Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, ја доби меѓународната Карлова награда. На церемонијата на доделување на наградата во Градското собрание во Ахен, таа се заложи за самоуверена и независна Европа. „Знам дека оваа порака им звучи застрашувачки на многумина. Но, во суштина, станува збор за нашата слобода“, рече Фон дер Лајен. Таа предупреди дека не смее да се падне во заблуда оти работите ќе се вратат како што беа ...

Приближувањето на владата до новата американска администрација е колосално аматерско промашување, оценува во интервју за ДВ поранешниот македонски претседател Стево Пендаровски. На прашањето, што доби Македонија досега од партнерството со администрацијата на Доналд Трамп, Пендаровски вели: „Добивме царини." „Единствена работа која „ја добивме", бидејќи тоа не е добра добивка, не е добра вест за нашиот народ, добивме царини како и сите други и ...

Во помалку од еден месец од доаѓањето на власт, новиот германски канцелар Фридрих Мерц одлучно се оддалечува од позициите и политиките на својот претходник, социјалдемократот Олаф Шолц, особено околу пристапот кон војната во Украина. Додека канцеларот Шолц беше крајно внимателен околу германското мешање во воените динамики, Мерц сѐ почесто и забрзано застанува на страната на Украина. Во кратко време Мерц отпатува до Киев кај Зеленски, ги ...

Основното јавно обвинителство Кочани ја заврши истрагата за пожарот во клубот „Пулс“ со која се опфатени вкупно 46 осомничени за тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик. Во следниот период течат законските рокови во кои одбраната може да изврши увид во доказите и да предложи свои докази, по што ќе биде донесена одлука. Продолжува истрагата против 14 полициски службеници, за кои сè уште се ...

„Договор за стратешко партнерство меѓу Македонија и Велика Британија не е потпишан.“ „Тоа што ни е дадено на увид и што е ратификувано во средата попладне, не е договор за стратешко партнерство“, вели во разговор за Дојче Веле поранешниот македонски претседател Стево Пендаровски. „Тоа, според својата содржина, може да биде меморандум за соработка, дури и почетно писмо за намери во кои двете влади набројуваат четири области во кои допрва треба ...

Зад натрупаниот шут од уривањето на глечерот во долината Лечентал, нивото на реката Лонца се зголеми до толку алармантно ниво што властите се подготвуваат за нова евакуација на општини. „Ги повикуваме жителите да направат лични подготовки за да можат да ги напуштат своите домови што е можно побрзо“, објавија општините Штег-Хотен и Гампел-Брач на својата веб-страница. Засегнатите општини се Гампел и Штег се наоѓаат приближно 20 километри под ...

Пред локалните избори во Северна Македонија во октомври, партиите повторно ги ставаат на маса темите коишто се актуелни пред секој изборен циклус. Премиерот Христијан Мицкоски во четвртокот (29.05) одговорајќи на пратенички прашања во Собранието, го актуелизираше прашањето за измени на Изборниот законик за една изборна единица, но да се дозволи да гласа и дијаспората. Тој ги повика пратениците од опозицијата да ги поддржат ваквите измени. „Ве ...

Либерално-демократската партија (ЛДП) ќе бара итна средба со премиерот Христијан Мицкоски за да бидат информирани какви напори вложил досега и каква е стратегијата на Владата во последните месеци за одблокирање на патот кон ЕУ. Ова го соопшти партијата откако премиерот од собраниската говорница ги повика СДСМ и ЛДП (лично ја спомна партиската лидерка Моника Зајкова), да помогнат во лобирањето кај нивните сестрински партии за поддршка на ...

Во стилот - тимот што победува не се менува - повеќе од 20 актуелни градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ ја добија довербата на Извршниот комитет на партијата да бидат кандидати и на претстојните локални избори. Како што образложи генералниот секретар на партијата, Ѓорѓија Сајкоски, кандидатите коишто се предложени од партискиот Извршен комитет убедливо воделе на сите анкети во општините за кои се предлагаат. „Сите кандидати кои што се избрани го ...

Додека израелската армија продолжува со нападите врз исламистичкиот Хамас во Појасот Газа, САД не губат надеж за нов прекин на огнот. Според Белата куќа, Израел веќе прифатил нов предлог од американската влада, но одговорот од терористичката организација сè уште се чека. Разговорите со сите страни продолжуваат, изјави Каролин Левит, портпаролка на американскиот претседател Доналд Трамп. Во меѓувреме, израелската армија ги повика цивилите во ...

Поканата за посета на Берлин за грчкиот премиер Киријакос Мицотакис беше добредојдена пауза од тешкото секојдневие на домашен политички план. На 13 мај 2025 година Економскиот совет на ЦДУ го одликува со златниот медал „Лудвиг Ерхард“. Конзервативниот политичар доби притоа шанса на новиот канцелар Фридрих Мерц да му ги претстави своите успеси со економскиот раст (2,3 проценти во 2024 година) и со намалувањето на невработеноста (9,5 проценти ...

По неколкумесечни проверки, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје ги отфрли анонимните пријави против директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски, за фалсификување исправа и употреба на исправа со невистинита содржина. Станува збор за две анонимни кривични пријави коишто беа поднесени против против шефот на тајната служба за употреба на исправа со невистинита содржина, поради поседување и ...

Додека нема Македонци во бугарскиот Комитет за малцинствата, нема поместување ни милиметар од нашите позиции, порача премиерот Христијан Мицкоски од собраниска говорница одговарајќи на пратенички прашања во Собранието во однос на уставните измени коишто треба да ги направи земјата, со цел да се забрза патот кон ЕУ.Тој повторно ја повика опозицијата да лобира заедно со владата кај европратениците за да се изгласа извештајот за земјата, кој ...

Вкупно 52 отсто од Европејците имаат доверба во ЕУ,што е највисоко ниво на доверба од 2007 година, покажува последната анкета на Евробарометар. Во земјите од Западен Балкан, кои што беа вклучени во последната пролетна анкета, довербата во ЕУ е највисока во Црна Гора и Албанија, а најниска во Србија. Во Северна Македонија - 54% од граѓанитe имаат доверба во Европската Унија, додека 42% не ѝ веруваат. За споредба, есенскиот Евробарометар за ...

По налог на американскиот државен секретар, Марко Рубио, Стејт департментот ја стави во мирување обработката на апликациите за студентски визи - најнова во низа мерки на администрацијата на Трамп насочени кон заострување на скринингот за имиграција. Таквиот потег, кој од дипломатските мисии на САД бара да ги паузираат закажаните интервјуа за апликациите за нови студентски и визи за размена, се случува во време на тензии со високообразовните ...

Вкупно 52 отсто од Европејците имаат доверба во ЕУ,што е највисоко ниво на доверба од 2007 година, покажува последната анкета на Евробарометар. Во земјите од Западен Балкан, кои што беа вклучени во последната пролетна анкета, довербата во ЕУ е највисока во Црна Гора и Албанија, а најниска во Србија. Во Северна Македонија - 54% од граѓанитe имаат доверба во Европската Унија, додека 42% не ѝ веруваат. За споредба, есенскиот Евробарометар за ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Берлин ќе ѝ помогне на Украина во развојот на ново оружје со долг дострел, способно да погодува цели на руска територија, но одби да каже дали ќе му испорача на Киев ракети од типот Таурус. За време на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Берлин, Мерц најави и дека министрите за одбрана на двете земји ќе потпишат меморандум за соработка во производството на вакви системи за ...

Конфузија околу ненадејниот почеток на наставата во Србија, разочарување од одлуките на професорите и чекање на потезите на владата. Вака може да се сумираат одговорите на студентите со кои разговаравме за сега сè поизвесниот почеток на наставата на голем број факултети во Србија. Шест месеци по нивниот почеток, протестите добија политичка артикулација. Студентите побараа распишување парламентарни избори и почнаа да ги формираат изборните ...

Шпанија побара од европските држави да ги суспендираат испораките на оружје за Израел, во услови на сѐ поголема меѓународна осуда за неговото однесување во Газа. На состанокот на „Мадридската група“, организиран од шпанската влада, министерот за надворешни работи на земјата, Хозе Мануел Албарес, побара итен прекин на договорот за соработка помеѓу Европа и Израел. Тој, исто така, повика на ембарго за испорака на оружје. „Мораме сите заедно да ...

Условите на претседателот Владимир Путин за завршување на војната во Украина вклучуваат барање западните лидери писмено да се обврзат дека ќе го запрат проширувањето на НАТО кон исток и дека ќе укинат дел од санкциите против Русија, според тројца руски извори упатени во преговорите. По повеќе од два часа разговор со Доналд Трамп минатата недела, Путин изјави дека се согласил да работи со Украина на меморандум кој би ги утврдил контурите на ...

Вчера попладне влезе во собраниска процедура, а денеска е на дневен ред на 52-та пленарна седница во Собранието Предлогот на закон за ратификација на Договорот меѓу македонската и владата на Обединетото Кралство во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни проекти. Договорот во име на македонската Влада го потпиша вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, на 22-ри мај во Лондон. Како што се наведува во членот ...

Премиерот Христијан Мицкоски ја повика опозицијата на единство со цел да се убедат европратениците да се донесе резолуција со којашто се признава посебниот македонски идентитет и јазик. „Посебниот меѓувековен македонски идентитет и посебниот македонски јазик е факт и секој оној кој ги негира и одбива да ги прифати е анти-НАТО и анти-ЕУ. Така што секој кој не го прифаќа ова од земјите-членки и кој било европратеник кој нема да гласа за оваа ...

Пет месеци пред локалните избори, политичката сцена во Северна Македонија ја брануваат спорни тендери, обвинувања за криминал и дивоградби. Реториката меѓу актерите на политичката сцена се заострува, па се почесто се слушаат навреди и покажување мускули, а „лекот“ за расветлување на сите сомнежи се бара во Обвинителството. Премиерот Христијан Мицкоски денеска ги повика сите надлежни во обвинителството и судството, како и невладините ...

Три недели по почетокот на работата на коалициската влада на Унијата (ЦДУ/ЦСУ) и СПД, министерот за внатрешни работи Александер Добринт ги презентира во владата првите предлог закони за ограничување на миграцијата во Германија и за доделување државјанство: спојувањето на семејствата на бегалците кои немаат азил ќе биде суспендирано, а забрзаната натурализација ќе биде укината. Унијата и СПД во нивните коалициски преговори постигнаа согласност ...

Три недели по почетокот на работата на коалициската влада на Унијата (ЦДУ/ЦСУ) и СПД, министерот за внатрешни работи Александер Добринт ги презентира во владата првите предлог закони за ограничување на миграцијата во Германија и за доделување државјанство: спојувањето на семејствата на бегалците кои немаат азил ќе биде суспендирано, а забрзаната натурализација ќе биде укината. Унијата и СПД во нивните коалициски преговори постигнаа согласност ...

Состојбата во општата болница во Кочани е вонредна по враќањето на поголемиот број повредени од болниците во Скопје и во други држави и недоставува медицински персонал за нивна рехабилитација и понатамошен третман на повредите. Но последните објекти таму се изградени во Титово време односно во почетокот на 80-те години, а останатите се од пред седум децении, поради што на здравствената институција ѝ е потребно обновување и од просторен ...

ЕУ и Велика Британија не треба да го користат Балканот како „магацин“ за мигранти - е пораката којашто ја испрати организацијата „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ), којашто се вклучи во дебатата за можните „центри за враќање“ од трети земји за барателите на азил. Реакцијата следи откако ЕУ и Велика Британија презедоа чекори за преселба на потенцијалните имигранти надвор од нивните граници. „Хјуман рајт воч“ во соопштението објавено на 26 мај посочува ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц упати остра критика на стратегијата на Израел во Газа. Зборувајќи на конференцијата „re:publica" во Берлин во понеделник (26 мај), Мерц рече дека страдањето на цивилите „веќе не може да се оправда“ како дел од борбата на Израел против Хамас. Тој ја нагласи посебната одговорност на Германија кон Израел, но додаде: „Кога ќе се преминат границите и кога јасно ќе се прекрши меѓународното хуманитарно право, тогаш ...

Јохан Вадефул не остави никаков сомнеж: „Тоа ќе биде финансиски болно за Русија“, рече новиот германски министер за надворешни работи во неделата вечерта (25.05) на АРД. Тој најави нови санкции против Русија, велејќи дека раководството во Москва сè уште не реагирало сериозно на понудите за мировни преговори со Украина, туку наместо тоа ги интензивирало нападите врз земјата со беспилотни летала и ракети во последните денови. „Ќе има јасна ...

Наместо мировен договор, во Украина има нова ескалација на воениот судир. Последните напади од страна на Русија, со над 350 ирански дронови и проектили од среден дострел, се можеби најголемиот воен напад досега, толку масивен што најверојатно ќе ја надвладее украинската одбрана, и ќе резултира со нови, побројни жртви, особено што Русија најави нови воздушни напади. На ова, Британија, Франција и Германија одговорија со укинување на ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
1.3
41%
1018
weather icon

Белград

28ᴼ / 25ᴼ
3.13
58%
1018
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.5
56%
1017
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
1.89
63%
1022
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.59
47%
1019
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 24ᴼ
1.84
80%
1019
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
3.74
51%
1016
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
1.62
54%
1016
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
3.39
51%
1017
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
1.82
53%
1019
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 28ᴼ
0.89
48%
1017
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
5.65
100%
1019
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4463

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Родиум

249168.29

Калај

50.56

Злато

131072.82

Платина

51923.46

Паладиум

38195.09

Сребро

1902.84

Алуминиум

3.20

Кобалт

56.29

Иридиум

233896.68

Бакар

12.33

Цинк

0.00

Рутениум

49029.89