„Премногу често потребните компромиси беа фрлени во сенка со јавно исценирани спорови и гласни идеолошки барања. Премногу често сојузниот министер Линднер некомпетентно блокираше закони. Премногу често тактизираше од тесни партиско-политички мотиви, премногу често ми ја изигра довербата“, рече со јасно видлива фрустрација канцеларот Олаф Шолц вчеравечер (6.11) околу 21:15 часот, кога официјално го соопшти разрешувањето на Кристијан Линднер. ...

Стравот и осаменоста владејат во Брисел, во европските институции и низ главните европски канцеларии по победата на Трамп. Иако очекувана, сепак, брзата и кристална победа на тајкунот како да го смести Стариот континент во еден вид на лимбо, заробен помеѓу старите и изгубени рамнотежи и логики и новите и се уште недоформирани правила на игра. Многу прашања се во игра, додека висат одговорите околу идната американска политика кон Украина, кон ...

„Имаме нова ѕвезда - Илон!“. Речиси четири минути траеја фалбите на Доналд Трамп упатени до Илон Маск на изборната ноќ. Маск е „посебен човек, супергениј“, рече Трамп кога ја објави својата изборна победа во неговото одморалиште Мар-а-Лаго на Флорида. Дури и во моментот на својот најголем триумф, Трамп не кажа повеќе зборови за себе. Зошто? Пред се, тука се 119 милиони долари кои Маск ги одвои за изборната кампања на Трамп. Во најскапата изборна ...

Конзервативниот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЦ), осврнувајќи се на исходот од американските избори, пишува: „Овој пат, речиси никој не би му противречел на Доналд Трамп : „Постигнавме неверојатна работа“, рече републиканецот ноќта кога се случи неговиот триумф. „Многумина речиси и не можат да веруваат дека околу половина од гласачите повторно го сакаа тој себичен, груб, осудуван политичар на хаосот“, пишува коментаторот. Според ...

„Она што е прифатено - треба да биде исполнето. Тоа е предуслов и на тоа ќе работиме со Северна Македонија. Очекувам Северна Македонија да го промени Уставот како што вети. Ништо повеќе и ништо помалку“, порача кандидатката за комесар за проширување на ЕУ, Марта Кос, за време на сослушувањето за потврдување на нејзината кандидатура. Таа вели дека „може да разбере дека понекогаш постојат внатрешни причини во конкретната држава, кои на некој начин ...

Европа мора да стане понезависна и поотпорна - без разлика на тоа кој е во Белата куќа, предупреди Шарл Мишел, претседателот на Европскиот совет, уште во јули годинава во интервју за ДВ за време на четвртиот самит на Европската политичка заедница (ЕПЗ) во Велика Британија. Непосредно по претседателските избори во САД, ЕПЗ и нејзините 47 земји членки се состануваат на петти самит во Будимпешта. Во фокусот на средбата е прашањето - каков став ...

Според есенските макроекономски проекции на Народната банка, се очекува раст на македонската економија од 2,3 отсто и инфлација од 3,5 отсто. Минатата година инфлацијата беше 9,4 отсто. За наредната година се очекува економски раст од 3,3 отсто, а инфлацијата ќе се намалува до ниво од 2,5 отсто. Најавите се дека ќе има забавување на инфлацијата и послаб раст на домашната економија за оваа и за следната година во споредба со априлските прогнози. ...

Петтиот самит на Европската политичка заедница (ЕПЗ) што денеска (7.11) се одржува во Будимпешта, без дилема ќе биде еден од позначајните - не само поради темите за кои ќе се разговара, туку што сите тие ќе бидат анализирани доминантно низ призмата на изборниот епилог во САД. Во конгресниот центар Aрена „Пукаш", домаќин на 47 шефови на држави и влади од членките на ЕУ, од земјите кандидатки за членство и од држави кои граничат со ЕУ, домаќин ќе ...

Според секоја и секаква политичка логика, Доналд Трамп не би можел да биде претендент за втор претседателски мандат, дабетер помалку победник на избори како во САД. Да не арчам време и простор, причините ги знаете и самите. Сосема е поинаква приказната доколку логиката ја одделите од политиката и ликот и се фокусирате на културата која го донесе Трамп на врвот на светската моќ. Двапати! Скраја сите политички нелогичности. Спротивно на ...

Германскиот канцелар Олаф Шолц го разреши министерот за финансии Кристијан Линднер, кој е и лидер на партијата на Либералите, помалиот коалициски партнер во Владата. Со таквиот потег на Шолц им беше ставен крај на разговорите за изнаоѓање компромис во трипартитната владина коалиција во Германија, која ја сочинуваат Социјалдемократите (СПД), Зелените и Либералите (ФДП). Во изјава по состанокот, Шолц рече дека ја изгубил довербата во Линднер кој ...

Кога Доналд Трамп го именуваше за свој потпретседателски кандидат на американските избори во јули годинава, многумина го видоа тоа како доказ за подемот на Џеј Ди Венс во Републиканската партија. По овие избори и победата на Доналд Трамп, многу набљудувачи го гледаат како наследник на движењето на Трамп „Да ја направиме Америка повторно голема“ (Make America great again) - и затоа и како перспективен кандидат на Републиканската партија за ...

Доналд Џ. Трамп е поранешен и и ќе биде нов претседател на САД. Тој победи во клучните сојузни држави и така ги доби изборите во оваа 2024 година. Неговиот прв мандат како претседател беше од 2017 до 2021 година. Поддржувачите го гледаат како спасител и херој подготвен да ги брани нивните вредности против либералите во САД. Критичарите, пак, посочуваат дека тој е осуден криминалец и со неверување ја следеа неговата кампања, изразувајќи ...

Кандидатот на Републиканската партија, Доналд Трамп ќе биде 47-миот претседател на САД. Две демографски групи кои традиционално со големо мнозинство гласаат за Демократската партија овојпат му помогнаа на Трамп да го постигне овој успех. Тој оствари значителни продобивки и ја намали разликата во однос на Демократската партија кога станува збор за гласовите на младите луѓе под 30 години, а уште повеќе меѓу многу млади мажи. За оваа група ...

Германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон телефонски разговаа за можните ефекти од враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа. Портпаролот на германската влада рече дека двајцата ветиле дека ќе соработуваат уште потесно во иднина. „Ќе работиме во овој нов контекст за пообединета, посилна, посуверена Европа. Во соработка со САД и бранење на нашите интереси и вредности“, напиша Макрон на социјалната мрежа X. Министрите ...

На вечерниот состанок на коалицискиот одбор ќе се разговара дали СПД , Зелените и ФДП можат и сакаат нивната заедничка влада да продолжи со работа. Во последно време најмногу се зборува за нивните конфликти. Актуелниот спор е околу тоа што владата во Берлин може и што треба да направи за да и помогне на болната економија на Германија. Покрај тоа, СПД, Зелените и ФДП мора да постигнат договор за буџетот за наредната година, како и да одлучат кои ...

На вечерниот состанок на коалицискиот одбор ќе се разговара дали СПД , Зелените и ФДП можат и сакаат нивната заедничка влада да продолжи со работа. Во последно време најмногу се зборува за нивните конфликти. Актуелниот спор е околу тоа што владата во Берлин може и што треба да направи за да и помогне на болната економија на Германија. Покрај тоа, СПД, Зелените и ФДП мора да постигнат договор за буџетот за наредната година, како и да одлучат кои ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да оди на избори уште утре, но прашањето е дали за тоа треба да трошат парите на граѓаните. Одговарајќи на новинарски прашања во однос на можноста да се одржат предвремени парламентарни избори, заедно со локалните во 2025 година, тој вели дека Владата има четиригодишен мандат од граѓаните и дека треба да ги засука ракавите и да работи за доброто на сите. „Наша цел е да донесеме нешто ...

Во меѓувреме победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД и официјално е потврдена. Тој, меѓутоа, почна да добива честитки од светските лидери уште од раните утрински часови, кога стана јасно дека неговата предност пред кандидатката на Демократската партија, Камала Харис е недостижна. Германскиот канцелар Олаф Шолц му честиташе на Доналд Трамп. „Честитки до Доналд Трамп за неговиот избор за претседател на САД. Германија и САД ...

На изборниот собир на Републиканците во американската сојузна држава Флорида, Доналд Трамп се прогласи за победник. „Ова е политичка победа, каква што нашата земја сѐ уште не доживеала“, изјави тој пред своите приврзаници, откако претходно Фокс Њус го прогласи за победник. Останатите американски медиуми и агенцијата АП тоа досега не го имаат направено. Трамп, зборувајќи на централната постизборна забава на Републиканците, оцени дека е постигнат ...

Повеќе прашања отвори отколку што затвори вчерашната седница на Централниот одбор (ЦО) на СДСМ, на која се разговарало за актуелната политичка и економска состојба во земјата, а биле донесени и неколку одлуки. ЦО донел одлука на 24-ти ноември да се одржи 30-тиот Конгрес на партијата, на кој што ќе се избре новиот Централен одбор и ќе се разговара за идните политики на партијата. Од него треба да произлезе новиот извршен одбор и идното партиско ...

По победата на Доналд Трамп на изборите во САД, македонските политичари очекуваат продлабочување на соработката со новата американска администрација и зајакнување на стратешкото партнерство. И власта и опозицијата испратија честитки до новоизбраниот американски претседател, изразувајќи надеж дека американскиот фокус на Балканот ќе продолжи да биде силен како и досега, за конечно да се решат отворените прашања меѓу земјите од Југоисточна Европа. ...

Македонската православна црква – Охридска архиепископија одлучи да ги одликува со орден ни помалку ни повеќе туку браќата Мијалкови, од кои едниот е добро познат во јавноста. Орденот „Свети Николај“ им го додели брегалничкиот митрополит Иларион за нивниот придонес во изградба на црква во штипско Ново Село. Придонесот се состои во пари за изградба на црквата. Црквата изградена со парите на браќата Мијалкови доби и симболично име: Свети ...

Владината пропагандна машинерија почна да работи веќе во првите минути по несреќата во Нови Сад, каде загинаа 14 лица. Секаква одговорност за трагичниот настан беше експресно демантирана: првата вест беше дека настрешницата на зградата на Железничката станица не била предмет на реконструкција, а режимските медиуми наведуваа бројни трагични настани и уривања во странски земји по принципот дека „секаде се случува “. Како по команда, почна спинот и ...

На претседателските избори во САД, републиканскиот кандидат Доналд Трамп победи во сојузната држава Северна Каролина - првата од седумте одлучувачки сојузни држави. Како што објавија американските медиуми Си-Ен-Ен, Ен-Би-Си и Еј-Би-Си, Трамп ја освои југоисточната сојузна држава, каде беше победник и на изборите во 2020 година. Со тоа, кај него одат 16 електорски гласови од Северна Каролина. Сега на демократката Камала Харис ќе ѝ биде уште ...

Кандидатката на Демократите за претседател на САД, Камала Харис, соопшти дека нема да се обрати во текот на изборната ноќ. Од изборниот тим на Харис на присутните во Универзитетот Хауард на настанот во организација на Демократската партија беше речено дека Харис ќе се обрати во текот на наредниот ден, поради тоа што сѐ уште се пребројуваат гласови. Во меѓувреме, приврзаниците на демократката веќе почнаа да го напуштаат универзитетскиот простор. ...

„Ајде да се кладиме“, му предлага седмодделенец на негов соученик, додека „сериозно“ разговараат на клупа во учлишниот двор по зaвршените часови. Тројца нивни врсници го поддржуваат предлогот, во кој предмет на обложувањето е - кој ќе победи во САД!? Добивката за победникот во кладењето е бурек или бургер, сеедно. Кога ќе ги прашате - и двајцата признаваат дека за кандидатите го „знаат“ она што го слушнале од нивните родители. „Татко ми рече ...

Конечно да се дигнат раце или да се спаси што сè уште може да се спаси? Ова се клучни денови за германската сојузна влада, која на почетокот на декември ќе биде на функција три години. СПД, Зелените и ФДП секогаш се расправаа. Нивните основни политички убедувања се премногу различни. Во коалиција се две левичарски партии и една економски либерална партија. СПД и Зелените се потпираат на силна држава која води и политика финансирана од долгови. ...

Во средината на ридскиот пејзаж, опкружен со шуми и полиња, се наоѓа Моргантаун, мала населба од 2.700 жители во југозападниот дел на американската сојузна држава Кентаки. За кого ќе гласа на 5-ти ноември? Човек на бензинска пумпа не мора двапати да размислува: „Доналд Трамп - кога беше претседател имав пари во џебот. Не од Џо Бајден“. И други го велат истото. Тоа не е изненадувачки овде во Моргантаун. Во 2020 година, осум од десет гласачи во ...

Најбезбедна апликација која лесно се „маскира“ на телефоните, тешко се пробива во неа, податоците се бришат веднаш по разговорот, со што исчезнуваат сите траги за тајните договори - ова се само некои од карактеристиките поради коишто апликацијата Sky изминатите години стана најинтересна алатка за криминалците. Нарко-босови, криминалци, полицијата, трговци со оружје, лица вклучени во ланецот со проституција ширум светот, според медиумските ...

Министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030, Шабан Салиу, очекува институционално системско решение за Ромите во однос на јазикот. Покрај барањето ромскиот јазик да биде задолжителен во училиштата каде мнозинството се ромски деца, тој вели дека е потребна и катедра на ромски јазикна Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, културни центри во Скопје и во четири други поважни ...

Повик

2 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
86%
1029
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
85%
1025
weather icon

Загреб

4ᴼ / 2ᴼ
0.51
91%
1025
weather icon

Софија

2ᴼ / -1ᴼ
1.54
66%
1030
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
0.46
81%
1028
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
98%
1025
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
0.45
76%
1027
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
76%
1027
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
76%
1028
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
3.6
93%
1027
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
1.34
96%
1025
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
87%
1028
Currency

61.5517

Currency

52.5497

Currency

70.0141

Currency

34.7579

Currency

38.0952

Currency

65.9222

Currency

7.45972

Currency

0.65322

Currency

0.33776

Currency

0.52399

Currency

1.22957

Currency

0.57975

Родиум

255598.44

Цинк

3.03

Калај

41.29

Рутениум

29192.88

Алуминиум

2.88

Сребро

2049.55

Иридиум

145787.60

Платина

59937.34

Злато

138322.05

Кобалт

58.42

Бакар

10.76

Паладиум

50830.33