
Скопје
35ᴼ /
35ᴼ



Владата на денешната 91 седница го усвои Предлог законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза, предложен од Министерството за труд и социјална политика, соопшти владината прес-служба.Целта на Предлог-законот е обезбедување финансиска поддршка на најранливите категории на граѓани, во услови на енергетска криза. Финансиска поддршка од 3.000 денари месечно, за период од четири месеци, ...
Викендов се одиграа натпреварите од второто коло од Првата кошаркарска лига на Македонија но најинтересно беше во Гевгелија меѓу домашниот Кожув и гостинскиот состав на Струмица. Вистинска драма се случуваше во последните секунди од мечот. При резултат 88-86, во финишот од средбата Светозар Стаменковиќ постигна победничка тројка за Струмица со звукот на сирената, но по прегледувањето на снимката судиите заклучија дека шутот е упатен по истекот ...
Деновиве се очекува да отпочне реконструкцијата на обиколницата на Богданци од државниот патен правец Р1109. Струмичката фирма ,,Жикол” заедно со струшката ,,Илинден” се фирмите кои треба да го работат овој проект откако летово ја добија јавната набавка на Државни патишта за околу 2,1 милион евра. Паралалено исто така преку јавна аукција беше избрана и фрима за надзор на работите за реконструкција на овој пат. Надзорот ќе го врши Евро ...
Рурална Коалиција, го одбележа Меѓународниот ден на жените од руралните средини, со успешно завршување на Меѓународната академија на жени претприемачки од руралните средини на кои им беа доделени и сертификати. Паралелно се потпиша и декларацијата на Руралното Женско Лоби како активна заложба за заедничко делување и застапување за унапредување на родовата еднаквост и економското јакнење на жените од руралните средини како производителки на ...
Синоќа во организација на македонскиот Културно-информативен центар во Тирана Алабнија, настапи нашата млада пијанистка од Струмица Ивана Мазнејкова, која го отвори фестивалот „Магична флејта“ во Тирана. Таа, пред многубројната публика се претстави со три дела од композиторот Сезар Франк, и според информацијата што ја објави Министерството за култура на Макеоднија, младата струмичанка имала одличен настап пред публиката во Тирана. ,,Нејзиниот ...
Одбојкарките на Наковски волеј вечерва во салата на СОУ ,,Димитар Влахов” со почеток во 18 часот ја отвораат новата првенствена сезона во која најавуваат атак на врвот од македонската женска одбојка. Прв противник е тимот на ЖОК Вардар ЕМ од Скопје во кој струмичанки влегуваат како фаворитки. Како што соопштуваат од клубот, Наковски Волеј ова сезона ќе има респектабилен тим во Првата лига, спој на искуство и младост, квалитетен тим кој има ...
Заради подобрување на ефикасноста и транспарентосноста на јавно достапните услуги и подобрување на квалитетот на услугите, Општина Радовиш кон граѓаните воведе систем 48 часа. Ова значи дека жителите на Општина Радовиш својот проблем или барање можат да го пријават 24 часа дневно. Врз основа на пријавениот проблем или барање службите веднаш ќе излезат на терен. Во рок од 48 часа граѓаните ќе добијат одговор за статусот и рокот за решавање, ...
Нов модел на субвенционирање на земјоделците со зголемена контрола и дополнителни услови за добивање финансиска поддршка најави во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24 министерот за земјоделство Љупчо Николовски. Првичната верзија е помината на владина седница, а предвидува земјоделците да добиваат субвенција не само за поседување обработлива површина земја, туку и за остварено производство. Целта е да се поттикне поголемо производство храна и да се ...
По пауза од неколку сезони ОК Сушево се враќа на прволигашката одбојкарска сцена а својот камбек во елитата ќе го има во салата при ООУ Гоце Делчев во Василево со тимот на Весна Пробиштип во рамките на првото коло. Мечот е закажан во 18 часот на кој сушевчани најавуваат победа бидејки како што кажа Ванчо Атанасов ОК Сушево има потенцијал Имаме искуство, млади таленти кои се жедни за докажувања. Немаме високи амбиции туку наша цел е да градиме ...
Телеметриската сеизмолошка мрежа, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на 13.10.2022 година регистрираше земјотрес 135 km југо-источно од Скопје кој потекнува од епицентралното подрачје Гевгелија – Гуменџа. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 23 часот и 56 минути со Рихтерова локална ...
По распишната јавна набавика Општина Струмица и фирмата Жикол го потпишаа Договорот за изградба на социјалната населба во Струмица во вредност од 1 милиони 506 илјади евра (92.670.024 денари) . Станува збор за реализација на првата фаза од проектот ,,Изградба на стамбена населба со објекти со намена домување за сместување на социјално загрозени семејства во Струмица. За овој проект во игра беа 7 фирми но при јавната аукција, најниска цена понуди ...
Амбасадорот на НР Кина во Македонија, Жанг Ѕуо придружуван од економски советник и но и преставник на градежна компанија од Кина која во Макеоднија има свое преставништво беа во официјална посета на на општина Василево каде остварија средба со градоначалникот Славе Андонов. Тие разговараа за можноста да се воспостави соработка на повеќе полиња со цел да се зајакнат врските мегу двата народа, како на национално така и на локално ниво. ,, ...
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) на 13.10.2022 до Основно јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против лицето Б.Б.(39) од Струмица, за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по чл.265 од Кривичниот законик. ,,Имено, поради сознание дека Б.Б. поседува археолошки предмети – стари монети и други добра под привремена заштита, на ...
Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ги лишиле од слобода Д.Т.(31) од село Ораовица, радовишко и Р.А.(37) од Радовиш затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. За настанот бил известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по целосно расчистување на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти СВР Струмица фото: архива Крадењето авторски текстови е казниво со ...
На 12.10.2022 во 20.30 часот кај место викано „Чештево“ во Валандово, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Стар Дојран“ ги лишиле од слобода С.С.(45) од Скопје и П.К.(20) од Република Србија, затоа што со патнички возила превезувале лица мигранти од Сирија. ,,Околу 14.40 часот на локалниот пат за с.Казандол, валандовско, полициски службеници забележале две патнички возила „шкода“, едното со скопски ...
Синоќа околу 19.40 чaсот на место викано „Страиште“, во близина на Валандово, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Стар Дојран“ го лишиле од слобода С.Л.(23) од с.Сопотница, демирхисарско. ,,При преглед во товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, во специјално направен бункер во возилото, биле пронајдени 44 лица мигранти од Сирија, од кои 14 малолетници,, објави ...
Младиот струмичанец Ангел Спасов деновиве го промовираше својот прв музички сингл со наслов ,, Ме изгуби ти’’ кој го пласираше со видео спот. Станува збор за песна во која Ангел пее за тинејџерската љубов, љубомора, доверба. Песната е дело на Роберт Билбилов кој стои како автор на музиката, текстот и аранжманот додека видео записот на Зоран Стојановски – Зонде. Во спотот се појавува Ангел Спасов заедно со Ема Стојановска од модното студио ,,Зоа ...
Одбојкарите на Струмица Никоб утревечер во спортската сала Парк го продолжуваат престојот на европската сцена. Го играат првиот меч за пласман во 16 финалето од КУПОТ на ЦЕВ, второто по квалитет европско клупско одбојкарско натпреварување. Противник е хрватскиот состав Мурса од Осијек со кого од 19 часот ќе ги одмерат силите за подобар старт пред реваншот закажан за 19-ти октомври Струмица Никоб е максимално подготвена за дуелот со хрватскиот ...
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,668 ден/кг и сега ќе изнесува 51,920 ден/кг. Од 11.10.2022 година од 00:01 часот максималните цени на ...
Фудбалерите на Академија Пандев претрпеа нов пораз во шампионатот. Шкупи со два играчи помалку успеа да слеви со 1:0 и да ги однесе трите бода од Струмица а пандевци да се помират со седмиот пораз. Четата на Васоски имаа играч повеќе на теренот уште од 35 минута кога Маргевашвили поради два жолтим мораше да замине во соблекувалните. Но иако имаа играч помалку на теренот Диане во 53 минута го матираше Јовановски откако доби употреблива топа а ...
Зајакнување на соработката но и довербата мегу земјоделските пропизводителите дистрибутерите на опрема и семенски матријал но и потрошувачите. Ова беше главната цел на агросаемот во Струмица организиран од страна на здружението Проагрофармери каде беше презентирана земјоделска механизација, разновидни земјоделски производи, средства за заштита, мед и други пчелни производи. ,,Наша цел е на едно место да ги собереме сите чинители од агросекторот, ...
Гевгелиски Комуналец заедно со Пакомак отпочнаа со реализација на пилот проект за селекција на отпад. Како што објави градоначалникот Сарамандов на својата официјална ФБ страна во еден дел од градот на физичките и правни лица ќе бидат доделени посебни жолти корпи каде ќе треба да се складира, хратија, пластика и лименки. Според објавата од градоначалникот, општината веќе размислува да обезбеди по една канта за секое домакинство се со цел ...
Кошаркарите на Струмица со пораз го стартуваа прволигашкиот шампионат но покажаа дека во сопствените редови имаат потенцијал и квалитет. Во спортската сала Парк загубија од Еуроникел од Кавадарци ја оправда фаворитската титула и славеше со со 84:95 (21:17, 14:26, 21:33, 28:19) . Струмичани добро го почнаа мечот. Беа рамноправни во првите десет минути кои на крајот ги добија со плус 4. Но со почетокот на во втората четвртина Стојковски со три ...
Струмичката болница објави дека од денеска започна со работа Единицата за интервентна кардиологија – ангиографија и стентирање, која ќе придонесе за ургентен третман на пациентите со животно загрозувачки состојби во прединфарктна и инфарктна состојба кои пак досега се транспортираа на клиниките во Скопје и Штип. Во работата на интервентните процедури на пациентите се вклучи кардиолошкиот тим на ЈЗУ Општа болница Струмица во состав доктор Верица ...
Кошаркарите на Струмица утре ја отвораат новата првенствена сезона со настап во најсилната кошаркарска лига на Макеоднија. Во салата Парк во Струмица утревече со почеток во 19 часот, струмичкиот прволигаш го пречекува тимот на Еуро Никел од Кавадарци. Ова ќе биде камбек на струмичани во прволигашкото друштво по пауза од пет години откако лани како втора најдобра екипа од второлигашкото друштво, обезбедија право за настап во елитната кошарка на ...
Ѓоко Камчев е избран за нов директор на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во кој партиципираат десетте општини од Југоистокот. Вака одлучија присутните градоначалници на вчерашната седница во Гевгелија, откако во јули годинава од ова функција ја разрешија Жулиета Ѓуркова. Камчев беше единствениот кандидат на распишаниот конкурс кој заврши до 26 септември. Неговото име се споменуваше уште при разрешувањето на Ѓуркова која со ...
Идната недела ќе се знае која фирма ќе го гради опожарениот Дом на култура во Куклиш прва фаза, бидејки денеска истекува рокот за доставување на понуди од економските оператори откако Општина Струмица распиша Оглас за јавна набавка за ова намена минатиот месец. Вредноста на јавната набавка изнесува 7,3 милиони денари или приближно 120 илјади евра со вклучен ДДВ иако на јавната аукција може и да се намали цената. 4 милиони денари со ДДВ се ...
Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, направи увид во активноста на чистење на отворениот трапезен канал во населеното место Василево, кој се протега покрај улицата во близина на училиштето. „Конечно после долг период се чисти овој канал. Чистењето е по претходни средби со граѓаните од овој дел на на селеното место Василево. Се отстранува вегетацијата, наносите од кал и останатиот друг отпад со што му се враќа функционалноста на ...
На 05.10.2022, при преземање на мерки и активности, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш во дворното место на М.И.(54) во село Конче, радовишко, пронашле огревни дрва за кои сопственикот не поседувал соодветна документација, соопшти полицијата Од вработени во Шумска полиција Радовиш дрвата биле одземени и пренесени во кругот на Јавното претпријатие „Национални шуми“, подружница Плачковица – Радовиш, а по целосно ...
Денеска (06.10.2022) во 06.50 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија го лишиле од слобода Ѓ.Ќ. (48) од село Стојаково, затоа што при преглед кај него и во возилото „застава југо“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со херион. Лицето било задржано во Полициската станица Гевгелија, за настанот бил известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство ...