
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Возбудливата сезона на награди е во полн ек, но највеличествената ноќ нѐ очекува на 12-ти март, кога ќе се одржат 95-те Оскари. Водител на годинешното издание, ќе биде американскиот комичар и шоу-ѕвезда Џими Кимел, а 95-то по ред доделување на златната статуетка, ќе биде посебно по неколку нешта: За најдобар филм се номинирани дури десет филмови од кои две се продолженија (Avatar: The Way of Water и Top Gun: Maverick). Најмногу, дури 11 ...
Денес е тој ден, твојот ден, еден од многуте, но овој е посебен. Јануари 25-ти, твојот роденден Тоше, наш најголем непребол. Ќе кренеме сите раце високо, ќе направиме ѕвездено небо, ќе ти посакаме да не чуваш од горе. Толку многу добрина, толку многу човечност и љубов, љубов кон сите, вистинска, искрена...тоа си ти Тоше и засекогаш ќе бидеш. Денес повторно ќе си приспомнам кога прв пат те видов, таму горе на Гумење, младо момче во толпата, ...
По повод 150 годишнината од создавањето на првите Levi's 501 фармерки, компанијата го рекреираше ова легендарно парче облека во ограничен број. Иако името 501 не се појави се до 1890, сите добро го знаеме значењето зад тој број, безвременска класика на џинс што никогаш нема да излезе од мода. Новите 501 го имаат и бројот '54 до нив, во чест на годината кога Levi's се шири на истокот, од Сан Франциско и регионот на Калифорнија во Њујорк, ...
Едноставноста е највисоката форма на луксузот. Многупати сме биле убедени дека е така, а Марија Грација Кјури овој пристап го присвои како основна референца во новата колекција висока мода на Диор. Инспирацијата потекнува од воодушевувањето на уметничката директорка од еден перформанс во 1951 година во Њујорк, на познатата музичка ѕвезда од тоа време и активистка за човекови права, која ќе стане и симбол на отпорот за време на Втората Светска ...
Веќе сме навикнати да гледаме фотографии од летни одмори што ги красат душеци во разни форми, како патки, крофни, еднорози и слично. Сепак според она што деновиве можеме да го видиме на социјалните мрежи, душекот повеќе не е само летен реквизит. Станува збор за најнов тренд – душек за снег, кој што има слична улога на санка. Овие зимски душеци, се изработени од издржлива пластика и на нив можете комотно да седите додека се лизгате по снегот. ...
Постојаната желба да изненадиш доведува до агонија. Секогаш сакам да демонстрирам моќ, но на различен начин. Ништо не е како што изгледа. Токму овие зборови на Даниел Розбери, уметничкиот директор на модната куќа Скијапарели, говорат за неговата амбиција да го покаже невозможното. И токму тоа му беше целта и со последната пролетна колекција, што за жал беше мета на многу критики поради трите вештачки животински глави (лав, леопард и волк) што ...
На сцената на Националната опера и балет денеска (на 24 јануари 2023) во 20.00 часот ќе се изведе атрактивната балетска претстава „ГОСПОЃИЦИТЕ ОД АВИЊОН". Балет во 9 слики. Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон" е инспирирана од истоимената слика на уметникот Пабло Пикасо, зборува за пет жени и нивниот живот, нивната потрага по љубовта, смртта и слободата. Музиката во претставата е на Калиопи Букле, за кореографија и режија задолжена е ...
Невестинските фустани оставаат свој белег, засекогаш, некои помалку некои повеќе. Низ годините на малите и големите екрани продефилирале неизбројан број прекрасни венчаници, бели, во боја, едноставни и екстравагантни... Некои од актерките во продолжение имале за чест да облечат ремек дело, убавина во полн сјај и да се почувсвуваат дека тој ден е навистина само за нив. Погледнете ги најдобрите невестински фустани низ декадите што поминале. Одри ...
Велиме дека креативноста на познава граници, а тоа важи и за модата. Но, што ако наидеме на нешто што можеби ќе ни го смени ова мислење? На последната Haute Couture ревија на Скијапарели, за сезоната пролет/лето, Кајли Џенер ги украде сите погледи. Ријалити ѕвездата се појави во тесен црн фустан што ги отсликуваше нејзините облини, кои овој пат не беа во преден план. Кајли на предниот дел на фустанот, како додаток или нешто слично, носеше ...
Новата година за средношколците од СОУ „Љупчо Сантов" од Кочани започна со еден интересен еколошки-моден проект, кој има за цел пред сѐ да ја покрене свеста за одржливата мода и како младите може директно да се вклучат при нејзината реализација. Проектот „Земјоделските остатоци како текстилна и дизајн суровина во општина Кочани" ја опфати работилницата „Текстил, мода и животна средина", во која беа вклучени средношколците предводени од ...
Приказните за настанокот на модните империи се секогаш интересни и токму затоа одвојуваме една таква, овој пат за создавањето на некои од најпознатите логоа во индустријата. Гучи Брендот Гучи датира од 1921 година, а зад тоа стои дизајнерот Гучио Гучи од Фиренца. Првично Гучи бил портир во хотелот Савој, а инспирација за да започне со дизајн му биле луксузните куфери на гостите за кои што се грижел. Од 1921 до 1933 година, брендот немал лого, ...
Дури и кога е секојдневна, модата на улиците на Милано е посебна. Таквиот впечаток ни го потврдува и Инстаграм профилот @OffToMilano, кој е еден субјективен омаж на секојдневната миланска мода интерпретирана преку стилот на Анастасија, стилски консултант и моден и бренд менаџер. Оваа Италијанка преку личен пример ни прикажува колку едноставниот и одмерен изглед, може да изгледа богато, елегантно и впечатливо, кога ќе се најде балансот меѓу ...
Кога сме на темата трендови, бајкерскиот годинава чука на голема врата. Безвременската кожна јакна ќе го зазеде централното место заедно со останатите парчиња по кои што овој стил е препознатлив, како што се кожните пантолони. Со малку креативност овој тренд може да се инкорпорира во секојдневниот стајлинг, но и да го зачини вашиот вечерен изглед, ставајќи акцент на женската силуета. Црната јакна добива и малку боја, додавајќи една посебност на ...
Кендал Џенер предизвика уште една бура позитивни реакции. Супермоделот на својата последна Инстаграм објава има стајлинг каде што главна улога играат црни ракавици од латекс. Иако ракавиците беа своевиден тренд во годината што измина, изгледа дека ќе бидат со нас и во 2023та. Судејќи според објавата на Кендал, познатите се сè уште опседнати со овој моден додаток, без разлика дали станува збор за кожни, чипкани, или ракавици обвиени со светки. ...
Чизмите до колена се класика што надминува трендови и сезони. Нивната елеганција и практичност што ја следат линијата на ногата овозможуваат да се носат речиси со сè. Одговараат и за кежуал, но одлични се и во софистицирана и деловна варијанта. Ние ќе ви предложиме неколку комбинации со коишто ќе ставите акцент на вашите омилени високи чизми. Не е важно дали станува збор за прави чизми или модел на растегнување, еве како можете да ги ...
Чизмите до колена се класика што надминува трендови и сезони. Нивната елеганција и практичност што ја следат линијата на ногата овозможуваат да се носат речиси со сè. Одговараат и за кежуал, но одлични се и во софистицирана и деловна варијанта. Ние ќе ви предложиме неколку комбинации со коишто ќе ставите акцент на вашите омилени високи чизми. Не е важно дали станува збор за прави чизми или модел на растегнување, еве како можете да ги ...
Џина Дејвис е американска актерка, продуцент и активист за женски права. Сепак она по што јавноста најмногу ја памети е нејзината улога во трилерот Телма и Луиз. Вирџинија Џина Дејвис е родена на денешен ден 1956 година во Масачусетс, САД. Уште од дете Џина се интересирала за музика и изучувала пијано, флејта и оргули. Таа толку го усовршила свирењето на овој специфичен инструмент што била главна оргулистка во локалната црква. Откако се ...
Полека но сигурно, сината боја со сите свои впечатливи нијасни го зазема местото на модните писти и улиците. Затоа подгответе се да бидете смели, (доколку досега не сте биле) и да додадете барем едно сино парче во вашиот гардеробер. Веќе видовме прекрасно синило на ревиите со потпис на Викторија Бекам,Тори Бурч и Лакван Смит, додека бројни high street брендови веќе ја имаат во своите колекции. Сини тонови можат да се најдат и во H&M, од ...
За убавите гени, Анџелина Џоли може да ѝ заблагодари на мајка си, Мршелин Бертранд. Да беше жива, оваа холивудска актерка сега ќе имаше 72 години. За жал, починала прерано, во 2007-ма на 56-годишна возраст, по осум години борба со карцином на јајници и на дојка. Поради оваа причина и самата Џоли направи превентивна двојна мастектомија во 2013 година. Маршелин е родена во 1950 година, во Блу Ајленд, Илиноис, но уште како дете со нејзините ...
Дамите од Холивуд знаат да бидат вистинска инспирација кога станува збор за облеката. Денес одвојуваме простор за најелегантните 50+дами. Овие жени го имаат потребното искуство и знаат што треба да се носи за да се изгледа добро. Кога паметно ќе се искомбинираат класичните стилови со современите трендови се добива добитна комбинација. Во продолжение ви одвојуваме некои од најдобро стилизираните 50+ дами во Холивуд, секоја мега успешна во своето ...
Модата секогаш зборувала сама за себе и носела (от)скриена порака за луѓето и општеството. За подобро да го разбереме значењето на облеката ќе започнеме од времето кога единствената мисла била контролата, поточно контролата на женското тело. Акцентот бил ставен на достапноста, односно тоа што жената го носела дефинирало дали е таа слободна или не. Цивилизациите користеле различни додатоци за да ги обележат мажените од немажените жени. Еден ...
Ако ретроспективно го анализирате стилот на Џенифер Лопез, сигурно ќе забележите дека таа е фан на „голите фустани" (оние кои создаваат илузија на голо тело) и е една од ретките која знае како да ги носи. Добро го познава своето тело и своите предиспозиции, за секогаш да го направи соодветниот избор за неа, кога е во прашање таков модел на фустани. „Гол фустан" од Валентино, раскошен до максимум, украсен со кристали и со жолта панделка на ...
Во нашиот последен разговор од серијата на успешни приказни од градот зборувавме со Маја Танева, млада уметница од Скопје. Специјалност на Маја е вајарството, а во делата што ги создава посебен акцент става на вилинското коњче. За нејзината инспирација и создавањето како примарна страст прочитајте во продолжение. Креативноста може да роди незамисливи работи, а за да се започне потребна е само една идеја, еден блесок на инспирација. Тоа е она ...
Деновиве по социјалните мрежи и во модните медиуми, нашироко се дискутира појавувањето на данскиот актер Мадс Микелсен на неодамна завршениот Pitti Uomo, најпознатата платформа за машка мода во Фиренца. Со својата едноставност беше во фокусот на вниманието. Ќе се прашате зошто во целата таа модна еклектика, токму данскиот актер во тотално едноставна, базична, црна комбинација беше најголемата симпатија на јавноста? Веројатно на ваков тип на ...
Есенцијата на вечната класика ја сочинуваат неколку клучни парчиња, а меѓу нив неизбежниот црн блејзер. Во секоја сезона и во стилот на секоја возрасна група, црниот блејзер го има своето сигурно место поради неговата флексибилност и елеганција, магично прилагодувајќи се во сечија модна приказна. И ако мислевте дека ги искористивте сите идеи како да го комбинирате црниот блејзер, ние ќе ви понудиме уште 10 плус за да ви илустрираме дека секогаш ...
Седумнаесет годишната Михаела Стојменовиќ од Скопје освои прво место на натпреварот организиран по повод World Food Day од страна на ФАО, организација за храна и земјоделие. ФАО, која што е дел од Обединетите Нации ѝ ја додели оваа награда на Михаела во категоријата од 16 до 19 години за нејзиниот постер кој што ја отсликува важноста на земјоделските работници во целиот систем на производство на храна. Со овој постер сакав да покажам како се ...
Една од омилените модни блогерки и деловни жени, Оливија Палермо, важи за вечна стилска инспирација за сите кои почитуваат живост, приказна, па дури и еклектика во начинот на интерпретирање на облеката. Затоа, нејзиниот профил на Инстаграм е честа дестинација за модните авантуристи. Оваа зима донесе богат интензитет на бои, принтови и текстури во нејзиниот имиџ, заедно со микс од парчиња потпишани од луксузни (Алберта Ферети, Џамбатиста Вали, ...
Улиците во Милано во текот на машката модна недела беа обоени во микс од екстравагантност и италијанска традиционална елеганција. Можеа да се забележат буквално секакви модни комбинации, од воодушевувачки до смешни. Помеѓу нив имаше дел од неодамнешните парчиња од колекциите на брендовите коишто веќе имаа ревии во Милано, но и такви кои поради пандемијата никогаш не биле носени. Мал преглед на тоа што се случуваше во изминатите неколку дена: ...
„Треба да се обидеш да изгледаш поубава" – е еден од суровите коментари со кои се соочила оскаровката Џулиен Мур, на патот кон врвот во Холивуд, искуство кое го делат голем дел од холивудските актерки. Џулиен Мур која важи за една од најплеменитите актерки од својата генерација, не ја пропушта можноста во своите јавни настапи и интервјуа отворено да ги критикува строгите, речиси нереални стандарди за убавина што ги поставува Холивуд. А со цел да ...
Светски познатиот гитарски виртуоз Стиви Вај доаѓа во Скопје! На 26-ти април во СРЦ Кале ќе одржи рок шоу на кое ќе го промовира и актуелниот албум „Inviolate". Во продолжение ви го пренесуваме интегрално соопштението на АВАЛОН продукција, кои го организираат концертот на греми наградуваниот Вај, кој за прв пат доаѓа кај нас. „Задоволство ни е да ви најавиме дека најспектакуларното рок шоу оваа година во Македонија ќе се одржи на 26-ти април во ...