Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Официјално е потврдено дека мега популарната франшиза Twilight Saga ќе ја гледаме и како серија. Сепак од студиото коешто ги откупи правата, нема дополнителни детали околу датумите и актерите кои што ќе бидат вклучени. Првата Twilight книга на Стефани Маер беше објавена во 2005 година, по што следуваа продолженијата New Moon, Eclipse и Breaking Dawn, кои беа објавени во периодот до 2008-ма. Приказната за љубовта помеѓу Бела Свон и вампирот ...
Во овој пролетен, преоден период се обидуваме да ја прилагодиме облеката на променливото време. Обично тука е кожната јакна или блејзерот на студените утра и свежите ноќи. Тука некаде спаѓаа и пантолоните, а пролетта едноставно ги сака оние на риги. Овој дезен датира уште од 1858 кога станал дел од официјалната униформа на француските морнари. Во 20 век ригите се клучен дел од модното портфолио на многу брендови. Пионер во тоа беше Adidas кој во ...
На денешен ден е родена Миранда Кер, еден од најпознатите супермодели во светот. Кер е по потекло од Австралија, а со манекенство почнала да се занимава од својата 13-та година. Миранда ја достигнува својата голема слава во 2007-ма кога станува еден од ангелите на Victoria's Secret. Од 2008 година, па наваму, Кер е постојано на листата Најдобро платени модели според Forbes. Освен тоа Миранда е и успешен претприемач. Таа има свој бренд за ...
Пролетта не можеме да ја замислиме без блејзер, кое е едно од must have парчињата за сезоната. Најчесто ги одбираме неутралните тонови, заедно со црната, но одвреме навреме добро е да додадеме и малку боја во стајлингот. Кога сакаме да бидеме забележани, кога приликата едноставно вели "бидете впечатливи" треба да му дадеме простор на блејзерот во боја. Сосема е доволно само едно парче кое ќе се истакне од целокупниот аутфит, а со оглед на тоа ...
Несомнено е дека италијанките имаат долга историја на уникатен и префинет стил. Познати се по своето модно изразување и се голема инспирација за дами од секоја возраст. Инстаграм е полн со италијански модни инфлуенсерки кои секојдневно објавуваат фотографии презентирајќи ги своите дневни или вечерни комбинации. Секоја со својот карактер и вкус, некои се верни на класиката, други сакаат да експериментираат, додека трети прават баланс помеѓу ...
Драмски театар со претставата Мојот маж гостува в четврток на 20 април во Црна Гора. Во Подгорица од 18 до 24 април во организација на Градско позориште Подгорица се одржува црногорското издание на регионалниот театарски фестивал РУТА. Претставата Мојот маж е колаж од расказите на Румена Бужаровска и авторски монолози. Режисер е Нела Витошевиќ, драматург е Викторија Рангелова-Петровска. Драматизацијата е на Нела Витошевиќ и Викторија ...
Скандинавската естетика и понатаму е една од најзастапените кога е во прашање уредување на домот, но и деловните простории. Тоа може да се види и доколку ги разгледуваме Инстаграм профилите чија што задача е токму внатрешниот ентериер. Покрај тоа годинава голем акцент се става на природните материјали, како што е дрвото, а еден микро тренд совршено го отсликува тоа. Дрвените клупи се голем хит на социјалните мрежи. Може да се стави во ...
Кендал Џенер, која пред шест години беше прогласена за модна икона на деценијата, е моментално една од навлијателните супермодели во индустријата. Настрана од модните писти и фотосесии, Кендал негува и приватно беспрекорен стил, па дури и кога експериментира не постои утка. Редовно споделува свои модни решенија на Инстаграм на кои што фановите реагираат со воодушевување. Со годините стилот на Џенер се менуваше, еволуираше, онака како што се ...
Холивудската актерка Кејт Хадсон е родена на денешен ден 1979 година. Таа е ќерка на оскаровката Голди Хоун и Бил Хадсон, актер и музичар. Парот се разделува кога Кејт има само 18 месеци, а улогата на татко ја превзема легендарниот актер Курт Расел, кој е долгогодишен партнер на Хоун. Нејзината прва улога во драмата Desert Blue(1998) ќе ѝ донесе и номинација за Златен глобус и Оскар. Оттука почнуваат да се редат улогите, а голема популарност ...
Сигурно сте чуле за ботокс, но дали сте го сретнале терминот ботокс за коса? Станува збор за третман којшто, според стилистите, гарантира сјајна коса полна со волумен. Мошне погоден е за оние кои се фарбаат или често користат разни обликувачи за коса, кои умеат да ги оштетат врвовите. Многу холивудски ѕвезди бараат од своите фризери токму ваков третман за косата пред да се појават на важни настани. Не се познати негативни ефекти, освен да се ...
Моделот Криси Тајген, која честопати ја гледаме на социјалните мрежи без филтер, овој пат постираше фотографија, на која што е сосема гола и гордо ја држи тримесечната ќеркичка. Криси е гласноговорник за прифаќање на телото со сите свои несовршености, особено откако се реализираше во улогата на мајка. Таа го роди своето трето дете во јануари годинава, откако во 2020 имаше абортус. Тајген на фотографијата ја држи преслатката Ести во када и ...
Урнебесната хит комедија Обвинителка којашто минатиот месец ја имаше својата премиера, ќе гостува овој месец во четири града во Македонија. Честа овој месец ќе ја имаат жителите на Гевгелија, Пробиштип, Кавадарци, а по барање на публиката повторно ќе се игра во Штип, каде беше и премиерната изведба. Преполните сали каде што гостуваше комедијата Обвинителка само покажуваат и докажуваат дека оваа претстава е уживање за публиката. Тоа што ја прави ...
Вниманието денес ни го привлече уште една инстаграм блогерка, Лидија Лешиќ. Оваа дама во 2018 година ја доби и Elle Style наградата за најдобра модна инфлуенсерка. Лидија покрај моделингот, се занимава и со дизајн, а има и свој одржлив бренд @mychoise.hr Нејзините комбинации можеме да ги наречеме тренди со совршена доза на стил, а секоја од нив е посебна и кажува приказна за себе. Ужива во опуштени стајлинзи, а според фотографиите омилени и се ...
Откако се појави на екраните со хит серијата Сексот и градот Сара Џесика Паркер стана модна икона и инспирација за многу жени. Актерката воодушевува со изгледот, а она по што најмногу е препознатлива се високите потпетици. Сара е едноставно Сара и што и да облече умее да го носи совршено. Сепак мислењата на фановите беа поделени кога викендов актерката се појави со пар различни чевли. Цветен фустан со бела основа и различни сандали со точки, ...
Роузи Хантингтон-Вајтли е британски модел и актерка, а родена е на денешен ден 1987 година во Девон, Англија. Јавноста најмногу ја знае по ангажманите за Victoria's Secret, Burberry и Marks & Spencer, како и по улогата во филмот Transformers: Dark of the Moon. Својата кариера како модел ја започнува на 15 годишна возраст за лондонската модна агенција Profile, а првата реклама ја снима една година подоцна за потребите на брендот Levi's. Во ...
Мери Квант, познатата британска дизајнерка која ја промени модната историја, почина на 93-годишна возраст. Квант беше дамата која направи модна револуција, откако во 1965 година, создаде здолништа кои беа прилично пократки од здолништата кои веќе се носеа. Од тука започнува и трендот на мини здолништа, име добиено по името на нејзиниот омилен автомобил Мини. Mери имала едвај 21 година кога заедно со нејзиниот сопруг Александар Грин во 1955 ...
Мет Гала е еден од најважните модни настани што се одржуваат секоја година. Дизајнерите даваат сè од себе да создадат стајлинг што ќе се памети, а ѕвездите се тука истиот да го промовираат на најдобар можен начин. Додека ја чекаме годинешната Мет Гала, која што е закажана за први мај, можеме да уживаме во најдобрите изданија на овој настан за изминатата декада. Ријана во Guo Pei Зендаја во Versace Лејди Гага Brandon Maxwell Били Ајлиш во Oscar ...
Во последно време сè почесто гледаме ранчиња наместо чанти. Дамите го одбираат овој моден додаток од практична, но и од естетска причина. Иако порано беше незамисливо деловен аутфит да се комплетира со ранец, денес работите се сосема поинакви. Освен тоа ранчето изгледа навистина кул, на некој начин подмладува, а рацете ви се слободни, што не е секогаш случај кога носите чанта. На улиците се почесто гледаме дами од сите возрасти кои преферираат ...
Моделот Павле Николовски веќе добро познат лик во модниот свет неодамна се врати од Абу Даби и Дубаи каде работно престојуваше две недели. Овојпат нашиот интернационален модел се појави во новата кампања за унисекс накитот создаден од дизајнерката и уметница Јелена Мандиќ. За ова модно искуство Павле вели : "Магично и нестварно, Јелена има таква моќ и енергија што - мислам да и дадете песок ќе го преобликува во злато". "Овие фотографии се една ...
Новото музичко талент шоу насловено „Пат до ѕвездите" во продукција на „Арт студио“, наскоро започнува со емитување на „Balkan Music Tv" и телевизија „Алфа". Целта е секако да се откријат нови домашни музички таленти кои јавноста ќе има можност да ги препознае токму преку ова талент шоу, а со тоа и да им го „отвори" патот до ѕвездите. Меѓу партнерите на шоуто, кои несебично ја даваат својата поддршка, е етаблираниот моден бренд ЕЛЕНА ЛУКА која ...
Од студиото Warner Bros официјално е потврдено дека ќе се снима серија Harry Potter, која според прогнозите, би траела една декада. Секоја сезона од серијата, ќе биде базирана на една од книгите, што се дел од франшизата, а познатиот актерски тим ќе биде целосно заменет со нов. Писателката Џ.К. Роулинг, ќе има одредена улога во креативниот дел, но нема да биде дел од сценариото. Серијата ќе се прикажува на нова платформа наречена Max, која што ...
Огледалата се едноставен елемент со којшто може да го преуредите ентериерот. Покрај декоративната улога, тие се и практични, а доаѓаат во разни, облици, стилови и бои. Доволно е да внесете едно големо огледало на соодветен простор и да добиете нов изглед на собата. Подолго време кружните, или заоблените огледала ги привлекуваа купувачите, но сега полека се враќаат и аглестите или четвртасти модели. Мала инспирација за уредувањето на домот. View ...
Ако сте од оние дами што преферираат елеганција и префинетост во секоја прилика, тогаш стилските решенија на оваа германска блогерка се токму за вас. Летиција Нима Блум на својот Инстаграм профил дефинира софистициран изглед. Секое нејзино издание ја има совршената доза на елеганција и женственост. Едноставно комбинира различни парчиња, најчесто во пастелни нијанси, а кога носи нешто во боја тоа е максимално усогласено. View this post on ...
Култниот филм, Saturday Night Fever, во којшто Џон Траволта ги воодушеви сите со своите танцувачки способности, беше прикажан во 1977 година. Она што беше неверојатно е неочекувано огромниот успех на филмот, со оглед на фактот што се работело со ограничен буџет, до тој степен што дел од парчињата што ги носеле актери биле лично нивни. Сепак најпрепознатлив беше белиот костим во три дела што го носеше Тони Морено, ликот на Траволта. Американецот ...
Карен Ројтфелд е жена која има големо искуство во модата. Поранешната уредничка на францускиот Вог е голема инспирација за нејзините фанови. Карен, 68, ги мотивира дамите да експериментираат, како со изгледот така и со модните парчиња. Она по што со години е препознатлива е карактеристичната фризура, која што според стилистите е идеална за жени над 60 затоа што ги брише годините. Друга предност на овој look е дека не е потребна специјална нега, ...
Вонсерискиот глас на младата струмичанка Славица Ангелова, ја однесе на најголемите регионални сцени и не требаше многу време за да стане миленичка на балканската публика. Ја запознавме како талентираното девојче кое блесна на детското талент шоу „Неке нови клинци", за низ годините да созрее во вистинска голема надеж на регионалната музичка сцена, настапувајќи и на сцената на „The Voice", а сега е актуелна со големиот успех што го остварува на ...
Бред Пит има уште еден дом. Популарниот актер купи куќа во Лос Анџелес по цена од 5,5 милиони долари. Иако ова нема да биде главната резиденцијата на Пит, сепак зданието е прилично импресивно. Куќата, којашто е во форма на буквата L е изградена во 1960, а се нарекува и "Steel House", куќа од челик, токму поради екстериерот којшто е изработен од челик и стакло. Градбата се простира на површина од 2.092 метри квадратни и има три спални соби и две ...
Насловната на Вог за месец мај е можеби една од најдобрите досега - десет модели, 10 креации и една позната мачка. Сето ова во чест на легендарниот Карл Лагерфелд, за кој ќе биде посветена и годинешната Мет Гала. Вкупно 10 дизајнери и модни куќи ја редефинираа работата на покојниот дизајнер: Пјерпаоло Пиколи (Valentino), Том Браун, Донатела Версаче, Џун Такахаши (Undercover), Кристофер Џон Роџерс, Џон Галијано (Maison Margiela), Оливер Рустинг, ...
Во пустина, во Тексас ќе "никне" првиот 3Д печатен хотел, опремен со инфинити базен, спа центар и сето она што се очекува од хотел. Зад проектот стои познатото архитектонско студио BIG-Bjarke Ingels заедно со компанијата ICON. Почетокот на конструкцијата е закажан за следната година, а инспирацијата за комплексот е од самата пустина каде што ќе се гради, како и од портофлиото на компанијата. Дизајнот на хотелот е нешто помеѓу игло, песочна дина ...
Џинсот е еден од оние материјали што го носиме и ќе го носиме секогаш кога приликата дозволува. Безвременско кул парче облека што доаѓа во најразлични форми, тексас јакна, фармерки, здолништа, мантили, кошули па дури и шапки... Го носиме во секое годишно време, во дневна но и вечерна варијатна. Покрај класичната сина боја во разни нијанси, го има и во останатите тонови од розова и зелена, до окер и виолетова. Џинсот е вечна класика што сакаме ...