Популарната игра The Sims добива филмска верзија, со Марго Роби како продуцент

24 март 2024

Сè уште актуелната Барби, односно Марго Роби, ќе ни донесе филмска верзија на една од најпопуларните игри од 2000-те.

Имено актерката не само што ќе глуми во филмот за The Sims , таа ја превзема и продуцентската палка.

 Филмското остварување ќе биде дело на продуцентското студио LuckyChap Entertainment кое што за потребите на проектот ги здружи силите со Роби.

Од самото појавување во 2000-та година The Sims веднаш привлече голем број на фанови.

Играта овозможува да се креираат еден вид на виртуелни аватари преку коишто можат да се остварат желбите на играчите во еден измислен свет којшто сами го креираат како што сакаат.

Аватарите имаат свои особини, вештини и негуваат различни меѓусебни односи. Можат да извршуваат секакви задачи, од правење вечера па сè до основање на семејство и градење на кариера.


Со оглед на тематиката и популарноста, како и улогата на Марго во сета ова, филмот се очекува да биде блокбастер.

Деталите сè уште не се познати, но заинтересираноста на јавноста да ја види The Sims како филм е голема.

Фото: Instagram

Објавено:
24 март 2024
Категорија: 
Култура