Познато е дека пастелно зелената боја делува смирувачки во ентериерот, а и лесно се комбинира со останатите нијанси и дезени. Токму заради тие карактеристики оваа боја, во последно време, ја гледаме многу често како дел од внатрешното уредување. Некои ја одбираат за целосно бојадисување на ѕидовите, други како дел од мебелот, а може да се забележи и на детали од типот на вазна и слично. Пастелно зелената е доволно класична да го помине тестот на ...

Шер е една од ретките изведувачи што знае да се надмине и себе си кога е во прашање стајлинг и настап на сцена. Речиси половина век пејачката и глумица, ја забавува и воодушевува публика каде и да се појави. Шер едноставно ја носи забавата со себе. Она во што е можеби најдобра е креативноста, надминувањето на себе си со секој нов настап. За најголем дел од сценските костимите низ годините задолжен беше модниот дизајнер Боб Меки. Шер е ...

Зухаир Мурад умее да го обликува невестинскиот фустан на еден префинет начин, давајќи му елеганција, стил и максимална женственост. Сензуалност и беспрекорна естетика, кои што потсетуваат на нежна самовила, обвиткана во бела магија. Линијата на телото е ставена во фокус, а деликатниот вез уште повеќе ја нагласува убавината на силуетата. Корсети, голи рамена и волумен, наспроти проѕирна тантела, свила и богат тул, детали доведени до совршенство, ...

Далматинската музичка ѕвезда Данијела Мартиновиќ, по прекрасната креација од Зак Посен што ја носеше во претходната емисија, во новото издание на музичкото шоу „Zvijezde pjevaju" одбра креација од уште еден светски бренд – Викторија Бекам. 51-годишната пејачка која инаку е дел од жирито во новата сезона на шоуто, изгледа фантастично во макси елегантен фустан во смела розова боја, од актуелната колекција на британската дизајнерка Викторија ...

Алесандра Корин Амбросио е родена на денешен ден 1981 година во Бразил. Таа е една од најубавите жени во светот, а јавноста најмногу ја знае како супермодел од Викторија Сикрет. Амбросио го имаше тој ангажман од 2004-та до 2017-та година и оствари многу соработки со некои од најреномирани модни куќи како Диор, Армани, Ралф Лорен и други. Таа беше една од најплатените топ модели, па дури се најде и на листата најплатени на Forbes, со заработка ...

Честопати сме воодушевени од повозрасните дами кои навистина изгледаат прекрасно и докажуваат дека годините се само бројка. Една од нив е и модната блогерка Кендис Леси Цима. Кендис која има 76 години е и лајфстајл инфлуенсер, која преку своите видеа на социјалните мрежи ги советува дамите од својата генерација, но и оние помладите. Покрај тоа што го прикажува нејзиниот беспрекорен стил, таа отворено зборува и за тоа како да се прифати ...

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец" вечерва во Националната опера и балет со почеток во 20 часот, ја започнува својата 74. сезона, традиционално, со голем Велигденски концерт. Оваа година тој има еден посебен предзнак - програмата е посветена на музиката која првенецот Милан Завков ја твореше за својата матична институција, ансамблот „Танец". На репертоарот се неговите познати кореографии „Беломорски бисер", „На мегдан" и ...

Ана Винтур позната е по љубовта кон цветните дизајни, а тоа го има покажано многу пати, на модни ревии, јавни појавувања, па дури и во опуштени моменти. Уредничката на Вог своето последно цветно издание го запечати со градиент фустан што наликува на уметничко ремек дело. Зелената основа на која се испреплетени романтични цветни дизајни во разни бои премногу потсетуваше на свежо обоена слика. Стајлингот што Ана го презентираше во Њујорк, само ја ...

Ана Винтур позната е по љубовта кон цветните дизајни, а тоа го има покажано многу пати, на модни ревии, јавни појавувања, па дури и во опуштени моменти. Уредничката на Вог своето последно цветно издание го запечати со градиент фустан што наликува на уметничко ремек дело. Зелената основа на која се испреплетени романтични цветни дизајни во разни бои премногу потсетуваше на свежо обоена слика. Стајлингот што Ана го презентираше во Њујорк, само ја ...

Во 1952-ра година Алдо, Родолфо и Васко Гучи патуваат во САД со цел да ја ја отворат својата прва продавница надвор од Италија. Така и се случило, продавницата се сместила на познатата Петта авенија во Њујорк, а на браќата им донела голема слава. Џон Ф. Кенеди го прогласи Алдо за прв италијански амбасадор на модата, а му била доделена и почесна диплома од универзитетот Сити во Њујорк. Нивниот татко, основачот на компанијата Гучио Гучи умира во ...

Дводелни, елегантни костуми се секогаш добра идеја – особено кога деловниот стил е во прашање. А во пролет, деловните костуми ги освежуваме со пастелна палета на бои што ќе донесат убава енергија во вашиот деловен плакар. Минт зелени, нежно розови, небесно сини, сите варијанти на пастелни тонови се особено флексибилни за комбинирање со модни додатоци што ќе му дадат акцент на деловниот изглед како марама со впечатлив принт, чанта со интересен ...

Оскаровката Хилари Свон роди близнаци. Иако датумот на породувањето не беше објавен, актерката на Инстаграм сподели преслатка фотографија како ги држи своите бебиња и го гледа зајдисонцето. Гордите родители Хилари, 48 и сопругот Фили Шнајдер се заедно од 2016 година, а во брак стапија во 2018-та. Актерката сподели дека процесот не бил лесен, но дека се пресреќни благодарни што добиле и момче и девојче. Откако за прв пат ја објави бременоста ...

Француската модна куќа Диор по повод Велигден креираше луксузен прибор за јадење во пастелни бои, симболизирајќи будење на природата и стартот на топлата сезона. Колекцијата наречена Rose des Vents од Dior Maison исто така му оддава почит и на покојниот основач на модната куќа Кристијан Диор. Сетот порцелански прибор за јадење е декориран со 24 каратно злато. Чиниите се во пастелни нијанси кои варираат од нежно розова и портокалова, до авокадо ...

Таканаречениот рибарски шешир одамна не е само практичен додаток за заштита од сонце. Тој дава печат на стајлингот и тренд вајб, којшто во деновите што следат, ќе го гледаме се почесто. Во топлите месеци до израз ќе дојдат вибрантните бои, а модните детали само ќе ја разиграат секоја комбинација. Рибарскиот шешир можеме да го комбинираме буквално со што сакаме и не мора да чекаме лето за да го носиме. Во модниот израз голема улога играат ...

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон заедно со принцот Вилијам и трите дечиња вчера присуствуваа на свечена миса по повод католичкиот велигден. Принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис се појавија во координаран аутфит со нивната мајка. Кејт беше дефинција за софистицираност во капут со кралско сина боја дело на Кетрин Вокер, а стајлингот го дополни со елегантна шапка и мини чанта, како и високи потпетици во беж боја. Принцот Вилијам и ...

Фустан без прерамки е парче што сакаме да го носиме во лето. Но, што ако посакаме да го облечеме и напролет? И за тоа има решение - кошула. Едноставна бела кошула, а може и друга боја, ќе ни овозможи да го прошетаме летниот фустан пред да му дојде сезоната. Со овој мал стилски трик добиваме практичен и тренди аутфит. И на инстаграм веќе кружат фотографии од модните блогерки, со слични стилски репенија. Најчесто гледаме тесни, tube фустани, но се ...

Рис Витерспун пред 20-тина години ни покажа како една барби блондинка може да биде првак на генерација во Харвард. Ел Вудс ги освои срцата на публиката во Legally Blonde, а она што ќе ги израдува фановите уште повеќе е дека се спрема третото продолжение од филмот. Актерката Минди Калинг, која јавноста ја запозна од серијата The Office, е задолжена за сценариото, додека како продуцент се јавува повторно Марк Плет. Овој пат во продукцијата на ...

На денешен ден осми април е родена Вивиен Вествуд. За генијалната модна дизајнерка, која вистински го живееше панкот сме кажале многу, но секогаш има уште. Вествуд си замина од овој свет во декември минатата година, но она што го остави зад себе ќе живее долго. Освен што даде маестрален придонес во модата, таа умееше да даде мудар совет, остра критика и да биде целосно своја ослободена од секакви општествени стеги. Денес во нејзина чест ви ...

Викендот е тука, а со него и променливото време кое што не става во дилема што да облечеме. Дожд, сонце ветер, овие денови како да ги имаме сите годишни времиња. Како и да е, ние сме подготвени за секоја прилика, па во зависност од температурите ќе се прилагодиме. Фустан, блејзер, џинс, панталони... чизми до глужд, високи потпетици или патики...Сè доаѓа во комбинација. Сепак, она што е важно е вие да се чувствувате убаво и комотно и тогаш ја ...

Погодувате, максимализам е сѐ она што е спротивно на минимализам! Минималистичката естетика веќе подолго време како ја сведува модата на есенцијално ниво. Неутрални тонови, чисти кроеви, суптилен накит – едноставност во секој поглед. Но, по корона пандемијата и долгиот период на изолација, дизајнерите, креативците, па и модните консументи како да имаа потреба за стилска ренесанса во која нема да се штеди на експресија, на енергија, боја и ...

Познато дека пиењето на чаша вода со лимон наутро, е една од најефикасните навики за добро здравје. Но, зошто е овој напиток толку ефективен и што се случува во нашиот организам ако редовно го пиеме. Подобрено варење Сокот од лимон помага при започнување на варењето на храната. Со тоа се намалуваат проблемите од типот на киселини, подуеност и неправилно варење. Лимонот го стимулира производството на жолчен и желудечен сок со што пак се ...

Долгоочекуваниот настан Мет Гала, којшто важи за еден од најголемите модни случувања во светот, ќе се одржи на први мај. И додека ѕвездите на големо го подготвуваат својот стајлинг, тензиите помеѓу кланот Кардашијан и Ана Винтур продолжуваат. Откако Ким лани се појави во фустанот на Мерилин Монро и крена голема прашина, уредничката на Вог изгледа не сака истото да се повтори. Засега ниту Ким, ниту било кој друг од фамилијата не се ставени на ...

Нордискиот стил на уредување има многу сличности со познатиот скандинавски стил. И двата го застапуваат минимализмот, но нордискиот стил зрачи со повеќе топлина. Она што го карактериза се чистите линии, практичниот мебел и неутралните бои, слично како и кај сканди стилот. Исто така, изобилува со уметнички детали и совршено ги комбинира функционалноста и декорот. На Инстаграм наидовме на профилот @homagine којшто одлично го отсликува минимализмот ...

Балон здолништата за прв се појавија на модната сцена помеѓу 1954-та and 1957-ма. Зад нивниот дизајн стојат генијалните Пјер Кардин и Кристијан Диор, чијашто идеја стана безвременска. Во 80-те Кристијан Лакроа му даде нова димензија на балон здолништето, а истото доживеа бум во модниот свет, тренд којшто продолжи и во 90-те. Мадона, Принцезата Дијана, Џејн Сејмур и Кристи Тарлингтон, се само неколкуте дами кои го вклучија ова парче во својот ...

Неприкосновената дама на стилот, Синди Крафорд, постојано ни приредува воодушевувања со својот стајлинг. Супермоделот е прилично активна на Инстаграм, а нејзините следбеници овојпат ги остави без зборови позирајќи во прекрасен бел фустан. Таа беше дел од Конвенција за убавина во Лос Анџелес, каде зборуваше за стилот. Едноставно кажано, 56 годишната Крафорд ја дефинира елеганцијата. Таа е истовремено секси, забавна и олицетворение на убавината. ...

Пролетта и летото едноставно се скроени за експериментирање со облеката. Сакаме да изгледаме убаво, интересно и допадливо и да го истакнеме својот стил на најдобар можен начин. Знаеме дека дезените и боите ќе доминираат, а тука некаде ќе биде и розовата, која што и сезонава е прилично актуелна. Розовата боја е малку специфична, но тоа не значи дека стилизирањето ќе биде проблем. Може да одбереме само едно парче, во пастелна или повпечатлива ...

Новиот поп-ап Прада ресторан во Хародс, Лондон, е совршена комбинација на италијанска естетика и британска префинетост. Како што велат од модната куќа, овој шик ресторан, планирано е да работи до крајот на годинава. Ентериерот на Prada Caffè е инспириран од познатите бутици на брендот низ целиот свет, вклучувајќи го и првиот бутик во Милано, којшто беше отворен во 1913-та. Внатре преовладува препознатливата минт нијанса на Прада, којашто ...

Ако сакате да внесете забавна нота и доза на необичност во вашиот секојдневен стил, актуелната хит „униформа" во уличната мода: кошула + корсет е комбинацијата која ви е во прилог. Од поп културата во 90-те, оваа тенденција ни се враќа модернизирана и впечатлива, доволно флексибилна да се прилагоди во различни стилски варијации од свечени и коктел изгледи до деловни аутфити. Тенденциите во модата секогаш се одраз на актуелностите во сите слоеви ...

Патиките и фустаните се една од омилените комбинации, особено за пролет. Оваа популарна спојка честопати ја гледаме и на социјалните мрежи. Од макси фустани со цветен дизајн до монохроматски црни и бели решенија, секој од нив одлично оди со патики. Додека балетанките се секогаш опција, патиките се тие кои го нудат максималниот комфорт додека изгледаме супер женствено во фустанот што сме го одбрале. Токму тој спој на спортски дух и женствена ...

Марго Роби ја стартуваше својата холивудска слава пред 10 години, кога глумеше заедно со Леонардо Ди Каприо во филмот The Wolf of Wall Street на Мартин Скорсезе. Потоа се нижеа улоги, секоја различна од другата, што ѝ овозможија да го покаже својот талент. Една од незаборавните улоги на Роби е портретирањето на Харли Квин во Suicide Squad. Потоа ја видовме во Bombshell, за кој што имаше наминација за Златен глобус и Оскар. Марго беше одлична и ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1014
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
84%
1017
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
67%
1018
weather icon

Софија

14ᴼ / 6ᴼ
0.51
46%
1014
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.66
94%
1016
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
0.0
93%
1019
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
3.58
81%
1018
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
82%
1014
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
94%
1013
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
8.75
91%
1015
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1018
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
4.12
55%
1017
Currency

61.5137

Currency

53.0854

Currency

69.7933

Currency

34.5571

Currency

37.9634

Currency

66.4195

Currency

7.46044

Currency

0.6526

Currency

0.34161

Currency

0.52439

Currency

1.2541

Currency

0.59877