
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Сподели Во текот на вчерашниот ден на хируршките клиники e изведена уште една трансплантација на органи од починат донор. Благодарение на хуманиот чин, храброста и емпатијата на едно семејство кое одлучи да даде согласност за донирање на органите од свој близок, двајца пациенти со ретка крвна група добија бубрег и ќе продолжат да живеат нормален живот, без потреба од дијализа. -Во тек на изминатото деноноќие извршивме трансплантација од ...
Сподели Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице од Богданци за кое постои основано сомнение дека извршило продолжено кривично дело – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. Прибраните докази упатуваат на сомнение дека осомничениот, се соблекувал и го вршел наведеното дело неколку пати пред деца кои не ...
Сподели Имено, трите клучни аргументи на заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски беа прифатени. Прво, мора да има заеднички проект за тунелот со цел да не се гради тунел кој не води никаде, понатаму Бугарија да го заврши својот дел од пругата и трето да се ревидира цената која е превисока како и ревидиирање на самиот проект. По проценката на ризиците, изградбата на тунелот за железничко поврзување меѓу ...
Сподели Во сабота почнуваат конкретните активности за изградба на автопатот Прилеп – Битола, проект кој целиот Пелагонски регион го очекува. Автопатот ќе биде модерен со вкупно шест ленти, со по три ленти од двете страни и помошен алтернативен пат. За три години ќе имаме нов модерен автопат кој ќе донесе економски развој на Пелагонискиот регион, одговори заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на ...
Сподели Европската комисија го објави „Пакетот за проширување“ за 2024 година, кој го вклучува Извештајот за напредокот на Република Северна Македонија на европскиот пат. Во најновиот извештај за напредокот на земјата се наведува дека Република Северна Македонија мора да го интензивира темпото на реформите поврзани со Европската унија, да ја зајакне довербата во правосудниот систем и да ја исполни преземената обврска за комплетирање на ...
Сподели Со лабораториски наод од Националниот институт за храна и ветеринарство при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје (ФВМ) од 28.10.2024 година, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), потврди нов случај на болеста високо патогена авијарна инфлуенца H5N1 (птичји грип) кај 1 угината дива птица – гуска во резиденцијалниот комплекс Свети Јован во скопско Злокуќани. Направено е лабораториско тестирање на 2 живи птици (лебеди) кај ...
Сподели Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на собраниската седница за пратенички прашања одговарајќи на прашање од пратеникот Димитар Апасиев му порача дека од истата држава со новото уставно име тој зема плата, ја финансира партијата, но и истата Апасиев и неговите сопартијци ја потпишуваат кога поднесуваат амандмани во Собранието. „Сериозно е дека фактот дека водиме држава, од истата таа држава од која ти земаш плата и добиваш ...
Сподели Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека за ДУИ ветингот е ставот, но позади завесата е тефтерчето од Мала Речица од каде доаѓаат одлуките, при што потенцираше дека започнуваат реформите во судството и обвинителството и тие конечно ќе бидат ослободени. „За Уставниот суд, мислев дека се шегувате, кога ќе го види човек на Уставниот суд мислев дека е провоаприлска ...
Сподели Вечерва во Граѓански ресурсен Центар – Скопје, Мини ретрит Мајка на себе си! “Премногу сум благодарна за неверојатниот одговор и за секоја од вас која се приклучи на овој круг на грижа, исцелување и самосочувство. Заедно, ќе создадеме безбеден простор за да истражиме што навистина значи да си мајка себеси, соочувајќи се со старовековните нормализирани а токсични обрасци и прифаќајќи ги благословите на самољубието и нежноста. Овој ...
Сподели Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната седница за пратенички прашања, потенцираше дека кога СДСМ и ДУИ биле на власт незаконски ги следеле лично него и ВМРО-ДПМНЕ и тоа со дронови, но им порача дека за сите тие оперативно технички состојби ќе има одговорност и затоа е стравот сега кај истите кои следеле и нарачувале. До поранешниот министер за внатрешни работи кој е тука, до него не допираше гласот, но затоа се дигаа ...
Сподели Еден од многуте скандали на оваа Власт е грубата и опасна партизација на Агенцијата за национална безбедност, власта го враќа ВМРО-МВРО со узурпирање на безбедносната служба, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во пратеничко прашање до премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница за пратенички прашања. -Покрај тоа што поставувате криминалци за директори, осудени лица за директори на затвори и јавноста се смее, ова ...
Сподели Националната установа Завод за заштита на спомениците и музеј – Битола, јубилејот 90 години од формирањето во 1934 година, ќе го одбележи со три големи настани. Како што информира директорот Зоран Николовски, по 15 години, повторно е достапна за јавноста реконструираната Спомен-куќа на народниот херој Стив Наумов, чија поставка содржи зачувана покуќнина на семејството и важни историски документи. Вториот настан ќе биде организиран во ...
Сподели На програмата на фестивалот „Златна лира“, денеска (31 октомври) во 20:00 часот во Музејот на македонската борба е концерт на Трио „Аура“ (добитници на наградата „Златна лира“ во 2023 година). На концертот ќе бидат изведени дела од композиторите Т. Јанса, Ф. Девиен, М. Бонис, З. Новачиќ, Х. Битфинк. Камерниот состав Трио „Аура“ го сочинуваат тројца истакнати македонски музички уметници: флејтистот Страшо Темков, пијанистката Ана ...
Сподели Изложбата со наслов „Современа скулптура“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија ќе биде отворена денеска (31 октомври) во 20:00 часот во галеријата „Ко-Ра“ во Домот на културата „Кочо Рацин”. Оваа изложба на ДЛУМ е дел од програмските активности и е можност за групно претставување на поновите истражувања и идеи во рамките на современата скулптура. На изложбата со свои дела ќе учествуваат авторите: Нела Јанковска, Слободан ...
Сподели Во текот на вчерашниот ден, ЈП Комунална хигиена-Скопје изврши замена на оштетените корпи наменети за одлагање ситни отпадоци во скопската општина Ѓорче Петров. Замената беше спроведена на повеќе локации во централниот дел на општината, каде што на местото на оштетените корпи се поставени сосема нови садови. Во согласност со Оперативниот план за одржување на јавната чистота на подрачјето на Градот Скопје, ЈП Комунална хигиена-Скопје ...
Сподели Во врска со јавните реакции во однос на улогата на ДКСК во предметот за именувањето на директорот на Агенцијата за национална безбедност, ја информираме јавноста за следното: ДКСК постапува во рамките на своите законски овластувања и надлежности, насочени кон проверка на можни судири на интереси, интегритет и транспарентност во постапките за именувања на раководни функции. ДКСК е независен орган со точно утврдени надлежности и во ...
Сподели Денеска (31.10.2024) во 02.30 часот во Скопје на локалниот пат од Горно Нерези кон Средно Водно полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.З.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Денеска (31.10.2024) во 00.30 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од ...
Сподели Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за економски криминал и корупција во координација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги, Единица за финансиски криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од член 353 став 4 во врска со став 1 од КЗ против Б.К.С. од Битола, како поранешен министер во ...
Сподели АЛКАЛОИД со рекорден извоз од 157,7 милиони евра, инвестиции од 16,5 милиони евра и со 222 нови вработувања во земјава во периодот јануари – септември 2024 г. Приходи од продажби Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – септември 2024 година продажбите достигнуваат 9.997.468.062 денари, што е за 9 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 14.236.125.924 ...
Сподели Покрај циклусите на јапонски и шпански филмови, проекциите на „Убиј ги прво децата“ на Димитар Оровчанец, и класичниот италијански филм „Крадци на велосипеди“ на Виторио Де Сика, програмата ја збогатува и тематската вечер под наслов „Надреализмот не е мртов“, посветена на надреалистичкото филмско наследство. Циклусот на јапонски филмови ја истражува уникатната визуелна и наративна филозофија на јапонскиот филм, каде што темите на ...
Сподели Денес во рамки на Собранието започна Хакатонот кој се реализира како дел од Програмата за парламентарна поддршка. Има за цел да ги поврзе младите програмери со Собранието преку развивање иновативни софтверски решенија, користејќи сетови на податоци од Порталот за отворени податоци на Собранието, Националниот портал за отворени податоци и Порталот за отворени финансии. Свеченото отворање започна со генералната секретарка на Собранието, ...
Сподели Поминаа првите 100 дена на новата власт, но на нивната неспобност не и се гледа крајот. Напротив, секој ден сме сведоци на скандали, потреси, но и лаги. Една по една доаѓаме до нивната најголема лага, а наша реалност: државата никогаш не им била важна, само власта. Именувањето на директорот на Агенцијата за национална безбедност под сомнителни околности и со сомнителен сертификат за познавање на англиски јазик е најголемиот срам, но и ...
Сподели Под мотото „Дионизија сега“, од 1 до 5 ноември на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) во Скопје ќе се одржат Меѓународните студентски средби „Скомрахи“. Отворањето е во Драмскиот театар со претставата „Кралот Иби“ од Алфред Жари, со студентите од ФДУ. Претставите ќе се играат во повеќе простори: Академската сцена на ФДУ, Драмскиот театар, Албанскиот театар, Младинскиот културен центар и „Котур кафе и филм“. Во рамките на програмата ...
Сподели „Половина сонце“ е насловот на изложбата на Јована Тодороска инспирирана од комплексноста на Сонцето во нашиот Сончев Систем, која во понеделникот (28 октомври) беше отворена во Културно-информативниот центар на РС Македонија во Загреб. Директорката на КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска-Илиевска, на отворањето истакна дека енергијата на сонцето во форма на сончева светлина и топлина е водечка сила на сите живи организми, односно го одржува ...
Сподели Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски им ги врачи решенијата за стипендии на талентираните ученици од основните училишта во областа на културата за учебната 2024/25 година. По тој повод, во креативниот амбиент на КСП Центар – Јадро се одржа свечена приредба на која младите таленти покажаа што знаат и умеат, изведувајќи уметнички точки од својот репертоар. Честитајќи им на стипендистите, Герасимовски изрази надеж дека ...
Сподели Во Собранието се усвои Националната стратегија за развој која е патоказ и визија за чекорите во периодот 2024 – 2044 година. Стратегијата е заеднички документ точка на поврзување на сите одлучувачки фактори кои сакаат да се вградат во создавањето на иднината важна за сите граѓани во нашата земја. Оваа стратегија е изградена низ партнерски однос и поддршката на УНДП во координација со сите агенции на Обединетите Нации, Амбасадата на ...
Сподели Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 39-годишен битолчанец, осомничен за дело – Противправно лишување од слобода од член 140 став 5 во врска со став 2 и со став 1, како и – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 21 октомври, при вршење на семејно насилство и на свиреп начин, осомничениот противправно ја затворил и ја држел затворена, а потоа и телесно ја повредил неговата ...
Сподели Јавниот обвинител на РС Македонија Љупчо Коцевски во Варшава, Република Полска потпиша Меморандум за соработка со неговиот полски колега, генералниот јавен обвинител Адам Боднар. Со Меморандумот се воспоставува основа за поблиска соработка меѓу обвинителствата на двете држави, пред се во областите кои вклучуваат размена на експертиза и оперативно искуство од специјализирани обвинителства, студиски и работни средби, како и заеднички ...
Сподели Демократската унија за интеграција изразува задоволство што изградбата на Коридорите 8 и 10д продолжува, и покрај тоа што истиот се реализира од влада без етнички легитимитет, велат од оваа партија. Ова, според нив, само го потврдува нивниот стабилен визионерски пристап и долгорочните политики за напредок на земјата и за изградба на модерна патна инфраструктура. „Не можеме да не истакнеме дека тие што до вчера жестоко се ...
Сподели „Пијанизам хероизам“ е насловот на концертот на Филхармонијата што ќе се одржи овој четврток со почеток во 20 часот. На концертот како солист ќе настапи рускиот пијанист Петер Лаул, а диригент е маестро Конрад ван Алфен од Холандија. На програмата се Поема за симфониски оркестар „Древниот ѕид“ од Томислав Зографски, Концертот за пијано и оркестар бр. 2 во Еф-дур од Дмитри Шостакович и Симфонијата бр. 6 во Де-дур од Антонин Дворжак. ...