Протестите на камионските превозници од Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора продолжуваат и денеска, а блокадите на товарните гранични премини кон Шенген-зоната продолжуваат без најави дека ќе бидат прекинати. Превозниците тврдат дека нивните аргументи долго време биле игнорирани, а дека новиот систем за влез и излез од Европската Унија (ЕЕС), кој од октомври 2025 година постепено се воведува на сите надворешни граници, ...
Премиерот Христијан Мицкоски очекува наскоро да се реши проблемот со престојот на превозниците. Објасни дека овој проблем е на дневен ред во разговорите со Европската Унија од септември и очекува да се отвори повторно деновиве. Вели дека министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски е задолжен од Владата да разговара за ова прашање со ЕУ. -Очекувам ова да се реши. Вчера побарав телефонски разговор со претседателката со Европската комисија ...
Шлеперите трет ден остануваат паркирани на граничните премини. Камионџиите ги блокираат границите во регионот за товарен сообраќај, незадоволни од правилата за престој во Шенген-зоната, според кои, како и сите граѓани од земјите од Западниот Балкан, може да останат во Шенген зоната најмногу до 90 во 180 дена. Велат, ние не одиме во ЕУ туристички, туку работиме. Ако половина од времето не може да работиме, бизнисот ќе пропадне. Најавено е дека ...

