
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Сподели Граѓаните се приклучија на акцијата за бесплатно дислоцирање на хаварисани возила. Општина Центар во соработка со пајак службата на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и МВР веќе спроведува акција за бесплатно дислоцирање на хаварисаните возила од јавните површини со јавување на телефонскиот број 076 350 767 со цел ослободување на јавната површина. „Со заедничката акција која ја спроведуваме досега од јавните површини дислоцирани се околу ...
Сподели Доналд Трамп објави победа на изборите против Камала Харис. Тој рече дека победата ќе обезбеди повторно „Америка да стане голема“. „Ова е политичка победа каква што Америка никогаш не видела. Сакам да му се заблагодарам на американскиот народ за поддршката. „Ќе се борам за вас, вашите семејства, вашата иднина. Нема да застанам додека не испорачаме силна и просперитетна Америка. Ова ќе биде златно доба за Америка“, изјави Трамп. Доналд ...
Сподели Премиерот Христијан Мицкоски му ја честиташе победата на Доналд Трамп, на претседателските избори 2024 во САД. “Во мое лично име и во име на граѓаните, упатувам срдечни честитки до претседателот Donald J. Trump за неговата победа на изборите за претседател на Соединетите Американски Држави. Оваа победа е потврда на длабоката верба на американскиот народ во принципите на слободата и демократијата. Со нетрпение очекуваме натамошно ...
Сподели На Изложбата Владимир Темков ќе се претстави со 30 досега неизложувани слики од неговиот последен циклус. Темков е роден во Кавадарци во 1959 год .Средно уметничко училиште и Педагошка академија завршува во Скопје во класата на професор Ванчо Георгиевски,а факултет за ликовни уметности -отсек графика дипломира во класата на проф. Др. Трајче Блажевски. Магистерски студии-отсек сликарство завршува на Факултет за ликовни ...
Сподели Промоција на книгата „Со свои зборови: интервјуа (1985 ‒ 2023)“ од Сергеј Андреевски Промотор: Јулијана Величковска 14 ноември, од 19:19 часот во „Салон 19:19“ во Културно информативниот центар ‒ Скопје. Книгата „Со свои зборови: интервјуа (1985 ‒ 2023)“ претставува прошетка низ времето, нѐ враќа на самите почетоци на сликарската кариера на Сергеј Андреевски. Таа прошетка се личните ставови на еден македонски ликовен уметник со ...
Сподели Оваа влада се обидува да ги смени негативните трендови во државата, при тоа не газејќи ги македонските национални и државни интереси и не отстапувајќи ни еден милиметар од тоа“, изјави Димитриевски во “За или против“ на тв Алфа „ЗНАМ е нов политички субјект и за нас е здраво да учествуваме на избори. Да видиме каде сме, што сме. Во секој случај доколку мнозинството одлучи дека треба да има избори, ние сме за и сме подготвени за нив“, ...
Сподели Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски е во официјална посета на Република Чешка. Централно место во разговорите на двајцата министри се очекува да биде перспективата на евроинтегративниот процес на нашата земја, спроведувањето на реформската агенда и во таа насока поддршката на Република Чешка за европското досие на нашата земја. Ќе бидат разгледани и можностите за унапредување на севкупните билатерални ...
Сподели Во Кабинетот на Претседателката се одржа конститутивната седница на Советот за безбедност. На седницата со која претседаваше претседателката Гордана Сиљановска Давкова, присуствуваа членовите на Советот за безбедност по функција: Африм Гаши, претседател на Собранието, Христијан Мицкоски, претседател на Владата, Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, Владо Мисајловски, министер за одбрана и тројцата членови, именувани од ...
Сподели Одговор на новинарско прашање на претседателот Венко Филипче Немоќта на Христијан Мицкоски да се справи со водењето на државата, ги затскрива со измислени состојби и лаги. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање за наводно следење со дронови на Мицкоски кога бил лидер на опозиција, ја потести јавноста за серијата измислени ситуации пласирано во јавноста од сегашниот ...
Сподели Венко Филипче е должен да даде одговори на јавноста за видеото кое руши рекорди на социјалните мрежи од приватна журка со Заев од луксузниот хотел Хилтон во Дубаи. Откако СДС, Заев и Филипче направија историски грабеж на државата и аздисано ги трошеа државните пари, излезе видео на кое се гледа како лудуваат и се забавуваат на приватни журки во луксузниот Дубаи каде влезниците на настанот се и по стотици евра. Во време кога Македонија ...
Сподели Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини ...
Сподели Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Никола Мемов, обраќајќи се во рамките на платформата во Владата – „100 % посветени на тебе“ посветена на ресорите социјала и здравство, истакна дека: „Фондот за пензиско и инвалидско осигурување има две основни функции, редовна и навремена исплата на пензиите и обезбедување на правата од пензиското осигурување на сите корисници. Во однос на првата функција Владата ја ...
Сподели „Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ДДВ кој го поднесовме вистински ќе помогне, не на опозицијата, не на власта, вистински ќе помогне на граѓаните, за да им помогнеме за потрошувачката кошница да се намали“, рече пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи во вчерашното гостување во емисијата „24 анализа“ на „Телевизија 24“, во однос на законските измени поднесени од СДСМ, а со кои се предвидува укинување на ДДВ-то за ...
Сподели Почина Оливера Николова, родена во Скопје, во 1936година, македонска писателка за возрасни и за деца, една од најплодотворните, најнаградувани и најчитани македонски писателки. И покрај богатиот книжевен опус, Оливера Николова е најпозната како автор на првиот градски лик во македонската книжевност – Зоки Поки. За своето творештво, Николова добила бројни награди. Во декември 2013 година, Оливера Николова го одбележала јубилејот 50 ...
Сподели Ансамблот „Керамичар“ од Велес основан во ноември 1954 година, со два целовечерни концерти го одбележа јубилејот 70 години успешно постоење и работа. Во богатата програма на концертите кои се одржаа на големата сцена на Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, освен трите групи на Ансамблот, настапија и фолклорни ансамбли од Србија и од Бугарија, како и Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ од Скопје. Воедно на поединци кои ...
Сподели На 03.11.2024 во 22.10 часот над с.Пршовце, тетовско, по преземени мерки и организирана потрага, полициски службеници од СВР Тетово во добра здравствена состојба ги пронајдоа 12-те планинари од с.Боговиње, с.Лисец, с.Раковец, с.Пршовце и Тетово, за кои во 21.30 часот А.Р. од тетовско Боговиње пријави дека не можел да стапи во контакт со нив. Имено, во текот на денот тие заминале во планината над село Пршовце за да одат до место викано ...
Сподели По повод 5 Ноември – Светскиот ден на ромскиот јазик, вечер од 18:30 часот во Едукативниот културен центар „Лабораториум“ ќе се одржи настанот „Слушни ромски“ (Šun romane). Организатор на настанот е Ромскиот културен и медија центар „Бариканипе“, во соработка со Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“ и Здружението на љубители на ромскиот фолклор „Романо Ило“. Настанот ќе опфати панел-дискусија на ромски јазик, ...
Сподели Владата на Христијан Мицкоски се покажа неспособна да го реши постојаното зголемување на цените на производите и целосно ги разочара граѓаните. Мерката за замрзнување на маржите требаше да биде спасот од високите цени но се покажа како големо промашување. Цените во маркетите не се намалија, во најголем дел цените останаа исти. За симболични 57 денари се намали потрошувачката кошничка за граѓаните за еден месец, ете толку „заштедија“ ...
Сподели Конференцијата „Зелени иницијативи, одржливи заедници,“ која ќе се одржи денес во хотелот Холидеј Ин со почеток во 13:30 часот, има за цел да ги обедини експертите и активистите кои преку зелени политики и иновативни решенија работат за одржлив развој на локалните заедници. Настанот е организиран од Демократската обнова на Македонија – ДОМ, во соработка со НВО „Зелена планета за сите“ и зелените од Данска, а на настанот ќе ...
Сподели Советот на јавни обвинители по стапките на Судскиот совет. Пред два дена објавивме како Судски совет изврши директен упад во Академијата за судии и јавни обвинители, сега веќе сведочиме дека истото го направил и Советот на јавни обвинители. Наместо за член на Управниот одбор на Академијата да предложи и назначи член од редовите на обвинителите, советот ја назначил неговата претседателка, Душица Димитриеска, реагират од ВМРО-ДПМНЕ. Ова ...
Сподели На 02.11.2024 година во 17.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„500“ и ул.„401“ во село Марино, скопско, патничко возило „Хонда цивик“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С. (46) од населба Илинден, скопско, удрило во пешакот В.Н.(78) од село Марино, а потоа возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата од здобиените тешки телесни повреди на местото на настанот починала В.Н., а лекар од ...
Сподели Со новиот Закон за учебници за основно и средно образование се обидуваме да го подобриме процесот на подготовка, одобрување и издавање на учебници, за да не дојдеме никогаш повеќе во ситуација на први септември да немаме учебници. Искрено се надевам дека со новото законско решение ќе постигнеме и подобар квалитет на учебниците, покрај навременото снабдување, рече министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска во ...
Сподели Скандалот со Сања Божиновска која неколкупати ги излажа граѓаните за нејзиното бугарско државјанство како и за вистинските мотиви да го побара истото, го покажува лицемерието на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Додека тој вели дека е против Бугарите во Уставот, него очигледно не му смета бугаризација во Владата. Ставот на Христијан Мицкоски дека има поголеми и помали Македонци е омаловажувачки. Фактот дека Сања Божиновска поседува бугарски ...
Сподели “Кафез кај кокони” во Драмски театар, 6 ноември Автор: Жан Пуаре Режија: Димче Николовски Костимограф: Раде Василев и Елена Вангеловска Сценограф: Димче Николовски, Благоја Бошковски Буцко Кореограф: Кренаре Невзати – Кери Превод: Радмила Јорданова, Благоја Бошковски Буцко Адаптација: Александра Бошковска, Благоја Бошковски Буцко Избор на музика: Александра Бошковска, Благоја Бошковски Буцко Улоги: Жорж – Филип Трајковиќ Албен – ...
Сподели Градска свеченост во предвечерието на Денот на ослободувањето на Тетово-19 Ноември. Настанот за сплотеност и единство, за љубов кон родниот град и луѓето кои го прават голем и горд сите изминати 80 години! Низ годините учевме и созревавме и знаеме дека не постои еднаш добиена војна или засекогаш изгубена битка, токму затоа непокорувањето кон се она што го уништува она што ни е свето е нашата полна слобода, бидејќи НЕПОКОРОТ Е СЛОБОДА! ...
Сподели Нови Сад e во тридневна жалост поради несреќата во која загинаа 14 лица, а тројца се тешко повредени кога врз нив се урна бетонската настрешница на Железничката станица во Нови Сад. Се урна настрешницата на железничката станица во Нови Сад, која се наоѓа над влезната врата во зградата на станицата, а е изградена во 1964 година. Oваа зграда за прв пат беше реновиран во 2021 година, а по неколку месеци повторно започна реновирањето на ...
Сподели На барањето на лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, заедно со локалните избори наредната година да се одржат и парламентарни, му одговори првиот заменик-претседател на владата, Изет Меџити. Според Меџити, ДУИ нека се подготви да биде уште долго време во опозиција. “Наместо да се претставува како некој голем фактор на политичката сцена, ДУИ би било подобро да се врати на внатрешните реформи и да ги исчисти своите ...
Сподели Во врска со извршеното кривично дело „убиство” на 01.11.2024 во с.Арачиново, скопско, каде што со огнено оружје беше убиен С.А. (56) од с.Арачиново, a Х.А. (20) од с. Арачиново, се здобил со прострелни рани, од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје преземени се мерки и активности, при што утврден е идентитетот на сторителите и тоа Ш.Ш. (23) од с.Арачиново и Е.Ш. (31) од с.Арачиново.Исто така, утврдено е и возилото со ...
Сподели Изложбата “Ангел на фрекфенцијата” од Дафина Шекутовска е на 5 ноември, со почеток од 20 часот и ќе трае до 13 ноември, во Центарот за Современи уметности – Мобилна Галерија, Парк на Франкофонијата ЕКСПЕРИМЕНТАЛНА? ВЕЖБА НА ОТКРИВАЊЕ Истражување на влијанието на убедувањето на поединецот во даден момент на t, како и моќта на науката и уметноста за донесување на добри, позитивни промени во општеството. Се состои од: – временска машина ...
Сподели Премиерот на Владата без етнички легитимитет Христијан Мицковски и по цели 12 часа не ги објави своите тврдења за СМС пораки што наводно ги примил од високи функционери од редовите на Демократската унија за интеграција. Сите ние во ДУИ бараме Мицковски да ги објави тие СМС-пораки денеска, веднаш, без одлагање. Премиерот на Владата без етнички легитимитет, во недостиг на аргументи и проекти, но и во меѓународна изолација, фатен во ...