
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Сподели Денеска (10.11.2024) полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода Ф.Ј.(28) од Радовиш, кој бил баран со потерница поради бегство од Затвор Куманово. Ф.Ј. е осуден на затворска казна во траење од пет години и 10 месеци за сторени кривични дела „тешка кражба“, „загрозување на безбедноста во сообраќајот“ и „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“, а имал за доиздржување две години, четири месеци ...
Сподели “Ако ненормалноста ни станува неопходна, многу брзо пропаста ќе ни стане неизбежна” – кажа еден познат мислител! Наспроти очекувањата за неизвесност за тоа кој ќе победи, американските демократи претрпеа незапамтен трикратен пораз (за претседател, за сенат, за претставнички дом). Оттука паниката во ЕУ е сосема оправдана. За време на првиот мандат на Трамп, Европа сепак беше во многу посилна кондиција. Тогаш германската канцеларка ...
Сподели Новиот роман од популарниот автор – ќе биде промовиран на 14 ноември (четврток) во 20 часот, во дансинг-салата на Младинскиот културен центар – Скопје. Книгата, која е во издание на „Попули“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе ја промовира Татјана Алексиќ, а модераторка на настанот ќе биде уредничката Татјана Димовска-Атанасова. Специјална гостинка, во улога на Сирма ќе биде младата актерка Јована Спасиќ. По промоцијата, забавата ќе ...
Сподели Со изведба на операта во четири чина „Боеми“ од Џакомо Пучини во режија на Дејан Прошев, во Националната опера и балет започна одбележувањето на 100-годишнината од смртта на Џакомо Пучини. Изведбата е дел од проектот „Месец на Пучини“ во кој ќе бидат изведени и други негови дела. Претставата е доловена преку масивната сценографија на Зоран Николовски и колоритната костимографија на Марија Пупучевска, концерт-мајстор е Верица ...
Сподели На 82 години почина Јанис Бутарис, некогашниот градоначалник на Солун по потекло од Крушево. Тој беше 60-ти градоначалник на општината Солун, а пред 11 години првпат како градоначалник дојде во официјална посета на Македонија. Екс градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов ја објави трагичната вест за смртта на поранешниот градоначалник на Солун, Јанис Бутарис. „Вечерва загубив добар пријател, голем човек, космополит, визионер. Со луѓе ...
Сподели Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција во координација со Единицата за недозволена трговија и ЕУМНА при СВР Скопје презедоа опсежни истражни дејствија во врска со настан од 02.10.2024, кога на ул. „Ѓурчин Кокале“ во Скопје беше пронајдено патничко моторно возило „мини“ и при извршен претрес на 02.10.2024 околу 01 часот, по претходно обезбедена судска наредба, во возилото се пронајдени 6,2 килограми марихуана, 442 ...
Сподели Околу две илјади бездомни кучиња од девет општини во Вардарскиот регион ќе бидат хумано третирани во наредниот период во новоизградениот регионален центар во Кавадарци, што се очекува да почне со работа при крајот на овој месец. Од новоформираното јавно претпријатие – Регионален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство Стационар Шепа Кавадарци за МИА велат дека на тој начин се очекува да се реши долгогодишниот ...
Сподели Судијката на Уставниот суд, м-р Татјана Васиќ Бозаџиева се обрати на Панелот за „Правно советување за современи теми ‘одлуки на Уставниот суд vis – a – vis одлуки од редовно судство” на Годишната меѓународна конференција со која се одбележаа 73 години од основањето на Правниот факултет „Јустинијан Први”- Скопје. Во своето излагање истакна дека дебатата за надлежноста на уставните судови да укинуваат/поништуваат неуставни одлуки на ...
Сподели Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и пратеникот Миле Цеков, го пуштија во функција хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“ со кој од бунарите на Ѓавато се врши дотур на вода во Дојранското Езеро. Имено, на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање, неодамна Владата ја усвои информацијата за ставање во функција на овој хидросистем и после ...
Сподели На 28 ноември, во 20 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена изложбата „Прекршено време. И светот се пресоздава од тоа што го заборава“ Куратори на поставката се: Ивана Васева, Благоја Варошанец, Софиа Григориаду, Ива Димовски, Владимир Јанчевски и Нада Прља. Генерална идеја за изложбата е преку контекстуален и критички пристап кон делата во колекцијата да се преиспитаат историски и критички теми, како што ...
Сподели На конкурсот за идејно решение за новата управна зграда на Општина Центар – Скопје, стручната комисија составена од претставници на релевантни институции од струката, образовни институции од областа, како и стручни лица од општинската администрација, избра три најуспешни идејни архитектонски решенија од вкупно 13 пристигнати трудови: Првата награда е доделена за идејното решение под шифрата „НАМАТ“ на: Нина Карангелеска-Тодоровска, ...
Сподели Денеска 8-ми ноември 2024 година, се одржа првата седница на Советот за координација на активностите поврзани со членството на Република Северна Македонија во НАТО, во новиот состав на Владата. Седницата ја водеше претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во својство на претседавач на Советот, на која присуствуваа сите членови на Советот, како и амбасадорите на земјите членки на НАТО во земјата на негова покана. Претседателот на ...
Сподели „Денеска овде во Будимпешта во присуство на европската политичка заедница имавме навистина квалитетен работен ден којшто изобилуваше со многу работни средби со европските државници. Бев придружуван од страна на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министерот за европски прашања Орхан Муртезани и делегацијата којашто ја сочинуваат членови на мојот кабинет, мојот советник за надворешни работи, ...
Сподели На последниот ден од Генералното Собрание на ИНТЕРПОЛ, кое се одржува оваа недела во Глазгов, Обединетото Кралство се одржаа избори за позициите потпретседатели на ИНТЕРПОЛ за Америка и Африка, како и делегати на извршниот комитет на ИНТЕРПОЛ за Европа, Америка и Азија. Македонската делегација предводена од Директорот на БЈБ Александар Јанев учествуваше во процесот на изборите за наведените позиции. Од страна на нашата делегација беа ...
Сподели Во борбата со подземјето на Бугарија и Србија, длабоко вкоренето во индустријата на игрите на среќа од страна на Артан Груби и неговите пиони, не можат да се спречат со неосновани обвинувања и клевети,“ реагираше првиот заменик-претседател на владата, Изет Меџити, по обвинувањата од ДУИ дека токму Меџити и Таравари целосно се ставиле во служба на монополот на српско-бугарската приватна компанија и директорот на Лотаријата Александар ...
Сподели Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за интервју на Алфа ТВ на прашање за акцијата во којашто паднаа двајца поранешни полициски службеници коишто издавале службени тајни на една од групите од подземјето, истакна дека преку ЕУРОЏАСТ, МВР и Обвинителството имаат добиено голем број докази поврзани со организиран криминал и корупција добиени преку апликацијата SKY која ја користеле криминалните групи и нивните доушници за ...
Сподели Изложбата „Од семејно кон институционално културно наследство – семејство Шабан“ на Музејот на македонската борба за самостојност утре (8.11.2024 г.) ќе гостува во македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул. Ќе бидат изложени 15 изложбени паноа, со текстови и фотографии од предмети на семејството Шабан, драгоцена донација на музејскиот фонд. Автор на изложбата е Елизабета Марковска, кустос етнолог, а соработници за ...
Сподели Новото национално координативно тело, за прв пат формирано во мандатот на една Влада, започна со работа и ќе има задача да работи на подигнување на девастираниот високообразовен систем и да обезбеди понатаму одржливост на квалитетот, како и да ги подобро вложувањата во науката и условите за научно истражувачка работа во државата. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска по одржувањето на ...
Сподели Советот на Народната банка одржа редовна седница на која беше разгледан и усвоен најновиот Квартален извештај во чии рамки се вклучени и макроекономските проекции на Народната банка. По усвојувањето на Извештајот, гувернерката ги претстави макроекономските проекции пред јавноста, на конференцијата за печатот. Макроекономската слика за македонската економија во овој циклус проекции не е значително променета во споредба со априлските ...
Сподели Барате начин како да им помогнете на кучињата од Лајка да го најдат својот дом? Бидете херој на бездомните кучиња така што ќе ни се придружите на нашиот Отворен ден, кој го организираме со нашите поддржувачи Tito’s Handmade Vodka, на кој ќе се сликате со кучето што ќе го одберете, а фотографијата ќе ја споделите на стори на вашите социјални мрежи и ќе ја означите @jplajka! Детали за настанот: Датум: 16. ноември 2024г. Време: 11:00 – ...
Сподели „Моцартовите перипетии“ е насловен концертот што ќе се одржи вечер (7 ноември) од 20:00 часот во Филхармонијата, на кој како солист и диригент ќе настапи Сергеј Малов од Русија. На програмата се дела од Моцарт и од Чајковски. Рускиот виолинист Сергеј Малов е еден од славните виртуози во светот на класичната музика денес. Тој настапувал со повеќе оркестри, меѓу кои: Би-би-си оркестарот во Лондон, Лондонскиот филхармониски оркестар, ...
Сподели На 06.11.2024 околу 06.30 часот на брегот на Охридското езеро во близина на Охрид, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро ги лишиле од слобода З.В.(62) и М.П.(43), двајцата од Охрид. Претходно, тие биле забележани како пловат со кајче во водите на езерото, а откако го извлекле кајчето од езерото од него извадиле три пластични корита со мрежи и риба со тежина од околу 14 килограми. Притоа, тие се ...
Сподели Пожарите кои непрекинато беснееја ова лето, не само што опустошија големи површини од шумите во Македонија, туку, исто така, ги зголемија сомнежите околу можноста тие да се подметнувани, со што се наметнува темата за преземање на решителни чекори за мерки кои истовремено, би помогнале за заштита на животната средина и за спречување на ваквата злоупотреба, пишува Бојан Лазаревски за Рес публика. Уште едно лето помина каде пожарите ...
Сподели Огромно признание за македонската полиција која рамо до рамо со полициите од преку 116 земји низ светот, успешно, професионално и посветено преземаа мерки во рамки на операцијата LIBERTERRA II на ИНТЕРПОЛ, која беше промовирана во текот на Генералното собрание во Глазгов, Обединетото Кралство. На почетокот на октомври 2024 година, нашето Министерство за внатрешни работи беше домаќин на Европскиот оперативен штаб, воспоставен во рамки ...
Сподели Камерниот оркестар „Скопски солисти“ вечер во камерната сала на Филхармонијата со почеток во 20 часот ќе одржи концерт со наслов „Волшебна музика“. Како солист со Камерниот оркестар ќе настапи пијанистката Марија Ѓошевска, а диригент ќе биде Бисера Чадловска. На концертот ќе бидат изведени дела од Перголези, Моцарт, Барбер, Илин и Шостакович. Камерниот оркестар „Скопски солисти“ се појави на македонската музичка сцена во 2000 година. ...
Сподели Во рамките на програмата за одбележување на јубилејот „80 години Народен театар – Битола“ ќе гостуваат Македонскиот народен театар, Драмскиот театар од Скопје и Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес. Првото гостување е на 7 ноември, со почеток во 20 часот, кога на сцената во Битолскиот театар ќе настапи МНТ со претставата „Бели ноќи“ работена според истоимениот сентиментален роман на Ф. М. Достоевски, во режија на ...
Сподели Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на ветувањето за поголеми плати во образованието, рече: „Да, да, па од овој месец треба да се, платата во основното и во средното образовани да биде повисока за 5 проценти, мислам сега во ноември за октомври, практично таа што е исплатена. Во април 25-та, практично од мартовската плата ќе бидат за дополнителни 7 проценти. Април 26-та, 7,5 ...
Сподели Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска присуствуваше и ја отвори годинешната конференција на Македонското здружение за енергија од обновливи извори, МАРЕС. Меџити во своето обраќање ја истакна важноста на Зелената агенда за Западен Балкан како пресвртница за регионот, но и поединечно за земјите, поради можноста што ја нуди за голема координирана трансформација на регионот. ‘Со ...
Сподели Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, г-н Трајан Ангелоски, денеска ја отвори Првата меѓународна коучинг конференција во Скопје, на која ја истакна важноста на лидерството и коучингот како централни столбови за успешен развој и напредок во бизнис-секторот. “Соочени со реалност полна со предизвици – одлив на таленти, економски и политички турбуленции, финансиски кризи и постојаните промени на глобално ниво – ...
Сподели Ефикасниот правосуден систем не е само еден од главните предуслови за создавањето на поволна инвестициска и бизнис-ориентирана средина, туку и клучна претпоставка за борба против криминалот и корупцијата, и гаранција за основните човекови слободи и права, рече министерот за правда Игор Филков на отворањето на 15-тата сесија на Националната конвенција на ЕУ во РСМ. Главен аспект пак на ефикасноста, според министерот е должината на ...