Меѓународниот ден на жената, 8 Март, е можност компаниите да покажат благодарност и почит кон жените во својот тим. Во деловното опкружување, сè повеќе се цени подарокот што е практичен, ненаметлив и им остава простор на вработените сами да одберат што им е навистина потребно. Токму затоа, dm подарок ваучерите претставуваат едноставно и сигурно решение за овој празник. Подарок ваучерите од dm се достапни во вредност од 500 и 1.000 денари и се ...

Пазарот на изнајмување станови во Скопје одамна не е игра на случајност. Конкуренцијата е силна, цените се чувствителни, а станарите пребирливи. Во морето од огласи, победува оној стан што остава впечаток дека е „лесен“ за живеење. Не луксузен по секоја цена, не претрупан со декорации, туку функционален, јасен, смислен. Таков што кога ќе влезеш, веднаш знаеш каде ќе го оставиш палтото, каде ќе седнеш, каде ќе го наполниш лаптопот. Аналитичари ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го одложува гласањето за двопартискиот закон со кој ќе се заострат санкциите насочени кон енергетскиот сектор на Русија, предупредија двајца високи демократски сенатори, објави Yahoo News. Зборувајќи во Киев по викендот поминат на Минхенската безбедносна конференција, сенаторот Ричард Блументал рече дека мерките за санкции што ги предложил со сенаторот Линдзи Греам ќе извршат „одреден економски притисок“ ...

YouTube официјално потврди дека техничките проблеми што го спречуваа пристапот до платформата низ целиот свет во текот на утрото се решени. Корисниците ширум светот рано утрово (наше време) се соочија со необичен проблем: при отворањето на апликацијата или страницата на YouTube, наместо вообичаената содржина, беа пречекани со празни екрани, пораки за грешка како „Нешто тргна наопаку“ или бесконечно вчитување. Тимот на Google објави преку ...

Министерот за енергија на Соединетите Американски Држави, Крис Рајт, се закани дека Вашингтон би можел да се повлече од Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), оценувајќи дека работата на организацијата за промовирање на обновливи извори и зелената транзиција е во конфликт со енергетската политика на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, која им дава приоритет на фосилните горива. Зборувајќи на конференцијата на ...

Дали е вистина познатата изрека дека едно јаболко на ден го држи докторот подалеку? Јаболката се едно од најчесто консумираните овошја, тие се достапни преку целата година во бројни варијанти. Но, понекогаш јадењето здрава храна не е исто што и секојдневно консумирање. За да откријат како редовното јадење јаболка влијае на телото, експертите за исхрана објаснија за Real Simple што содржи ова овошје и кои се неговите добри, но и помалку ...

Денес, 18 февруари 2026 година, Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за капацитетите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Истражувањето покажува дека: ⦁ Само за десет години, бројот на превезени патници со автобусите на ЈСП Скопје е намален за 30 милиони годишно – во 2015 година се возеле по 52 милиони патници годишно, а сега бројот на превезени патници е сведен само на 22 милиони годишно. ⦁ ...

Поминаа трите предупредувачки протести на работниците. Првиот пред собранието, вториот пред Стопанската комора и третиот пред владината зграда. Мирни, достоинствени и со многу симболика, колку во просториите имаше избрани и именувани лица, толку синдикалци од улица бараат подобри услови за работа, пред се повисоки плати за сите. Барањата се јасни и гласни, итно зголемување на минималната плата на 600 евра како и зголемување на сите останати ...

Будењето среде ноќ и поминувањето часови во кревет обидувајќи се повторно да заспиете може да биде неверојатно фрустрирачко – особено кога мора да одите на работа наутро. Многу луѓе се будат околу 3 часот наутро и не можат повторно да заспијат, а британскиот ТВ доктор Амир Кан даде совет како да се справите со овие „мачни часови“. Кога мозокот не запира Во видео објавено на Инстаграм, д-р Кан објасни зошто е тешко повторно да заспиете. ...

Осмиумот се смета за најскапиот и најредок нерадиоактивен метал на Земјата, а неговата цена може да достигне и до 20.000 долари по грам, што е дури 400 пати повеќе од златото. Златото дури на петтото место Иако важи за симбол на богатство, златото се наоѓа дури на петтото место меѓу највредните метали. Неговата цена изнесува околу 50 долари по грам и широко се користи во накитот и индустријата. Пред него е иридиумот, познат по исклучителната ...

Трговскиот суфицит на Европската Унија (ЕУ) продолжи да се намалува, бидејќи царините вршат притисок врз извозот во Соединетите Американски Држави, а зголемениот увоз од Кина го истиснува локалното производство. Тој падна на 12,9 милијарди евра во декември од 13,9 милијарди евра во последниот месец од 2024-та година. Продажбата на машини и возила, кои со години се двигател на растот на извозот, продолжи да опаѓа, додека трансакциите со ...

Во секоја канцеларија, без разлика дали станува збор за мал семеен бизнис или за голем корпоративен систем, постои тивка трка која ретко се именува гласно. Не е тоа борба за фотелја, ниту за титула испишана на визит-карта. Повеќе е прашање на видливост, доверба и тежина на зборот. Кој навистина носи вредност? Кој се издвојува, а не создава отпор? Добар колега, работлив, дисциплиниран, со изградени односи со клиенти и добавувачи. Тоа се ...

Според податоците на регионалните аеродроми на Балканот, Тирана останува регионален лидер со превезени 11,6 милиони патници, по што следува Белград со 8,9 милиони. Растот останува силен низ целиот регион. Од кај нас, односно од Меѓународниот Аеродром Скопје, во 2025 година биле превезени 3,2 милиони патници и од Охридскиот аеродром 300 илјади патници, што претставуа раст од 10 отсто во однос на претходната година. Според податоците на ...

Apple ќе организира специјален настан наречен „special Apple experience“ на 4 март, кој ќе се одржи истовремено во Њујорк, Лондон и Шангај. Се очекува на настанот да бидат претставени голем број нови производи и технолошки подобрувања, вклучувајќи нов iPhone, попристапен MacBook и освежени модели на iPad. Според извештаите на Bloomberg, главната ѕвезда би можел да биде iPhone 17e со почетна цена од 599 долари. Се вели дека овој модел ќе го ...

Печалбарството одамна не е само економска категорија, туку животна стратегија што трае со децении. Илјадници семејства од Македонија ја градеа својата егзистенција надвор од границите, со идејата дека таму ќе заработат доволно за тука да живеат достоинствено. Но прашањето што сè почесто се поставува, тивко, понекогаш дури и со непријатност, е едноставно: каде ќе ја поминат староста? Дома, во куќата што ја граделе со години, или во земјата ...

Научници од Санкт Петербург развија уред за брзо откривање на клеточни оштетувања што го забрзуваат стареењето и предизвикуваат рак и други болести. Уредот е 1,5 до 2 пати попрецизен од претходно достапните аналитички алатки и поставува основа за развој на брзи тестови од следната генерација, според Руската научна фондација (RSF). Пушењето, консумирањето алкохол, загадувањето на воздухот, хроничните болести и голем број други фактори ...

Во Германија илјадници работодавачи го прекршиле законот за минимална плата во 2025 година. Ова го објави единицата за финансиска контрола на непријавената работа по инспекцијата на околу 25.000 работодавци, кога беше утврдено дека речиси секој четврти работодавец не ги регистрирал своите работници. Инспекцијата откри дека прекршувањата на законот за минимална плата се особено чести во угостителската индустрија, објави „Шпигел“. Единицата за ...

Македонската банкарска асоцијација ја информира јавноста дека согласно Законот за платежни услуги и платни системи, со кој во националното законодавство е транспонирана Директивата (ЕУ) 2015/2366 за платежни услуги на внатрешниот пазар (PSD2), од 1 март 2026 година започнува примената на засилена автентикација на корисниците (Strong Customer Authentication – SCA) при извршување одредени платежни трансакции. Засилената автентикација ќе се ...

Јануари беше четвртиот последователен месец на пад за крипто-пазарот, при што вкупната пазарна капитализација се намали за 1,0%. Падот во голема мера беше поттикнат од макроекономска неизвесност, вклучувајќи тензии околу царини, застој во работата на американската влада и промени во раководството на Федералните резерви. Дополнителен притисок донесоа и одливите од spot ETF-и, кои во периодот од средината до крајот на јануари надминаа 1,5 ...

Интернетот е полн со тврдења за таканаречената „суперхрана“, но без сериозни и долгорочни научни истражувања е тешко да се направи разлика што е навистина докажано, а што е само маркетиншки наратив. Меѓу храната што со години се истакнува како речиси чудотворна, рибата зазема посебно место, првенствено поради омега-3 масните киселини. Американскиот автор Пол Гринберг, кој јадел риба секој ден цела година и го запишал своето искуство во ...

Закажана е спектакуларна боксерска егзибиција помеѓу Мајк Тајсон и Флојд Мејведер. Во декември пишувавме дека борбата помеѓу Фојд Мејведер и Мајк Тајсон е најавена и дека ќе се одржи во Африка. Тогаш планот беше март, а сега двете страни се согласија за судир на 25 април, во Конго. Флојд, како и Мајк, рече дека ова ќе биде една од најспектакуларните борби досега бидејќи станува збор за боксери кои се рангирани високо на листата на најдобри на ...

На Собранието одржано денеска, Грчката бизнис асоцијација го реизбра Арис Влахос за претседател на Асоцијацијата. За членови на Управниот одбор избрани се истакнати претставници на водечки компании со грчки капитал во земјава: -Илијас Пападопулус од Стопанска банка Скопје, членка на NBG Group, -Димитрис Пасхос од ОКТА, членка на Hellenic Energy Group -Илијас Тсукалас од ЕДС, членка на PPC Group, -Василис Анагносту од Мермерен комбинат Прилеп, ...

Вселенското летало Psyche на НАСА го продолжува своето повеќегодишно патување кон астероидот 16 Psyche, еден од најнеобичните објекти во нашиот Сончев систем. Се претпоставува дека овој астероид е богат со метали како железо и никел, но и потенцијално скапоцени метали. Мисијата, која беше лансирана во октомври 2023 година, има за цел детално проучување на овој астероид, а пристигнувањето на леталото во неговата орбита се очекува во 2029 ...

По одлуката на Советот на Европската Унија за воведување на царини од тгри евра за малите пратки до 150 евра кои најчесто се нарачуваат од Кина е очекуван потег и Македонската Асоцијација за Е-трговија го поздравува. Денар побара став од инволвираните во овој бизнис и нивното мислење е дека со ваквото царинење само ќе се воведе можност за фер конкуренција. Над 90 отсто од малите пратки во Европа, а особено во земјите од ЕУ се од Кина. ...

Најавата дека во 2026 година ќе нема повеќе субвенции за „две крави и мала нива“ ја отвори старата рана во македонското земјоделство: дали државната поддршка треба да биде социјална мерка или инструмент за развој на вистинско производство. Министерот Цветан Трипуновски ја претстави новата програма за субвенционирање, со јасна порака дека условите се заоструваат и дека фокусот се пренасочува кон оние што имаат комерцијално производство. Според ...

Мозокот може да задржи одреден степен на свест со часови откако лекарите ќе прогласат пациент за мртов, според податоците презентирани на научна конференција одржана во американската држава Аризона, објавува „Тајмс“. По проучувањето на искуствата близу до смртта на оние кои се опоравиле од срцев удар, еден од учесниците на конференцијата повика на повторна проценка на „реверзибилноста на смртта“, велејќи дека лекарите треба да продолжат да се ...

Платата легнува на сметка и речиси во истиот миг исчезнува. Не затоа што семејството живее раскошно, ниту затоа што се трошат пари на луксуз, туку затоа што ратата за кредит ја голта најголемата сума. За многумина, месечната обврска кон банката веќе не е трошок, туку главна ставка во домашниот буџет. Ратата станува плата. А платата, парадоксално, изгледа како нешто што само „поминува“ низ сметката. Во изминатите години кредитите станаа лесно ...

Стоматолозите предупредуваат дека редовното и правилно миење на забите не само што спречува кариес, туку може да помогне и во намалувањето на ризикот од повеќе од 50 болести, вклучувајќи деменција, Паркинсонова болест и ревматоиден артритис. На голема научна конференција беа презентирани докази дека бактериите во усната шуплина можат да предизвикаат воспаление и инфекции кои се поврзани со проблеми низ целото тело – од зглобовите до мозокот и ...

„Ford“ го прекина производството на „Fiesta“ во 2023-та година и сите очекуваа дека ова ќе биде крај на еден од најпопуларните модели во историјата. Сепак, легендарниот хечбек ќе се врати во производство во 2028-ма година, сместувајќи се во сегментот на прифатливи електрични возила. Според британското издание „Auto Express“, ова е можно благодарение на стратешкиот сојуз со „Renault“, склучен во декември 2025-та година. Новата „Fiesta“ ќе биде ...

„Lenovo Group“ објави пад од 21% на нето добивката за кварталот што заврши во декември и покрај подобриот од очекуваниот раст на приходите на 22,2 милијарди долари, објави „Bloomberg“. Акциите на компанијата со седиште во Пекинг паднаа за 6,3% по извештајот, истакнувајќи загриженост за притисокот врз маржата од зголемувањето на трошоците за меморија што влијае на сите сектори за електроника. Празничната продажба и пред-нарачките пред широко ...

Мвр билтен

56 минути - МИА
weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.54
26%
1012
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
3.13
33%
1010
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
64%
1010
weather icon

Софија

24ᴼ / 23ᴼ
2.06
28%
1013
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
2.13
37%
1012
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
1.03
94%
1010
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
5.66
40%
1015
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
77%
1016
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
3.09
56%
1017
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 24ᴼ
5.14
36%
1013
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
7.2
39%
1009
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
48%
1016
Currency

61.635

Currency

52.6778

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Алуминиум

3.57

Бакар

12.06

Рутениум

51376.89

Калај

50.03

Паладиум

48883.97

Кобалт

45.39

Родиум

319899.93

Цинк

3.35

Сребро

2840.84

Иридиум

253540.09

Платина

64172.89

Злато

166450.52