Кадетскиот состав на Академија Пандев го шокираше ланскиот шампион на турнирот КУП на Пријателство што се одржува во Златибор. Со 1:0 на славеа победа над Војводина кој се сметаше за фаворит и на годинашново издание. Лазе Милошевиќ беше стрелец на единствениот гол на денешниот меч со што широко си ги отворија вратите за пласман во втората фаза. Според информацијата избраниците на Мартин Алаѓозовски и Тони Атасов биле доминантни во целиот ...

Кадетскиот состав на Академија Пандев (фудбалери родени 2005) од утре 5 ти јуни ќе земат учество на реномираниот турнир „КУП ПРИЈАТЕЛСТВА“ кој ќе се одржи во Златибор во Србија. Надежите на струмичкиот прволигаш се во групата Д каде за противници ќе ги имаат екипите на Војводина и Сараево. Тимот предводен од Мартин Алаѓозовски и Тони Атанасов утре треба да стаса во Златибор каде ќе биде и Борче Постолов а веќе од вторник да ги почнат ...

На 03.06.2023 во 18.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Струмица-Берово, на делницата помеѓу с.Дабиље и с.Петралинци, во близина на крстосницата за с.Сарај, патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.К.(62) од с.Двориште, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката К.К.(58) од с.Двориште, констатирани во Медицинскиот центар Струмица. ...

Славица Ангелова од Струмица кандидат на Ѓорѓе Давид преку баражот се пласира во четвртфиналето од телевизиското музичко шоу Ѕвездите на гранд. Таа во шестиот натпреварувачки круг се престави до песните „Мелек“ од Едита Арадиновиќ и „ Да будеш једнако добар“ од Маја Оџаклиевска со која повторно ги освои симпатиите на жирито. 21 годишната струмичанка во дуелот со Алекса Шуковиќ доби пет гласа и критики за изведбата на првата песна но сепак ...

Преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во Дојран во наредниот период треба да бидат доставени 20 електрични велосипеди. Освен електрични велосипеди согласно потпишаниот Договор меѓу Центарот и А1 Македонија во ова туристичко место се очекува да биде поставен и паметен полнач за електрични автомобили со соодветен софтвер, градски информативни ЛЦД табли како и инсталација на безжична опрема за wireless хот спот интернет ...

На 02.06.2023 во 11.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Валандово-Струмица, кај место викано „Шепово“, во близина на с.Костурино, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „ИМТ 539“, без регистарска ознака, кој влечел полуприколка, управуван од В.П.(50) од с.Костурино и мотоцикл „кавасаки“ со струмички регистарски ознаки, управуван од Ј.К.(38) од Струмица. Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, ...

Младите пандевци генерација 2007 одиграа одличен меч против Спартак од Суботица на турнирот „Играј фудбал, живи живот“ во Сараево во Босна но немаа среќа откако во последната минута примија гол. Иако претрпеа пораз на стартот од овој турнир, сепак го свртеа вниманието на спортската јавност пред се поради прикажаната игра. Утре на програмата се два меча. Во претпладневните часови играат со Железничар од Сараево а попладне со ланскиот победник ...

Се известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека на 05, 06 и 07 Јуни 2023 година, во раните утрински часови и во текот на пладневните часови ќе се врши теристичко третирање против возрасни комарци и ларвицидна дезинсекција со следниот распоред: Доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе се изврши кога временските услови ќе бидат подобрени. Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат ...

Вчера околу 10.35 часот било пријавено дека на регионален пат Р-1105, на патен правец од с.Јосифово кон с.Пирава, патничко возило „фиат уно“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(56) од с.Пирава, излетало надвор од патот. На местото на несреќата починал возачот Д.Ј., информира МВР. ,,Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт“ соопшти МВР. Увид извршиле увидна екипа од Полициска станица Валандово и Јавен ...

Проектот Младинско кино на ЕУ: Зелен договор, финансиран од Европската Унија, уште еднаш се обврза на одржлива Европа и ги претставува релевантните цели на европскиот Зелен договор во филмски контекст. Не е случајно што новиот фокус GREEN FILMS @AUSTRIA почна за време на Зелената недела на ЕУ. Овој годишен настан е можност да се презентираат актуелните случувања во однос на политиката за животна средина на ЕУ. На предлог на претседателката на ...

Нови 20 фолк песни беа интерпретирани на 36 тото издание на Фолк фест Валандово каде според гласовите на жирито и присутните во салата каде се изведе главната фестивалска вечер, победник е Мишко Крстевски со песната „Ема убава“ на која како комплетен автор се јавува Љупчо Трајковски Фис. Наградата за првото место изнесува 1500 евра во денарска противвредност. Втората награда отиде во рацете на Елена Андонова која ја отпеа песната „ Ни седум ...

Струмичкиот прволигаш Академија Пандев има златни деца. Генерациите 2010 и 2011 станаа Шампиони на Македонија во своите конкуренции. На завршниот турнир во Скопје каде се сретнаа најдобрите екипи оод детските лиги од сите реони во земајва, тие се искачија највисоко на тронот. Генерацијата 2011 во големото финале славеше против Пелистер со 3:2 додека генерацијата 2010 беше поуспешна од Форца од Скопје по изведувањето пенали откако регуларниот ...

Регионалниот пат Валандово – Струмица , кај м.в. Валандовско Брдо е во прекин за камиони и автобуси, информираат од АМСМ. Поради откачена приколка од влекач, регионалниот пат Валандово – Струмица , кај м.в. Валандовско Брдо е во прекин за ТМВ и Автобуси, се вели во извештајот на АМСМ за состојбата на патните правци во 18 часот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од ©DRNKA.MK е дозволено ...

Се прават последните анализи кои треба да утврдат дали од први јули граѓаните по повеќе од една година ќе може повторно да користат евтината дневна тарифа за струја, но исто времено ќе добијат и сметки со повисоко ДДВ. Од Владата најавија можно враќање на ДДВ-то за струја од сегашните 10 на 18 отсто. Повластената стапка на ДДВ од 5 % се воведе во јуни 2021 година, а по шест месеци се зголеми на 10%. Од министерството за финансии засега нема ...

Од денеска цената на бензинот се зголеми за 2 денари за литар, додека цената на дизел горивото, на нафтата за домаќинствата и на мазутот нема да се промени. Од полноќ максималните цени ќе изнесуваат: Моторен бензин Еуросупер БС – 95 80,50 (денари/литар) Моторен бензин Еуросупер БС – 98 82,50 (денари/литар) Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 69,00 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС ...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопантсво заедно со Управата за хидрометеоролошки работи ги известува земјоделците и пошироката јавност во Република Северна Македонија, дека после четири години успешно користење на мерката за авионско засејувања на облаците, оваа година и покрај напорите на Управата, сепак мерката нема да продолжи. Авионското засејување на облаците беше ефикасна метода која успешно се спроведуваше од 2019 та ...

(Комерцијална ПР објава) Во духот на партиципативната демократија, засилената улога на „граѓанинот“ и организираните форми на граѓанско здружување по прашањата за заштита на животната средина кои се втемелени и во „Архуската Конвенција“, менаџментот на Еуромакс во континуитет се залага за широка транспарентност и максимална достапност со аргументирани информации. Секогаш сме подготвени за конструктивен дијалог и соработка со сите релевантни ...

Очекувањата се дека инфлацијата ќе се намалува и понатаму. Јас од септември во нашата држава очекувам да имаме едноцифрена бројка на инфлација, значи да падне и под десет отсто и можеме да бидеме оптимисти во тој поглед, вели Бојан Цветановски, претседател на АЦИ Македонија – Здружение на финансиски пазари. Ваквата оценка е искажана на панел дискусијата „Каматни стапки и инфлација – каде е линијата на хоризонтот?“, што се одржува во рамки на ...

Струмичката полиција соопшти дека синоќа пред полноќ е приведен триесетгодишен маж од Струмица кај кого биле пронадени предмети кои потекнуваат од тешка кражба направена во моторно возило на подрачјето во Струмица ,,На 26.05.2023 во 23.30 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Н.Р.(30) од Струмица, кај кого при преглед биле пронајдени предмети кои потекнуваат од тешка кражба во возило, извршена на подрачје ...

Со настапот на „Распеани валандовчани“ почна 36 тото издание на Фолк Фест Валандово кое и годинава на програмата има две предфестивалски вечери додека во неделата ќе биде официјалната кога ќе бидат изведени 20 новокомпонирани фолк песни. Илјадници посетители уживаа синоќа на валандовскито плоштад каде присутните ги пееа стиховите на изведувачите Синоќа на плоштадот во градот на калинките освен ансаблот ,,Распеани валандовчани“ настапија ...

Општина Василево обезбеди 2 милиони денари за реконструкција на Филтер станицата Ташли Баир од која со вода за пиење се снабдуваат домакинствата од Василево, Градашорци, Ангелци и Едрениково. Првиот човек на општината Славе Андонов склучи Договор со Министерството за животна средина откако аплицираше со проект за реконструкција на станицата изградена од 2006 година. Според најавите од градоначалникто се работи уште на еден проект и тоа за ...

Завршните основци од Општина Босилово, односно полуматурантите од трите основни училишта од оваа општина „Гоце Делчев“ од Босилово и „Кирил и Методиј“ од Иловица и „Борис Трајковски“ од Моноспитово денеска добија рачни часовници кои ги донираше Емил Мијалов кој потекнува од Босилово а живее и работи во Швајцарија. Донацијата е резултат на воспоставената соработка на градоначалникот на Босилово Ристо Манчев со нашинците кои што живеат и ...

На 24.05.2023 година во 14.00 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода Ф.А.(20) и уште двајца малолетници од село Банско, струмичко. Тројцата биле затекнати на место викано „Габровски пат“, атар на село Банско, на планината Беласица како со моторна пила вршат пустошење на шума. Од страна на Шумска полиција затекнатите исечени дрва биле одземени и пренесени во складот на Јавното претпријатие ...

Во полицициската станица во Струмица денеска било пријавено дека во Затворот во Струмица осуденик нападнал и повредил друг осуденик со остар предмет. Поголема ексалација спречиле други затвореници кои го совладале напаѓачот. ,,На 24.05.2023 во СВР Струмица е пријавено дека на 23.05.2023 околу 22.30 часот во просторија во Затвор Струмица во Струмица осуденикот Д.П.(37) со остар предмет го нападнал осуденикот Н.Ч.(35) од Македонска Каменица и ...

Седумнаесет просветни работници од струмичките основни и средни училишта но и од двете детски градинки го добија признанието „Свети Кирил и Методиј“ кое го доделува Општина Струмица по повод Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј. На синоќешната свечена Академија плакетите им ги врачи првиот човек на општината Костадин Костадинов кој подвлече дека мора да се врати дигнитетот на просветните работници но и да се ...

По ангажирањето на Илија Матеничаров како потпретседател на ФК Беласица, клубот објави дека во своите редови го ангажираше и Александар Стојанов кој ќе биде задолжен за координатор на младинската школа. Стојанов во изминатиот период беше шеф на стручниот штаб на Беласица. Како координатор на младите беше и во Академија Пандев Носењето на Илија Матеничаров и Александар Стојанов доаѓа откако младинците на ФК Беласица изборија пласман во ...

Вкупно 10 манифестации и настани организирани од општини и граѓански здруженија во Југоистокот ќе добијат финансиска помош од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за оваа 2023 година. Министерот Љупчо Николовски ги додели договорите за финансиска поддршка во поглед на организација на истите кои имаат за цел да промовираат одредени земјоделски култури, локални обичаи, домашна храна, природни убавини. На листата кои ќе ...

Македонците од Лондон кои со две такси возила тргнаа кон Македонија, денеска преку граничниот премин кај Делчево влегоа во државата. Но за жал во Германија едното такси ,,зариба“ па во земјва стасаа со едно англиско таски возило и едно кое го обезбедија од Швајцарија. Станува збор за Драган Крстев од струмичко Ангелци, Дејан Коцев од Свети Николе, Кико Маневски од делчевско, Трајче Трајков од Кавадарци заедно со Ендрју Ворт од Англија. Тие ...

Средношколките од Јане Сандански Струмица кои се Државни прваци на Македонија во ова конкуренција, со победа го стартуваа Европското првенство во одбојка за средни училишта кое стартуваше во Требиње Република Српска. Инаку на ова Европско првенство во Требиње пријавени се вкупно 8 екипи во женска конкуренција од повеќе европски држави кои се поделени во две групи а струмичанки се во Групата Б каде пред нивниот налет за висок пласман ...

Од денес започнува периодот за поднесување на барања за директни плаќања по програма за финансиска поддршка во земјоделството 2023, објави директорот на Платежната агенција Никица Бачовски. Електронското аплицирање е отворено до 30 Јуни.Апликациите се поднесуваат преку порталот https://e-subvencii.ipardpa.gov.mk/perun/index.html… директно или со асистенција од операторите во подрачните единици при МЗШВ. Колкави ќе бидат субвенциите и од што ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
3.09
33%
1005
weather icon

Белград

21ᴼ / 18ᴼ
3.6
52%
1002
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
82%
1000
weather icon

Софија

19ᴼ / 18ᴼ
1.54
45%
1006
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
1.82
59%
1005
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
2.06
96%
1001
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
4.02
53%
1008
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
4.63
33%
1007
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
3.6
52%
1007
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
1.54
34%
1005
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
7.72
65%
1002
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
34%
1008
Currency

61.6417

Currency

52.9053

Currency

70.7501

Currency

38.0585

Currency

38.4874

Currency

67.3773

Currency

7.79601

Currency

0.72213

Currency

0.33373

Currency

0.52486

Currency

1.16149

Currency

0.55145

Иридиум

253540.09

Калај

59.08

Паладиум

45332.55

Рутениум

51376.89

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Платина

64237.19

Сребро

2542.61

Бакар

12.80

Злато

146959.62

Родиум

320703.70

Алуминиум

3.61