Овогодишниот Велигден го доживуваме поразлично од досега. Во предвелигденскиот период пострадаа шеесетина наши чеда. Ништо друго не можеше да ни даде сила и утеха освен простувањето од нив со бодра надеж во воскресението. Ова, меѓудругото, се наведува во Пасхалното послание што по повод Велигденските празнувања до верниците го упатија Поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) архиепископот Охридски и ...

Кој е најголемиот губитник од американската царинска политика на финансиските пазари? Ако ги прашате експертите за валути, одговорот е јасен - американскиот долар. За разлика од берзите, кои успеаја да надоместат добар дел од загубите, во моментов нема знаци за слично закрепнување на американската валута. Еврото на тригодишен максимум во однос на доларот Најавата за нови царини од страна на американскиот претседател Доналд Трамп неодамна ...

На крајот од разговорите за Украина во Париз, американскиот министер за надворешни работи Марко Рубио се закани дека ќе стави крај на мировните напори на неговата земја. САД би можеле да ги прекинат напорите доколку во следните неколку дена нема напредок во преговорите за мир меѓу Русија и Украина, најави Рубио. Американската влада сака во следните неколку дена да утврди дали прекин на огнот „е можен во следните неколку недели“, рече Рубио пред ...

Деновиве американскиот потпретседател Џеј Ди Венс упати една директна порака до Европа изјавувајќи дека Америка не сака континент вазал. Тој воедно додаде: „Не мислам дека ако Европа е понезависна тоа е лошо за Соединетите Држави - тоа е добро за Соединетите Држави“. Коментарите на Венс пристигнуваат додека администрацијата на претседателот Доналд Трамп постојано ги прозива европските престолнини поради нивното претерано потпирање на ...

Високи американски, француски и украински претставници вчера (17.04) се сретнаа на разговори во Париз, коишто на европските претставници, кои во моментов стојат настрана, би можеле да им донесат повторно вклучување во бавните преговори предводени од САД за ставање крај на војната во Украина. Францускиот претседател Емануел Макрон лично ги прими американскиот министер за надворешни работи Марко Рубио и американскиот специјален пратеник Стив ...

Американскиот претседател Доналд Трамп се чувствуваше видно удобно во присуство на италијанската премиерка Џорџа Мелони. „Многу ми се допаѓа“, рече Трамп. Таа, според него, е одлична премиерка и работи фантастично. Опуштено делуваше и Мелони. Кога Трамп шеговито ја прекина, таа исто толку весело му возврати. Таа „верува“ во единството на Западот, рече Мелони - обид Европа и Америка да се прикажат како природни сојузници во западната ...

Цркви полни со икони и прекрасни фрески, со свеќи и темјан. Богослужби на грчки или арапски, на српски, македонски, бугарски или украински, руски или романски, дури и на арамејски, јазикот на кој некогаш зборувал Исус. Во Германија живеат милиони православни верници кои се подготвуваат за Велигден. Оваа година сите христијански цркви ширум светот го слават Велигден на ист ден. Околу две милијарди католици, протестанти и православни христијани се ...

Американската сојузна држава Калифорнија ја тужеше владата на претседателот Доналд Трамп поради неговата царинска политика. Без одобрение од американскиот Конгрес, Претседателот нема овластување „радикално да го промени економскиот пејзаж на земјата. Така не функционира нашата демократија“, изјави пред новинарите јавниот обвинител на Калифорнија, Роб Бонта. „Најлошиот автогол во историјата на оваа земја“ Гувернерот на економски силната сојузна ...

„Бугарија не поставува дополнителни услови за процесот и преговорите на Република Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европа. Нема проблем со билатералните односи. Тие не се проблем земјата да не ги започне преговорите со ЕУ. Ова е тезата на нашите колеги од Северна Македонија“, е пораката којашто ја испрати потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, додека во посета на Софија престојува еврокомесарката за проширување Марта Кос. „Според ...

Во пресметката на просечната потрошувачка кошничка ќе бидат вклучени сите видови на овошје и зеленчук што се произведуваат во земјата, најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Тој на прес-конференција во Владата, рече дека овошјата и зеленчукот ќе се вметнуваат во кошничката етапно, сезонски, зависно од периодот во кој доспеваат и се користат. За оваа цел е веќе изготвен посебен календар кој е доставен до ...

Еден месец по трагедијата во Кочани, истрагата за загинувањето на 61 лице во пожарот во дискотеката „Пулс“ се одвива под будно око на јавноста и опозициските политички партии, кои изразуваат незадоволство поради „селективна правда“. Последната информација од Јавното обвинителство е дека, иако увидот во импровизираното кабаре во Кочани е формално завршен, и натаму трае процесот на прибирање докази. Вештите лица кои вршат испитувања и анализи за ...

Навистина, полн со радост поради меѓусебното запознавање беше духот во кој од 11 до 12 април се одржа втората грчко-македонска конференција во Скопје. Темата беше „Книжевниот и интеркултурниот превод како динамика на премини на границите“. Овојпат организатор и домаќин беше Филолошкиот факултет „Блаже Конески” при УКИМ. Првата конференција се одржа на 14 декември на универзитетот во Солун, во организација на Катедрата за словенски, балкански и ...

„Не го исклучивме Таравари од Вреди, тој сам се исклучи“, порача претседателот на Демократското движење и вицепремиер Изет Меџити, по средбата меѓу лидерите на партиите коишто се дел од коалицијата „Вреди“. Средбата следи по бројните бранувања изминатиот период и одлуката на еден од партнерите во коалицијата, лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари да настапи со самостојни листи на претстојните локални избори во Северна Македонија. Тоа ...

Пред заминувањето во Европскиот парламент, денот започна во знак на новиот собир на студентите и нивните симпатизери од дијаспората во „Престолнината на Европа“. Па така, пред зградата на Советот на Европа дружењето со студентите прво го продолжија припадниците на т.н. „педал поддршка“ од околните земји. Имаше и симпатизери кои претходниот ден од Србија за оваа пригода допатуваа во Стразбур и ги пречекаа велосипедистите на плоштадот Клебер во ...

Десничарската италијанска премиерка Џорџа Мелони в четврток (17.04) во Вашингтон треба да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп. Оваа посета ќе се фокусира и на царинскиот спор меѓу САД и ЕУ, јавуваат повеќе новински агенции. По најавата на патувањето, ситуацијата малку се олабави: Прво, Доналд Трамп најави дека ќе ги суспендира таканаречените „реципрочни царини“ од 20% против ЕУ за период од 90 дена. Тогаш ЕУ објави дека за период ...

Алијанса за Албанците ќе излезе со сопствена листа за советници за локалните избори во Северна Македонија, а од почетокот на мај почнува на терен да ги формира своите штабови. Ова е заклучокот на Централното претседателство на АА предводена од Арбен Таравари, од синоќешната седница одржана во Тетово. На прашањето дали оваа одлука ќе влијае на односите во коалицијата ВЛЕН, партискиот претседател на АА образложи дека за посебни листи се залагале ...

Конфликтот меѓу Доналд Трамп и елитните американски универзитети Колумбија и Харвард ескалираше откако администрацијата на Харвард ги отфрли обвинувањата на претседателот за наводен „антисемитизам, марксизам, левичарство“ и други „болести“, како што буквално кажа Трамп. Овие обвиненија тој ги упати кон Колумбија и Харвард поради пропалестинските демонстрации кои извесно време се одржуваа на тие универзитети, при што имаше и напади врз студенти ...

Во вторникот, судот во Москва ги прогласи новинарите Антонина Фаворскаја, Константин Габов, Сергеј Карелин и Артјом Кригер виновни за екстремизам. Осудени се на пет и пол години затвор. Тие се обвинети дека се дел од „екстремистичка организација“, што се мисли на Фондацијата за борба против корупцијата, основана од рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, кој почина во затвор во февруари 2024 година под неразјаснети околности. Константин ...

Еден месец по трагедијата во Кочани, истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“, во кој загинаа 61 лице, се проширува на уште десетмина полициски службеници. Според Обвинителството, постои основано сомнение дека тие во временскиот период од 07.12.2012 година до 21.01.2022 година, како соизвршители, сториле кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ Како службени лица вработени во Штип и во Кочани, тие не извршиле целосна и детална ...

Никој не може да ѝ даде гаранции на Северна Македонија ако сега го смени Уставот, дека повеќе нема да има пречки на европскиот пат, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос во интервју за Европската новинска редакција (ЕНР) во одговор на прашање на МИА дали ЕУ и земјите членки можат да гарантираат дека по спроведување на уставните измени не би имало нови блокади поради билатерални прашања поврзани со идентитетот, јазикот или историја. ...

Во раните попладневни часови на плоштадот „Клебер“ во Стразбур започна собир на Србите од дијаспората кои ги поддржуваат барањата на студентите во Србија. Со нив беа и значителен број истомисленици кои дојдоа од Србија. Беше поставена бина со озвучување, како и неколку долги тезги со храна и пијалоци подготвени за велосипедистите. Редот на плоштадот го одржуваа исклучиво редари од редовите на организаторите, главно самите студенти, а собирот од ...

„Барам прошка и им се извинувам на сите граѓани кои ми го дадоа својот глас“. Така рече советничката од Кочани Кристина Атанасова – Арсова поднесувајќи оставка од општинскиот совет. Не успеала, вели, да реализира многу од ветеното, бидејќи тоа не било важно за градоначалникот и раководството кои, наместо за јавниот интерес, се грижеле само за лични привилегии. „Имав храброст и визија за сите граѓани на Кочани, но бев сама бидејќи во ниту еден ...

Трговската војна меѓу САД и Кина доби нови размери откако Пекинг воведе контрацарини за американските стоки од 125 отсто, реагирајќи на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе зголемени царини од 145 отсто за кинеските производи. Кинескиот лидер Ши Џинпинг во петокот за првпат јавно ја коментираше ескалацијата на трговскиот конфликт. Тој му рече на шпанскиот премиер Педро Санчез во Пекинг дека „нема победници во трговската ...

Ниту еден друг континент не се загрева толку брзо како Европа. Ова го покажува извештајот за состојбата на климата во Европа, „Состојба на европската клима 2024“, објавен денеска (15.04). Според него, минатата година беа надминати бројни температурни граници и беа поставени негативни рекорди. Автори на извештајот се околу 100 научници од Службата за климатски промени Коперник на Европската комисија и Светската метеоролошка организација (СМО). ...

Претседателот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и иден германски канцелар Фридрих Мерц во неделата навечер (13.04.) во програмата на јавниот сервис АРД најави можна испорака на германски крстосувачки ракети Таурус во Украина. „Нема самите да интервенираме во оваа војна, туку дека ќе ја опремиме украинската армија со такво оружје“, рече Мерц. Тој додаде дека Владимир Путин не реагира позитивно на слабостите и на понудите за мир. Мерц ...

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) утврди низа пропусти и ризици во Законот за угостителска дејност, отсуство на функционални контролни механизми и можност за декларативно исполнување на условите без фактичка проверка од надлежен орган. Во анализата којашто ја спроведе ДКСК по сопствена иницијатива, откако се случи трагедијата во Кочани во која загинаа 61 лице, се забележува и правна неусогласеност со други системски закони, ...

Бугарија е целосно подготвена да потпише договор со Северна Македонија и што поскоро да започне со копање на граничниот железнички тунел. Ова го порача бугарскиот вицепремиер и министер за транспорт и врски, Гроздан Караѓов на работниот појадок со амбасадорите во Бугарија на земјите членки на ЕУ и НАТО во врска со напредокот на земјата во изградбата на Коридорот 8. Според него, Бугарија може веднаш да започне со изградба на делот од Ѓуешево до ...

Во војната во Украина сите знаци укажуваат на ескалација. По рускиот ракетен напад врз украинскиот град Суми, потрагата по најмал заеднички именител за прекин на огнот или мировни преговори станува сè потешка. „Русија води насочена војна против цивилното население“, објаснува за ДВ Вилфрид Јилге, историчар кој се занимава посебно со Источна Европа и експерт за Украина во Германското друштво за надворешна политика (ДГАП). „Суми е нов врв, но не и ...

Еден ден по најавите дека партијата Левица ќе поднесе интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, како и по критиките упатени од опозициските СДСМ и ДУИ за селективна истрага по трагедијата во Кочани, тој во објава на социјалните мрежи порача дека го критикуваат бидејќи се плашат од правдата. „Правдата почна да тропа на вратата на секој оној кој мислеше дека таа никогаш нема да го посети. И таа правда нема да се ...

Проевропската партија Моментум повикува на блокада, додека опозициската Демократска коалиција (ДК) ја изразува својата солидарност. Може да се видат околу стотина демонстранти, како и едно или две знамиња на ЕУ. Можат да се слушнат и пароли како „Правото на собири е основно право“ и музика. Еден стих во песната вели: „Валкани времиња“. Има и полицајци кои ги проверуваат личните карти, ги растураат блокадите со седење, ги туркаат луѓето. ...

Повик

2 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1029
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
87%
1024
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
0.51
91%
1025
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
67%
1030
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
0.95
87%
1028
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
98%
1025
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
1.54
73%
1027
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1027
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
71%
1027
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
4.12
93%
1027
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
1.03
96%
1025
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
66%
1028
Currency

61.5517

Currency

52.5497

Currency

70.0141

Currency

34.7579

Currency

38.0952

Currency

65.9222

Currency

7.45972

Currency

0.65322

Currency

0.33776

Currency

0.52399

Currency

1.22957

Currency

0.57482

Родиум

255598.44

Калај

41.29

Паладиум

50830.33

Платина

59937.34

Цинк

3.03

Злато

138322.05

Сребро

2049.55

Иридиум

145787.60

Рутениум

29192.88

Бакар

10.76

Кобалт

58.42

Алуминиум

2.88