Вкупно 24 екипи од струмичкиот регион но и од земајва ја стартуваат трката за освојување на првите три места на Новогодишно-Божиќниот турнир во мал фудбал кој ќе се одржи во салата Тодор Александров во Куклиш општина Струмица. Турнирот започнува утревечер (16.12) со почеток во 19 часот а наградниот фонд изнесува 190 илјади денари од кои 100 илјади ќе бидат за најдобриот тим, 60 илјади за второпласираниот состав додека победникот во малото финале ...

30 тина ученици од гевгелиските основни и средното училиште ,, Јосиф Јосифовски’’ ќе бидат дел од видеоприказни и тетатарска престава кои треба да ја анимира јавноста за појавата на врсничкото насилство но и како да се спречи ова појава по образовните институции. Тие беа дел од дводневниот камп во Дојран во рамките на проектот ,,Врснички форум театар против насилството во училиштата’’ одобрен од ,,Регионалната програма за локална демократија во ...

Радовишката полиција претпладево го откри и лиши од слобода 27 годишен штипјанец кој избегал од струмичкиот затвор каде отслужувал казна за сторени кривични дела тежа кражба и спречување на службено лице во вршење на службено дејствие. Полицијата затовреникот го фатила во Радовиш бидејки за него била распишана потерница поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Струмица ,,Денеска (15.12.2022) во 09.55 часот во Радовиш, полициски ...

По 9 години од опожарувањето на објектот почна да се гради нов Дом на културата во населеното место Куклиш. Станува збор за прва фаза која опфаќа уривање на градбата од стариот дом и изградба на нов во карабина фаза, за што средствата се обезбедени од Министерството за локална самоуправа и Општина Струмица. ,,По завршување на првата ќе пристапиме кон тендерирање и на втората фаза. Станува збор за нов модерен објект, кога градиме нешто ново ...

Поранешниот кошаркарски репрезентативец Владо Илиевски при престојот во родниот град Струмица беше со најмладите кошаркари на КК ,,Струмица”. Како што објави клубот на социјалните мрежи, тој имал тренинг со генерацијата М12 во ДТВ ,,Партизан” при што на децата им презентираше дел од кошаркарските тактики. ,,Владо Илиевски се врати на местото од каде што започна се. Заедно со тренерите од КК Струмица одржа тренинг со генерацијата М12, на којшто ...

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство според член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот зкаоник. Осомничениот, на 12 декември, со умисла се обидел да го лиши од живот неговиот очув. Делото го сторил така што ја протнал раката преку отворениот мал прозорец од десната страна на влезната врата, ја отворил вратата од домот на очувот, ...

Сашо Димов од Јосифово се придружи на среќните милионери на Видеолотарија Касинос Австрија. Тој забавувајќи се на видеолотариските терминали на Евротип во Јосифово, стана сопственик на најголемиот МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ неделава. Освоената добивка МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ на 10.12.2022 е вредна 1.659.734,00 денари , објави порталот Екипа. Како што пренесе проталот, Димов сè уште бил под импресии на добивката. Открил дека често се забавува на видеолотариските ...

На 12.12.2022 Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културното наследство при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во координација со секторите за внатрешни работи, под раководство на надлежен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе координирана полициска акција при што сузбиена е 12-члена организирана криминална група, која подолг временски период ...

Денеска (13.12.2022) во 10.40 часот на улица „Таља Бикова“ во Гевгелија, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија го лишиле од слобода А.Ѓ.(36) од Гевгелија. Тој се сомничи дека на 12.12.2022 во домот на улица „Иво Лола Рибар“ во Гевгелија со остар предмет го нападнал Н.Н.(68) од Гевгелија. ,,Со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом и биле пронајдени траги и предмети поврзани со кривичното дело. Лицето било ...

Најголемата сума од буџетот на министерството за земјоделство во износ од 884,9 милиони денари е наменета за Управата за водостопанство. Со овие средства и во 2023 ќе продолжат започнатите капитални водостопански проекти, соопштија од минситерството за земјоделство ,, Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од ©DRNKA.MK е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. ...

Комерцијална ПР објава Групацијата Трафигура, еден од клучните инвеститори во Еуромакс и во современиот рударски комплекс за бакар „Иловица – Штука“, годинава оствари нето профитот од 𝟳,𝟬𝟮𝟲 милијарди американски долари, што е двојно повисок од минатогодишните резултати. Вкупните приходи на компанијата се зголемени за 38 проценти и изнесуваат 𝟯𝟭𝟴,𝟰𝟳𝟲 милијарди американски долари споредено со 𝟮𝟯𝟭,𝟯𝟬𝟴 милијарди од минатата 2021 ...

Минатата недела за 3,2 пати е зголемен бројот на заболени од грип, во споредба со претходната недела, а највисока инциденца е регистрирана кај возрасната група од 5-14 години, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во периодот од 28 ноември до 4 декември регистрирани се 58 случаи на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип, соодветно за овој период од сезоната, со зголемување за 3,2 пати во споредба со ...

Деновиве почна реконструкцијата на улицата „Крушевска Република“ во Струмица со која ќе се отстрани стариот асфалт од двете страни на поројот за што е ангажирана фирмата Дикор ЦД ДООЕЛ од Струмица која го доби тендерот. Како што соопштија од општината ќе се изврши подобрување на горниот строј на улицата со нов слој на тампонски материјал, по што ќе се изврши асфалтирање на улицата со нов асфалт во два слоја. Увид во градежните работи денеска ...

Општина Радовиш на својата веб страна го објави Предлог Буџетот за 2023 на јавноста која може да направи увид но и да бидат доставени предлози и сугестии. „Сите сугестии и забелешки од јавноста може да се достават на емаил: info@radovis.gov.mk или во архива во Општината, за да може да бидат земени во предвид и имплементирани пред доставување на Предлог буџетот до Советот“, велат од општината. Предлог Буџет на општина Радовиш за 2023 (погледни) ...

Десетина современи украински поети застапени во најновиот двоброј на „Зенит“ број 8-9. Автори кои изминатите десет месеци творат под татнежот на бомбите и под звукот на истрелите, својата најнова поезија со призвук на пркос ја објавуваат во Меѓународното списание за наука, литература, култура и уметност „Зенит“, благодарение на препевот од Звонко Димоски и Игор Станојоски. „Кога војната доаѓа, покосува речиси сѐ пред себе. Но, колку што таа ...

Младиот шахист Мартин Гоцев од Струмица – член на ШК ,,Цареви Кули’’ освои злато и стана Шампион на Отвореното првенство на град Скопје за млади до 8 години. Станува збор за натпреварување во организација на Шаховски Сојуз на Скопје еден од најсилните во земјава што викендов се одржа во ПОУ „Јахја Кемал – Скопје, каде ШК ,, Цареви Кули учествуваше со 10 млади натпреварувачи во категориите до 8, 10 и 12 години. Мартин Гоцев првото место го освои ...

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион го објави тендерот за избор на фирма која ќе ја асфалтира улицата од селото до Црквата Св. Илија во населеното место Радичево во општина Василево. Станува збор за проект за кој парите се обезбедени од Програмата на Бирото за регионален рамномерен развој а како корисник се јавува и општина Василево. Станува збор за улица во должина од околу 330 метри со што ќе се реши пристапот до црквата и ...

Навивачката група на ФК Беласица – Ајдуци, по повод празникот на градот Струмица ,,Св. 15 Тивериополски свештеномаченици,, но и по повод сто години од основањето на ФК ,,Беласица”објавија видео со запалени бакли од стадионот ,,Благој Истатов”. „Една и единствена нашата Струмица како и нејзината најголема гордост ФК Беласица, една целина која ја исполнува душата и срцето на секој струмичанец, засекогаш. Одбележување на сто години гордост на ...

Вчера во 17.00 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на место викано „Чешме маале“ на регионален пат планина Плачковица – Радовиш, Ј.З.(60) од Радовиш управувајќи патничко возило „тојота“ со радовишки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од патот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Радовиш, а увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш. Крадењето авторски ...

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски за време на прес-конференцијата кажа дека дизелот и бензините од полноќ ќе се продаваат по помала цена. Цената на дизелот ќе се намали за 1,5 денари, додека бензинот БС-95 ќе падне за 1 денари, а бензинот БС-98 ќе поевтини за 1,5 денари. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од ©DRNKA.MK е дозволено само делумно и со ...

На свечената седница на Советот на општина Струмица по повод празникот на градот традиционално беа доделени годишните награди и наградата за животно дело „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици”. Наградата за животно дело ја доби поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец и интернационалец Владо Илиевски за особен придонес во областа на спортот. Годишната награда ја добија КУД „Браќа Минкови“ од село Куклиш за особен придонес во ...

Советот на општина Струмица денеска одржа свечена седница со што заврши одбележувањето на патроното на градот Св.15 Тивериополски свештеномаченици. За значењето на овој ден говореше градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. ,,Треба да ја чувствуваме Струмица за своја, треба кон неа да се однесуваме како дел од нас, треба да ја доживуваме како наш трет родител. Да бидеме нејзини чеда, нејзини ќерки и синови, или во најмала рака да го ...

Од ноќеска на полноќ поевтинуваат сите горива, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ). Така, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за дури 5 денари за литар, со што од ноќеска литар дизел гориво ќе се продава по цена од 79,5 денари. Исто толку ќе чини и моторниот бензин ЕУРОСУПЕР БС-98, чија цена се намалува за 4 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува за 3,5 денари за литар и од полноќ на бензинските ...

Радовишката полицијата денеска приведе две лица откако кај нив била пронајдена марихуана. Станува збор за два одделни случаи еден при прегелед на патничко возило додека другиот со извршен претрес во дом со судска наредба. 15 минути после полноќ полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода С.Б. (30) од Радовиш бидејки при преглед на патничко возило „шкода“ со радовишки регистарски ознаки, кое го управувал, ...

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи вчера попладне го лишиле од слобода Р.Ј.(27) од Гевгелија затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана, грутчеста и прашкаста кафеава материја и поголем износ на пари. Како што соопшти МВР, малку подоцна со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом во Гевгелија, при што биле пронајдена импровизирана мини лабораторија со саксии со канабис, како и марихуана и семки од ...

Обвинителството е цел на напади заради политички интереси што се совпаѓаат со оние на Русија, порача Главниот обвинител на Бугарија, Иван Гешев во интервју за бугарски „Капитал“. Според Гешев, главната цел на нападите е преземање контрола врз државното обвинителство, но ваквото совпаѓање на интересите е загрижувачко, пренесува бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg. Многу е интересно како се совпаѓаат некои евроатлантски-ориентирани партии со тоа ...

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски во интервју за емисијата „Hardtalk“ на Би-Би-Си вели дека третите земји, вклучително и Русија, отсекогаш имале свој интерес да имаат замрзнат конфликт на Балканот. Тој додава дека од временска перспектива, има земји каде што се врските и јавното мислење е посилно кон Русија на Балканот и има земји каде ова мислење и ова влијание се помалку значајни. Во интервјуто премиерот вели дека во Северна Македонија ...

Рускиот бизнисмен Евгениј Пригожин призна вчера дека се вмешувал во изборите во САД и порача дека ќе го прави тоа и во иднина. Ова е првото признание за нешто за што Западот долго време обвинува, а доаѓа од личност што беше обвинета од официјален Вашингтон за обиди за влијание во американската политика, јави Ројтерс. Во коментарите што службата за односи со јавноста на „Конкорд“, фирма за кетеринг на Пригожин, објавени на руската социјална мрежа ...

Во постот што го рецензираме односно во насловот на текстот што е споделен, а кој се повикува на агенцијата Ројтерс, се пропушта контекстот кога се вели дека „Украина на секој начин се обидува да почне трета светска војна“. Во оригиналниот напис на Ројтерс каде е пренесена изјавата на секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Алексеј Данилов, нема детали за тоа на што мисли Данилов кога вели „руска трага“. Во текстот ...

Комерцијална ПР објава Групацијата Трафигура, еден од клучните инвеститори воЕуромаксРесоурцеси современиот рударски комплекс за бакар „Иловица-Штука“, објави дека потпишале кредитен аранжман во вредност од 3 милијарди долари гарантирани од Сојузна Република Германија за да обезбеди редовно снабдување со гас. Трафигура, лидерот на глобалниот индустриски пазар со суровини, меѓу кои се и енергенсите, склучи четири годишен кредитен договор во износ ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
39%
1009
weather icon

Белград

24ᴼ / 23ᴼ
2.68
51%
1007
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
73%
1007
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
3.6
49%
1010
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.18
32%
1009
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
2.06
87%
1009
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
3.09
72%
1011
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
2.57
50%
1012
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
2.57
34%
1012
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
2.57
54%
1009
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 26ᴼ
1.54
47%
1005
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
4.63
64%
1012
Currency

61.54

Currency

52.6579

Currency

71.1948

Currency

33.9825

Currency

37.97

Currency

65.1877

Currency

7.33152

Currency

0.65194

Currency

0.35669

Currency

0.52341

Currency

1.28778

Currency

0.60484