
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Околу 1.500 медиумски професионалци од повеќе од 100 земји се пријавија на Глобалниот медиумски форум (ГМФ) на ДВ на 17 и 18 јуни во Бон. Овогодинешното мото е „Споделување решенија“. Станува збор за решенија за важни прашања кои се однесуваат на новинарството и медиумите ширум светот. Бенјамин Парган, кој го води одделот за манифестации во ДВ, ги наведува клучните теми: безбедност на медиумските професионалци - физичка, психолошка, правна или ...
Непогрешливо точно навреме, прецизно како швајцарски часовник, во нашите постизборни разговори се врати репликата „остај, немој сега” како реакција на очигледните забелешки кои се евидентни, но не се совпаѓаат со посакуваната дневна политика или перцепција. Некогаш, она што нѐ вадеше од такт, беше барањето „остај“ како повик за судбинско предавање, за немоќна капитулација пред нелогичноста, неправдата или измамата. Со тек на годините, учиме од ...
Мухамед Анза од Рафах, град во близина на границата на Појасот Газа со Египет, со недели го бара својот вујко Ибрахим Ал Шаер, кој исчезна на почетокот на мај. „Од тој ден тој веќе не се врати и не се слушнавме со него“, изјави 19-годишниот Анза во телефонски разговор за ДВ од Газа. „Ние сме многу загрижени. Сакаме да знаеме каде е, сакаме да знаеме дали е мртов за да можеме да го закопаме и да го оплакуваме или бил уапсен од израелската ...
Европската комисија покренува кривична постапка против Франција, Италија и пет други земји од ЕУ поради преголемиот нов долг, односно прекумерен дефицит. Покрај Франција и Италија, погодени се и Белгија, Малта, Полска, Словачка и Унгарија, а веќе се водат постапки против Романија. Нема постапка - но критики за Германија Германија не е во клинч со Брисел оваа година со очекувана стапка на дефицит од 1,6. проценти. Сепак, на адреса на Германија ...
По бранувањата со свечената заклетва на новоизбраната претседателка Гордана Сиљановска Давкова, се поизвесно е дека Атина со големо внимание ќе ја следи и свечената заклетва на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар Христијан Мицкоски. Седницата за избор на новата влада е закажана за во сабота (22.06) во 11 часот, а собранискиот деловник предвидува седницата за избор на Влада да трае најмногу два дена. Тоа значи дека во недела пред полноќ, Северна ...
Кога српската влада пред две години објави крај на плановите за ископ на литиум во долината на Јадар во западна Србија, тоа не беше конечно напуштање на најголемиот ваков проект во Европа, туку еден вид сон на Трнорушка. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во интервју за „Фајненшл тајмс“ минатиот викенд најави дека целиот потфат може да се разбуди со бакнеж. Тој рече дека одлучувачки ќе бидат гаранциите на корпорацијата Рио Тинто за ...
Во моментов, најпредизвикувачко нешто за новинарите е известувањето за војната во Појасот Газа и за конфликтот на Блискиот Исток. Овој конфликт не само што го поларизира регионот, туку се случува и на улиците на западните метрополи и на универзитетите. На вториот ден од Глобалниот медиумски форум на Дојче Веле во Бон се одржа панел дускусија под наслов „Напори за објективност, сочувство и за вистинските зборови во конфликтот на Блискиот Исток“. ...
Поради слабости во работењето, се трупаат тужби на странски болници кон Фондот за здравство за лекување на пациенти во странство. Државниот завод за ревизија (ДЗР) во последниот извештај посочува дека иако повеќепати е укажувано, продолжува истата пракса - ниту е обезбедена соодветна правна заштита на барателите ниту е воспоставена контрола и систем на следење на успешноста на лекувањето во странство. Побарувањата за дадени аванси за лекување во ...
Навивачите на Албанија, кои ги преплавија улиците на германските градови и се меѓу најбројните на првенството, веројатно ќе бидат присутни во голем број и во Хамбург, каде нивната селекција денеска (19 јуни, 2024) се среќава со Хрватска. Дуелот и за двете репрезентации е одлучувачки, иако Хрватите, предводени од Лука Модриќсе големи фаворити. Во првиот натпревар Албанците не успеаја да профитираат од најбрзиот гол во историјата на европските ...
На една политичка емисија, после првиот круг претседателски избори, анализирајќи ги изборните резултати со моите соговорници, истакнав дека една од причините за катастрофалниот пораз на СДСМ е комплетното нефункционирањето на државата на сите нивоа. Како некој со копче да ја исклучил државата. Нефункционалноста на институциите зазема невидени, ендемски, размери, па чувството на секој граѓанин беше како државата буквално да застанала, да запрела. ...
Сега дури и француската фудбалска ѕвезда Килијан Мбапе се вклучи во оваа неверојатно куса изборна кампања. На воведната прес-конференција на француската фудбалска репрезентација во Диселдорф по повод Европското првенство во Германија, капитенот на „сините“ со сериозен лик и многу страсно предупреди дека екстремистите се на прагот на власта. Во оваа важна ситуација тој ги повика сите сонародници, особено младите, да гласаат. „Мораме да се ...
Северна Македонија во наредните неколку денови ќе биде зафатена од топлотен бранкој се очекува да трае до недела (23.06). Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), земјата ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која ќе предизвика сончево и натпросечно топло време за овој период од годината. Дневните температури насекаде ќе бидат над 30, а наместа ќе достигнуваат 40 степени. Поради вклучувањето ...
Мандатарот Христијан Мицкоски до Собранието го достави предлогот за состав на владата и програмата за нејзина работа. Очекува пред пратениците да биде ставен викендов на 22-23 јуни. „Граѓаните очекуваат брзи резултати за она што оваа влада го ветуваше дека ќе го испорача. Не ветувавме многу за време на кампањата, туку верувавме дека земјава ќе биде повторно на граѓаните. Изминативе седум години државата беше заробена од неколкумина властодршци“, ...
Москва и Пјонгјанг се надеваат дека Владимир Путин и Ким Јонг Ун, за време на актуелната посета на рускиот претседател на Северна Кореја да ги зајакнат меѓусебните односи, бидејќи двете земји се исклучени од голем дел од меѓународната заедница. Се очекува од разговорите да произлезат бројни економски и воени иницијативи. Аналитичарите предупредуваат дека некои од договорите - особено оние за размена на оружје и за напредната ракетна и сателитска ...
Македонија доби влада од 24 членови. Но тоа не е најголемата влада во историјата на државата. Рекордот го држи Љупчо Георгиевски, кој во 1998 формираше влада со 27 членови и Груевски во 2014-тата, чија влада броеше 26 членови, вклучително и седум министри без ресор, што е своевиден рекорд, како и владата на Заев во 2017-тата, која исто така беше гломазна и броеше 25 членови со дури шест министри без ресор. Најскромен беше Црвенковски во 2002 ...
Ројал Аскот е едно од најгламурозните случувања во текот на летото во Велика Британија и важи за омилен настан на починатата кралица Елизабета Втора. Во фокусот на петдневниот настан се кралското семејство, модата и коњските трки. Оној кој сака да присуствува на Ројал Аскот, мора да се придржува до многу строги правила на облекување. Тоа важи и за членовите на кралското семејство. Ројал Аскот е позната пред сѐ по екстравагантните шешири кои ги ...
Тоа беше еден од оние моменти кои го прават Илкај Гундоган еден од најдобрите играчи од средниот ред на германската репрезентација. Во 19. минута од натпреварот со кој се отвори Европското првенство, офанзивниот играч ја прими топката и со перфектен пас му ја додаде на Каи Хаверц, кој одработи за голот на Мусијала за 2:0 против Шкотска. Нешто подоцна Гундоган „извади“ уште еден пенал, кој Хаверц го искористи. На крајот, капитенот и неговиот тим ...
Германците најчесто летуваат во Германија, иако годишните одмори во странство генерално им се поевтини. И значително поевтини. Без разлика дали станува збор за омилените јужноевропски дестинации Италија, Грција, Турција или Хрватска, во тие земји германските туристи треба да плаќаат помалку пари за посета на ресторани или ноќевање во хотел, а во некои случаи и многу помалку отколку дома. Како што објави во понеделникот (17.06) Сојузниот завод за ...
Алтернатива за Германија (АфД) постигнува триумф по триумф. На европските избори на 9 јуни таа стана втора најсилна партија во Германија со 15,9 отсто, зад Христијанско-демократската унија (ЦДУ), која доби 23,7 отсто од гласовите. АфД, исто така, често водеше на локалните избори одржани истиот ден, станувајќи број еден во речиси цела источна Германија. Партијата затоа јава на бранот на успехот. Притоа, Сојузната служба за заштита на Уставот од ...
Предлогот Иван Стоилковиќ, претседател на Демократската партија на Србите во Македонија, да биде заменик претседател на владата и министер кој ќе раководи со ресорот задолжен за односите меѓу заедниците, предизвика размена на критики во опонентските блокови на партиите на Албанците. Откако првата критика вчера дојде од опозициската ДУИ, уследи пинг-понг партија. „Охридскиот договор за првпат по 2001 година во рацете на Србин со путинистички ...
Четворица од десет Грци (43 отсто) имаат неутрално мислење за Северна Македонија, 37,5 негативно, а само 18 отсто позитивно. Речиси поделено е мислењето за поддршката на ЕУ-перспективата на земјата, а Договорот од Преспа за 38,5 отсто од анкетираните е штетен, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење на грчката фондација за надворешна политика ЕЛИАМЕП, во соработка со солунскиот Универзитет Македонија и Фондацијата Конрад ...
На 89-годишна возраст почина првиот претседател на Собранието на самостојна и суверена Република Македонија, Стојан Андов. Тој е роден во Кавадарци во 1935 година. Основно образование и гимназија завршил во родниот град, а дипломирал на Економскиот факултет во Скопје. Магистрирал на Факултетот за политички науки во Белград во 1972 година. Бил потпретседател на Републичкиот извршен совет, член на македонската делегација во Соборот на републиките ...
Денот на формирањето на ВМРО-ДПМНЕ (17-ти јуни 1990) денеска напладне ќе биде одбележан во театарoт „Јордан Хаџи Константинов- Џинот“ во Велес, со свеченост насловена „34 години ВМРО-ДПМНЕ, 131 година ВМРО, завет, слобода, иднина, продолжуваме“. На свеченоста обраќање ќе има партискиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. По седум години поминати во опозиција, партијата го слави овој роденден во победнички дух по двојните избори, по ...
„Дури и во мрачни времиња, оптимизмот е подобар начин бидејќи песимистите обично не придонесуваат за решенија.“ Ова го изјави генералниот директор на ДВ, Петер Лимбург, на отворањето на годинешниот Глобален медиумски форум на Дојче веле (ГМФ), на кој во Бон присуствуваат повеќе од илјада новинари од целиот свет. Времињата се навистина мрачни: војни беснеат во Украина, на Блискиот Исток и во Судан, на пример, се чини дека авторитарните режими се ...
По седум години горчлив опозициски леб ВМРО-ДПМНЕ повторно е на власт и ја презема одговорноста за вкупните состојби во државата. Да не беа некои лупинзи по големата изборна победа, искажани по инерција на опозициско дејствување уште пред да се конституира владата, веројатно ќе имаа право првите сто дена на мала поштеда да работат поспокојно, иако тоа непишано правило одамна не се почитува ни кај нас, ниту во светот. Нема време за спокојство. ...
Само кога како возрасни се сеќаваме на свадбите во детството, помислуваме дека тие се одиграле за да ни покажат нам, на децата, дека и животот на возрасните е исто толку полн со загадочни ритуали и весели игри, како и детството. Така децата ја доживуваат секоја прослава во фамилијата - како празник и авантура. Тоа двојно значење на празник и прослава го содржи германскиот збор Familienfest. Секој од нас ја има сочувано во паметење свадбата на ...
ВМРО-ДПМНЕ е обединета, силна и останува тоа што била отсекогаш - партија на народот. Ниту еден фрлен камен наназад не ја создава иднината нанапред, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на свеченоста на која се одбележа 34. роденден на партијата. Тој оцени ВМРО-ДПМНЕ имала многу светли, брилијатни чекори и моменти овие 34 години кои ги направиле горди, но имало и моменти кога „се грешело, кога имало политики кои не секогаш биле ...
„Ниту една репрезентација на Европското првенство во Германија не е под таков притисок поради големите очекувања како Англија“, пишува неделникот Шпигел . „На крајот фаворитот дури и се заплетка во дефанзивна игра против Србија. Среќа (за Англичаните) е што Џуд Белингем не е нормален играч“. Шпигел го опишува 20-годишниот репрезентативец на Англија, кој го постигна единствениот гол на натпреварот против Србија, како „најнереалниот играч на ...
Ревизијата на јавниот сектор покажа огромни разлики во платата меѓу вработени во различни институции, но на исто работно место. Платите во министерствата се на најниско ниво во однос на другите институции. На работното место државен советник - разликата се движи од 69 илјади денари до 108 илјади денари, односно кај министерствата платата на државните советници е за 37% помала во однос на највисоката плата за исто ниво во другите институции. ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го распушти воениот кабинет формиран во Израел по терористичкиот напад на исламистички Хамас на 7 октомври минатата година. Ова едногласно го пренесуваат израелските медиуми. Чекорот беше очекуван: токму минатата недела поранешниот министер за одбрана Бени Ганц поднесе оставка од кабинетот. Ганц и Нетанјаху беа во несогласувања околу продолжувањето на војната во Газа. Нетанјаху нема намера да го пополни ...