Сите кул парчиња што ќе може да ги имаме ова лето, ќе изгледаат како да се излезени од море. Станува збор за моден тренд во најава, наречен Mermaidcore, којшто отсликува естетика на Малата сирена. Стилот, кој досега беше само тема на социјалните медиуми, сега има зелено светло и од големите брендови како Балман, Версаче, Алаја, Ботега Ванета и други. Ако се навратиме наназад, дел од колекциите за сезоната пролет/лето 2023 вклучуваа фустани ...

Креативниот директор на Мошино, Џереми Скот, ја напушта италијанската модна куќа. Тој беше на функцијата точно една декада и ќе биде запаметен по своите колекции инспирирани од поп културата. Скот за тамошните медиуми изјави дека е многу горд на тоа што го остава зад себе. Дизајнерот беше препознатлив по театралноста во креациите, пренатрупаниот стајлинг и игривоста во дизајните. Така, уште долго ќе се паметат мини здолништата инспирирани од ...

Кира Најтли намерно или случајно сподели пет модни лекции за нејзините фанови, но и останатите дами. Додека актерката оди на премиерите на нејзиниот најнов филм Boston Strangler, ја гледаме стилизирана баш онака како што прилeга на нејзиниот сензибилитет. Така, таа беше забележана во аутфит од пролетната колекција на Гучи што наликува на модата од 40-те години – прекрасен шампањ костим со здолниште. На ова Кира имаше дополнување од црн ремен и ...

Кога станува збор за деловен изглед, понекогаш ни претставува проблем изборот на облеката. Сакаме истовремено да сме модерни, да ни е удобно тоа што го носиме, но и да биде доволно сериозно за на работа. Како да ги ставиме овие три елементи во едно? Едно од решенијата се оделата со елек. Елекот веќе долго време не е само дел од машката гардероба, ова парче се повеќе го носат и жени во комбинација со панталони, блејзери, кошули. Оделата можеме ...

Мега популарната актерка од поранешните ју простори Лидија Вукичевиќ која публиката ја познава по култните серии: Бољи живот, Жикина Династија и многу други тв и театарски проекти веќе ја подготвува премиерата ,,Обвинителка" чиј автор е Огнен Неделковски, а режијата ја потпишува актерот Сашо Ристовски. Покрај Вукиќевиќ на сцената ќе ги видиме нашите познати актери: Магдалена Ризова и Сашо Ристовски. Сценографијата е доверена на Крсто Богојевски, ...

Италија од секогаш била поим за мода, луксуз и убавина. Посебно се истакнува југот, односно брегот Амалфи, каде што се наоѓа и градот Позитано, омиленото место на светската елита. Куќите, во овој град сместен во карпа, се наредени каскадно, долж обалата и токму затоа се еден од препознатливите белези на местото. Сепак најубавиот поглед на градот и морето го нуди хотелот Le Sirenuse. Луксузното здание со пет ѕвезди, е изградено во далечната 1951 ...

Шпанската кралица Летиција неодамна се појави на службен настан во Мадрид, на кој носеше кошула-фустан во интензивна розова нијанса, отворајќи ја пролетната сезона на ова женствено парче. Моделот на кошула-фустан стана карактеристика на нејзината стилска „униформа", па неретко, особено во пролетната и летната сезона, оваа дама може да ја видиме во избор што одлично ѝ прилега на нејзината фигура. Покрај монохроматските модели, кошула-фустаните ...

Секиспилната Моника Белучи уште еднаш докажа дека е една од најубавите жени во светот. Таа е едноставно како црвено вино, станува подобра со годините. Актерката овој пат позираше за насловната на магазинот Wall Street Italia, во црна долна облека, седната опуштено на фотелја. Она што секако привлекува внимание е извајаната фигура, што пркоси на нејзините 58 години. Од секогаш сум била жена со облини, тоа е во моите гени. Обожувам тестинини и ...

Плетените чанти полека но сигурно, ќе ги гледаме се почесто. Како што се затоплува времето, овој моден и практичен додаток ќе стане неизоставен дел од пролетниот и летниот стајлинг. И оваа сезона плетените чанти, ќе можат да се најдат во различни големини и форми, но она што е најважно е дека одлично се вклопуваат со секој аутфит. Во зависност од потребите ја одбираме и плетената торба, големите модели кога сакаме да собереме се во едно, а ...

Кејт Мидлтон заедно со трите дечиња испрати слатка честитка по повод Денот на мајките во Обединетото Кралство. Принцезата од Велс сподели фотографија на која што позира качена на дрво со своите деца во празнично, насмеано расположение. Мидлтон, 41 ја гледаме во опуштено издание, класичен џинс, бела, перфорирана кошула и бели патики. Најстарото дете принцот Џорџ, 9, носи сина поло маичка со кратки ракави, додека најмалиот член Луис, 4, е облечен ...

Кејт Мидлтон заедно со трите дечиња испрати слатка честитка по повод Денот на мајките во Обединетото Кралство. Принцезата од Велс сподели фотографија на која што позира качена на дрво со своите деца во празнично, насмеано расположение. Мидлтон, 41 ја гледаме во опуштено издание, класичен џинс, бела, перфорирана кошула и бели патики. Најстарото дете принцот Џорџ, 9, носи сина поло маичка со кратки ракави, додека најмалиот член Луис, 4, е облечен ...

На приватен имот во Беверли Хилс, Џенифер Лопез викендов, ја претстави својата нова колекција на високи потпетици, во соработка со REVOLVE. Ѕвездата се појави во стајлинг на Џулиен Мекдоналд, што потсетуваше на 70-те. Џеј Ло изгледаше гламурозно во металик фустан на едно рамо, со висок шлиц, во нијанси на розе, златна, и сребрена боја, надополнет со сребрени чевли на платформа. На забавата, која што беше беспрекорно организирана, меѓу гостите ...

Салата Борис Трајковски вчеравечер уште еднаш ја собра македонската публика и естрада, овој пат за 26-то по ред издание на Златна Бубамара на популарноста. Ранко Петровиќ и екипата се погрижија за уште едно шоу, кое годинава не ги премина фамозните четири часа на траење. На изненадување на присутните изостана очекуваниот домаќин Сашко Коцев, а палката им беше предадена на дуото Тино и Атанас. Златната Бубамара со моќна изведба ја отвори Ана ...

Златна Бубамара веќе 26 години по ред приредува уживање за сите генерации, а покрај прекрасните изведби на сцена, на шоуто не изостанува и модата. Овој пат една од дамите што го привлече вниманието на сите, беше прекрасната Вера Мештеровиќ, која блесна како вистинска принцеза во екстравагантна креација на ЕЛЕНА ЛУКА. Вера беше стилизирана во макси црна тоалета, којашто ги следеше линиите на нејзиното тело, создавајќи префинетост и гламур во ...

Кога ќе се спомене името Ирена Спировска, веднаш се буди асоцијација на вистинска дама, со извонреден глас и стас, лик кој веќе со децении ги разубавува малите екрани и многубројните манифестации. Тоа се случи и на овогодинешната Златна Бубамара на популарноста, каде што присутните имаа можност да ја видат нашата позната водителка во гламурнозна тоалета, дело на ЕЛЕНА ЛУКА. Ирена со својата препознатлива префинетост се појави и на сцената, во ...

Мега популарниот холивудски пар Џенифер Лопез и Бен Афлек, конечно ја најдоа својата куќа од соништата. Двојката која што се венча пред осум месеци купи дом од 64 милиони долари. Зданието се наоѓа во централен Лос Анџелес, а располага со сала за вежбање, кино лифт, огромен двор со базен и место за скара. Куќата вклучува и осум спални соби, 11 бањи, неколку соби за забава, пространа кујна и голем дневен простор, што ја прави одлична за нивните ...

Со својот препознатлив продорен поглед и нежниот гламур кој ѝ е заштитен знак, Памела Андерсон, како вистински модел, ја отвори ревијата на Hugo Boss. Актерката ја предводеше колекцијата пролет/лето 2023 на брендот, пред повеќе од 500 гости во Herald Plazа, Мајами. Памела, 55 носеше платнено беж одело, под коешто се наѕираше свилена кошула и проѕирна блуза, исто така во беж нијанси. Сценографијата беше спектакуларна, опкружена со вода и ...

На Инстаграм наидовме на уште еден бајковит дворец, овој пат во Хрватска, изграден на ритче во селото Јурјевец. Замокот, кој што е наречен Емпиреј е направен пред 20-тина години и многу наликува на бајковитиот Нојшванштајн во Германија, кој послужи како инспирација и за познатиот дворец во Дизниленд. Инспирацијата за неговата изградба, сопственикот Мијо Хабулинец ја добил од лего коцки. Имено, тој заедно со својата ќерка направиле токму ваков ...

Како што се нижат награди за најдобри остварувања во филмот, секоја година се доделуваат признанија и за најдобрите во музиката. MTV VMA наградите им оддаваат чест на најдобрите изведувачи и видео записи во различни категории. Низ годините јавноста имала можност да посведочи на широка палета на стајлинзи, од сосема едноставни до шокирачки модни решенија. Од невестинскиот фустан на Мадона до ауфитот од месо на Лејди Гага, ова се незаборавните ...

По напорниот работен ден, верувам дека на сите добро би ни дошла една удобна, мека фотелја, на која што би се опуштиле со добра книга, музика, филм... Фотелјата е еден клучен дел од дневната соба, како што е креветот во спалната. Токму затоа кога го одбираме ова парче мебел, треба да внимаваме, покрај комфорот, истото да се вклопи во внатрешниот ентериер. На Инстаграм наидовме на интересни 3D решенија за фотелји, кои што ги изработува ...

За оние кои сакаат да изгледаат тренди, а не се за големи експерименти, предложуваме ефективно решение со малку боја. Без разлика дали ќе одберете боја во облеката или ќе се одлучите за впечатлива чанта или чевли, добивате кул стајлинг што нема да остане незабележан. Oвој мал трик значи многу и на овој начин ќе имате аутифит што ќе одговара како за дневно, така и за вечерно излегување. Беж, карирано, нијанси на крем или останатите земјени ...

Ева Лонгорија најмногу ја паметиме по нејзината улога во серијата Desperate Housewives. Но, пред да стане згодната Габриел Солис и да позира на црвениот тепих, Ева чекореше по поинакви патишта. Актерката која денес полни 48 години, изгледа барем една декада помлада. Викендов таа ни приреди вистинско модно шоу со својот изглед на Оскарите и на забавата организирана од Vanity Fair. Прво ја видовме во прекрасно издание на Зухаир Мурад, макси фустан ...

Во пресрет на сезоната на свечености и свадбени церемонии, модниот бренд ЕЛЕНА ЛУКА овој март со специјални промоции за своите клиенти и идни невести. Во салоните на ЕЛЕНА ЛУКА во Скопје и Струмица, како и на нивната онлајн продавница www.elenaluka.com, актуелни се фантастични попусти дури до 70% на свечениот програм кој вклучува уникатни дизајнерски тоалети и сетови – како совршен избор за претстојната сезона на свечени настани. View this post ...

Линдзи Лохан објави среќна вест – актерката и нејзиниот сопруг Бадер Шамас го очекуваат своето прво дете. Лохан не го откри полот на бебето ниту кога треба да се породи, само сподели слатка фотографија од бела бебешка облека на Инстаграм. Лохан и Шамас се венчаа минатата година во приватна церемонија, а актерката се обидува да ја држи нивната врска што подалеку од јавноста. За Шамас има изјавено дека не е јавна личност, како и тоа дека и е ...

Кога сакаме да најдеме дом, далеку од дома, макар и на неколку дена, најчесто ги разгледуваме понудите на Airbnb. Оваа платформа нуди буквално секакво сместување, од стаклени кабини и замоци до приватни вили и рустични колиби. Веб страната за патувања Condé Nast Traveler креираше листа на места во Европа кои вредат да се посетат, а тука се најде и една наша дестинација - Велестово. Се потенцира дека секое од избраните места го раководат ...

Мерилин Монро никогаш не беше номинирана за Оскар и покрај многубројни одлични улоги во најзината краткотрајна кариера. Можеби од причина што публиката, па и голем дел од колегите, ја доживуваа како русокоса, секс бомба, наместо како талентирана глумица Академијата никогаш не ѝ оддаде признание за работата, а освен, тоа на Оскарите беше поканета само еднаш. Тоа се случи во 1951 година, кога 25 годишната Монро требаше да додели награда за ...

Две тенденции споени во едно модно парче кое воедно е и моден предвесник на пролетта – џинс мантил. Оваа сезона ќе биде „преплавена" во џинс, а мантилите изработени од џинс ќе ги предводат тенденциите. Со оглед на неговата популарност оваа сезона, џинс-мантилот ќе го комбинираме во инвентивни аутфити за различни намени – од деловни комбинации со одела, класични панталони и кошули и здолништа до урбани и лежерни изданија со тренерки и патики. ...

Покрај филм, германскиот дизајнер, Карл Лагерфелд, ќе добие и мини серија во негова чест. Приказната за човекот кој направи многу за модата, за Chanel, Fendi како и за останатите сегменти од брендот ќе биде прикажана на Disney+ во шест епизоди. Како продуцент на филмот пак, се јавува актерот и пејач Џаред Лето, кој е долгогодишен обожавател на брендот, а беше и пријател на покојниот дизајнер. Иако првично Џаред требаше да го глуми Лагерфелд, ...

Во Унгарија постои неверојатна подземна убавина составена од кристално бистро езеро со тиркизна боја и пештери што сведочат за моќта на природата. Езерото, кое што се вика Тавасбарланг е единствено од ваков тип во светот, што нуди подземна тура со чамец низ голем пештерски масив. Оваа актракција е близу градот Таполка, во југозапдниот дел на земјата. Природното чудо го сочинуваат подземни пештери и езера што настанале пред околу еден милениум. ...

Дома е кога си свој на своето. А местото станува дом првиот момент кога почнува да ги одразува вашите чуства, особини, карактер и светогледи. Кога почнува да мириса на хармонија и љубов и кога секое ќоше е себепрепознавање. Една таква убава приказна за ДОМА ни раскажува младата писателка на книги за деца, Марија Костадиновска, која во нејзиниот дом во современиот станбен објект Connect 5 во Скопје, на ELENA LUKA HOME создала вистински ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
93%
1014
weather icon

Белград

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
85%
1017
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
67%
1017
weather icon

Софија

9ᴼ / 6ᴼ
1.54
63%
1015
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
2.03
96%
1016
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
94%
1018
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
3.13
81%
1018
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
88%
1014
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
94%
1013
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
6.17
91%
1016
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1017
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 17ᴼ
2.57
68%
1017
Currency

61.5137

Currency

53.0854

Currency

69.7933

Currency

34.5571

Currency

37.9634

Currency

66.4195

Currency

7.47635

Currency

0.65544

Currency

0.34162

Currency

0.5252

Currency

1.2541

Currency

0.59877