин да се најде на листата на најпривлечни и најпопуларни фризури. Едноставноста и практичноста, му дозволува на бобот да биде прифатен од жени со различен стил на облекување и стил на живеење, а особено е омилен кај оние кои го претпочитаат динамичното и брзото секојдневно темпо. Фото: ...

Македонксиот дизајнер Сатја Грабулоски и неговиот тим Swithadot изработија уникатни патики кои им ги подарија на четворицата водители на најпознатото шоу за кошарка во САД, и тоа, Ерни Џонсон и НБА легендите Шекил О'Нил, Кени Смит и Чарлс Баркли. Патиките OneOfAKinds се рачно насликани ликови, односно лицата на водителите, инспирирани од вистински сцени од самото шоу. Па така, ликот на Шекил е инспириран од епизодата каде јадеше чипс со најлуто ...

Иако Божиќ и целата празнична магија ни се чинат сѐ уште далеку, всушност токму сега е вистинско време излозите да го облечат своето празнично руво и со тоа да ја започнат еуфоријата. Во тек се и подготовките на новогодишните базари, а светските брендови и стоковни куќи на своите полици веќе ги изложија празничните украси. Меѓу нив и H&M Home, каде веќе се чувствува божиќната атмосфера, обоена во златни, црвени и зелени нијанси ...

Ако ги следите тенденциите во ентериерното уредување или пак често ги прегледувате Инстаграм профилите посветени на уредувањето на домот, сигурно сте забележале дека дрвените прегради се издвојуваат како актуелен хит во енетериерниот дизајн. Доколку порано овој тип на преградување во ентериерот беше карактеристичен за деловните простории, сега добива поширока примена и се почесто ги гледаме имплементирани во модерните декоративни решенија за ...

Вниманието на светската модна сфера беше комплетно свртено кон модниот мега-настан Fashion Trust Arabia (FTA) 2022 што се одржа во средата во Доха под покровителство на нејзиното височество Шеика Моза Бинт Насер како почесен претседател, заедно со претседателката на катарските музеи и копретседателка на FTA, Шеика Ал-Мајаса бинт Хамад Ал-Тани и oсновачката Тања Фарес. Фото: Vogue Настанот кој собра некои од најголемите имиња во индустријата ...

Божиќните саеми низ Европа несомнено се вројуваат во најволшебните и највозбудливите настани кои со нетрпение ги очекуваат сите кои го слават овој верски празник, без разлика на возраста. Божиќната сезона содржи посебна магија која се чувствува насекаде во воздухот уште пред нејзиното официјално започнување. Излозите се полнат со божиќни колекции и производи, понудата на божиќни украси веќе нè подготвува комплетно да му се предадеме на ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
87%
1015
weather icon

Белград

2ᴼ / 1ᴼ
3.09
90%
1018
weather icon

Загреб

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
81%
1016
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
1.71
61%
1015
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
2.65
89%
1017
weather icon

Љубљана

0ᴼ / -1ᴼ
1.03
96%
1017
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
2.06
83%
1017
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
82%
1013
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
100%
1013
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
4.12
90%
1018
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / -1ᴼ
1.34
89%
1017
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
68%
1018
Currency

61.5137

Currency

53.0854

Currency

69.7933

Currency

34.5571

Currency

37.9634

Currency

66.4195

Currency

7.47635

Currency

0.65544

Currency

0.34162

Currency

0.5252

Currency

1.25539

Currency

0.59902