Северна Кореја тестираше нова тактичка балистичка ракета, соопшти денеска официјалната севернокорејска новинска агенција КЦНА. Пјонгјанг ја лансираше ракетата Хвасонг-11Да-4.5, способна да носи голема боева глава тешка 4,5 тони, наведува КЦНА. „Пробното лансирање беше извршено со проектил опремен со симулирана тешка боева глава за да се провери стабилноста на летот и точноста на гаѓањето на максимален домет од 500 километри и минимален дострел ...

Одгледувањето лаванда во Џаму и Кашмир во последните години станува сè попопуларно поради високиот профит кој може да се оствари. Лавандата е вредна култура поради нејзиното миризливо масло, кое се користи во различни производи, вклучувајќи сапуни, парфеми и козметика. Државата Џаму и Кашмир е многу погодна за одгледување лаванда поради умерената клима и плодната почва. Одгледувањето лаванда обично вклучува садење на растенијата во редови и ...

Каква голема трагедија не снајде, откриена е Бугарка во македонска влада. Да имаше такво сензационално откритие само пред два месеци во „предавничката“ влада ќе беше многу полошо од жена на гусарски кораб. Се случи баш сега страшна одмазда на историјата и тоа како фарса. На македонскиот патриотизам, гордост и достоинство му е зададен удар од торпедо што го испалија наследниците на солунските атентатори. Шегата на страна, претседателот на ...

Во првиот круг од парламентарните избори во Франција, десничарскиот Национален собир (РН) освои 33 отсто од гласовите . На второ место е левичарската алијанса Нов народен фронт со 28 отсто, додека либералниот сојуз на претседателот Емануел Макрон освои 21 отсто од гласовите. Конечната одлука за распределбата на мандатите во француското Национално собрание ќе биде донесена во вториот круг од парламентарните избори на 7 јули. Затоа што, во ...

Северна Македонија со внимание ги следи случувањата во регионот, каде изминатиот период има закани од терористички напади поврзани со вахабисти. По веста дека саморадикализиран припадник на вахабистите пред неколку дена извршил напад пред израелската амбасада во Белград, кој тамошните власти го окарактеризираа како терористички, безбедносни експерти за ДВ посочуваат дека со ова само се потврдува дека никој не е изземен од опасноста која што ...

Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност ќе се спојат и ќе функционираат како една агенција. Процесот на спојување се очекува да трае неколку месеци. Овој план го потврди денеска премиерот Христијан Мицкоски, при посетата на општина Бутел. „Ваков тип на спојување на служби имаат направено многу држави што се земји - членки на НАТО. Меѓу нив во соседството се Република Словенија на крајот на деведесеттите години, потоа ...

Нападот со самострел врз полицаец пред израелската амбасада во Белград е новина за Србија во која досега немало исламистички напади. Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ соопшти дека името на убиениот напаѓач е Милош Жујовиќ, верското Салахудин, кој преминал во Ислам и се преселил од Младеновац во Нови Пазар. Министерот вети сеопфатна истрага и најави дека ќе ги испита сите контакти кои ги имал извршителот на терористичкиот напад. ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан редовно ги напаѓа институциите на ЕУ. Во говорите и интервјуата на домашен терен постојано тврди дека ЕУ го загрозува унгарскиот суверенитет и дека Унијата ги уништува средните претпријатија и земјоделците. И дека токму затоа мора да оди во Брисел, за да ги „размрда тамошните структури на моќ“. Во последните години Унгарија блокираше повеќе одлуки на останатите членки на ЕУ. И покрај евроскептицизмот на ...

Во своето софистицирано раскажување, честопати споредувано со она на Џорџ Орвел или Франц Кафка, Исмаил Кадаре користеше метафори и иронија за да ја открие природата на тиранијата под Хоџа, кој владееше со Албанија од 1946 до смртта во 1985. „Црните времиња носат непријатни, но извонредни изненадувања“, изјави Кадаре во една прилика. „Литературата честопати произведувала прекрасни дела во тешки времиња, како да барала лек за несреќата која им ...

Капејќи се во славата на прелиминарниот победнички резултат од 33,5% освоени гласови во првиот круг од предвремените парламентарни избори во Франција, младиот претседател на Национален собир (РН), Жордан Бардела го искористи првото постизборно обраќање за да се презентира како сериозен државник кој е многу повеќе од момче за постерите на крајно десната кампања. „Следната недела ако францускиот народ ни даде апсолутно мнозинство за да ја вратиме ...

Четирите различни визии за иднината на СДСМ кои ги понудија кандидатите за лидерската позиција во најголемата опозициска партија, по катастрофалниот изборен пораз на пролетните избори во Северна Македонија и повлекувањето на Димитар Ковачевски од партиското кормило, во петокот попладне се сведоа на три. Но, на последнииот ден од кампањата дојде и ненадејно откажување повик - кандидатката за претседател на СДСМ, Славјанка Петровска побара в ...

Знаејќи ја сложената и трагична македонска историја, да си Македонец денес би требало да значи да се поседува чувство за реалност и голема историска мудрост. Во нашево геополитички сложено време, чувството за реалност и здравиот разум помагаат да не се потпадне на популистичките пропаганди и да се знае кои се најважните темели на македонската самобитност: македонската националност, македонскиот јазик и македонската култура. Тие беа изборени во ...

За време на викендот на историскиот фестивал во германскиот град Шверин, прекрасниот замок во градот беше облеан во светлина во рамките на светлоссното и ласерсско шоу „Звук и светкина". Покрај тоа, на плоштадот пред дворецот одекнуваа мелодии од познати германски музичари и композитори под мотото „Звукот на Германија“. Спектаклот привлече илјадници гледачи, кои освен тоа можеа да уживаат и во панаѓурот на традиционални занаети како и парадата ...

За повеќето од луѓето трудовото право може да биде здодевно. Но, кога некој ќе предложи да се работи цел еден ден дополнително, тогаш почнува да се обрнува внимание. Во Грција од 1 јули стапуваат на сила новите прописи кои го овозможуваат тоа. Од тој ден, сите компании можат да понудат договори за шест работни дена во неделата, со што нормалната работна недела од 40 часа може да стане 48 часа. Претходно, таквата опција беше отворена само за ...

Повеќе неодамнешни напади врз луѓе од улични кучиња ја вознемирија владата. Во Адана, јужна Турција, 71-годишна фармерка била нападната од кучиња на својата нива и починала од повредите. Седумгодишно момче е тешко повредено од кучиња во Мардин. Само од 2022 година досега, околу 100 луѓе во Турција се убиени од улични кучиња, јавуваат тамошните медиуми. Турците очекуваат решение на проблемот, вели претседателот Реџеп Таип Ердоган. Проблемот со ...

Социјалните мрежи можат да бидат стресни, а телесните трендови многу опасни. Канадска студија дава јасна препорака. Социјалните мрежи, со своите фитнес гуруа, навидум беспрекорните убавици и опасните трендови на телото и глорификацијата на тенкоста, можат да бидат стресни. Канадска студија дава јасна препорака за тоа. Тенок струк, заоблен задник и слаби нозе: Идеалите за убавина на социјалните мрежи како Инстаграм и ТикТок, кои се постојано и ...

Во Есен денеска почна сојузната партиска конференција на АфД. На почетокот, копартискиот лидер Алис Вајдел во говорот пред околу 600 делегати упати силна критика кон владината коалиција, која води „политика против сопственото население“. Резултатот е „де-индустријализација на Германија“ и „миграциска криза“. Таа побара сојузната влада да поднесе оставка и да го расчисти патот за нови избори. Доколку АфД владее во Германија, на првиот ден ќе го ...

Тоа не беше брилијантен настап за Џо Бајден. Американскиот претседател на моменти се чинеше отсутен за време на телевизискиот дуел со Доналд Трамп. Се колебаше, пелтечеше и правеше грешки. Самиот Бајден го призна тоа на изборен митинг во во државата Северна Каролина: „Знам дека не сум млад човек, го кажувам очигледното“. Демократот рече дека не оди, не зборува и дебатира како порано, „но знам да ја кажам вистината“. Бајден директно им се обрати ...

Во Франција на 30 јуни и 7 јули ќе се одржат предвремени парламентарни избори. Анкетите во моментов предвидуваат дека десноекстремниот Национален собир (РН) ќе го освои мнозинството места во Националното собрание. Што значи ова за владеењето во Париз? Најважните прашања и одговори. Кој премиер ќе биде именуван од претседателот Макрон по изборите? Уставот на Петтата Република, усвоен во 1958 година, нема уставни ограничувања за претседателот при ...

Топло е деновиве во селото Горње Недељице кај Лозница. Затоа луѓето се во дворовите, под сенка. Замоливме една постар двојка да ни го покаже патот до поранешната канцеларија на компанијата Рио Тинто. Прво велат дека не слушаат, а потоа невешто се трудат да не одговорат на прашањето. Кога велиме дека бараме претставници на организацијата „Не го даваме Јадар“, веднаш добиваме одговор: „А вие сте против?! Ние мислевме дека сте „за“! Одете само по ...

Крај на фазата на интензивни борби во Појасот Газа - да, но не и крај на војната. Ова го соопшти израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неделата вечерта (23.06) на израелската телевизија Канал 14. Војната, вели тој, треба да заврши со конечно уништување на терористичката организација Хамас која владее во Појасот Газа. Сепак, крајот на фазата на интензивни борби значи дека е можно да се преместат дел од војниците на север, до граничната област ...

„Ти ли ќе бистриш политика, оди види да не ти загорел ручекот.“ „Машка рака треба да игра во политиката, женска во домот“. „Госпоѓо, што бараш во политика на твои години?“ Ваквите коментари се само дел од широкиот спектар родови стереотипи кои ги зајакнуваат традиционалните поими за родовите улоги и норми, и влијаат врз демотивирање и ограничување на учеството на жените во политиката. Начинот на кои се третираат политичарките, „количеството“ ...

Се обистинија стравувањата на претставниците на македонската партија и здруженија во Албанија. Според извештаите на институтот за статистика ИНСТАТ, во Албанија по најновиот попис живеат повеќе Бугари од Македонци. Бројот на попишани Бугари во Албанија изнесува 7.957, додека бројот на Македонци е 2 281. На претпоследниот попис во Албанија во 2011 година биле регистрирани 5.512 Македонци. Според најновите статистики податоци, голема бројка се ...

Паралелно со првата дебата помеѓу Трамп и Бајден, дебата која никогаш порано не се одржала вака рано во летото и каде двајцата ривали сеуште не се официјални кандидати за претседател на своите партии, ќе го разгледаме републиканскиот манифест за надворешната политика на Трамп 2, објавен во редовите на „Foreign Affairs“. Главната порака на текстот чиј наслов гласи: „Враќање на мирот преку сила“ е дека Америка мора повторно да се врати да ...

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на состанокот на Советот на Европската Унија ги информирал своите колеги дека „претседателката и премиерот на Северна Македонија директно го прекршуваат Договорот од Преспа со некористењето на уставното име во државата“. Како што пренесува грчката државна телевизија ЕРТ, грчкиот премиер посочил дека е неопходно сите да разберат дека почитувањето на европското законодавство оди преку веродостојно почитување на ...

На почетокот на самитот во Брисел, Европската унија и Украина склучија безбедносен договор. Украинскиот претседател Володимир Зеленски го потпиша договорот за помош, кој ветува политичка, финансиска и воена помош во следните десет години. Украина веќе има склучено слични билатерални договори со 17 земји, меѓу кои Германија, Франција и САД. Зеленски им се заблагодари на собраните лидери на ЕУ за нивната поддршка во изминатите две и пол години од ...

Ветерна фарма во источниот дел од земјата помеѓу трите општини Карбинци, Штип и Радовиш, ќе биде новата странска инвестиција чија промоција за денеска ја најави премиерот Христијан Мицкоски. На вториот ден од мандатот на новата влада, на која еден од приоритетите е и енергетска ефикасност, ќе се промовира инвестиција што според првичните најави ќе обезбеди приближно 20% од целокупното производство на електрична енергија во земјата. Вчерашната ...

Партнерите на премиерот Христијан Мицкоски од коалицијата „Вреди“ кои во кампањата најавуваа флексибилен рок за решавање на прашањето за уставните измени од шест месеци (до крајот на 2024 г.) велат дека има разговори со меѓународниот фактор по прашањето за гаранции. „Со меѓународниот фактор разговараме за можностите да има гаранции дека нема да има нови барања додека трае процесот. Односно, дека ова ќе биде единственото барање од страна на ...

Џо Бајден се бори - со зборовите, со бројките, со својот глас. Американскиот претседател стои до Доналд Трамп на телевизиската сцена во Атланта, гракајќи се обидува да одговори на прашање за даноците, националниот долг и економската ситуација. Во една реченица ги меша трилионерите и милијардерите, во следниот милионите и милијардите долари. Одвреме-навреме трепка нервозно. Потоа започнува реченица која едноставно како да не сака да заврши. „Ние ...

Безживотното тело на 68-годишен турист од Германија беше пронајдено во понеделникот (24.06) во непристапна област, во клисура во близина на Ханија на Крит. Станува збор за маж кој го поминувал својот одмор со сопругата на најголемиот грчки остров. Планирал да направи планинска обиколка од висорамнината Омалос до Сугија на Либиското Море. Вкупното растојание е 24,5 километри и потребни се приближно осум часа пешачење. Не е особено тешка тура ако ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
6.17
26%
1016
weather icon

Белград

31ᴼ / 30ᴼ
4.12
38%
1017
weather icon

Загреб

35ᴼ / 32ᴼ
2.06
36%
1018
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
4.12
30%
1016
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
3.21
30%
1016
weather icon

Љубљана

35ᴼ / 33ᴼ
2.06
35%
1019
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
8.05
38%
1013
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
6.69
28%
1013
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
3.6
26%
1015
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 28ᴼ
5.14
37%
1016
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 32ᴼ
6.69
38%
1017
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
8.23
38%
1015
Currency

61.53

Currency

52.5197

Currency

72.0829

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15030.00

Рутениум

21637.45

Калај

34.19

Сребро

1157.12

Злато

105266.98

Бакар

10.18

Паладиум

36394.65

Платина

43046.71

Родиум

175221.57

Цинк

2.75