Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Холивудската ѕвезда Џенифер Анистон повторно докажа дека е модна икона. Секое нејзино појавување на црвениот тепих е со беспрекорен стајлинг, но овој пат изгледа Џен се надмина себе си. На премиерата на нејзиниот последен филм Murder Mystery, 54 годишната актерка се појави во сребрен мини фустан, којшто совршено прилегаше на нејзината тонизирана фигура. Со ова таа му даде едно ново значење на зборот гламур. Џенифер дефинитивно го украде шоуто ...
Таа е неприкосновена кралица на ектраваганцијата, на преминување на границите, на редефинирањето на себе си. Покрај огромниот музички и актерски талент, Лејди Гага остава свој небришлив печат и во модата. Мултиталентираната ѕвезда која моментално ја снима својата најнова улога, Харли Квин, за филмот Joker: Folie à deux, постојано изненадува со својот изглед. Без разлика дали носи костим од месо, го имитира Боуви, Круела де Вил или Марија ...
Познатата сплитска пејачка Данијела Мартиновиќ многу често воодушувува со својот стајлинг. Секогаш позитивна и насмеана, таа дава енергија на секое парче што го носи. На отворањето на новата сезона од хрватското шоу Zvijezde pjevaju, балканската ѕвезда донесе гламур на сцената во креација на познатиот американски дизајнер Зак Посен. Данијела, која еден од тројцата членови на жирито, носеше прекрасен фустан во кралско сина и тиркизна нијанса, ...
Пред само неколку дена Кира Најтли покажа како со широк џемпер и елегантно здолниште може да се изгледа максимално опуштено, но и тренди во исто време. Она што е интересно и добро кај оваа комбинација е што делува релаксирано, лесно е да се изведе, а крајниот резултат е изненадувачки добар. Покажува дека умеете без многу труд да се стилизирате совршено допадливо, комфорно и софистицирано. Спој што е не е лесно да се постигне. Рецептот за ...
Холивудската актерка Мелани Грифит, на својот Инстаграм профил, честопати споделува фотографии од својата мајка, легендарната Типи Хедрен. Хедрен, 93, која беше една од најубавите жени во 60-те години, јавноста најмногу ја памети по улогата во филмот The Birds на Алфред Хичкок. Кога режисерот за прв пат ја забележал 22 годишната Типи на телевизија, таа работела како модел. Нејзината улога во Birds и донесе Златен глобус за најдобра нова актерка ...
Особено е убаво кога после напорен работен ден, ќе дојдете во домот и ќе се наполните со позитивна енергија. Еден инстаграм профил на млад брачен пар од Нујорк, споделува фотографии од својот ултра колоритен стан, за којшто тврди дека е токму тоа што ги смирува после хаотичното секојдневие на работа. Кејтлин Тејлор и сопругот Лоу кога за прв пат се вселиле во станот, тој воопшто не одговарал на нивниот вкус за внатрешен дизајн. Двајцата ...
Животот на француската актерка Брижит Бардо, позната како една од најубавите жени во светот, ќе биде преточен во мини серија од шест епизоди. Брижит, која денес има 88 години, остави траен печат на уметноста, модата и стилот. Со нејзината безвременска убавина, препознатливата руса коса и продорниот поглед таа беше олицетворение на сексапилот. Иако се пензионираше на само 39 години, она што го остави зад себе говори многу и денес. Според ...
Во последно време повеќе се става акцент на живите бои, како речиси неизбежен пролетен тренд. Но, без разлика каков тренд е во прашање, класиката е таа што е безвременска и што ни дава слобода да играме на сигурно. А тука спаѓаат белите парчиња облека, коишто кога ќе се спојат, даваат впечатлив, но едноставен аутфит. Сезонава предност им се дава на природните материјали, како на пример ленот. Одлична би била комбинацијата лен со лен, на пример ...
Големата балканска актерска ѕвезда Лидија Вукичевиќ пристигна во ателјето на ЕЛЕНА ЛУКА во Скопје. Прекрасната дама која која публиката ја познава по култните серии Бољи живот и Жикина Династија за својот следен проект соработува со нашиот етаблиран моден бренд ЕЛЕНА ЛУКА. Восхитена од посетата на ателјето, од каде што го одбра и фустанот што ќе го носи во новата претстава, Лидија покрај тоа што не почести со своето присуство, даде и кратка ...
Нашата потрага по интересни ликови од градот нè донесе до госпоѓа Надица Трајкова, жена која го живее животот со широка насмевка и добра мисла. Дама со свој стил, за која годините се само бројка. Минатото е секогаш интересно за истражување, па затоа со госпоѓа Надица одговоривме на неколку интересни прашања за тоа како беше, како е сега. Оваа дама, која го живее животот со полни гради, ни споедели и неколку совети за помладите генерации. ...
Нашата потрага по интересни ликови од градот нè донесе до госпоѓа Надица Трајкова, жена која го живее животот со широка насмевка и добра мисла. Дама со свој стил, за која годините се само бројка. Минатото е секогаш интересно за истражување, па затоа со госпоѓа Надица одговоривме на неколку интересни прашања за тоа како беше, како е сега. Оваа дама, која го живее животот со полни гради, ни споедели и неколку совети за помладите генерации. ...
Џеси Џеј, која е родена на денешен ден пред 35 години, е британски изведувач, текстописец и активист. За популарноста на Џеј, меѓу другото, голем "виновник" е нејзиниот смел музички израз, којшто е мешавина од соул, поп, елетропоп и хип-хоп, но и нејзиниот уникатен моден стил. На само 11 години учествува во мјузикл, а неколку години подоцна добива улога и во театарска претстава. Првиот студиски албум наречен Who You Are, го издава во 2011 ...
Греми наградуваната дива Бијонсе уште еднаш ја покажа својата генијалност. Но, овој пат тоа не беше моќна изведба на песна, туку уникатни модни креации кои што ги создаде заедно со креативниот директор на Балман. Кралицата Би, по одлично завршената работа, рамо до рамо со Оливие Рустенг, позираше за насловната на францускиот Вог. За да ги создадат 16 дизајни, Оливие се инспирираше токму од 16-те нумери на последниот албум на Бијонсе, што ...
Здружението на физијатри на Македонија својот прв стручен состанок за оваа година, го одржа на 17. март во хидротермалниот медицински центар „Цар Самуил", бања Банско – акредитиран настан каде покрај стручните излагања на темата: Физикална терапија и рехабилитација на мекоткивни повреди на шака, беа презентирани и квалитетите на термалната изворска вода, како и новите содржини за рехабилитација и третман во нашиот хидроптермален медицински ...
Tаа е моден феномен и една од најнеобичните личности на светот, уникатна дама која сама по себе е перформанс, наследничка од семејството Гинис која фасцинира со својот еклектичен стил, жена обожавана од дизајнерите Валентино, Алаја и Лагерфелд, муза на фотографите Стивен Клајн и Дејвид Лашапел, пријателка на никогаш непрежалениот Александар Меквин, англиска аристократка која важи за страствен колекционер на висока мода и скапоцен накит... Дафне ...
Направете место ова лето за уште еден тренд – фустан во боите на зајдисонцето. Колекциите пролет лето 2023, во голема мера беа инспирирани од природата, а залезот на сонцето спаѓа меѓу најинтересните феномени, токму заради неговиот колорит. Она што фасцинира кај овој фустан е прелевањето на боите и нивниот интензитет. Го има во различни варијанти од лежерен модел за на плажа до софистицирано парче за вечерна забава. Нијансите, кои од жолта и ...
Парчето облека кое одвреме навреме ќе го носиме периодов е пролетната јакна. Наутро и навечер температурите нема да бидат високи, па стајлингот ќе ни го дополнуваат разни видови на сезонски јакни. Изборот е навистина голем, но неколку од нив ќе се истакнуваат оваа пролет - штепуваните, бомбер и секако кожните јакни. Последниве неколку години штепуваните јакни се голем хит, особено откако излегоа моделите од The Frankie shop, прво во маслинесто ...
Луси Лу, ѕвездата од популарниот филм Charlie's Angels, во последното интервју за магазинот The Cut зборува за одлуката да стане мајка на 47 години. Денес Луси има 54 години и вели дека одлуката што ја донела тогаш, да добие дете преку сурогат мајка, била вистинската и во вистинско време. Актерката често знае да сподели фотографии на Инстаграм од заедничките моменти со синчето, кое има седум години. Немав никаков план. Не размислував премногу и ...
Се наближува месец април, а со тоа и еден од најголемите христијански празници - Велигден. Празник на надежта, потсетникот дека сè е можно кога се верува. И тогаш кога со неизмерна радост го прославуваме животот, нема ништо помило од семејството и споделената среќа. А убавите моменти најчесто се случуваат во домот, онаму каде што е топлината и токму затоа домот треба да ни измамува воздишки. Тоа ќе го постигнеме со неколку живописни велигденски ...
Зухаир Мурад е познат како дизајнер кој преку својата уметност ја воздигнува женската убавина на ниво на величественост. Женската смелост, атрибути и раскош, се тема во фокусот и на неговата нова есен-зима 23/24 колекција, во која е создадена симбиоза меѓу колоритот и уметничката комплицираност на циркусот и грациозноста на жената, како нејзина природна состојба. Женската силуета и потенцираните форми на женското тело и нивниот артистичен ...
Иако доминацијата на неутрални, пастелни бои на кујни е очигледна, во последно време се повеќе гледаме и кујни во колор блок техника. Оние кои не се плашат да експериментираат можат да го испробаат овој начин на внатрешно уредување. Различните бои комбинирајте ги на елементите, ѕидовите или кујнските апарати, правило нема. Доколку размислувате како тоа да го изведете, ќе ве посоветуваме да се држите до една група на бои - основни, пригушени, ...
Деми Мур има посебна љубов кон слип фустаните и многу добро знае дека тие се секогаш одличен избор кога станува збор за црвен тепих. Актерката, 60, овој пат се појави заедно со нејзината ќерка Скаут Вилис, а двете дами изгледаа елегантно на Fashion Trust наградите во Холивуд. Деми повторно го истакна својот сексипил и одличната фигура во светло зелен фустан, со вајб од 90-те, додека нејзината ќерка носеше макси розова тоалета со кропиран детаљ ...
Францускиот бренд Coperni има уште едно креативно парче со негов потпис кое што моментално е голем хит. Станува збор за чанта во форма на срце, моден додадок кој што ги преплави социјалните мрежи. По низата креативни замисли, почнувајќи од белиот фустан на Бела Хадид и роботите кучиња на последната ревија, следуваше Swipe чантата, која што стана ултра популарна блгодарение на Кајли Џенер. Heart е помалку гламурозна верзија, но е премногу слатка ...
Водата е светост. Водата е лек. Водата е живот. Денешниот ден - 22 Март го славиме СВЕТСКИОТ ДЕН НА ВОДАТА. Зошто е значаен овој ден во годината? Пред сѐ затоа што без вода нема живот. 22 Март, од 1993-та со одлука на ООН се одбележува како Светски ден на водата. Основен фокус на Светскиот ден на водата е да се поддржи постигнувањето на Целта за одржлив развој (SDG): вода и санитација за сите до 2030-та година. Сепак, правото на вода не е ...
Во просториите на ООУ Лазо Ангеловски, во општина Аеродром по повод одбележувањето на 21 Март - Денот на пролетта и екологијата, вчера се организираше Еко модна ревија. Целта на организаторите и домаќините на настанот е да им овозможат на учениците од основните училишта од општина Аеродром, да создадат свои уметнички дела, преку кои ќе ја истакнат функцијата на реупотребата на рециклирачките материјали. Преку своите изработени модели и ...
Деловниот стил знае да ни создаде главоболки, особено наутро кога честопати се мислиме што да облечеме за на работа. Сепак, некои жени го имаат тој моден сенс и со брзина на светлината ги одбираат соодвените парчиња создавајќи прекрасни деловни стајлинзи. Една таква дама е Инстаграм блогерката Пилар де Арк. На нејзиниот профил ќе наидете на бои искомбинирани до совршенство и по некое монохроматско издание. Ви пренесуваме дел од нејзиниот стил. ...
Аеродромот во Сингапур, Чанги, годинава повторно е прогласен за најдобар во светот. Веб страната за рангирање на аеродроми и авиопревозници Skytrax, чиешто седиште е во Велика Британија, секоја година, врз основа на анкети, одбира победници во овие категории. Се оценува целокупното искуство на патниците од цел свет, од пријавата до самиот лет. Секојдневно на овој аеродром поминуваат повеќе од 135 илјади патници, или повеќе од 60 милиони патници ...
Сите емоции што ги штедела во име на новинарската објективност и професионалност за време на известувањата од воените полиња во Украина, новинарката Кристина Атовска ги истури во нејзиниот документарец „Приспивни сирени". Чистата и соголена емоција искрено и до срж допре и до публиката во Скопје, која имаше можност премиерно да го погледне документарниот филм на 27 февруари. Како што вели нашата хероина во разговорот што ќе го читате во ...
По долго боледување, вчера на 20 март 2023 година, во неговиот дом во Лос Анџелес (САД) почина актерот Димче Мешковски. Доајенот на македонското глумиште Димче Мешковски беше вработен во Драмски театар Скопје од 1967 година до неговото пензионирање во 2002 година. Во творечката биографија на Мешковски се забележани над 100 одиграни улоги со над 6.000 изведби. Широкиот дијапазон и талент на Мешковски го позиционираше како актер што дал немерлив ...
Користејќи го својот глас и статус на една од најобожуваните холивудски актерки, 65-годишната Шерон Стоун се обидува да ја покрене свеста за ракот на дојка и во тој контекст деновиве присуствуваше на хуманитарната гала „Women's Cancer Research Fund Gala" каде одржа и говор. „Имав тумор поголем од моите гради. Беа сигурни дека не може да го имам тој тумор без истиот да биде рак. Но, не беше! Влегов во болницата и им реков: 'Ако ме отворите и ако ...