
Скопје
7ᴼ /
7ᴼ



Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека во периодот од денеска, 9 до 13 јануари (од вторник до сабота), поради официјална посета на делегација предводена од Н.Е. Абдулах Бин Мухамед АлШеикх, претседател на Собранието на Кралството Саудиска Арабија – Меџлиси Ал Шура, СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. Со посебниот режим кој ќе го спроведе Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе ...
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски присуствуваше на Архиерејска литургија по повод празникот Христово раѓање – Божиќ во Соборниот храм „Свети Климент Охридски” во Скопје, од каде во име на Владата и МВР на сите граѓани им го честиташе големиот христијански празник и им посака многу здравје, среќа и единство. “Дозволете во свое и во име на МВР да ви го честитам големиот христијански празник Божик – Рождество Христово, со желби за ...
Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, во чест на големиот христијански празник, Рождество Христово – Божиќ, во име на Владата и во свое име, упати телеграма со честитки до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, до Светиот архиерејски синод, свештенството и монаштвото и до сите граѓани кои денеска празнуваат. „Раѓањето Христово – Божиќ, секоја нова ...
Претседателот на Собранието Талат Џафери на сите припадници на православната вероисповед, упатува искрени честитки по повод големиот христијански празник, Христовото раѓање – Божиќ, со желби празникот повторно да ги собере околу себе семејствата, пријателите, соседите и познаниците за дружење, споделување среќни мигови и заедничка трпеза. “Почитувани граѓани, припадници на православната вероисповед, Дозволете од име на пратениците во ...
Судот потклекна под притисокот на ДУИ и не определи притвор за насилниците од ДУИ кои неовластено упаднаа во контролната кула за летање, физички нападнаа контролори и ја загрозија безбедноста на воздушниот сообраќај, се наведува во соопштението на Демократскиот сојуз. Ако за ова тешко кривично дело нема притвор за насилниците кои можат да го повторат делото, да влијаат на сведоците или да ја напуштат државата (сите имаат повеќе пасоши и други ...
Инспекциските служби на Центар спроведуваат засилени надзори и контроли на територијата на општината за справување со аерозагадувањето и оставањето градежен отпад. Контрола е извршена на повеќе активни градилишта во Буњаковец, Центар, Кале и Пролет, при што се изречени глоби на субјекти кои не ги почитувале мерките за одржување на градилиштата на начин што нема да ја загадува и деградира урбаната средина. Надзор е спроведен на локацијата на ...
Русија почна да користи балистички ракети обезбедени од Северна Кореја за да ја нападне Украина, соопшти Белата куќа. Вашингтон, исто така, тврди оти Русија преговара со Иран за купување балистички ракети со краток дострел, јавува Гардијан. Проценката на американските разузнавачки служби е дека иранските ракети сè уште не пристигнале во Русија, но оти ќе биде постигнат договор. Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги пречека коледарчињата од градинката „13 Ноември“ кои со песни и џагор утринава затропаа во неговиот кабинет, возбудени и весели. “Ги пречекавме и ги угостивме нашите мали пријатели, предвесници на Христовото раѓање и големиот празник Божиќ. Како што е редот, добија пакетчиња полни со слатки задоволства. Коледарските песни утре нека се пеат и пред домовите. Да си ја почитуваме и ...
Околу 1000 охриѓанчиња ќе бидат дел од годинашната Бадникова поворка што по традиција ќе се одржи на Бадник оваа сабота, ден пред големиот христијански празник Божиќ. Пеејќи ја возобновената христијанска песна Вечниот Бог, со ѕвезди во рака коледарчињата ќе го најават Христовото раѓање. Поворката тргнува утрото во 10:30ч. од црквата Св. Георги – Горна Влашка Мала и ќе се движи по ул. „Јане Сандански“, булевар „Туристичка“ и охридската чаршија. ...
На 04/05.01.2024 година, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во содејство со ОСПО, а во координација со јавен обвинител од ОЈО ГОКК, по добиени наредби за претрес од Основен кривичен суд, Скопје, извршени се претреси во три угостителски објекти, од кои два на подрачјето на СВР Тетово и еден на подрачјето на ...
Во врска со вчерашните изјави во јавноста со кои се отвораат дилеми околу ништавноста на сите акти донесени во периодот од изборот на Сашко Георгиев за претседател на Судскиот совет на РСМ до моментот на давањето на негова оставка, а во врска со донесената правосилна и извршна пресуда на Управниот суд, Судскиот совет има потреба да се произнесе со став дека сите акти донесени во овој период се во правна сила. Со пресудата на Управниот суд не ...
Денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец декември 2023 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 5 јануари 2024 година. Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на ...
МАКЕДОНИЈА – Денеска ќе биде променливо облачно, по котлините долж Повардарието магливо. Попладне облачноста ќе се зголеми. Преку денот ќе дува слаб ветер од јужен правец. Во Скопје претежно магливо, околу пладне маглата делумно ќе се намали. Утре, времето ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со услови за појава на утринска магла. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и на планините повремено засилен ветер од југоисточен правец (над ...
Славе Ѓорѓо Димоски е авторот на поемата „Денес“, избрана како најдобра поема за наградата што секоја година ја доделува Националната установа – Центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид. Наградата на лауреатот ќе му биде врачена во рамки на манифестацијата „Прличеви беседи“ што се одржува на почетокот на февруари. Одлуката за изборот на најдобрата поема донесена е едногласно од страна на Комисијата составена од Милован Стефановски – ...
Со серија консултации и работилници кои се одржаа во периодот од 18 до 23 декември во Скопје и Дојран се заокружија активностите за 2023 година во рамките на проектот „Поддршка за Поглавјето 24 – Финансиски истраги“, кои овозможуваат размена на најдобри практики меѓу Република Северна Македонија и Република Словенија, взаемни обуки и јакнење на капацитетите кои придонесуваат за развој на процедурите за борба против организиран криминал и ...
За време на божиќните празници, односно на 6, 7 и 8 јануари (сабота, недела и понеделник), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред. Од вторник (9.01.2024 год), автобусите ќе продолжат да сообраќаат вообичаено, по редуциран делничен зимен возен ред кој важи до крајот на зимскиот училиштен распуст. РАБОТНО ВРЕМЕ на БИЛЕТАРНИЦИ На 7 јануари (недела) за сите билетарниците и центри за персонализација ќе биде неработен ден, а на 6 и 8 ...
Христос е нашиот мир, Кој нè измири со Својот Отец, преку Своето воплотување. Возљубени празникољупци, Со раѓањето на Синот Божји – Господ Исус Христос, Божјата светлина го огреа сиот свет. Бог Словото слезе на земјата и стана Човек, за да го обнови единството на Бога со човекот, зашто, според зборовите на свети Григориј Богослов, пред овој спасителен настан се беше отворила „голема и непремостлива провалија“[2], меѓу Создателот и првиот ...
На иницијатива на Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, во консултација со министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, а согласно состојбите во М-НАВ, на следната седница на Владата, закажана за вторник, 09.01.2024 година, за решение на постоечката ситуација ќе бидат предложени и донесени неколку одлуки: 1. Целото раководство и сите членови на Управниот одбор да бидат разрешени, 2. ...
Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07), 7 јануари, Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, односно 8 јануари (понеделник) 2024 година е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, им го честита Божик на граѓаните од православната вероисповед. ...
Советот на Општина Карпош денеска повторно заседаваше, каде советниците ги разгледуваа и одлучуваа за точките кои се најдоа на Дневен ред на продожението на 37-мата седница. Во рамки на денешната седница, советниците со мнозинство гласови го поддржаа новиот Буџет на локалната самоуправа за 2024 година. Во таа насока, Министерството за финансии ја извести Општината дека максималниот износ на сопствените приходи на основниот Буџет за 2024 година ...
Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје за продолжување мерка притвор против 5 лица, донесе решенија со кои: Предлогот за продолжување на мерката притвор се прифаќа и на : В.М., В.К., Б.В. за кои постои основано сомнение за две кривични дела Убиство од чл. 123 ст.2 т.1 и т.4 и чл. 123 ст.2 т.1 и т.7 од КЗ, и две кривични дела Грабнување од чл. 141 ст.1 и чл. 141 ст.2 ...
Во врска со дезинформациите кои се пласираат во одредени портали во врска со извршениот службен разговор со А.Т., вработен во МНАВ, ја информираме јавноста дека Министерството за внатрешни работи постапува како и секогаш, согласно законските обврски. Секогаш кога ќе биде поднесена пријава од граѓанин за заканување или заплашување, МВР го поканува лицето против кое е поднесена пријава за да се изврши службен разговор. Тоа е направено и во ...
Дружењето во 2024 “Прв до врв” го започнува со традиционалното искачување до врвот на Водно на Бадник, на 6 јануари. “Ги покануваме сите пријатели на Прв до врв, спортските ентузијасти и љубители на планината, планинари, велосипедисти и рекреативци, да ни се придружат на заедничко одбележување на Бадник, на Водно. Заедно ќе кршиме лебче со париче за да добиеме нов кум, а кумството ќе го предаде кумот за изминатата година. Традиционално, со ...
Алкалоид АД секогаш се стреми да ги регрутира најдобрите кандидати на пазарот на труд, без оглед на тоа за која позиција станува збор Посебно ми е драго што во специфични услови на функционирање, особено во изминативе три кризни години, успеавме да ги осигуриме пласманите на сите пазари каде што сме присутни Aлкалоид наскоро ќе одбележи 90 години од своето постоење. Како успевате да го задржите и одржите врвот во фармацијата на национално ...
Филмскиот карван на Кинотеката, Кино утро, ќе почне на 9 јануари со играни и анимирани филмови за најмладата публика. До 18 јануари, од 12 часот, ќе се прикажува телевизискиот серијал од 10 епизоди „Зоки Поки“, кој е адаптација на лектирата од писателката Оливера Николова. – Најмладата генерација филмофили од 13:00 часот, пак, ќе има можност да ги проследи: новите авантури на „Нинџа желки: Мутантски хаос“, норвешкиот „Титина“, германскиот ...
МАКЕДОНИЈА – Денеска ќе биде променливо облачно, вдолж Повардарието и по одделни котлини со појава на магла. Од пладневните часови во западните и северните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен до југозападен правец. Температурата ќе се движи од -2 до 16 степени. Во Скопје променливо облачно и наутро магливо, претежно во пладневните часови краткотрајно ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Вдолж Повардарието има магла со видливост до 100 м. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со ...
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска беше во работна посета на Општина Вевчани, каде што со градоначалникот Спасе Кочовски потпишаа договор за финансирање на традиционалната манифестација „Вевчански карневал 2024“, еден од најстарите европски и први карневали во државава, зачленет во Светската карневалска федерација. Костадиновска-Стојчевска во изјавата за медиумите нагласи дека оваа година, со 1,8 милиони денари, една од ...
Во текот на изминатата недела, од 25 до 31 декември, преземени се засилени оперативни мерки и превентивни активности од страна на МВР, во функција на поголема безбедност на граѓаните: -Приведени се околу 50 лица по разни основи, за недозволена трговија со дрога, нарушување јавен ред и мир, непријавен престој во државата, трговија со пиротехнички средства (запленети околу 44.000), фалсификуван зелен картон за возила, поседување оружје без ...
Вработените во општина Карпош излегоа на протест против недонесувањето на Буџетот. “Причина за тоа е несовесното и противзаконско работење на дел од членовите на Советот, поточно на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, Роберт Вељановски, Марјан Стефановски, Адријана Јакимовска Панчевска, Благица Цветановска, Христо Саракинов и Давор Грче, како и членот на Советот од Независните за Карпош, Невена Георгиевска и претседателот на ...