Откако си заминаа во вечноста моите постари егејски роднини, сѐ почесто ми се враќаат сликите од егејската дијаспора во која пораснав на крајот на Скопје. Таа не беше видлива за тие што не беа Егејци. Фамилиите на моите родители пребегаа пешки преку грчко-југословенската граница уште додека траеше Граѓанската војна. Татко ми и дедо ми во февруари 1947, пешки низ Леринското поле, преку границата кај Битола. Фамилијата на мајка ми и сите други ...

Нови македонско - грчки тензии, но овојпат на ракометниот терен. Европската ракометна федерација деновиве се очекува да соопшти повеќе детали околу случувањата во Скопје, каде во неделата (25.05) во салата „Борис Трајковски“ не се одигра вториот финален натпревар во рамките на ЕХФ Европскиот Куп меѓу Алкалоид и грчкиот тим АЕК. Грчкиот тим одлучи да не истрча на теренот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, откако на нивни навивачи не им било ...

Доналд Трамп смее да мисли дека бил во право. Новиот германски министер за надворешни работи Јохан Вадефул бара новата германска влада да инвестира пет проценти од брутодомашниот производ (БДП) во одбраната. Вадефул тоа го соопшти на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Анталија. Германија го поддржува предлогот на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за издвојување на 3,5 проценти за воени цели и дополнителни 1,5 ...

По единаесет недели целосна блокада, израелската влада под премиерот Бенјамин Нетанјаху попушти. Па така, од почетокот на минатата недела првите камиони повторно можеа да влезат во Појасот Газа за да пренесат хуманитарна помош за настраданото население. Нетанјаху оцени дека тоа било важно за да се обезбеди меѓународна поддршка. Колку пратки со помош моментално пристигнуваат во Газа? Според израелската координативна агенција ЦОГАТ меѓу 20. и ...

26/05/2025 07:04 - Deutsche Welle

Не, ова не се познатите зборови кога од Лондон ги соопштуваат резултатите на Британија од гласањето за Евровизија. Ниту пак повикување на познатата песна на рок-групата „Клеш“. Ова е директната алузија на првите зборови London Calling на Светскиот сервис на Би-Би-Си за време на Втората светска војна најчесто за радио емисиите кон окупираните земји: „Лондон ја повикува Европа“. Емитувањата на англиски јазик беа дел од радио пропагандата и ...

Онаму каде што на асфалтот некогаш блескаше светло жолтиот напис „Црните животи се важни“, сега повторно се пробиваат низ улиците тешки теренски возила. Републиканците во американскиот Конгрес беа вознемирени од симболичката ознака, конечно беше отстранета во март. Кејона Џонс стои на средината на оваа некогаш позната 16-та улица во Вашингтон. „Се чувствувам благодарна, преоптоварена и разочарана - но во исто време и зајакната“, вели ...

Додека брендовите Фолксваген и Ауди во 2024 година имаа пад на профитот од повеќе од 30 проценти, а на дневен ред се и затворање на фабрики и прекин на десетици илјади работни места - во чешкиот Млада Болеслав се прославуваат 130 години од производството на автомобилите од марката Шкода, со најдобриот резултат во историјата на компанијата: профитот во претходната година е зголемен за 30 проценти. „Шкода сè уште нуди дизели“ Александар ...

Кирил и Методиј, двајцата словенски апостоли, сè уште се малку познати на западните простори. Тоа и покрај фактот дека во пресрет на 1981 година, првиот словенски папа Јован Павле Втори ги прогласи за „покровители на Европа“. На 14 февруари 1981 година овој празник беше прославен за прв пат. Тоа беше период кога комунистичкиот режим ги потиснуваше христијаните во Централна и Источна Европа, и очајно им беа потребни нивните заштитници. ...

Среде студентскиот распуст, мобилниот телефон на студентот на Харвард, Михаел Грицбах, не престанува да ѕвони. Тој е на магистерски студии по јавна администрација и е член на Студентскиот парламент на Харвард-школата Кенеди. Ненадејната вест за претстојната забрана за студирање на Харвард за странски студенти, вели тој во интервју за АРД, ги оставил него и неговите колеги вчудоневидени: „Цел живот се боревме за да можеме да бидеме овде“, вели ...

Германската Сојузна служба за заштита на уставниот поредок (германската разузнавачка служба за внатрешна безбедност) предупредува од „агенти за еднократна употреба“ кои дејствуваат во име на Русија. „Со години забележуваме јасно зголемување на активностите на руските разузнавачки служби“, изјави за новинската агенција ДПА, Синан Селен, заменик-шеф на службата. Во овие активности, тие користат и луѓе кои преку социјалните мрежи или на други ...

Еврокомесарот за трговија Марош Шефчович не се осврна детално на изјавите на Доналд Трамп. Само вели: трговијата меѓу ЕУ и САД мора да се води од заемно почитување, а не од закани. Шефчович на X напиша дека разговарал со американскиот министер за трговија Хауард Лутник и трговскиот ополномоштеник Џејмисон Грир. Телефонскиот повик бил договорен пред извесно време. Според Шефчович, ЕУ останува посветена на постигнување договор кој функционира ...

Македонија и Бугарија ќе имаат шанса да ги изложат своите ставови во врска со билатералниот спор пред највисоките претставници на ЕУ и САД на маргините на НАТО самитот кој ќе се одржи на 24 и 25 јуни годинава во холандскиот град Хаг. Како што во петокот соопшти премиерот Христијан Мицкоски тој се согласил на таква средба за време на разговорите со високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Каја Калас, кој беше во ...

Бугарија очекува праведна одлука од судот и отфрлање на неоснованите обвинувања против Љупчо Георгиевски. Ова е наведно во официјален став на бугарското Министерство за надворешни работи (МНР) објавен во пресрет на судската одлука за поранешниот претседател на згаснатиот бугарски клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола. Пресудата се очекува за неколку дена. Тој се товареше за предизвикување омраза врз национална основа и за ширење на ксенофобичен ...

Американскиот претседател Доналд Трамп упати сериозни обвинувања за време на посетата на јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса на Белата куќа. Тој тврдеше дека во Јужна Африка се случуваат масовни убиства на бели фармери. Но, овој наратив дека белото население се уништува систематски и намерно, не е поткрепен со факти и официјални статистики. Овие тврдења кружат во десничарските кругови со години и се поврзани со расистичката теорија ...

Дали Ватикан ќе биде местото на руско-украинските мировни преговори? Може ли папата Лав лично да се вклучи? Постојат некои укажувања во таа насока. Папата Лав XIV, избран на 8 мај 2025 година за наследник на папата Франциско, веќе даде сигнали кои укажуваат на подготвеноста на Ватикан да посредува. Овој впечаток го потврди италијанската премиерка Џорџа Мелони. Во вторникот вечерта (20 мај), нешто по 23 часот, Мелони на социјалната мрежа Х ...

Стручен во економијата, искусен и неретко импулсивен во политиката, со богато професионално и академско искуство. 64 годишниот Трајко Славески, актуелен претседател на Советот на Град Скопје е кандидат за нов Гувернер на Народната банка. Предложен од страна на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, Трајко Славески е на пат да стане шести гувернер од независноста на државата, односно од нејзиното монетарно осамостојување. Внимателна ...

Мајмунската сипаница (Monkeypox-Mpox) кај луѓето доведува до иритации на кожата со пустули и плускавци кои на крајот пукаат и потоа чешаат, иако ретко оставаат лузни. Инфекцијата е слична на нормална сипаница (сипаници или вариола). Првиот сомнеж за активен случај во Македонија се појави во 2022 година кога едно лице од Кичево беше сомнително на вирусот. Во тој период низ Европа се рашири епидемија на овие сипаници која беше најакутна во ...

За да го разбереме стратешкото партнерство со Велика Британија прво треба да разбереме што прави Лондон во овој нов геополитички контекст, во овој глобален земјотрес на меѓународната политика и светскиот поредок. Бидејќи да бидеме реални, кога со Лондон, Даунинг Стрит и Вестминстер една минијатурна Македонија потпишува стратешко партнерство, тоа сигурно не е по наша иницијатива и идеја, туку по волја на поголемата сила. Оттука, важно е да ...

Летото 2025 година би можело да бележи рекордни горештини. Лето во кое натпросечно многу луѓе ќе умрат како последица на горештините - вклучително и во Европа, исто како и во 2003 година, кога Светската здравствена организација (СЗО) пријави околу 70 илјади смртни случаи поради топлината. Во Германија, според истражувачите од институтот „Роберт Кох“ и Германската метеоролошка служба, тогаш околу 7.600 луѓе починале како последица на пеколните ...

Освен за инвестиции во здравството и железничкиот транспорт, од средствата што Обединетото Кралство ќе ѝ ги стави на располагање на Македонија со лимит до 5 милијарди фунти (6 милијарди евра), дел ќе бидат искористени и за решавање на еден повеќедецениски проблем. Тоа е опасниот отпад, кој во одредени случаи ги надживеа фабриките и рудниците во чии близини беше депониран и заборавен. Посоочените средства се ставени на располагање на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп е повторно со големи планови. Како што најави уште во предизборната кампања, тој сака да постави нов систем за противракетна одбрана, кој треба да ги штити САД од закани од воздух, па дури и од вселената. „Златната купола“, како што е наречен антиракетниот штит, треба да чини најмалку 175 милијарди долари и да биде готов пред крајот на неговиот мандат во јануари 2029 година, вели Трамп. Според Пентагон, ...

Сирил Рамафоса дојде во Вашингтон за да разговара за инвестиции, царини, трговија со суровини и традицијата на Јужноафриканската Република (ЈАР) во голфот како спорт. Но, американскиот претседател Доналд Трамп по исклучок не покажа никаков интерес за овие теми и наместо тоа го соочи својот гостин во Белата куќа пред претставниците на медиумите со печатени статии и видео филм кои, според наводите на Трамп, треба да докажат масовно убиство на ...

Претстојните инвестиции во инфраструктурата и здравството, како први проекти кои стартуваат наесен по утрешното потпишување на договорот Влада со Влада меѓу Македонија и Обединетото Кралство во Владата ги оценуваат како стратешки и трансформациски за државата. Ако се има предвид и тековната поддршка за општините и домашните компании преку заемот од Унгарија се очекува земјата да стане големо градилиште. Според експерти, клучно е ако се ...

Чартер лет со 59 жители на Јужноафриканската Република слета пред неколку дена на меѓународниот аеродром Далес, во близина на Вашингтон. Сите 59 патници се белци, меѓу нив и цели семејства. Не станува збор за туристички чартер, туку за доселување во САД, организирано лично под покровителство на претседателот Доналд Трамп. Тој уште во февруари најави програма за прифаќање на бегалци од Јужна Африка — белци кои, според негово убедување, се ...

Првата сцена од филмот „Дегустаторки“ се случува во ноември 1943 година во источнопруското село Грос-Парч (денешен Парч, Полска). Младата жена по име Роза Зауер (Елиза Шлот) бега од нејзиниот бомбардиран стан во Берлин и се вселува кај нејзиниот свекор и свекрва кои живеат таму. Нејзиниот сопруг, германски војник, се бори во Украина. На само неколку километри од селото, скриено во густа шума опкружена со бодликава жица, се наоѓа „Волчјото ...

Сојузното обвинителство во раните утрински часови уапси вкупно пет млади момчиња. Рациите се вршат во покраините Мекленбург-Предна Померанија, Бранденбург, Хесен и Тирингија. На некои места се врши само претрес. Обвинетите се товарат за членство или поддржување на групата наречена „Последниот бран на одбраната“ - во моментов веројатно најрадикална од десноекстремните младински групи кои веќе некое време никнуваат како печурки по дожд. Притоа, ...

Со оглед на ситуацијата во Појасот Газа, ЕУ го доведува во прашање договорот за партнерство со Израел. Според шефицата на дипломатијата на ЕУ, Каја Калас, „силно мнозинство“ на состанокот на министрите за надворешни работи во Брисел се изјаснило за проверка дали Израел продолжува да се придржува до основните принципи на Договорот за асоцијација меѓу ЕУ и Израел, кој стапи на сила во 2000 година. Меѓу основните принципи е оној дека односите ...

Премиерот Христијан Мицкоски се погрижи да не се врати со празни раце од Тирана во миговите кога европскиот естаблишмент отиде таму да му соопшти на албанскиот лидер Еди Рама дека неговата земја е на чекор до членство во ЕУ. Мицкоски од Тирана, пак, испрати порака до граѓаните на Македонија дека ние можеби сме далеку од членство во ЕУ, но сме се зближиле со Велика Британија. Меѓутоа, покрај убавата вест, се чини премиерот во рацете има и ...

Кога се споредуваат информациите што доаѓаат од Кремљ и соопштенијата за печатот од Белата куќа за новиот, трет телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, се добива впечаток дека Вашингтон постојано му дава на овој чин сè поголемо значење, додека Москва му дава сè помало значење. Американскиот претседател Доналд Трамп зборуваше за „многу важен ден“. Путин, пак, не ни беше физички во Кремљ за време на тој телефонски разговор, тој бил во училиште ...

„Пред да дојдам од Сирија во Германија, не знаев дека ќе биде толку тешко. Едноставно не знаев. Знаете, ние сме мажи, а мажите не се навикнати да одгледуваат деца“, вели Мохамед. Овој Сириец живее сам во Германија со својот деветгодишен син, кој боледува од церебрална атрофија. Планот еден ден да ги донесе сопругата и двете ќерки веројатно нема да се оствари. Имено, коалицискиот договор на новата германска влада, составена од ЦДУ/ЦСУ и СПД, ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
7.2
47%
1009
weather icon

Белград

14ᴼ / 12ᴼ
4.63
56%
1011
weather icon

Загреб

12ᴼ / 10ᴼ
1.54
65%
1011
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
6.69
61%
1011
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
11.05
46%
1009
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
1.03
68%
1010
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
5.66
44%
1007
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
4.63
37%
1008
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
37%
1007
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 13ᴼ
7.72
56%
1005
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 13ᴼ
7.72
44%
1009
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
4.12
64%
1006
Currency

61.645

Currency

52.5197

Currency

71.0998

Currency

38.0033

Currency

38.3724

Currency

67.2891

Currency

7.7325

Currency

0.71141

Currency

0.33306

Currency

0.52522

Currency

1.15648

Currency

0.54819

Цинк

0.00

Платина

68063.13

Калај

55.66

Рутениум

51376.89

Сребро

2786.34

Иридиум

253540.09

Паладиум

47776.01

Кобалт

45.39

Злато

151086.58

Бакар

13.33

Родиум

320703.70

Алуминиум

3.61