Во Сектор за внатрешни работи Велес, во текот на вчерашниот ден, 24 април, биле пријавени четири физички напади во различни населени места. Првиот случај бил пријавен утрото во 08:30 часот, од четириесет и девет годишна жена од село во Општина Чашка дека во семејниот дом физички ја нападнал нејзиниот поранешен сопруг со кого живеела И.С. Потоа, во 16:00 часот полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Неготино го лишиле од слобода ...

Црвен крст Велес заедно со мото клубот „Носачи на крстот“ги повикуваат сите граѓани коишто имаат желба да даруваат крв и да спасат човечки живот, во недела, да земат учество на крводарителската акција којашто секоја година традиционално ја одржуваат во месец април. -Со дарувањето да дадеме наш придонес за јавното здравје и да спасиме што повеќе животи. Крводарителството е врвен чин на хуманост. Биди хуман, дарувај крв, спаси нечиј живот, ...

Нема откажување од европско земјоделство дома, лидери сме во реализацијата на ИПАРД 2 програмата во споредба со сите други земји заедно однсоно имаме поголем број на склучени договори од од Србија, Црна Гора и Албанија заедно, изјави коносителот во ИЕ 3 на коалицијата за европска иднина, Љупчо Николовски. – Над 2.369 инвестиции се реализирани во последните пет години со поддршка на ИПАРД 2 програмата, тоа се над 60 милиони евра неповрати ...

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во февруари 2024 година, во однос на февруари 2023 година, изнесува 116.8. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2024 година, изнесува 39 276 денари. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; ...

Управата за јавни приходи соопшти дека пропишаниот рок за поднесување на Пријавите за данокот на додадена вредност “ДДВ–04“ кој истекува на 25 април 2024 година, се продолжува за еден ден, односно, краен рок за поднесување на пријавите ДДВ – 04, ќе се смета 26 април 2024 година. Како што појаснуваат од УЈП, рокот се продолжува согласно одлуката на Владата, со која 24 април 2024 година (среда) се прогласува за неработен ден за сите граѓани. ...

Изготвените лични документи ќе можат да се подигаат и утре, 24.04, на денот на гласањето. -Во пресрет на претстојните претседателски избори што ќе се одржат во среда на 24 април 2024 година. Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 24.04.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 ...

Во упатството кое е објавено официјална веб-страница на ДИК се наведува: 1. Гласањето се врши лично на гласачките места во Република Северна Македонија и во ДКП/КК; 2. Избирачкиот одбор на гласачите им го објаснува начинот на гласање и им овозможува да гласаат; 3. Гласачот може само еднаш да се појави на гласачкото место за остварување на своето избирачко право; 4. Гласачот го приложува документот за лична идентификација – важечка лична карта ...

Тројца велешани, еден неготинец и еден штипјанец се новиот музички спој во Велес. Овие млади момчиња од неодамна го основале својот музички бенд именуван како „Арена Бенд – Велес“ и имаат за цел со добра музика да ги забавуваат своите сограѓани но и граѓаните низ цела Македонија па и надвор од нејзините граници. Пејач во бендот е велешанецот Виктор Картинов, хармоникаш и клавијатура е Баже Јанковски исто од Велес, додека на дувачки инструменти е ...

Членови на Избирачки одбори на 84 Избирачки места во Општина Велес од утрово се на терен. Тие им овозможуваат на болните и изнемоштени граѓани да гласаат во нивните домови и да го изберат осмиот по ред Претседател на Македонија. Според информациите на Општинската изборна комисија во Велес денеска гласаат 141 болни и изнемоштени граѓани. Исто така правото на глас го остваруваат и затворениците и лицата згрижени во старечки домови. Според ...

Центарот за управување со кризи во денешното соопштение пишува дека од РЦУК Велес било пријавено за настанат пожар од запален оџак во локален угостителски објект по што на лице место излегле велешките пожарникари и пожарот го гаснеле еден час. Од ТППЕ Велес објаснуваат дека во 08:03 часот примиле дојава за настанат пожар во угосистелски објект по што пет пожарникари со две против пожарни возила пристигнале на местото и веднаш пристапиле кон ...

Поставени се првите тезги на коишто ракотворци од Велес, од кои повеќето жени, ќе нудат велигденски украси и разни цвеќиња на велигденскиот базар во Младински парк. На првиот ден, тие насмеани и во добро расположение ги услужуваа своите сограѓани. Рачно изработени зајчиња, цветови, украси и накит се дел од производите коишто можете да ги најдете на велешкиот велигденски базар. Од Општина Велес соопштија дека базарот којшто се организира во ...

Четиридневна едукативна стрип работилница до 12 млади таленти од различни етнички и географски средини ќе биде организирана од 18 до 21 април во село Нежилово. Тие заедно со програмки координатор и едукатор треба да ги доработуваат и усовршуваат своите стрипови како дел од проектот “All we are saying is GIVE INCLUSION A CHANCE!“. -Целта на проектот е да се зајакне капацитетот на младите луѓе без разлика на етничките разлики да користат стрипови ...

Фото објективот на велешанецот Атанас Крлевски овој понеделник бил вперен кон зградата на поранешното „Радио Велес“. За својата фотографија тој вели: -На оваа моја фотографија е градбата во која низ годините беше сместено Радио Велес. Сега се користи за друга намена, но го привлекува вниманието со својата прекрасна архитектура. Мене посебно ме воодушевува што архитектот, на кој за жал не му го дознав името, многу успешно го прилагодил објектот ...

Шест нови афоризми од велешкиот афористичар Коки. Прочитајте ги, насмевката е загарантирана! -Умната жена не треба никогаш да го прашува својот маж каде оди, туку…кога се враќа. -Од новите парламентарни избори, најмногу очекуваат да се офајдат: многуте полтрони, лигуши, голтари и…мноштвото партиски послушници. -Патиштата не ни се толку тесни, колку што на возачите им недостига широчина. -Мошне стресно и ризично по вашето здравје е ако без уреден ...

Педесет и осум крвни единици биле собрани на втората крводарителска акција организирана во велешката касарна Алексо Демниевски – Бауман. Од велешки Црвен крст велат дека крводарителите од касарната повторно ја докажале својата хуманост и во месец април ја одржаа втората крводарителска акција. -Многу сме горди што ова е втора крводарителска акција во месец април а е исто успешна колку и првата. На денешната акција 24 дарители даруваа за прв пат и ...

Првата збирка раскази на младиот роднокраен автор Ѓоре Ѓелев, вчера, во медијатеката на велешката библиотека „Гоце Делчев“ беше промовирана пред многубројна публика. Ова е трета книга на велешанецот Ѓелев, претходно ги објави стихозбирките „Тежината на вториот чекор“ и „Лиричност од Шекспирова“. Промотор на третата книга „Човекот без сенка“ беше д-р Игор Радев но пред публиката се обрати и авторката на цртежите во книгата Славица Купенкова која ...

Дваесет годишниот Ф.М, ноќеска, пет минути по полноќ, бил приведен од страна на полициски службеници од Одделение за внатрешни работи од Неготино. Тој бил баран по потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија поради бегство од затвор. Сектор за внатрешни работи Велес додава дека лицето било приведено во село Криволак кадешто и живее, потоа било приведено во установата за доиздржување на казната. Дума.мк ...

Во Галерија на Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци, вечерва, 19 април, во 19:30 часот ќе биде отворена Самостојна изложба на познатиот ликовен уметник Решат Амети од Гостивар. Авторот е професор по сликарство на Факултет за ликовна уметност при „Државен универзитет во Тетово”. Тој роден е во 1964 година, во Гостивар. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во класата на проф. др Ана Темкова, а постдипломски ...

Во Општинската изборна комисија Велес во рокот за примање на пријави, кои што истече на 16 април, поднесени се вкупно 143 барања од болни и изнемоштени граѓани за гласање на претстојните Претседателски избори. По разгледување на поднесените документи, ОИК Велес, одлучила право на избор да им овозможи на 141 пријавен велешанец додека одбила две пријави. Оваа категорија на граѓани своето право на глас ќе го оствари во вторник, на 23 април, кога ...

Велешанката Емилија Алексовска во својата широка лепеза на здрави производи коишто ги приготвува за своите сограѓани во нејзиниот локал „Шеќерче“ ги нуди и лепчето од леќа како и тортата од боровинка. Овие два здрави производи може да ги конзумираат сите граѓано вклучително и вегетаријанците и веганите. Алексовска во видео изјава детално ги објаснува двата производи и додава дека лепчето од леќа коешто благодарение на леќата содржи многу протеин ...

Љубителите на џес музиката ќе имаат да го проследат концертот кој е дел од програмата „Џез лектира“ на Националниот џез оркестар на 23 април, вторник, во велешкиот театар „Ј.Х.К Џинот“. За време на концертот насловен „Џез лектира“ велешани ќе имаат можност да уживаат во дел од творештовото на Каунт Бејси биг бендот. -Вилијам Џејмс, познат како Каунт Бејси е американски џез пијанист, органист, водач на бенд и композитор, познат и како “Кралот на ...

Новата претстава „Паника“ на велешкиот театар е дуо драма работена според Мика Мулуахо а во режија на Александар Ивановски. Во неа играат младите талентирани велешани Стефан Николовски како Лазе и Филип Христовски како Мики. Претставата е всушност за двајца другари што подолг временски период се немаат бидено и после многу поминати години и случувања во животот тие се соочуваат еден со друг, си помагаат меѓусебе, се провоцираат еден со друг ...

Шеесет и едно годишниот С.Д од Велес, ноќеска околу полноќ, бил пронајден починат во сопствениот дом. Била побарана и помош од велешките пожарникари за отклучување на вратата од домот на сограѓанинот, по што пожарникари се упатиле на лице место со едно против пожарно возило и ја отвориле вратата каде било пронајдено починатото лице. Од Сектор за внатрешни работи Велес соопштија дека лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи ...

„Владата заклучи 24 април 2024 година, среда и 8 мај 2024 година, среда, да бидат неработни денови за сите граѓани на Република Македонија, заради непречено спроведување на изборите за претседател на Република Македонија и изборите за пратеници во Собранието на Република Македонија. -Владината одлука се однесува на сите граѓани на територијата на државата. Овие два неработни дена нема да се одработуваат“,стои во заклучокот од седницата. Одлуката ...

Изнемоштените и болните лица до полноќ можат да се пријавуваат за гласање на претседателските избори закажани за 24 април. „Избирачот кој не е во можност да гласа на гласачкото место (немоќно или болно лице) а сака да гласа за тоа ќе ја извести ОИК најдоцна 7 дена пред денот определен за гласање, 16 април, 24:00 часот,“ се посочува во роковникот на Државната изборна комисија. Од ДИК информираат дека немоќните или болните лица гласаат во нивните ...

Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска бил успешно реализиран транспорт од Унгарија до Македонија со медицински хеликоптер- „медикоптер“ на болно лице за понатамошна подолготрајна нега. -Конкретно, на 11 април преку Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи, а подоцна и преку официјалната електронска пошта на ЦУК и до директорот Стојанче Ангелов, пристигна барање за транспорт од Унгарија до Македонија ...

Пожарот се запалил вчера вечер околу 23:00 часот на отворен простор кај село Горно Јаболчиште во Општина Чашка и зафатил букова шума. Од ЦУК информираат дека веднаш биле извесетни од ЈП „Национални шуми“ подружница „Бабуна“ од Велес, коишто информирале дека утрово ќе упатат вработени за да го гаснат пожарот. Центар за управување со кризи известува дека, во последното деноноќие, биле изгаснати 14 од вкупните 22-те пожари на отворен простор на ...

Средношколците од ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ во текот на претходната недела од стари палети направиле штафелаи и платна со цел, денеска, на Светскиот ден на уметноста да одржат ликовна работилница. Благодарение на нив, денеска, во дворот на училиштето средношколците заедно со нивните гости од четирите основни училишта цртаа и заеднички се дружеа. Идејата за овој настан, од подготовка на штафелаите и платната до целосна реализација денеска била ...

Командата за обука и доктрини (КОД), како носител на традициите на пристигнувањето на првите регрути на отслужување на воениот рок и пополнување на армиските единици, со воена свеченост во касарната „Алексо Демниевски Бауман” во Велес, го одбележа 15 април – Денот на единицата. Министерката Славјанка Петровска пред присутните истакна дека вистинската сила не лежи само во физичката моќ или техничката експертиза, туку и во непоколебливата ...

Велешките учениците од четирите општински средни училишта, денеска, заедно со градоначалникот Марко Колев дебатираа на различни теми значајни за нив и младите во градот. Во пријатна и опуштена атмосфера во Градски парк , учениците даваа свои предлози и иницијативи на коишто во иднина ќе работи општината. Преставнички од Локален младинки совет на средношколците им предложија слободно да ги контактираат и сите идеи што ги имаат за поубав Велес да ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
76%
1013
weather icon

Белград

15ᴼ / 11ᴼ
2.57
76%
1012
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
0.0
82%
1012
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
93%
1013
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
0.69
77%
1012
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
1.54
89%
1013
weather icon

Атина

17ᴼ / 13ᴼ
2.24
71%
1011
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
88%
1012
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
82%
1012
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
2.06
76%
1012
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 11ᴼ
0.51
79%
1012
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
5.14
71%
1012
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52