Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
„Со третирањето, утре, среда 13 август, во раните утрински часови, ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина,“ соопшти Општина Велес. Поточно границата на третирањето против комарци се Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се ...
„Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, односно од Африка, во Македонија продолжува стабилното, суво, сончево и многу топло време со појава на мала локална облачност. Повремено ќе засилува ветер од источен и од североисточен поравец. Во Скопје и околината исто така времето и понатаму ќе биде стабилно, суво, многу топло и сончево со мала локална облачност. Повремено ќе засилува ветер од источен и од североисточен правец. Што се ...
Споменатото лице ДБ во пренесената вест од Полициски билтен на Сектор за внатрешни работи Велес од страна на Дума.мк, попладнево, реагираше со барање во јавноста да биде пренесен и негов исказ, којшто тврдеше дека вчера, го дал, во Полициска станица Велес и го пишувало во официјалниот Записник. Дума.мк ја пренесува неговата изјава во целост: „Во веста којашто ја пренесовте за „тепачка во двор на верски објект“ спомнати се иницијали на моето ...
Дебатата со наслов „Гласот на младите: Дебата за иднината“ денеска се одржа во просториите на Јуроп Хаус на која млади Велешани, претставници на институции и граѓански организации отворија прашања за реалната моќ на младите во процесот на донесување одлуки на локално ниво. Настанот, кој се совпадна и со одбележувањето на тригодишнината од постоењето на Младинскиот центар, се одржа во присуство на претставници од Локалниот младински совет, ...
Народната банка предлага граѓаните да добијат право на четири бесплатни подигнувања месечно од банкомати на други банки, во износ до 2.000 денари по трансакција. Според гувернерот Трајко Славески, целта е да се обезбеди достапност до готовина за сите граѓани, без разлика на тоа во која банка имаат сметка. Мерката би требало да стапи во сила на почетокот на 2026 година. -Готовината и понатаму ќе ја користи мнозинството граѓани, иако во помал ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги соопшти дека од вечерва, на полноќ, ќе стапат во сила нови, пониски цени на нафтените деривати. Намалувањето важи за сите видови горива, а најзначајно поевтинување има кај екстралесното масло за домаќинство Според новиот ценовник, цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,5 денари по литар и од утре ќе се продава за 74,5 денари. Истото намалување од 0,5 денари важи и за ЕУРОСУПЕР ...
Играорката Марија Анастасова од велешкиот ансамбл „Керамичар“ го освои третото место на фолклорниот фестивал „Црноморски Бисери“ во Бугарија. Таа на гала вечерта на фестивалот во Поморје се натпреваруваше помеѓу девет учесници од разни земји во надигрување на бугарското оро „Блгарска реченица“ и се закити со бронза. Публиката како и останатите членови од ансамблот со силен аплауз ја бодреа играорката која за Дума.мк изјави дека ова е ...
Првата тепачка којашто вчера била пријавена во Сектор за внатрешни работи Велес, се случила околу 15:30 часот, во дворот на верски објект во Велес каде Д.Б.(79) од Велес, вработен во објектот, по кратка расправија, физички нападнал жена, поточно Н.Р.(66) од Велес. „Потоа Д.Б. бил физички нападнат од И.Л.(66) и С.Л.(34), двајцата од Велес. По документирање на настанот против Д.Б., И.Л. и С.Л. ќе бидат поднесени соодветни пријави. Исто така, во ...
Од вкупниот број на пријавени 396 стрип автори од цел свет, 164 се домашни, од Македонија. Сите пристигнати дела ќе бидат прегледани од жири комисија составена од стрип и ликовни дејци од Велес, а дел од нив ќе бидат изложени на свеченото отварање на Меѓународниот стрип салон во Велес, најзначајна државна стрип манифестација, којашто годинава ќе започне на 20 август во Велес. Програмскиот координатор на Стрип центарот на Македонија, Томе ...
Седум нови афоризми од велешанецот Никола Бошков – Коки за читателите на Дума.мк. -Законите подлежат на промени и честопати се менуваат, единствено глупоста е неменлива и секогаш останува, уставна. -Премиерот ги презентираше петте потрошувачки кошнички на граѓаните, но притоа изуми да посочи колку чини и тежи КОШНИЦАТА на политичарите и функционерите преполна со ориентални артикли, тендери, провизии… -Хуморот и смеата ја исполнуваат и ...
Со вечерна богослужба чиноначалствувана од Митрополитот Повардарски г. Агатангел заедно со свештенството на Епархијата, вчера доцна попладне , во Соборен храм Свети Великомаченик Пантелејмон“ започна одбележувањето на празникот на патронот и заштитник на Велес. Верниците како и поканетите гости се поклонија пред Централната икона на Свети великомаченик Пантелејмон за потоа во дворот на соборниот храм да се одржи и програма во чест на патронот ...
Како резултат на високата температура, прво вчера утро, во 6:20 часот, кога се појавило димење коешто вработените на ЈКП „Дервен“ успеале сами и за краток временски период да се справат, поточно да го сузбијат димот. Велешката депонија по втор пат се разгорела во 15:10 часот кога огнот го гаснеле двајца пожарникари со две протипожарни возила како и комуналните работници со една цистерна на „Дервен“. Пожарот бил изгаснат во 18:05 часот, ...
Свети Пантелејмон е роден во градот Никомидија во третиот век. По раѓањето бил наречен Пантелеон, што значи „во сѐ како лав“, но подоцна тоа име било заменето со Пантелејмон, што значи „семилостив“. Уште во детството бил воспитуван во христијанската вера, бидејќи мајка му била христијанка. Меѓутоа таа се упокоила кога Пантелејмон бил сè уште дете, а неговиот татко бил многубожец кој го носел сина си во идолскиот храм, и во паганско училиште. ...
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, односно од Африка, во Македонија се до петок, 15 август, времето ќе биде многу топло, стабилно, суво и претежно сончево со појава на мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. И во Скопје и околината времето ќе биде многу топло, стабилно, суво и сончево со мала локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. Што се однесува до ...
Триесет и шест годишната Ц.Н. и четиринаесет години постариот Д.Н., двајцата од Неготино, поради основано сомнение дека извршиле кражба вчера вечер, околу 22:10 часот биле лишени од слобода од страна на полициски службеници на Одделението за внатрешни работи во Неготино. Двајцата крадци одзеле пари од дом на брачен пар од Неготино. -Со судска наредба бил извршен претрес во домот на крадците, каде биле пронајдени и одземени дел од парите за ...
Жените во Европската Унија имаат просечно 63,3 години здрав живот, односно живот без ограничувања во активностите, додека кај мажите тој број е нешто понизок и изнесува 62,8 години, соопшти денеска Европската служба за статистика (Евростат). Како што се наведува, жените живеат 5,3 години подолго од мажите или просекот кај жените во ЕУ е 84, а кај мажите речиси 79 години. Кога станува збор за години здрав живот кај мажите во Европска Унија ...
Двор и куќа на улица „Камка Тоцинова“ со реден број 40, во велешката населба Керамидна, се затрпани со смет и отпад. До убавата, нова куќа, тешко се влегува од влезната порта. Сопственикот на оваа, една од триесетте куќи, во опкружувањето, направил мини депонија во која има стара неупотреблива дограма, штици, греди, пластични садови, најлонски ќесиња и вреќи во кои е собран смет, ќерамиди, бакарни, железни, порцелански предмети како и друг ...
Педесет и три годишниот В.К од Велес е пријавен за исчезнат. Неговата три години помлада сопруга Б.К вчера, во 20:50 часот пријавила во Сектор за внатрешни работи Велес дека нејзиниот сопруг се оддалечил од нивниот дом и не се вратил. Од СВР Велес соопштија дека се преземени соодветни мерки за пронаоѓање на лицето и во тек е потрага по него. 13:04 часот – Сектор за внатрешни работи Велес соопшти дека Б.К.(50) од Велес, која што пријавила дека ...
По две години и три месеци од прогласениот крај на Корона пандемијата објектот Модуларна во дворот на Општа болница Велес е со заклучена влезна врата и обраснат во трева. Зошто просторот не се става во функција ги прашаше Дума.мк заменик министерот за здравство Јовица Андовски и директорот на Фонд за здравство, Сашо Клековски при нивната неодамнешна посета на велешка болница. Според заменик министерот Андовски потребно било прво расчистување ...
Вчера попладне 75-годишна македонска државјанка била извлечена без знаци на живот на плажата Созополи во општина Неа Пропонтида, во близина на првиот крак на Халкидики, веднаш ѝ била укажана прва помош од екипа на итната медицинска служба, по што била пренесена во болница, но лекарите констатирале смрт, јави дописничката на МИА од Атина. Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека крајбрежната управа на Неа Муданија била информирана дека ...
Поради значителното зголемување на дневните температури, коишто се очекуваат и за коишто во одделни региони можно е да достигнат до 39 Целзиусови степени, од денеска до 13 август, Министерството за здравство апелира за почитување на општите препораки за заштита на населението од високи температури. На граѓаните им се препорачува да престојуваат во затворени, разладени простории, особено во периодот од 11 до 17 часот, како и внесување на ...
Значително зголемување на дневните температури се очекуваат од денеска до 13 август, кои во одделни региони може да достигнат до 39 Целзиусови степени, поради што Министерството за здравство апелира за почитување на општите препораки за заштита на населението од високи температури. Граѓаните да престојуваат во затворени, разладени простории, особено во периодот од 11 до 17 часот, како и внесуваат доволно течности, да избегнуваат алкохол и ...
Територијата на Македонија се наоѓа под влијание на нов топол бран од Африка. Времето, се до 15 август,петок, ќе биде претежно сончево и многу топло со појава на мала локална облачнност. Повремено ќе засилува ветер од северен и од североисточен правец. И во Скопскиот регион се до петок времето ќе биде сончево и многу топло, а повремено ќе засилува ветер од северен и од североисточен правец. Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се ...
Унгарската авиокомпанија „Wizz Air“ ја најави новата директна рута што ќе ги поврзува Скопје и Келн. Билетите се веќе достапни на официјалната веб-страница wizzair.com и преку мобилната апликација „WIZZ“, по почетна цена од 1.619 денари за еден правец, вклучувајќи ги сите задолжителни такси. Со ова проширување, авиокомпанијата нуди вкупно 34 дестинации во 15 земји, заминувајќи од Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот во Охрид. ...
Трговците да ги намалат цените на училишниот прибор од најмалку 10 отсто во трговија на големо и најмалку 15 отсто во трговија на мало, одлучи Владата. Целта е да се спречи растот на цените на училишниот прибор пред почетокот на учебната година и заштита на животниот стандард на граѓаните, како дел од кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе, се грижиме“. -Со оваа одлука, трговците на мало и големо кои продаваат училишен прибор, односно ...
Шеесет годишниот Ќ.С од Делчево и три години помладата С.С од истиот град вчера го загубија животот во сообраќајна несреќа на експресниот пат Прилеп – Градско. Како што соопштуваат од Министерство за внатрешни работи патничко возило „ауди“ кое го управувал Ќ.С излетало од коловозот. Несреќата била пријавена во Сектор за внатрешни работи Велес во 14:35 часот. -Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот и неговата 57-годишна ...
Триесет и двајца играорци од фолклорниот ансамбл „Керамичар“ од Велес утрово пристигнаа во Несебар, Сончев Брег, Бугарија. Во наредните шест дена тие ќе ја претставуваат Македонија и македонскиот фолклор пред бројна меѓународна публика на Интернационален фестивал „Црноморски бисери“. Со кореографиите „Овчеполка“, „Сред село“ и „Поречки игри“, ансамблот ќе настапува во автентични носии од различни региони, носејќи го духот на традицијата на ...
Во услови кога сè повеќе новинари и медиумски работници преживуваат со минималец, ССНМ апелира до Владата и работодавците за итно зголемување на минималната плата. Зачувувањето на дигнитетот на новинарите и медиумските работници е клучно за одбраната на медиумската слобода и јавниот интерес. „Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници во време на општата дебата за висината на минималната плата смета дека е неопходно да го соопшти ...
Едукацијата ја посетија 15 млади волонтери. Со нив работеа обучени едукатори на Црвен крст кои преку разни видови на избрани игри како и подготвени тестови ги мотивираа новите волонтери да се отворат и да проговорат за состојбите на стрес, анксиозност и депресија, во кои многу често можат да западнат младите луѓе. Координаторот за млади на Општинската организација на Црвен крст во Велес, Александра Илијевска вели дека тоа што ги поттикнува за ...
„Под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, односно од Африка, во Македонија следува подолг период на стабилно, суво и претежно сончево време со значителен пораст на максималните дневни температури на воздухот. Повремено ќе засилува ветер претежно од северен и од североисточен правец. И во Скопје и околината следува подолг период на стабилно, суво, значително потопло и претежно сончево време. Повремено ќе засилува ветер ...