Велешкиот афористичар Никола Бошков Коки ни нуди нова доза од својата прецизна мисла во форма на седум свежи афоризми. Со остроумие и дух, тој ја отсликува денешницата каква што навистина е – без шминка. -Колку на жените јазикот им е покус, толку бракот им е подолг. -Штом оркестарот на некоја политичка партија е раштиман, тогаш: или инструменталистите се аматери и самоуки свирачи, или лидерот-како диригент на оркестарот, не ги познава нотите. ...

Министерството за внатрешни работи информираше дека Уверение за жителство за моментална адреса на живеење отсега може да се добие и електронски. Оваа услуга, која е една од најбараните на шалтерите на МВР, достапна е на националниот портал uslugi.gov.mk. Граѓаните можат да ја пронајдат услугата директно на следниот линк: https://uslugi.gov.mk/service-details.nspx?serviceId=5737 МВР во текот на неколку месеци дигитализираше дел од своите ...

„Под влијание на топол воздух од југ, односно од Африка, но овој пат со по умерен интензитет, во текот на новата работна седмица, во периодот од понеделник 14 јули па се до петок 18 јули, продолжува сушниот период во Македонија. Времето ќе биде сончево и топло со појава на мала до умерена локална облачност, а повремено ќе засилува ветерот од северен и од североисточен правец. Само во вторник, 15 јули, ќе има услови за сосема слаб и ...

Второто авионско третирање против комарци ќе се спроведе утре, 12 јули, во раните утрински часови, соопштија од Општина Велес. Третирањето ќе го опфати целото градско и приградско подрачје на Велес, како и текот на реката Вардар на делницата од северниот влез кај село Башино село, низ градот Велес, па сè до вливот на реката Бабуна и селото Горно Караслари. Источната граница на третирањето ги опфаќа езерото Младост, селото Отовица и месноста ...

Интервјуто со дипломираната новинарка, сопствничка и уредничка Божана Ќулавкова го подготвивме и го објавуваме дестеттина дена по роденденот на овој значаен локален медиум за информирање, забава и релаксација во изминатиот, долг но тежок, тразициски период кој беше платформа за слободен говор, дебата и информирање во времиња кога тоа не беше секогаш лесно. Со честитки за упорноста и истрајноста, разговорот со Божана Ќулавкова го подготвивме ...

Општина Градско трета година по ред ќе го одбележи својот патрон, Павловден, со традиционалната манифестација „Храна, вино и традиција“, која ќе се одржи во недела, на 13 јули, со почеток во 20:30 часот на шеталиштето во центарот на општината. Музичката програма ветува незаборавна вечер за сите посетители. Настанот ќе го отвори популарниот 4u Band, по што следува настапот на српската музичка ѕвезда Гоца Тржан од 21:30 до 23:00 а потоа од ...

Општина Велес го објави огласот за работно ангажирање на 30 невработени лица за заштита и превенција од пожари и заштита и оплеменување на животната средина на локално ниво – пошумување. „Се повикуваат сите невработени лица евидентирани во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија на (АВРСМ), да се вклучат во мерката 6.2 – јавни работи за заштита и превенција од пожари и заштита и оплеменување на животната средина на локално ...

„Под влијание на нов продор на топол воздух од југ, од Африка, викендов во Македонија повторно ќе имаме поголем пораст на температурите на воздухот, но нема да има екстремно високи температури. Времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. И во Скопје и околината викендов времето ќе биде сончево со мала локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. ...

Марина Деспотовска Јовева пред 41 година беше бригадирка на Младинската работна бригада „4 јули“ од тогашниот Титов Велес и од Република Македонија којашто на Младинска работна акција „Белград“ учествуваше во разубавувањето на главниот град на државата Југославија. По над четири децении, Деспотовска Јовева, изминатиот викенд со желба да го види ефектот од пулскавиците на своите раце замина на Средба на акцијаши ветерани во Белград, Република ...

Младата велешанка Вероника Саздовска преку литературата зборува за тишината во која живеат многу млади – осаменоста, стравовите, борбата со анксиозност и депресија. По нејзината прва книга „Среќната девојка“, таа повторно се обраќа на читателите со две нови изданија – „Без крај“ и „Животот е убиец, а ти борец“ – во кои отворено и храбро пишува за внатрешните битки што многумина ги водат без глас. Дваесет и три годишната велешанка за Дума.мк ...

За закони, процедури и постапки за заштита на новинарите од закани, вербални и физички напади, пријави, онлајн притисоци и SLAPP тужби против новинари како и медиумските работници разговараа и дебатираа преставници на СВР Велес, Основен суд Велес, Основно јавно обвинителство Велес, бизнис заедницата и новинарите. На разговорот и на дебатата претходеше тричасовна обука на новинарите во Велес за предизвиците на слободното и професионално ...

Екипите на Противпожарната единица од Свети Николе вчера интервенираа на четири различни локации поради повеќе пријавени пожари, притоа ангажирајќи значителен број возила и ресурси. Првиот пожар е пријавен во 14:28 часот во месноста „Преодски ливади“, каде интервенирале две противпожарни возила и едно теренско возило. Станувало збор за запалена сува трева. Набргу потоа, во 15:00 часот, бил пријавен нов пожар во месноста „Крушки“, каде се ...

Институтот за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните коишто живеат во близина на локации каде има пожари. Во нив се вели дека населението треба да ги следи известувањата од надлежните служби преку медиумите и да ги почитува сите наредби за евакуација или засолнување. „Ограничете го изложувањето на чад. Држете ги прозорците и вратите затворени. Исклучете клима уреди и вентилација што внесува надворешен воздух. Засолнете се во безбеден ...

Стрип центарот на Македонија од Велес го објави последниот повик за пријавување на Меѓународниот стрип конкурс „Велес 2025“, кој традиционално се одржува во рамки на Меѓународниот стрип салон. Организаторите ги повикуваат сите заинтересирани автори од земјата и странство, без разлика на пол и возраст, да го испратат својот труд најдоцна до 8 август 2025 година. Интересот за годинашниот конкурс веќе е на завидно ниво. Според координаторот на ...

Во Македонија следува претежно стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност. Сепак ќе биде значително посвежо со голем пад на температурите на воздухот, особено наутро и во ноќните часови, кога на повеќе места ќе се спуштаат до близу, па дури и под 10 степени, соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски. „Оваа недела врнежи во државата нема да има, што значи дека сушниот период и понатаму ќе продолжи. До крајот на денов, четврток, ...

Во ноќните часови на 8 кон 9 јули, во периодот од 19:00 до 01:00 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес спроведоа засилена акциска контрола насочена кон возачи на мопеди, мотоцикли, трицикли, четирицикли и електрични тротинети. -Во рамки на контролата, која се реализираше на поширокото подрачје на градот, беа констатирани вкупно 53 прекршоци. Од нив, осум се однесуваат на управување возило ...

Полициските службеници од Секторот за внатрешни работи Велес, постапувајќи по меѓународно барање на Интерпол – Србија, на 7 јули, вечерта околу 22 часот ја пронашле 15- годишната малолетничка од Република Србија, која била пријавена како исчезната во нејзината матична држава. Малолетничката била лоцирана во домот на 30-годишната Р.Д. од Велес. Според првичните информации, девојчето изјавило дека доброволно пристигнало во Велес со намера да ...

Половина час по полноќ, вчеравечер, во просториите на СВР Велес бил извршен службен разговор со малолетно лице од село Горно Оризари, при што присуствувал негов родител и претставник од Центарот за социјални работи Велес. Поточно, во истото село, малолетникот управувајќи мотоцикл без регистарски таблички, одбил да застане на знак од полициски службеници кои извршувале службени задачи. При тоа, удрил во еден од полицајците, а потоа и во ...

Ланиот бран од северозапад пристигна до централен Балкан и во следните часови ќе започне полека да ја зафаќа и Македонија. Сето ова ќе биде проследено со повремен локален дожд во западните и во северните предели на државата и со силен ветер, во западните предели од западен и од југозападен правец, а во северните предели од северен правец. Ветерот повремено и локално ќе постигне брзина до околу 60/70 км/час, соопшти метео прогнозерот Славчо ...

Ладниот бран од северозапад преку алпскиот регион се спушти до Балканот и денес, вторник, 8 јули, донесе снег на Словенечките планини, односно снег падна на Кредарица, висока планина во Словенија, соопшти метеро прогнозерот Славчо Поповски. „Ладниот воздух понатаму ќе се спушта кон југ и југоисток од Балканот и до утре, среда 9 јули, доцна попладне и навечер, а особено ноќта кон четврток, 10 јули, ќе стигне во Македонија, условувајќи засилен ...

Мостот на реката Вардар кај Башино село денеска е повторно пуштен во употреба, откако заврши санацијата што започна во март годинава. Со ова се врати стабилноста и мостот е ставен во функција во два правци, а во наредниот период ќе биде извршена санација и на горниот дел. Санацијата има за цел да го продолжи векот на користење на мостот за наредните 5 до 10 години, сè додека не се изгради нов. Под мостот е поставена современа опрема за ...

Идентификуван е пронајдениот, пред два дена машки леш, во водите на река Вардар во близина на “Бентот“ во Велес. Станува збор за 70 годишен велешанец којшто неколку минути пред да се удави бил забележан од страна на кајакар којшто тренирал во реката. Човекот со две торби во рацете се движел на брегот на Вардар. „Спортистот при наредниот круг на веслање со кајакот ја забележал една од торбите на брегот за потоа да го види и телото на ...

Во услови на високи температури и најавен топлотен бран, волонтерите на Општинската организација на Црвен крст на РСМ – Велес спроведоа теренска акција насочена кон подигнување на свеста кај граѓаните за заштита од жештините. Членовите на Клубот на млади делеа флаширана вода и едукативни флаери со информации за правилна заштита при екстремни временски услови. -Граѓаните беа информирани за важноста од избегнување напорни физички активности на ...

Полициски службеници од СВР Велес, вчера, на 7 јули, го привеле 21-годишниот В.Н. од село Раштани, кој е осомничен дека со мотоцикл удрил во пешак на улицата „8 Септември“ во Велес и побегнал од местото на незгодата. Според информациите на Сектор за внатрешни работи Велес, сообраќајната незгода се случила на 26 јуни годинава, околу 19:40 часот, кога В.Н., управувајќи мотоцикл, удрил во 79-годишниот пешак П.З. од Велес. Во незгодата, пешакот ...

Постојат индиции дека пожарот кој што во неделата изби покрај магистралниот пат Скопје-Блаце да е подметнат. Ова денеска го изјави директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Според него, биле пронајдени дрвени палети. Тој истакна дека на местото на избувнувањето на пожарот, видел како линијата на оган е многу широка како пожар кој би се појавил од фрлен отпушок од цигара. -Пожарникарите при гаснење пронајдоа палети претходно најверојатно намачкани ...

Територијалната Противпожарна Единица Велес, вчера, околу 12:20 часот, добила дојава за избувнат шумски пожар во пределот помеѓу селата Оризари и Клуковец. На терен веднаш интервенирало едно противпожарно возило со пет пожарникари-спасители. При пристигнувањето на лицето место, пожарот бил во развиена фаза и зафатил површина од околу 30 хектари. Благодарение на брзата и координирана интервенција, пожарот бил локализиран и целосно изгаснат. Од ...

„Во вчерашниот ден, понеделник, 7 јули, во Македонија повторно беше многу топло со многу високи температури на воздухот. Претежно беше сончево и стабилно, а само накратко во планинските места во источните предели имаше развој на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Исто така повремено дуваше и засилен ветер од југозападен правец особено во попладневните часови. Најтопло вчера беше во Скопје, во Петровец каде беа измерени 42 ...

Од полноќ се намалуваат цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за 1,50 денари по литар. Новата цена на БС-95 ќе бидена 74 ден/лит, а на БС-98 изнесува 76 ден/лит. Истовремено, цената на дизелот (ЕУРОДИЗЕЛ Д-Е V) се зголемува за 0,50 денари, и ќе се продава за 70 ден/лит. Цената на екстра лесното масло за домаќинство останува иста – 69,50 ден/лит, додека цената на мазутот се намалува за 0,174 денари и ќе изнесува 39,409 ден/кг. ...

Во рамки на иницијативата за зголемена безбедност и заштита на урбаната опрема, Општина Велес започна со поставување на видео надзор на спортските терени низ градот. Целта е да се спречи вандализмот и да се обезбеди зачувување на јавниот имот. Како што информираат од Општина Велес, во рамки на овој проект е планирано да бидат поставени вкупно 36 камери, кои ќе го покријат спортскиот инвентар и просторите каде што младите најчесто се ...

Жителите на село Чашка добија нова патна врска до селото, откако во должина од 1,3 километри беше асфалтиран локалниот пат со средства во износ од 7 милиони и 950 илјади денари, обезбедени од Министерството за транспорт и врски. Градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски, посочи дека завршувањето на овој проект било топло поздравено од локалното население, што му дава дополнителна мотивација за понатамошна работа. Наскоро ќе започне ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
1.8
47%
1018
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
2.68
58%
1020
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
1.71
55%
1021
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
3.33
47%
1018
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
6.23
58%
1018
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 26ᴼ
1.34
51%
1021
weather icon

Атина

33ᴼ / 29ᴼ
3.13
44%
1016
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
4.36
50%
1019
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
2.57
55%
1019
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
4.47
70%
1016
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 26ᴼ
2.68
42%
1020
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
3.41
43%
1017
Currency

61.6317

Currency

53.4789

Currency

71.3492

Currency

37.7153

Currency

38.3863

Currency

67.1515

Currency

7.90489

Currency

0.72592

Currency

0.33362

Currency

0.52505

Currency

1.16107

Currency

0.56326

Злато

139164.58

Алуминиум

3.60

Сребро

2181.05

Родиум

258813.51

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Платина

57067.58

Рутениум

49769.36

Паладиум

38805.95

Калај

54.25

Бакар

12.61