Во акција спроведена утрово од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи приведени се 17 припадници на затворската полиција, вработени во КПД Затвор Идризово. По повеќемесечна предистражна постапка, под раководство на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно ...

Армиски припадници ги затекнале вчера Б.А.(49) од село Никуштак, општина Липково, Р.М.(49) од село Вакуф, кратовско и Б.А.(36) од село Орланци, скопско додека со патничко возило „сеат алхамбра“ со скопски регистарски ознаки биле во армискиот полигон Криволак. При преглед во возилото биле пронајдени металдетектори и скенер за вршење археолошки истражувања и алат за вршење ископ. Армијата ја пријавила случката во ОВР Неготино. По пристигнување на ...

Пелосаните плевна или штала била во сопственост на четириесет и две годишниот К.Л. од Горно Јаболчиште. Пожарот ги изгорел балите со сено и сточната храна за потоа да се прошири врз возило, бандера со електрични кабли, сопственост на ЕВН, како и куќа во сопственост на С.Д. Нема повредени лица. Пожарот избил, вчера, околу пладне додека во 12:30 часот веќе бил евидентиран во СВР Велес. Во гаснењето се вклучила екипа на Територијалната ...

Велешанецот Атанас Крлевски овој понеделник испрати фотографија од манастирот „Св. Архангел Михаил“ во село Теово. Со оваа фотографија испраќа порака до сите фотографи аматери од општина Чашка да фотографираат и да ги испраќаат фотографиите до редакцијата на Дума.мк. -На оваа моја постара фотографија е манастирот „Св. Архангел Михаил“ во село Теово, во етногеографската област Азот – општина Чашка. Манастирот е изграден во последните години на ...

Седумдесет и три крвни единици биле собрани на традиционалната крводарителска акција којашто се одржа во просториите на Дом на култура Крсте Петков Мисирков во Градско. Од велешки Црвен крст соопштија дека граѓаните во Градско ја докажаа својата хуманост. -Шестмина од дарителите даруваа за прв пат. Акцијата заеднички ја реализиравме со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје помогнати од Општина Градско. Во реализацијата директно беа ...

Понеделнички шесто нови афоризми за читателите на Дума.мк од велешкиот афористичар Коки. Прочитајте ги и започнете ја работната седмица со насмевка. Уживајте! -Во пролет, девојките и жабите најмногу стравуваат…од штрковите. -На нашата политичка сцена секојдневно се приредуваат разно-разни бурлески и циркузи, па отаде и дилемата: од каде се изродија толкуте многу артисти и…кловнови. -Мојот индекс зависи од професорот, а неговиот брак…од мене. ...

Се оствари долго посакуваната цел на велешкиот рок и поп пејач Горан Мишев Мишка. Издадена е неговата дуетска песна со пејачката Драгана Мајкич. И Мишка и Мајкич се натпреварувачи во музичкото шоу на Гранд „Никад није касно“. Ова е прв дует на двајца учесници во деветте сезони на оваа музичко шоу. Автор на текстот и музиката на песната е Јелена Арангеловска додека на аранжманот и продукцијата Валентино Скендеровски. Велешкиот рок и поп пејач ...

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразуваат сериозна загриженост за поднесената кривична пријава од Министерството за внатрешни работи (МВР) кон новинарот Фуркан Салиу за наводно попречување во работата на службено лице и бараме од Основното јавно обвинителство веднаш да ја отфрли. Кривичната пријава од МВР за попречување службено лице во извршување на својата службена ...

За прв пат во историјата на било кој спорт во Македонија формирана е лига за сениори во одбојка. Во неа се вклучени осум екипи од државата, поточно од Велес, Скопје, Гевгелија, Прилеп, две екипи од Струмица и две екипи од Тетово и секоја од нив ќе биде домаќин за време на турнирите. Одбојкарската лига на ветерани започна претходниот викенд, на 6 април, во Гевгелија каде првиот турнир го одиграа ветераните на велешки ОК „Борец“ со екипата на ОК ...

Заклучокот со 20 гласови „за“ и два „против“ бил донесен на итна седница на Совет на Општина Велес, одржана во вторникот, на 9 април, годинава. Седницата била закажана откако СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ испрати Информација со која ги информира членовите на Советот за указот на Министерот за образование Јетон Шаќири со којшто треба да се отвори втора албанска паралелка, во прва година во велешка Гимназија, согласно објавениот Конкурс за запишување ...

На автопатот „Пријателство“ на делницата Велес – Неготнино, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес реализираа превентивна активност за одговорно управување со моторно возило. -Преку непосреден контакт со учесниците во сообраќајот им се укажуваше на обврската за безбедно управување со возило, задолжително носење на сигурносен појас и се потенцира заштитна улога што ја има сигурносниот појас при евентуално случена сообраќајна ...

Опасен бил нападот од мечка на возрасниот сточар Ц.С (61) на планината Мукос, кај месноста „Сеча“, која што се наоѓа во атарот на село Оморани, во Општина Чашка. За среќа сточарот се здобил само со телесни повреди,на грбот и телото, и каснувања на двете нозе, од кои на едната биле во по сериозна форма. Тој едвај успеал да се спаси од мечката. Според информации на семејството, дадени на Центар за управување со кризи, сточарот бил под многу голем ...

Се почесто граѓаните слушаат совети за воведување на здрав начин на живот во кои се потенцира практикувањето на здравата исхрана. Што тоа значи? Под здрава искрана се подразбира конзумирање на здрава, разновидна и по можност што помалку обработена храна. За да ги обавуваат дневните активности и за да биде здраво, човечкото тело има потреба од 90 есенцијални хранливи материи што се неопходни за нормален раст, развој и многу други процеси. Поточно ...

Приватни специјализанти најавија генерален штрајк од понеделник. Во денешното соопштение наведуваат дека и покрај одржаниот протест на приватни специјализанти на 27 март и остварената средба со министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, на 2 април, сѐ уште не биле исполнети нивните барања. -На средбата со министерот за здравство, од негова страна ни беше ветено дека нашите барања ќе бидат изнесени на следната седница на Влада. ...

Песните од албумот „ Nostalgic Love“ и звуците од кларинетот на Благој Ламњов, велешани ќе имаат можност во живо да ги слушнат на првиот самостоен концерт којшто го организира во родниот град. Ламњов којшто настапува на светски сцени, овој пат, придружуван од шведскиот гитарист Петер Тегнер ќе приредат вистинско уживање и за неговите сограѓани кои со години го подржуваат и ја слушаат неговата музика. Дума.мк го праша Ламњов какво чувство буди ...

Педесет и четири годишниот М.Р од Кавадарци, вчера во 17:45 часот, бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Кавадарци. Тој се сомничи дека истиот ден, 15 минути пред да биде приведен, од паркинг простор во село Марена одзел патничко возило „рено клио“. -Патничкото возило било со кавадаречки регистарски ознаки и во сопственост на една година повозрасниот кавадарчанец Ј.О. Возило било вратено на ...

Триесет и осум годишна кавадарчанка, вчера вечер, околу 21: 00 часот во Полициска станица на ОВР Кавадарци пријавила дека на почетокот на месец март врз нејзината малолетна ќерка било извршено полово дејствие од лице со кое била во љубовна врска и кое било полнолетно. За настанот известен бил Јавен обвинител и Центарот за социјални работи Кавадарци. -Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за ...

Вкупно 12 уметнички дела од постановката на изложбата „Храбриот нов свет“ на проф. др Јордан Ѓорчев во Ликовен салон Велес денеска се подарени на двете јавни здравствени установи во велешко. Шест слики во техника масло на платно ќе го разубавуваат внатрешниот изглед на Општа болница Велес и исто толку во Специјализирана болница за белодробни заболувања „Јасеново“ во општина Чашка. За мотивот на донацијата проф. др Јордан Ѓорчев изјави: ...

Шеесет годишниот Ц.С. од село Дреновци, прилепско, вчера вечер во 21: 30 часот, бил примен во Општа болница Велес откако го нападнала мечка додека на планината Мукос, во атарот на село Оморани, напасувал крави. Мечката го нападнала и го искасала. Прилепчанецот го спасиле неговите кучиња кои едвај успеале да ја избркаат мечката. Ц.С бил пренесен во Општа болница Велес каде му била пружена медицинска помош. Случајот бил пријавен во Полициска ...

Брзата интервенција на пожарникарите од Територијалната против пожарна единица Велес спрелича експлозија на цистерната којашто утрово се запалила на автопатот Велес – Градско. Како што соопштуваат од ТППЕ Велес, дојава за запалениот шлепер цистерна во близина на бензиската „Дади Компани“ добиле во 09:08 часот по што веднаш се упатиле кон местото. -Со две против пожарни возила и пет пожарникари веднаш излеговме на лице место. По пристигнување ...

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ќе поднесат формална претставка до Секторот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди на Министерството за внатрешни работи (МВР), за апсењето на новинарот Фуркан Салиу. Во претставката се истакнуваат повредите на правата на новинарот во три главни точки: 1.Непрофесионално однесување и употреба на ...

По приведувањето за време на инцидентот на вчерашниот фудбалски натпревар помеѓу ФК „БВК Коњаре“ и ФК „Куманово“, каде на дваесетина минути пред крајот на натпреварот дошло до обид домашната публика да се пресмета со гостинските играчи, новинарот на порталот „Икс“, Фуркан Салиу доцна вчера вечер излезе од полициска станица. Ви благодарам на сите за безрезервната поддршка што ми ја дадовте во врска со случајот на моето апсење од специјалните ...

Дваесет и осум годишниот Ѓ.И од Република Србија, вчера, во 17:20 часот бил приведен од страна на полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Кавадарци. Како што пишува во дневниот билтен на СВР Велес, по завршување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ГФК „Тиквеш 1930“ од Кавадарци и ФК „Брера“ од Струмица, одигран на Градски стадион во Кавадарци, настанала физичка пресметка помеѓу двајца фудбалери. – Ѓ.И. – играч на ФК „Брера“ ...

На полноќ се зголемува малопродажната цена на нафтените деривати, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Согласно одлуката на РКЕ, малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,5 денари за литар, цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 за еден денар, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за два денара за литар. Со одлуката на РКЕ ...

По нов асфалт ќе се движат и возат жителите на улиците Андон Шурков, Лазо Осмаков, Орце Мартинов, Живко Фирфоф и дел од Благој Ѓорев во Велес. Инвестицијата на Министерството за транспорт и врски во овој подрзаборавен дел од градот, во којшто испуканиот цемент или ископаниот асфалт беше стар повеќе децении, изнесува 572 илјади евра, соопшти министерот Благоја Бочварски при денешната обиколка на градежните работи. Негов домаќин не беше ...

„Оваа фотографија ми е направена на почетокот на есента и подолго време ја чував пред да ја објавам. Всушност ова е чешмата во Градскиот парк која со години ги разладува посетителите и рекреативците и која на некој начин е негов заштитен знак“, вели велешанецот Атанас Крлевски за својата фотографија којашто денеска ја испрати до редакцијата на Дума.мк со цел да биде објавена во категоријата Граѓански фото објектив. Дума.мк ги поканува граѓаните ...

Полициски службеници на ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Р.Џ.(26) од Штип, вчера на пладне, кој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од две години и девет месеци. Осудениот штипјанец со затворска казна бил казнет за сторени кривични дела од областа на имотни деликти. -Р.Џ. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Куманово, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за ...

Нова работна недела и нови шест афоризми на велешкиот афористичар Коки. Прочитајте ги, насмевката е загарантирана. -Се стекнува впечаток дека денес, кај нас, кандидатите за народни избраници живеаат „кучешки“ живот: постојано некој, на некого…лае. -На народот му е добро се дотогаш, додека не сфати колку му е лошо. -Им верувавме на нашите економски експерти и на длабочината на нивните економски визии: затоа и потонавме во сиромаштија. -Искусната ...

Вкупно 61 дете, на возраст од две до пет години, се опфатени во дефектолошките третмани на велешката детска градинка „Димче Мирчев“. Тоа се деца чии постапки и однесување укажуваат на можност за развој на аутизам. Од вкупниот број кај 13, според проценката на специјалните едукатири и рехабилитатори, има елементи на аутизам додека две имаат поставена дијагноза. Искуството за оваа состојба на децата го сподели Весна Стојанова ,една од вкупно двете ...

Со скршеница на рачен зглоб се здобила малолетничка од село Горно Оризари, вчера, на 2 април, при сообраќајна незгода во селото. Како што соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес, во 16:00 часот било пријавено дека на крстосница од улица „Партизанска“ со улица „Сараевска“ во село Горно Оризари се случила сообраќајна незгода помеѓу велосипед управуван од малолетничка од селото и патничко возило „шкода“ управувано од четириесет и осум ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
76%
1013
weather icon

Белград

15ᴼ / 11ᴼ
2.06
76%
1012
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
0.0
82%
1012
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
93%
1013
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
0.69
79%
1012
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
0.51
90%
1013
weather icon

Атина

17ᴼ / 13ᴼ
1.34
71%
1011
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
88%
1012
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
88%
1012
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
2.06
76%
1012
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 11ᴼ
0.51
80%
1012
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 10ᴼ
6.17
71%
1012
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52