Сите посетители кои сакаат да одат во италијанскиот лагунски град, познат по своите канали и историски градби, во периодот од 8:30 до 16:00 часот, мора да платат специјален данок од пет евра, што се проверува на најважните точки за пристап до градот. Ова ја прави Венеција првиот град во светот кој наплатува дневен влез, слично на забавните паркови. За тековната година во оваа тест фаза определени се вкупно 29 дена во кои ќе се наплатува таксата. ...

Петер Мекинг вози повеќе од пет децении, нема направено ниту еден судар и сака тоа да остане така. 70-годишникот доброволно се пријавил за т.н. проверка на способноста за возење - 45 минути тој со својата црвена Купра вози низ Келн, под будното око на инструкторот Доминик Вирц. За Мекинг, кој секој ден вози околу 100 километри, тестот е нешто што се подразбира. „Го правам ова затоа што некогаш доаѓа момент кога поради телесните или менталните ...

На некои места на југоисточниот дел на Арапскиот Полуостров наврна повеќе дожд во еден ден отколку вообичаено во цела година. Последиците: улиците се под вода, аеродромот во Дубаи е поплавен, а покривите се рушат под притисок на водните маси. Но, не само најголемиот град во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), туку и другите делови од регионот, имено соседната земја Оман, доживеаја епски врнежи. Покрај материјалната штета, пријавени се и најмалку ...

Уметничката Рут Патир, која го претставува Израел на прочуеното уметничко Биенале во Венеција, не сака да го отвори павилјонот на нејзината земја за јавноста додека не се договори прекин на огнот во војната во Газа. Видео-инсталацијата насловена како „(Т)атковина“, всушност требаше да биде претставена во сабота во павилјон во италијанскиот град. Сепак, Патир во вторникот најави дека нејзиното уметничко дело ќе остане покриено. Со оглед на ...

Изборите во Северна Македонија поминаа во мирна и демократска атмосфера, со помали прекршувања на изборните правила. Гласачките места се затворија во 19 часот, по што започна пребројувањето на гласовите. Најавите се дека околу полноќ ДИК ќе ги има првичните резултати од исходот на седмите претседателски избори во земјата, во кои за престижната функција на Водно седуммина кандидати се обидоа да ја освојат довербата на гласачите. На првиот круг од ...

На избирачките места отворени од 7 часот тече гласањето на седмите претседателски избори во Северна Македонија, на кои се натпреваруваат седум кандидати, што е најголем број споредено со кои било претседателски избори досега. За функцијата претседател на Република Северна Македонија се натпреваруваат актуелниот претседател и кандидат на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска-Давкова, ...

Благиот пораст на интересот за гласање на овогодишните претседателски избори во Северна Македонија, во споредба со излезноста на претходните претседателски избори во 2019 година, како и неколкуте случаи на прекршување на изборните правила го обележаа најголемиот дел од изборниот ден. Одѕивот на првиот круг од претседателските избори до 17 часот е 44,18 проценти од 1.788 избирачки места. Од вкупно запишани 899.977 гласачи на овие избирачки места ...

Речиси и да нема друга апликација која е толку популарна меѓу децата и младите ширум светот како што е тоа ТикТок - и ретко која е толку контроверзна. Во изминатите неколку дена кинеската видео платформа повторно привлече гнев врз себе. Преглед на актуелната состојба: Зошто ТикТок треба да биде забранет во САД? Американскиот Сенат доцна во вторникот (по локално време) гласаше за присилна продажба на апликацијата во САД. Американскиот закон со ...

Три претставнички од областа на уметноста и културата од Европа и Латинска Америка го добија Гете медалот за 2024 година. Носителки се историчарката на уметност и културна менаџерка Искра Гешовска од Северна Македонија, литературната преведувачка Клаудија Кабрера од Мексико и театарската работничка Кармен Ромеро Кверо од Чиле, како што соопшти денеска Гете институтот. Медалот Гете е едно од најважните признанија на Германија за културни творци ...

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер е во посета на Турција, прва од почетокот на неговиот мандат во 2017 година. Времето на посетата не е случајно. Со него се потсетува на воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји пред сто години. Во далечната 1924 година, и Турската Република и Германскиот Рајх имаа нов почеток: двете држави беа на губитничката страна како сојузници по Првата светска војна, и како резултат на тоа мораа да ...

Кога Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) доби автокефален статус од Српската патријаршија во јуни 2022 година, всушност владееше радост низ Православната Црква. Со ова заврши деценискиот раскол. Во 1967 година, Охридската архиепископија, која пропадна во Отоманската империја во 18 век, се прогласи за автокефална против волјата на Српската патријаршија, што значеше раскол што траеше повеќе од 50 години. Иако барањето ...

Во прес-службата на Сојузниот јавен обвинител (ГБА) во Германија деновиве има голема активност: „Апсење поради осомничена активност на агенти на тајна служба“ - ова е наслов на една вест од 23 април 2024 година. Ист наслов има и соопштението за медиумите од 22 април. Во двата случаи, четворицата осомничени - тројца мажи и една жена - наводно шпионирале за Кина. Во информација од 18 април станува збор за двајца мажи, за кои се вели дека планирале ...

Сериозна владина корупција, сериозни ограничувања на слободата на изразување и слободата на медиумите, и ограничени владини чекори за идентификување и казнување на службениците кои можеби извршиле кршење на човековите права. Ова е супстрат од Извештајот на Стејт департментот за состојбата со човековите права во Северна Македонија во 2023 година. Во Извештајот се наведува дека законот предвидува кривични казни за корупција од страна на ...

Завршува првото полувреме од претседателските и парламентарните избори, а првиот впечаток што се доби од пораките е дека поларизацијата меѓу двата политичка блока и натаму бележи тренд на продлабочување. Јазот меѓу левиот и десниот центар зјае како амбис, а клучното прашање дали Македонија ќе остане на европскиот курс остана неодговорено. Десниот коалициски блок партии иако јасно се противи на преговарачката рамка со ЕУ, не ја негира определбата ...

На седмите избори за претседател на Северна Македонија, што ќе се одржат во среда, 24 април можат да гласаат вкупно 1.814.317 избирачи. Но, за некој да го оствари своето гласачко право ќе треба да поседувачки важечки документи за идентификација и да ги почитува изборните правила. Во пресрет на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) објави упатство за гласање на македонски, албански, турски, српски, ромски и ...

Правото на поправка би требало да помогне за стимулирање на кружната економија во ЕУ и за намалување на планините од отпад. Според пресметките на Европската комисија, поради тоа што производите се фрлаат прерано наместо да се поправаат, секоја година се создаваат околу 35 милиони тони отпад. Годишната штета за потрошувачите како резултат на тоа изнесува околу 12 милијарди евра. „Ние ги правиме попривлечни поправките за време на законскиот период ...

Сончев ден во Истанбул. Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер оди по перонот на железничката станица Сиркеџи, каде што пред повеќе од 60 години 100.000 турски гастарбајтери тргнуваа во потрага по својата среќа и надеж во Германија. „Не случајно денеска го започнавме патувањето со посета на оваа железничка станица. Ме радува што првата станица од посетата е оваа железничка станица, која е место од големо значење за судбината на многу ...

Северна Македонија во среда (24 април) е исправена пред седмите по ред претседателски избори од независноста на земјата,на кои дури седуммина кандидати се во трка за престижната функција на Водно. Од 1991 година досега, петмина избрани од парламентот и од народот ја имале привилегијата да бидат на чело на државата. Сите македонски претседатели Првиот претседател на независна Македонија беше Киро Глигоров, избран со тајно гласање во македонското ...

Од нов граѓански устав, односно темелни уставни измени - до парцијални интервенции за во него да се внесат уште шест делови од народи, суспензивното вето на претседателот да стане апсолутно, да се зајакнат ингеренциите на шефот на државата и да се промени формулација од „20 отсто“ за албанскиот јазик. Ова се дел од различните предлози што синоќа ги дадоа седумте кандидатати за председател на државата, во единственето предизборно соочување на МРТ ...

На крајот, мнозинството пратеници во Горниот дом на парламентот се откажаа од својот отпор. Во текот на целата вечер (22.04) имаше неколку гласања во горниот и долниот дом, таканаречен пинг-понг процес, со барања за промени и амандмани. А, само до вчераутро лордот Карлајл за Би-Би-Си објаснуваше зошто, според него, е погрешно Руанда со закон да се прогласи за безбедна трета земја: „Риши Сунак бара од парламентот да одлучи дека една невистина е ...

Еве, за почеток една саркастична порака од стар новинарски циник за предизборната кампања. Одвај го чекам 9 мај, денот на победата над фашизмот. Тој ден, по поразот на окупаторите, Македонија ќе биде повторно моја. Само кога ВМРО ДПМНЕ е на власт Македонија е моја, а кога е во опозиција револуционерната ни партија таа е заробена од домашни предавници и надворешни непријатели и не ја чувствувам како своја. Во изминатите 33 години слобода и ...

Оваа фотографија е направена вчера, на 22 април 2024 година во Фули, западна Швајцарија и покажува запалени свеќи поставени во лозје за да ги загреат растенијата. Тоа е дел од борбата против мразот што ги уништува новопојавените пупки. Со доцниот мраз во големи делови од Европа се зголемува ризикот од оштетување на овошните култури и лозовите насади. Како резултат на климатските промени, зимите стануваат поблаги, а сезоната на растење се ...

Германските либерали (ФДП) инсистираат на дополнително заострување за т.н граѓански приход (Bürgergeld) и сакаат да ја укинат можноста за пензионирање на возраст од 63 години. Во документот, кој треба да се најде на партискиот конгрес следниот викенд, се бара намалување на надоместокот за 30 отсто за оние кои одбиваат работа без оправдана причина. „Оние кои не ги исполнуваат своите обврски поврзани со граѓански доход (социјална помош) и на ...

Седуммина кандидати за претседател денеска ја заокружуваат изборната кампања пред гласањето на 24 април. На полноќ почнува изборниот молк, кој ќе трае се до завршувањето на изборниот ден во среда. Гласачите на овие претседателски избори имаат можност да го дадат својот глас за петмина мажи и две жени коишто влегоа во трката за претседател, по обезбедувањето на неопходните граѓански потписи за поддршка. Претседателот Стево Пендаровски поддржан од ...

Европа не е исклучок – последиците од климатските промени се сè поочигледни, особено ако се разгледаат податоците од Службата за климатски промени на ЕУ, Коперник, и од Светската организација за метеорологија сумирани во најновиот извештај. Трите најтопли години во Европа се измерени од 2020-та година наваму, десетте најтопли од кога се води статистиката се во периодот од 2007-ма до денеска. И 2023 година уриваше рекорди. Заедно со 2020-та ...

Европскиот внатрешен пазар три децении гарантираше растечки просперитет во земјите-членки на Европската унија и се смета за едно од најголемите достигнувања на ЕУ. За да остане така, треба многу нешта да се сменат. Пандемијата на коронавирус покажа колку се ранливи синџирите на снабдување. Руската агресорска војна во Украина ја освести ЕУ колку е зависна од снабдувањето со странските енергенси. Системскиот ривал и конкурент Кина ја нарушува ...

Реџеп Таип Ердоган во саботата повторно се сретна со лидерот на Хамас, Исмаил Ханија. Ергодан во таа прилика ги повика Палестинците на единство и се изјасни за примирје во Газа. Според информации на турската државна телевизија ТРТ, средбата се случила во Истанбул. Членката на НАТО со години одржува контакти со милитантно-исламистички Палестинци. Според конзервативниот американски тинк-тенк „Фондација за одбрана на демократии“ Хамас не само што ...

Во Македонија отсекогаш се вели, „ние имаме што да и‘ понудиме на Европа, нашата култура и уметност”. Ова, секако, е убаво и полезно кредо. Македонската култура со право се стреми да биде прифатена во Европа и во светот. Сепак, таа мисла, напати, како да сугерира дека Македонија е некоја егзотична ориентална, но не европска земја. За волја на вистината, тој мит за балканската егзотика на Македонија го култивираа и некои македонски уметници. ...

Лани, во колумната Празнична елегија обрнав внимание на ризикот од ползувањето на метафорите, со примерот на двајцата противставени лидери, кои во изјавите по повод на државниот празник, зборот пиреј, од метафора за неуништливост, го вратиле во изворното значење на поимот како вид плевел! Така, наместо да се истакне некоја особина на некое конкретно битие, што е смислата на метафората, се постига ефект на мечкина услуга - до целосна негација на ...

Откако Претставничкиот дом на САД одобри нов пакет помош за Украина кој тежи милијарди, Украина сега притиска за брза испорака на оружјето. Претседателот на Комисијата за тајните служби при американскиот Сенат, Марк Ворнер, даде надеж, особено за ракетниот систем со долг дострел од типот АТАЦМС. Ворнер за телевизијата Си-Би-Ес изјави дека штом претседателот Џо Бајден го потпише законот, испораката на оружје ќе може да почне до крајот на ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
6.17
67%
1012
weather icon

Белград

24ᴼ / 23ᴼ
3.09
53%
1012
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
3.6
43%
1013
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
6.17
48%
1013
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
1.89
39%
1011
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 20ᴼ
3.6
58%
1014
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
4.02
60%
1011
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
3.6
64%
1013
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
5.14
41%
1012
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.12
37%
1012
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 24ᴼ
5.66
49%
1013
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
6.69
48%
1013
Currency

61.525

Currency

53.5268

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52