Сподели Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски на новинарско прашање за „360 степени’’ истакна дека законот е јасен и тој гласи дека секој електронски документ кој е изработен од државен орган, може да се користи во неговата печатена форма, исто како и оригинален документ. “Претпоставуваме дека ќе постои отпор или незнаење кај одредени институции, затоа имаме двоен пристап, едниот со кој што ќе им објасниме на институциите ...

Сподели Градоначалникот Горан Герасимовски во изјава за Телма потенцираше дека со донесените препораки за забрана за користење мобилни телефони за време на наставата ќе се зголеми квалитетот на образовниот процес во основните училишта на територија на Општина Центар. „Крајот на минатата година заедно со секторот Образование по одржување на неколку состаноци, вклучувајќи ги наставниците, директорите, но и родителите видовме дека има потреба од ...

Сподели Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против А.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ...

Сподели Заменик претседателот на Владата задолжен за политиките на добро владеење, Арбен Фетаи се сретна со програмскиот директор на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) за Северна Македонија и Албанија, Џон Флухарти, со кого разговараше за досегашната соработка и идните планови за работа. Заменик претседателот на Владата Фетаи истакна дека Владата со големо задоволство очекува да соработува со администрацијата на претседателот Доналд ...

Сподели Денеска во Основниот Кривичен суд заврши судењето за предметот „Организатори на 27 април“ и се уважи амнестијата на обвинетите Миле Јанакиески, Трајко Вељаноски, Спиро Ристески и Владимир Атанасовски. Тие беа обвинети за кривичното дело Терористичко загрозување на уставниот поредок, во врска со нападот во Собранието на 27 април 2017 година. Барањето за примена на амнестија поднесена од обвинтетите Трајко Велјановски, Спиро Ристески, ...

Сподели Согласно „Акцискиот план за чист воздух за грејната сезона 2024 – 2025г.“ и задолженијата, Сообраќајната полиција и Мобилната единица за безбедност на сообраѓајот на патиштата (МЕБСП) на Министерство за внатрешни работи во изминатиот месец пристапи кон засилени контроли на возилата што сообраќаат низ градовите во државата. Во доставениот извештај до Работната група за чист воздух на Министерството за животна срдина и просторно ...

Сподели Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Осомничениот 25-годишник, во семејниот дом во Крива Паланка, се обидел со умисла да лиши од живот 22-годишна девојка, пријателка на член од неговото семејство. Во ...

Сподели Изложбата „Дијалог преку уметност“ на професори од Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје и професори од Националната уметничка академија од Софија вечер во 18:00 часот ќе биде отворена во галеријата „Академија“ во Софија. „Дијалог преку уметност“ е втор настан преку кој Националната ликовна академија и Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје ...

Сподели Во Министерството за внатрешни работи беше извршено примопредавање на опрема за поефикасна истрага на местото на настанот во кривични дела кои вклучуваат оружје. Опремата ќе се користи првенствено од Одделот за форензички испитувања и единиците за истрага на местото на настанот во Секторите за внатрешни работи низ целата држава. Опремата е донирана во рамките на проектот „Зајакнување на капацитетите на системот за форензика и истрага ...

Сподели ДУИ ја изразува својата најдлабока огорченост од невидениот и нечовечки говор на пратеникот од Влен во Собранието, кој употреби навредлива и неприфатлива реторика кон лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Овој говор не претставува само деградација на политичката дебата, туку ги потресе чувствата на многу граѓани кои со право вчера ја изразија својата огорченост и одбивност кон ваквото однесување. ДУИ го повикува Влен јасно и веднаш да се ...

Сподели Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, вчера оствари работна средба со амбасадорот на Република Австрија, Н.Е. Мартин Памер. На средбата беше потврдена одличната соработка помеѓу нашите две пријателски земји вклучително и соработката помеѓу министерствата за внатрешни работи и заедничката посветеност кон остварување на регионалната и глобалната безбедност. Како надоврзување на вчерашниот состанок во ЦУК една од главните теми ...

Сподели Заменик претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска имаше средба со делегација на ОБСЕ од Одделението за организираниот транснационален криминал и корупцијата, предводена од проектниот офицер, Мерима Абдиќ, на која беше разговарано за спроведување на проектот за зајакнување на напорите за поврат на имот во регионот на ОБСЕ. Госпоѓата Абдиќ го презентираше проектот и подвлече борбата против ...

Сподели Вчера на 83-годишна возраст почина познатиот македонски сликар и филмски работник од областа на документаристиката, Коле Манев. Телеграма со сочувство до семејството упати министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, во која наведе дека делата што тој ги создаваше претставуваат значаен придонес во богатата македонска уметничка ризница. „Неговото долгогодишно творештво и посветеност на уметноста оставија неизбришлива трага во ...

Сподели Во Понеделник, 27 Јануари, во 20 часот, во Кафе-книжарница Буква ќе се одржи мултимедијална промоција на новиот роман на Натали Спасова, именуван “Не ѝ верувај на баба ти”. Ова е четврт роман на Натали, по Прва љубов во розевата улица, Запалка и Двете Принцези, кои се веќе преведени на Украински, Српски, Бугарски и Англиски јазик. Спасова се јавува исто така и како драматург на театарските претстави The Visitor, Dreamcatcher, The ...

Сподели Под мотото „Создавање на ликовите од страна на читателот“, денеска (22 јануари) во 18:00 часот во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи промоција на книгата „Дијалози“ од Коста Бојчески. Промотор ќе биде Виктор Јованоски, а водител на настанот е Александар Еленин. Со своја автентична сценска изведба на некои од дијалозите, настанот ќе го облагородат прилепските актери Даниела Иваноска и Димитар ...

Сподели Вчера, елегитимната Влада го прекрши не само Уставот на Република Северна Македонија, туку и Охридскиот договор и Законот за јазиците. Усвојувањето на измената на Законот за заштита на децата, во која се утврдува дека лиценците ќе се издаваат на албански јазик само на барање на корисникот, е акт кој ја минимизира важноста на албанскиот јазик, намалувајќи го од службен и задолжителен јазик до опција што се нуди само на барање, со што ...

Сподели Во Охрид се во тек обемни зафати за санација и реставрација на „Куќата на Робевци“, еден од најзначајните и најрепрезентативни објекти од старата градска архитектура. Станува збор за еден од најголемите проекти на НУ Завод и музеј – Охрид, за кој досега се издвоени три милиони денари, а реконструкцијата е предвидено да биде заокружена некаде до крајот на март годинава. Директорот на охридскиот Завод и музеј, Горан Патчев, појаснува ...

Сподели Кога ќе се спомене ДУИ, не можеме да мислиме друго освенна злоупотреби и корупција. Сакаме да ја информирамејавноста за едно важно прашање поврзано со економскатаактивност на компанијата “Еверест ЈД“ ДООЛ, која е восопственост и управувана од Дрин Ахмети, внук на лидеротна ДУИ нон грата, Али Ахмети. Според достапнитеинформации, ова компанија не го платила концесискиотнадоместок за експлоатација на минерални суровини налокацијата ...

Сподели Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на вчерашниот ден подигнаа и транспортираа 45 кубни метри непрописно одложен отпад од картонски пакувања во скопските општини Кисела Вода, Центар и Чаир. Во општината Кисела Вода е интервенирано на улиците Фредерик Шопен, Димо Хаџи Димов и Томе Арсовски, каде што се подигнати вкупно 20 кубни метри отпад од картонски пакувања одложени на јавни површини. Во општината Чаир се отстранети ...

Сподели Министерството за здравство информира дека во целост е завршена монтажата и инсталирањето на системот за компримиран воздух на комплекс клиники „Мајка Тереза“-Скопје. Монтирани и инсталирани се три компресори со потребната придружна опрема (резервоари, сепаратор, автоматски одвојувач на конденз електронски контролиран, циклонски сепаратор отстранување на влага и масло на излезен степен од компресор и друга опрема). Исто така, ...

Сподели “Борбата дома е борба којашто ние ќе ја водиме, борба за подобра инфраструктура, подобро здравство, поквалитетно образование, конкурентна економија, и тоа го правиме откако сме избрани како Влада, но таа борба за еден од нај малубројните народи во Европа, не е доволна. Треба да победуваме и во Вашингтон, Брисел, Берлин, Лондон, Париз, Рим и други светски метрополи ако сакаме македонското прашање конечно да добие своја разврска бидејќи ...

Сподели Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека Општина Центар донесе низа препораки кои основните општински училишта имаат прифатено да ги спроведуваат со цел зголемување на безбедноста на учениците и подобрување на образовниот процес во центарските училишта. „Сите основни училишта на територија на општината прифатија да се забрани користење на мобилните телефони од почеток до крај на наставата, а носењето на втор мобилен телефон ...

Сподели На 21.01.2025 во 21.20 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(37) од с.Пирок, тетовско, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 21.01.2025 во 22.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за ...

Сподели Во текот на изминатата недела царински службеници и мобилни тимови спречија обиди за криумчарење лекови, медицински игли, облека и обувки. -Мобилен тим спречи обид за шверц на 2220 парчиња лекови и тоа: таблети Jardiance од 25 мг – 780 парчиња, инсулин Sanofi Lantus Solostar 100 u/ml – 40 парчиња, таблети Xarelto 15 мг – 728 парчиња и таблети Eliquis 5 мг – 672 парчиња. -1.100 медицински игли за мерење шеќер во крвта се откриени од ...

Сподели На концертот „Филхармонија на кирилица“ во Скопје, што ќе се одржи на 23 јануари од 20 часот, нема да свири пијанистката Нина Костова, која го откажа својот настап од здравствени причини. „Сите кои имаат купено билети за првичната програма на овој концерт, а не сакаат да присуствуваат на променетиот концерт, можат да ги вратат на билетарницата на Филхармонијата. Поради краткото време за наоѓање друг солист, на овој концерт ќе биде ...

Сподели Македонскиот народен театар со особена чест и задоволство ве поканува на сеќавањето во чест на актерот Кирил Псалтиров, што се одржува во рамките на чествувањето на 80 години Македонски народен театар. Кирил Псалтиров беше актер кој долги години беше дел од театарот и за чија харизма и вештина останува да се зборува и денес. Сеќавањето ќе се одржи денес, во 12:00 часот, во фоајето на Македонскиот народен театар. Тој беше еден од ...

Сподели Утре, на 22 јануари во 12 часот во ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани ќе биде промовирано изданието „Писма од Љубомир Милетич до Афанасиј М.Селишчев (историја на една мистификација)“ од еден од авторите, д-р Бранислав Светозаревиќ. После промоцијата ќе биде отворена изложбата „АСНОМ-израз на суверената волја на македонскиот народ за остварување на неговото право на самоопределување“ од д-р Јасмина Дамјановска, една од авторите. Изложбата ...

Сподели Деведесет Јавни комунални претприја, преку АДКОМ-Здружение за даватели на комунални услуги на Република Северна Македонија со дописи до Владата на РСМ, Регулаторната комисија за водни услуги и услуги за управување со отпад и Министерство за енергетика упатија барање за повластена цена на електричната енергија за Јавните комунални претпријатија. Овие претпријатија се најголеми чувари на здравјето на луѓето и заштитници на животната ...

Сподели Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против С.Б. – началник во Одделение за прекуграничен криминал, миграции, странци ...

Сподели За време на посетата на САД, во Вашингтон, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски оствари повеќе активности и средби со истакнати личности од американскиот политички, општествен и економски живот. Претседателот на Владата Мицкоски имаше вечера со Девин Нунес, претседавач со советодавното тело за разузнавање на претседателот Доналд Трамп и извршен директор на Трамп медиумската корпорација, Џон Битов ...

Повик

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1024
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
0.51
92%
1022
weather icon

Загреб

4ᴼ / 2ᴼ
2.57
93%
1024
weather icon

Софија

2ᴼ / -3ᴼ
0.0
69%
1024
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.77
97%
1025
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
93%
1025
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
0.89
84%
1021
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1021
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
0.0
93%
1022
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
0.89
88%
1025
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
0.45
92%
1023
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
4.12
82%
1023
Currency

61.545

Currency

52.5545

Currency

70.2721

Currency

34.7087

Currency

38.105

Currency

66.036

Currency

7.46434

Currency

0.65313

Currency

0.33427

Currency

0.52444

Currency

1.22773

Currency

0.5864

Родиум

258813.51

Платина

64479.52

Алуминиум

2.95

Паладиум

54591.97

Кобалт

58.42

Цинк

3.04

Рутениум

29192.88

Калај

43.93

Злато

139515.92

Бакар

11.07

Иридиум

145787.60

Сребро

2159.01