Постот и видеото што се споделува ги извртува тезите. НАТО не војува со Русија, туку Русија на 24 февруари минатата година изврши воена инвазија врз Украина во којашто загинаа голем број на цивили и војници. НАТО ја осудува руската брутална и непровоцирана воена агресија кон Украина, што е најголем воен напад во Европа после Втората светска војна и е предмет на широка меѓународна осуда Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во ...

Русија сака да се наметне и да се претстави како главен светски бранител на традиционалното и религиското, а тоа можеше да се забележи и во неодамнешниот говор на Путин, кој уште еднаш нагласи дека ова е „војна за заштита на нашите деца од деградација и дегенерација“. Наративот за „загрозените вредности“ обично се користи за да ги оспори западните ставови за правата на жените, етничките и верските малцинства и ЛГБТКИ+ групите. Про-Кремљ ...

На интернет просторот циркулираат серија анти-НАТО наративи поврзани со воената агресија на Русија врз Украина, а кои имаат за цел да креираат оправдување за оваа агресија така што ја обвинуваат Алијансата за воени акции. Овде спротивствуваме аргументи на пет од таквите наративи кои ја извртуваат вистината во однос на одговорноста за руската агресија врз Украина и улогата на НАТО алијансата во Европа и пошироко во светот Пишува: Мирослава ...

Струмичките одбојкарски интернационалци и репрезентативци на Македонија Никола Ѓоргиев и Филип Маџунков ги завршија првенствените настапи со своите клубови во Словинеија при што Никола Ѓоргиев освои нова титула со АЦХ Волеј додека Филип Маџунков освои сребро во австрискиот одбојкарски шампионат со екипата на Задруга Аич Доб Тимот на Никола Ѓоргиев АЦХ Волеј во актуелнава 2022/2023 претходно славеше и во Купот на Словенија, плус тримфираше и ...

Денеска (23.04.2023) во 02.50 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Т.М. (44) од Струмица, кој околу 01.50 часот во продавница (тобако) во Струмица со закана одзел пари од дневниот промет од вработената. Кај Т.М. биле пронајдени парите, како и предмети поврзани со кривичното дело. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна ...

Петтипат сезонава, одбојкарите на Струмица Никоб го совладаа ГОК Борец и поведоа со 1-0 во серијата до три победи од финалето во македонскиот машки одбојкарски шампионат. Во салата „Парк“, бранителите на ланската лигашка титула и освојувачи на годинашниот куп, ги совладаа велешани со 3-0 (25-19, 25-19, 25-21). Во ниту еден наврат Борец не беше закана за фаворитот кој ја напаѓа двојната круна. Следниот натпревар е в недела во Велес од 18 и 30, ...

Наставници со ученици од прво до петто одделение при ООУ „Никола Вапцаров“ од Струмица реализираa еко-акција и модна ревија со цел најмладите да стекнуваат паметни еколошки навики и креативност. Како што информираше за Бидисвој.мк одделенскиот наставник Билјана Гунова, станува збор за акција во која се потикнува еколошката свест, креативноста и желбата кај децата за користење иновативни решенија за употреба на отпад кој се рециклира. Од таа ...

Денеска (21.04.2023) полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Н.Р. (30) од Струмица, во чиј дом бил извршен претрес со судска наредба, поради сомнение за сторено кривично дело тешка кражба. Во извршен службен разговор во полициска станица, осомничениот признал дека на 11.04.2023 извршил кривично дело тешка кражба во деловни простории, сопственост на правно лице во Струмица, а украдените лап топ ...

Министерството за економија ги објави јавните повици кои произлегуваат од Програмата за промоција на обновливите извори на енергија и поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинствата за 2023 година со кои ќе бидат поделени вкупно 70 милиони денари или 1 милион и 140 илјади евра на заинтересираните домакинства што ке аплицираат ова година. 1. Надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во ...

Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција изјави дека e изготвена еПрограма за поттикнување на сигурноста во снабдувањето со природен гас во домаќинствата за 2023 година за жителите на Струмица и Куманово кои сакаат да се вклучат на гасоводна мрежа. Средствата од оваа програма во вкупен износ од 10 милиони денари ќе се користат за надоместување на дел од трошоците за изработка на проектна документација за ...

Постапувајќи по кривичната пријава доставена од Министерството за внатрешни работи, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, поднесе предлог за определување на мерката притвор против лица. Лицата се осомничени дека во текот на вчерашниот ден сториле кривично дело Криумчарење на мигранти . Полициските службеници од ПС за ...

Средношколската одбојкарска екипа на училиштето ,,Јане Сандаски“ од Струмица го освоија Државното првенство во одбојка за средни училишта откако на завршниот турнир во Струмица забележаа победи против двете екипи кои конкурираа за титулата. Средношколците предводени од професорот Гоце Кончалиев беа убедливи против тимовите на средните училишта Јосип Броз Тито од Скопје но и битолското истоимено средно училиште. На финалниот турнир што се ...

Во сабoта на 22-ри Април во општинскиот центар Ново село ќе се одржи вториот пролетен концерт насловен како ,,Pasta & Vino & Musica” во организација на Општина Ново Село и Амбасадата на Италија во земјава. На концертот ќе настапат италијанскиот бенд „Бони Деа“ и македонскиот ,,Ретроманија“ а според најавите од градоначалникот на Ново Село Ѓорѓе Божинов ќе може да се вкуси и македонско вино но и италијанска паста подготвена од ...

Млада жена утрово е затрелана кај Касарната во Гевгелија откако криумчари нападнале полициски службеник кој со колеги вршелe контрола на две патнички под сомневање дека нелегално превезувале мигранти. Во критичниот момнет еден од возачите физички нападнал полициски службеник со обид да му го одзеде пиштолот при што полицаецот испукал и погодил едно женско лице кое било во групата мигранти. ,,Утрово кај Гевгелија биле забележани патнички ...

Елеуса Фондација Ви го најавува одржувањето на првиот хуманитарен концерт „Звукот на човечноста“ што ќе се одржи на 25 април во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица. За првпат заедно на една сцена, сплотени од хуманоста и човечноста, ќе настапат бендовите на трите средни училишта, „Јане Сандански“, „Никола Карев“ и „Димитар Влахов“, музичкото „Боро Џони“ и ВИС „Стихири“. Билетите по цена од 300 денари се пуштени во продажба на Билетарницата во НУЦК ...

На 18.04.2023 во 19.40 часот било пријавено дека на регионалниот пат Валандово-Струмица, во близина на с.Костурино, патничко моторно возило “пежо 508“, со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Р.(56) од Струмица, излетало надвор од коловозот, соопшти МВР Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица. Крадењето авторски текстови е ...

Најстарата автентична фолклорна манифестација ,,Ѓура Мара“ се одржа во гевгелиско Миравци. Во организација на КУД „Танец“ на третиот ден од Велигден, жителите од ова село ја продолжија традицијата да се презентира орото кое според легендите го прикажува грабнувањето на убавата мома Мара од турските војници и нејзиното ослободување од братот Ѓуро. ,,Со одржувањето на традиционалната културно-уметничка манифестација, КУД „Танец“- Миравци, кој ...

Рокот за пријавување за учество на обука за Новинарство засновано на податоци и визуелизации на податоци е продолжен до 24 април. Младите кои ќе се пријават за учество, покрај тоа што ќе ја проследат тридневната обука, ќе имаат можност да поминат еден месец како практиканти во медиумите на Фондацијата Метаморфозис, а двајца од нив ќе заминат на еднонеделна посета на САД. Оваа обука е предвидена за младите од Вардарскиот и Југоисточниот ...

Јордан Митев на својот youtube канал го промовираше видео записот за својот нов сингл „ Среќо моја, среќа си ми ти“, кој го снимаше во Швјацарија каде изминативе денови имаше настапи кои беа доста посетени од нашинци кои живеат и работат во ова држава. Станува збор за спот кој го работеше студиото „Зати“ а се снимаше кај познатиот дворец Шадау на тунското езеро во градот Тун – Швајцарија. ,,Во дворецот снимав поради две причини. Првата е ...

СОУ ,, Јане Сандански“ од Струмица во четврток го одбележува патрониот празник за кој подготвуваат и музичко драмски перформанс кој ќе биде изведен со почеток во 20 часот во Центарот за култура Антон Панов. Станува збор за перформанс во кој ќе настапат 50 тина средношколци кои преку песните на Владо Јаневски го најавуваат будењето на пролетта но и љубовта. Средношколците заедно со професорите во кабинетот за музичка култура, го спремаа ...

Под покровителство на Градоначалникот и Советот на општина Радовиш а во организација на Фолклорниот ансамбл „Китка“, на манститсркиот комплекс „Св. Ѓоргија“, по осумнаесетти пат беше одржан меѓународниот фолклорен фестивал „Велигденски средби“. На фестивалот учествуваа вкупно 18 фолклорни ансамбли од земјата и странство. Првото место го освои КУД „Китка“ од Истибања а Гранд при наградата и припадна на КУД „Бојмија“ од Гевгелија“. „Ансамблот ...

Струмичанецот Павле Витанов се пласираше во четвртиот круг од музичкото шоу ,,Никогаш не е доцна“ откако се престави со песната „Женет сум“ од Дејан Матиќ. Витанов доби позитивни критики од жирито кои не се штедеа во зборовите за неговата интерпретација. Цеца истакна дека тој бил најдобриот изведувач во ова емисија додека претеседателот на жирито Маре подвлече дека и самиот Дејан би се сложил оти со нивните пофални зборови. Во ревијалниот дел ...

Јованка и Леана Јанковски од Цвеќарата „Фантазија“ од Гевгелија направија цветен аранжман Велигденско јајце од рози кој беше поставен во манастирот “Св. Вознесение Христово” – Св. Спас во Гевгелија. Фотографиите ги објави Архирејското намесништво од Гевгелија од каде упатија благодарност до цвеќарата која го донираше овој цветен аранжман за големиот христијански празник. Како што објави порталот ТВ Нова од Гевгелија за изработката на овој ...

Струмичкиот второлигаш не му ја прифати оставката на стратегот Благој Гуцев кој во саботатa, веднаш по поразот дома и тоа од Слога (В) со 2:3 си ја поднесе . Раководството на ФК Беласица по денешниот состанок одлучи истата да не биде прифатена и клубот му ја дава целосната поддршка на својот тренер. Еве што клубот објави на својот официјален ФБ профил во текот на денот: ,,На денешниот состанок на управата на ФК Беласица АД, беше разгледена ...

Мокринските извори на Беласица станаа достапни и за лицата со инвалидитет. Изградена е пристапна патека но и соодветни летниковци за овие лица. Како што кажа градоначалникот на Ново Село Ѓорѓе Божинов со ова се отвора можноста оваа природна убавина да биде достапна за сите посетители да престојуваат и уживаат во убавините на Мокринските извори. ,,Овозможуваме на лица со телесен инвалидитет да пристапат и до локалитетот но и самите извори. ...

Христос воскресе, навистина воскресе е поздравот со кој Христијаните во наредните три денови ќе се отпоздравуваат меѓу себе ширејќи ја веста за победата на Спасителот на животот над смртта. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква. Овој празник е спој на верата и традицијата, а почнува на Велики четврток уште пред изгрејсонце кога домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски ...

Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски, Г. Г. Стефан по повод велигденските празнувања испраќа мир и благослов од Бога поздравувајќи со торжествен поздрав – Христос воскресе! „Возљубени празникољупци, Сета наша вера во вечноживиот Бог се потпира врз најголемиот настан во историјата – врз Христовото воскресение! Оти, ако Христос не воскреснеше, напразна ќе беше нашата проповед и празна ќе беше нашата вера! Но Тој навистина ...

Струмичките интернационалци Ристо Николов и Александар Љафтов кои настапуваат во Швајцарија и Саудиска Арабија се закитија со бронзи со своите клубови Блокерот Ристо Николов втора сезона настапува за швајцарскиот Нафелс Волеј кој во последните седум години го достигна најголемиот успех освојувајки го третото место. Освен што игра за првиот тим Николов е и тренер на младите на швајцарскиот клуб каде најверојатно останува и следната сезона. ...

Ултрамаратонецот Николчо Ѓоргиев родум од струмичко Сушица кој живее и работи во Швјацарија, во соработка со ВК „Актив“ од Струмица и фамилијата Истатови го реализираа настанот ,,Трчаме со Николчо“ во чест на фудбалската легенда на Македонија – Благој Истатов. Тој пред Велигденските празници трчаше 40 и возеше велосипед 150 километри од Струмица преку Радовиш, Неготино, Гевгелија, Удово, Валандово па се до Дојран со цел да ја пренесе пораката ...

На 14.04.2023 во 16.05 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода В.Т.(27) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кокаин и дигитална вага, соопшти МВР Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземање авторски ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
3.6
40%
1005
weather icon

Белград

21ᴼ / 18ᴼ
4.63
46%
1002
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
88%
1001
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
48%
1007
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.27
63%
1005
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 9ᴼ
2.06
96%
1000
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
4.02
54%
1009
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
4.12
35%
1008
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
3.09
56%
1007
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
1.54
40%
1005
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 12ᴼ
4.63
76%
1002
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
34%
1009
Currency

61.6417

Currency

52.9053

Currency

70.7501

Currency

38.0585

Currency

38.4874

Currency

67.3773

Currency

7.79601

Currency

0.72213

Currency

0.33373

Currency

0.52486

Currency

1.16149

Currency

0.55145

Родиум

320703.70

Бакар

12.80

Паладиум

45332.55

Алуминиум

3.61

Кобалт

45.39

Злато

146959.62

Рутениум

51376.89

Цинк

0.00

Сребро

2542.61

Платина

64237.19

Калај

59.08

Иридиум

253540.09