На 9 август православните христијани го празнуваат Светиот великомаченик Пантелејмон, еден од најпочитуваните светители и заштитник на лекарите, болните и сите што бараат исцеление. Свети Пантелејмон е роден во градот Никомидија во Мала Азија, во семејство на богатиот незнабожец Евсторгиј и мајка му Евула, која била христијанка. Уште како млад покажал голема дарба и го изучувал лекарството. Според црковното предание, по запознавањето со ...
Денес православната македонска црква го празнува Светиот великомаченик Пантелејмон. За него се врзува интересна животна приказна но и обичаи во кои се верува и денес. Најголемо внимание треба да обрнат оние кои тргаат на пат. Се верува дека секоја работа денес, Свети Пантелејмон ќе ја благослови и ќе ја направи успешна, и кој се подготвува за патување, треба да започне уште денес. Овој познат лекар живеел во четвртиот век од нашата ера. ...
Велес денеска со богата програма и длабока духовна почит го одбележува празникот на светиот великомаченик Пантелејмон, кој од 2009 година официјално се празнува и како Ден на градот. Велешани го доживуваат овој празник со посебен пиетет, сметајќи го светецот за свој верен заштитник, застапник и чувар на нивниот дом и град. Празнувањето започна уште синоќа со свечена вечерна богослужба во црквата посветена на „Свети Пантелејмон“, каде што се ...
Православните верници денеска, 9 август, го празнуваат Светиот великомаченик Пантелејмон, познат како голем исцелител и чудотворец. Празникот се одбележува на 27 јули по стариот календар. Свети Пантелејмон бил роден во Никомидија, од мајка христијанка по име Евула и татко незнабожец Евсторгиј. Уште како млад ја изучил лекарската наука, а подоцна, благодарение на свештеникот Ермолај, ја примил христијанската вера и бил крстен. Според житието, ...

