„Доаѓа часот кога татковината треба да направи повеќе за граѓаните. Секој од вас направи сѐ за својата татковина, сега е време таа да прави за вас“, рече мандатарот Христијан Мицкоски денеска (22.06) на седницата во Собранието на која што ќе се гласа за новата влада на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски тврди дека не му се потребни сто дена поштеда и веќе за во вторник најави инвестиција од 400 милиони евра: „Според сознанијата што ги имаме, ситуацијата во ...

Не беше изненадување кога Унгарија го објави официјалниот слоган со трамповски призвук оваа недела, по повод нејзиното шестмесечно претседавање со Европската Унија. Сепак, „Make Europe Great Again“ поттикна кревање на веѓи во Брисел. Унгарскиот ултра-националистички, популистички премиер Виктор Орбан, близок сојузник на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, е најотворено евроскептичниот лидер во Европската унија. Во текот на ...

Прекумерната тежина и дијабетесот во светот земаат замав. Само во Германија половината од возрасната популација има вишок килограми, а речиси секој петти е прекумерно дебел. Повеќе од 7 проценти од целосната популација страда од дијабетес, тенденцијата е растечка. Прекумерна консумација на шеќер не само што разболува, туку и скапо го чини општеството, затоа што растат трошоците за осигурителните друштва и затоа што има отсуства од работа. Во ...

Северна Македонија викендов се очекува да ја добие новата влада. Во Собранието почна пленарната седница на која единствена точка на дневен ред е изборот на новата влада. Предлагач на составот на владата е мандатарот, пратеник и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој деновиве до собранискиот спикер, Африм Гаши и до пратениците го достави предлогот за новиот владин состав, кој ќе има 24 члена, како и програмата за работа на идната влада. ...

„Од својата 13-та година сакав да го оперирам носот. Слушнав дека турските лекари се многу добри во тоа. Неколку мои пријателки беа оперирани и беа многу задоволни“. Поради тоа, 28-годишната Американка Бенита Палоја решила да го оперира носот во Турција. Таа за ДВ изјави дека немала никакви компликации и се вратила дома седум дена подоцна. Оваа млада жена, која работи со полно работно време во финансискиот сектор, а освен тоа работи и како ...

Мировната конференција за Украина во Швајцарија не донесе исчекор. Секако, финалното коминике, кое го потпишаа околу 80 од над 90 земји учеснички, може да се смета за мал успех. Но, народот на Украина нема да може да се надева на скорешен крај на војната поради тоа. Затоа што на средбата не беше поканет агресорот Русија. Затоа, токму во Пекинг се полагаше уште поголема надеж. Најблискиот сојузник на воениот лидер на Кремљ, кинескиот диктатор Ши ...

Во каква ли само возбуда беше Германија кога беше објавена веста! Повеќе од 70 години германската репрезентација трчаше на теренот во дресови на Адидас, а потоа Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) на 22 март годинава објави дека репрезентативците ќе носат опрема со логото на американската компанија Најк од 2027 година. Договорот беше потпишан на седум години. Тој договор треба да му донесе на ДФБ најмалку двојно повеќе пари од партнерството со ...

Законот е познат во Грција само под бројот 5053/2023 и всушност требаше да стапи во сила на први март. Но, поради стравувањата за тоа што тој ќе значи на изборите за Европскиот парламент, владата на Кирјакос Мицотакис го одложи стапувањето во сила на законот за почетокот на јули. Бидејќи, тоа е закон кој тешко може да им се допадне на вработените во Грција. „Законот 5053/2023 дефинитивно го убива принципот на петдневна работна недела“, вели Арис ...

Канцеларијата на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) во Појасот Газа е оштетена од „проектили од тежок калибар“ кои паднале во близина, соопшти хуманитарната организација. Самата зграда, како што се вели, не е директно погодена. Сепак, гранатите паднале на оддалеченост од „неколку метри“ - и очигледно убиле повеќе луѓе. „Овој инцидент предизвика масовен прилив на жртви во блиската теренска болница на Црвениот крст“, соопшти ...

Килијан Мбапе се загреваше, но не заигра против Холанѓаните на Европското фудбалско првенство. Од клупата емоционално ги следеше пропуштените шанси на своите соиграчи. Селекторот на француската репрезентација Дидие Дешамп изјави дека Мбапе се чувствува секој ден сѐ подобро: „Да беше одлучувачки натпревар ќе размислев двапати дали ќе го ставам во игра или не“, рече Дешамп по натпреварот против Холандија во Лајпциг, кој заврши нерешено 0:0. Против ...

Сè уште нема официјални информации за причините кои доведоа до колапс на електроенергетскиот систем, кој остави без струја големи делови од четирите држави од Западен Балкан. Директорот на Националниот диспечерски центар на електропреносниот систем на Црна Гора, Ранко Реџиќ, вели дека „вакво нарушување не е забележано во последните 30 години“. „Нарушувањето беше од регионални размери и зафати големи делови од Црна Гора, Албанија, Босна и ...

По опозициската Унија (ЦДУ/ЦСУ),сега се огласи и претставник на коалициската влада: генералниот секретар на Либералната партија (ФДП), Бијан Ѓир-Сараи, кој во интервју за весникот „Билд" рече дека бегалците од војната во Украина треба да се финансиски еднакви со барателите на азил. Бегалците од Украина од првиот ден на пристигнување добиваат т.н граѓански пари (Бургергелд), кои во основа се социјална помош за луѓе кои бараат вработување и имаат ...

Последното предупредување на мандатарот Христијан Мицкоски за отстранување на механизмот „балансер“ е директен удар врз Охридскиот договор, како еден од главните столбови за стабилноста на државата и меѓуетничките односи во државата, реагира Европскиот фронт. Реакцијата уследи откако на новинарско прашање - дали ќе се прекине со употреба на балансерот, мандатарот Мицкоски потсети каква е препораката на ЕУ во однос на таа алатка. „Ако ЕУ вели ...

Глобалната воена индустрија моментално вработува повеќе работници отколку во кое било време во последните децении. Според истражувањето на весникот „Фајненшл тајмс", 20 средни и големи производители на оружје планираат да вработат неколку илјади нови работници оваа година. Вкупно станува збор за зголемување на бројот на вработени за десет отсто, поточно за 37.000 нови вработувања. Најголем пораст од крајот на Студената војна По години на опаѓање ...

Последната сцена од натпреварот, турканица во шеснаесетникот на Словенија и голот на Јовиќ за 1:1, кој ја остава Србија со надеж за поминување... вака го почнува извештајот од натпреварот најголемиот германски таблоид Билд. „Експлозија на славење на српските навивачи, кои претходно фрустрирано на теренот фрлаа чаши за пиво“, пишува весникот. Патем, кој ги собрал тие пластични чаши со логото на ЕП, добро поминал бидејќи кауцијата за една чини три ...

Преговорите за пристап во ЕУ на Украина и на Молдавија е планирано да започнат во вторник, 25 јуни, идната недела. Министерскиот совет на ЕУ денеска го официјализираше уште минатата недела постигнатото единство за тн. Преговарачки рамки, како што соопшти сегашното белгиско претседателство со ЕУ. Со нив се утврдуваат насоките и принципите на пристапните преговори. Првата рунда преговори треба да се одржи во вторник во Луксембург на маргините на ...

Недоличното однесување на албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку по мечот со Хрватска, заврши со извинување и дисциплинска постапка, која што ја покрена УЕФА против него. Даку по крајот на мечот меѓу Хрватска и Албанија на Европското фудбалско првенство во Германија, пред албанските навивачи упати навреди кон Македонците и Србите, што фрли дамка на „фудбалскиот празник“ и наиде на осуда кај европската фудбалска јавност. „Простете ако навредив ...

Од исходот на војната во Украина зависи и безбедноста на Европа, затоа што Русија мора некако да се задржи подалеку од континентот. Околу Украина се расплетува не само континенталната судбина, туку и една глобална игра, имајќи предвид дека Кина, Иран и Северна Кореја засега се на страната на Москва. Останатите поголеми геополитички играчи, она што го нарекуваме Глобалниот Југ, како Индија, Саудиска Арабија, Африка и Бразил, засега се неутрални и ...

Американската амбасадорка Анџела Агелер порача дека е воодушевена и ја поздрави најавата на мандатарот Христијан Мицкоски дека в недела, при заклетвата како нов премиер, а и во настапите во странство, ќе го користи уставното име на земјата. Во интервју за „360 степени“, Агелер изразува надеж дека неговиот пример ќе го следат и сите министри. „Ќе кажам дека беше разочарување за раководството во Вашингтон кога претседателката реши да не го ...

Крилото на Арбен Таравари во Алијансата за Албанците вчера едногласно ги избра кандидатите за заменици министри во новата Влада: Елфете Исмаили, заменик министер во ресорот одбрана и Флакрон Беџети, заменик министер во ресорот земјоделство. Во дискусијата било истакнато дека избраните членови на Алијансата за Албанците во идната влада во рамките на коалицијата Вреди ќе ја одразуваат долгоочекуваната промена, ќе бидат во служба на граѓаните и во ...

Пред речиси точно една година, на почетокот на јули 2023 година, Марк Руте фрли пешкир во рингот. „Се повлекувам од политиката“, најави тој по тринаесет години на функцијата шеф на холандската влада - по најдолгото владеење на премиер во земјата со 17 милиони жители на северозападот на ЕУ. Што се случи? Десничарската либерална партија на Руте, ВВД, сметаше дека неговата политика за азил е премногу блага. Деликатната владина коалиција од четири ...

Конечно лето! Повод да се отиде до парк или езеро. Трчање, пливање, сончање - многу начини да се искористи убавото време. Но, во еден момент, може да биде премногу и на телото му е потребен одмор. Доколку минувате премногу време на сонце, можете да добиете топлотна истоштеност (сончаница). А оние кои работат тешка работа на жештина, можат да доживеат и топлотен удар. Како се случуваат и како да ги препознаете? Еве неколку совети за безбедно ...

Односите меѓу Русија и Северна Кореја, во моментов, меѓу другото и поради посетатана рускиот претседател на Пјонгјанг, не биле толку добри со децении. Москва и Пјонгјанг објавија нов одбранбен пакт во средата (19 јуни, 2024), вклучувајќи и „меѓусебна помош во случај на агресија врз една од страните на овој договор“, рече Владимир Путин. Веста доаѓа покрај извешатите дека Северна Кореја испорачува артилериски гранати и - ако им се верува на ...

Амбасадорите на земјите членки на Европската унија денеска се договорија да воведат 14-ти пакет санкции против Русија поради војната во Украина, кој меѓу другото вклучува, први мерки, односно ограничувања поврзани со рускиот извоз на течен природен гас (ЛНГ) во ЕУ, соопшти белгиското претседателство на ЕУ на платформата X (Твитер). Во соопштението се наведува дека новиот пакет санкции е договорен поради „руската агресија врз Украина“. Затворање ...

„Ер тракторите“ за гаснење на пожари годинава се функционални, но пред летото и екстремните горештини Северна Македонија се соочува со нов проблем - нема пилоти коишто би управувале со авионите. Иако надлежните за ваквата ситуација алармирале изминатите месеци, до сега не е најдено решение. „Државата располага со четири функционални хеликоптери за гаснење на пожари од кои три се во рамки на МВР и еден на Армијата, како и три „Ер трактори“ на ...

Група пратеници од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводени од мандатарот Христијан Мицкоски поднесоа предлог закон за дополнување на Законот за енергетика по скратена постапка со цел да се спречи драматичен пораст на цените на струјата од 1 јули. Идејата е во наредните шест месеци да се спречи нагорен тренд на цената, а од јануари 2025 година да се намали цената на електричната енергија и за домаќинствата и за индустријата. Со поднесениот ...

Аџиите за последен пат кружea околу Каба во големата џамија во Мека. Традиционалниот муслимански аџилак по повод Курбан Бајрам во Саудиска Арабија, заврши. „Фала му на Бога, тоа беше прекрасно духовно искуство“, одушевен е аџијата Мухамед од Пакистан. „Беше неверојатно топло, но за мене среќа сè помина добро“, додава тој. Мухамед имаше среќа и ја преживеа жештината - стотици други аџии починаа. Поради температурите кои достигнаа околу 50 ...

Кога започнаа најновите судири меѓу Израел и Хезболах, Малак Дахер се надевала дека тоа ќе потрае само неколку дена. „Тешко е да си толку далеку од тоа што било твој живот“, вели 30-годишната жена која го напуштила јужниот град Маиз ал Џабал, кој се наоѓа речиси на самата граница кон Израел, каде што се одвиваат борбите. „Се чувствуваш како животот да ти е на пауза, како да се одвива на некое друго место, а твојот е застанат“, вели таа. Но, ...

Конзистентно и на заслуги засновано проширување на ЕУ, е еден од седумте клучни приоритети на Унгарија, која од први јули ќе го преземе ротирачкото претседателство со Советот на Европската Унија. Неколку дена пред крајот на актуелното белгиско претседателство, унгарскиот министер за европски прашања Јанош Бока на прес-конференција ги презентираше клучните приоритети на Унгарија во следните шест месеци: нов европски договор за конкурентност; ...

Три лица заразени со легионела починаа во загрепската клиничка болница. Веста беше објавена деновиве и предизвика голем интерес во јавноста. Станува збор за инфекција на белите дробови (пневмонија) предизвикана од бактерии од фамилијата легионела. Легионерската болест најчесто предизвикува температура, треска и кашлица, како и болки во мускулите, главоболка, замор, губење на апетитот и дијареја. Понекогаш може да биде смртоносна. Во текот на ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
7.2
27%
1015
weather icon

Белград

31ᴼ / 30ᴼ
3.6
39%
1016
weather icon

Загреб

33ᴼ / 33ᴼ
2.06
37%
1017
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
4.63
32%
1016
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
3.5
31%
1015
weather icon

Љубљана

34ᴼ / 32ᴼ
2.06
35%
1018
weather icon

Атина

28ᴼ / 27ᴼ
7.6
39%
1013
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
6.17
33%
1013
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
4.12
26%
1014
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 28ᴼ
4.63
36%
1015
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 30ᴼ
7.72
36%
1016
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
10.29
31%
1014
Currency

61.53

Currency

52.5197

Currency

72.0829

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15030.00

Рутениум

21637.45

Калај

34.19

Сребро

1157.08

Злато

105266.98

Бакар

10.18

Паладиум

36394.65

Платина

43046.71

Родиум

176025.34

Цинк

2.75