На вчерашната седница на Извршниот одбор на СДСМ, членовите на партијата донесоа одлука со која е дадена согласност за кандидатури за градоначалници во уште 11 општини низ државата. Кандидати за градоначалници се: Оливера Ливриниќ во Бутел, во Велес Маја Хеско, Миле Атанасов во Гевгелија, Дејан Глиџарски во Делчево, Лазар Петров во Демир Капија, Благој Илиев во Конче, за Кратово Влатко Сипровски, во Кривогаштани Игор Каравиловски, Ивица ...

Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија со решение од 19 август 2025 ја запре постапката за преземање на Стопанска банка а.д. Битола по барање на Алта Гроуп ДОО Белград. Одлуката е доставена до банката на 25 август (арх. бр. 02-10332/1). Според образложението, постапката е запрена поради промена на преземачот во рамки на истата групација, а не поради откажување од намерата. Алта Груп навела дека останува при намерата ...

„Независни заедно“ денеска на прес-конференција го промовираа професорот и декан на Градежниот факултет при УКИМ Горан Марковски за независен кандидат за Градоначалник на Скопје за Локалните избори 2025. Марковски кажа дека Скопје се гуши, тоне во смет и дека бара шанса како никогаш досега. Главниот град, според него, бара јасна визија за својот развој, кохезија, одговорност и компетентност. – Потполно сум свесен во какво општество живееме, ...

Скопје во моментов не е подготвено да ги направи уставните измени што ги бара Софија, освен ако не добие цврсти гаранции од Европската Унија дека тоа ќе биде последното вакво барање, нагласува министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во интервју за политичкиот магазин „Политико“, дадено за време на неговата посета на Брисел. – Нашиот страв е: ако ги направиме уставните измени, што ќе се случи ако за шест месеци ...

Не постои универзална дефиниција за хибридната војна. Тоа е теорија на воена стратегија во која се користи политичко војување и ги спојува конвенционалното и неконвенционалното војување. Во изборен контекст, поимот „хибридни закани“ се однесува на комбинација од различни инструменти и методи со цел да се влијае врз изборниот процес, јавното мислење и довербата во демократијата. Тоа е „мешавина“ на класични и современи форми на закана – од ...

Остри и често иронични реакции на граѓаните предизвика ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за кампањата на политичките партии и независните кандидати? Недоверба во независните Дел од коментарите се однесуваат на појавата на независните кандидати, за кои граѓаните сметаат дека се создадени да одземат гласови од одредени партии. „Приврзоци на ДРПНЕ, создадени да откинуваат гласови од противничките партии. Кобајаги независни,“ ,се вели во еден од ...

Најавеното преземање на Стопанска банка Битола од српската Алта Банка, според анализата на Љубомир Костовски за медиумската платформа на ЦИВИЛ, претставува дел од поширока стратегија на Белград за политичко и економско влијание во регионот, во духот на т.н. „буразерски“ договори од 90-тите. Анализата е објавена и на англиски јазик во CIVIL Today. Се работи за стратешко позиционирање. По влезот на српски Телеком, влегувањето на Алта Банка ...

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска изјави дека во однос на коалициите, во првиот круг на локалните избори СДСМ ќе настапи со сегашната коалиција, а во однос вториот круг од изборите рече дека ќе разговараат и со другите партии во албанскиот блок. Претседателот на СДСМ најави дека до крајот на оваа недела или на почетокот на следната ќе бидат објавени имињата на преостанатите кандидати за градоначалници за локалните избори 2025, како ...

ВЕСТ НА ДЕНОТ Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025 Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница изврши разрешување и случаен избор на нови претседатели и заменици претседатели, членови и заменици членови во неколку општински изборни комисии… ИЗЈАВА НА ДЕНОТ Германија нема да им се придружи на партнери како Канада и Франција во признавањето на палестинската држава, изјави канцеларот ...

ЦИВИЛ го постави своето редовно ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ околу пладне денеска. Прашањето гласи: Што мислите за тврдењето на власта дека народот живее побогато од порано? За неполни два часа, прашањето предизвика големо внимание со повеќе од 110 коментари и над 120 реакции. Сумирани, најдобрите одговори ќе бидат објавени утре во рубриката ФОРУМ, каде што граѓанките и граѓаните можат да ги најдат сите прашања на денот, Граѓанскиот форум и реакциите на ...

Осум дена притвор доби 43 годишниот родител од Скопје, кој вчера на фудбалскиот натпревар на фудбалерите од генерација 2009-2010 година меѓу клубовите „Шкупи“ и „Брегалница“ на стадионот „Бело Брдо“ во Штип физички напдна двајца малолетни фудбалери. Судијата на претходна постапка и воедно и портпарол на Основниот суд во Штип, Сашко Георгиев за МИА потврди дека на лицето А.А од Скопје му е одредена мерка притвор од осум дена, по што по ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, одговори на неодамнешните напади на Кремљ врз легитимитетот на претседателот Володимир Зеленски како лидер, отфрлајќи ги нивните приговори како „позирање“ во коментарите за новинарите на 26 август, пренесува Кијив Индипендент. „Не е важно што велат. Сите позираат. Сé е ср*ње, во ред. Сите позираат“, рече Трамп на состанокот на кабинетот во Белата куќа. Коментарот на Трамп дојде како одговор на рускиот ...

Изборниот молк е период пред денот на гласање кога на политичките партии, кандидатите, медиумите и сите други актери им е забрането да водат кампања или да објавуваат изборни пораки. Целта е гласачите да имаат време за мирно размислување и носење одлука, без притисоци и манипулации во последен момент. Во пракса тоа значи: Единствено е дозволено неутрално информирање – како тек на изборниот процес, кога гласаат лидерите и слично, без политички ...

ЦИВИЛ разобличи лажна фотографија што кружи на Фејсбук и проруски канали, наводно прикажувајќи млади во Запорижја со нацистичко знаме на Денот на независноста на Украина (24 август). Тврдењето е ЛАЖНО. Форензички индиции упатуваат на дигитална манипулација или постановка, а нема независни извештаи, очевидци или службени потврди. (ЛИНК до целиот извештај). Фотографијата првично беше објавена на Телеграм-каналот на RT и потоа засилена преку ...

Европската зелена партија денеска ги повика Европската Унија и Европската народна партија (ЕПП) итно да извршат притисок врз претседателот на Србија, Александар Вучиќ за запирање на полициското насилство над мирните демонстранти, опозицијата и медиумите и итно да овозможи слободни и фер избори. – Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел: брутално полициско насилство, стотици апсења на мирни демонстранти и членови на опозицијата и ...

Руските сили не успеаја да ги освојат селата Запорожке и Новохеорхиевка во областа Днипропетровска, но активните борби се во тек во регионот, објави Генералштабот на вооружените сили на Украина на 26 август, пренесува Кијив Индипендент. Изјавата доаѓа откако групата за мониторинг DeepState соопшти дека двете мали населби што се наоѓаат во близина на административните граници меѓу областите Днипропетровска, Донецка и Запорожска се окупирани од ...

ОН изјавија дека „треба да има правда“ по двојниот напад на Израел врз болница во Газа во кој загинаа најмалку 20 лица, бидејќи првичната израелска воена истрага соопшти дека нападот имал за цел „камера поставена од Хамас“. Како што пренесува Би-би-си, осудата на нападот, чии жртви беа пет новинари и четири здравствени работници, се зголемува, а британскиот премиер Кир Стармер го опиша како „целосно неоправдлив“. Подоцна во вторник, ...

Еден од трите доминантни наративи на албанскиот блок во пресрет на локалните избори се и односите со односите со Албанија и Косово и перцепциите за нивното влијание кои остануваат чувствителни. Како што се вели во анализата на Дијана Тахири „Албанскиот политички кампус во пресрет на локалните избори: Меѓу наративите и политичкиот прагматизам“, во 2024/25, јавните пораки од Тирана и Приштина често беа читани низ внатрешната конкуренција меѓу ...

Димал Баша, пратеник од Движењето Самоопределување, денеска е избран за нов претседател на Собранието на Косово. Изборот се случи на 58. продолжение на конститутивната седница, со 73 гласа „за“, 30 „против“ и тројца воздржани, по повеќе од четири месеци институционална криза и неколку неуспешни обиди за избор на собраниски спикер. На почетокот на седницата, претседавачот констатираше присуство на 115 пратеници, што обезбеди кворум за работа. ...

Украинските напади со беспилотни летала врз руските рафинерии за нафта и извозната инфраструктура ги нарушија рафинериските и извозните операции на Русија, предизвикаа недостиг на бензин во некои региони и послужија како одговор на нападите на Москва врз гасните и енергетските капацитети на Украина, објави Ројтерс, пренесува Укринформ. Според пресметките на Ројтерс, украинските напади врз 10 постројки нарушиле најмалку 17% од капацитетот на ...

Министерството за надворешни работи на Украина остро го осуди и прогласи за ништовен актот на Владата на Руската Федерација од 22 август 2025 година, со кој окупираните пристаништа Бердјанск и Мариупол се вклучени во официјалниот список на руски пристаништа отворени за странски бродови. Кијив нагласи дека овој потег претставува уште еден обид на Москва да ја легитимира својата окупација и да воспостави незаконска контрола врз украинските ...

Милијардерот Илон Маск тивко ги стопира плановите за основање на својата нова политичка партија, велејќи им на сојузниците дека сака да се фокусира на своите компании, објави „Волстрит џурнал“ минатиот вторник, повикувајќи се на луѓе запознаени со плановите. „Ништо што го кажува @WSJ не треба да се смета за вистина“, објави Маск на Х без дополнително да коментира за извештајот Маск, најбогатиот човек во светот, ја претстави „Американската ...

Во тек е повикот на ЦИВИЛ за краткорочни или долгорочни изборни набљудувачи. Крајниот рок за пријавување е 15 септември, 17 часот. Лицата ангажирани во изборната администрација, други мониторинг мисии, функционери и активисти на политички партии и кандидати – немаат право на учество на повикот на ЦИВИЛ. Набрзо по селекцијата на набљудувачи, ќе се одржат и семинари за обука на набљудувачите кои ќе се одржат на почетокот на октомври. Обуките се ...

Членката на Државната изборна комисија (ДИК), Дитмире Шеху за МИА потврди дека денеска поднела тужба до Управниот суд во врска со упатството што го изгласа ДИК за бројот на општински советници. Оваа тужба доаѓа откако Владата ја испрати одлуката за бројот на советници до ДИК иако ова прашање е регулирано со Законот за локална самоуправа. Како резултат на тоа, во 14 општини ќе биде намален бројот на советници. Шеху првично на седница побара ...

Коалицијата ВЛЕН денеска до ОЈО поднесе пријава против Бујар Османи откако ревизорите утврдиле дека над 120 милиони денари потрошил за ОБСЕ Самитот без документација и евиденција додека бил министер за надворешни работи. -ВЛЕН денеска поднесува пријава до Јавното обвинителство за да се пристапи по негативниот извештај на Државниот завод за ревизија за времето кога министер беше Бујар Османи. Ревизорите утврдија дека над 120 милиони денари се ...

ВОЈО МАНЕВСКИ Темата која е застапена во медиумите во регионов веќе цело лето е високите цени на храната и ударот врз семејниот буџет со почетокот на новата учебна година. Тоа е и логично поради сличноста на навиките и културолошките одлики на народите кои живеат во регионот. Но, предложените владини мерки за надминување на проблемот се толку слични што ми изгледа како да се координираат министрите или барем разменуваат мислења околу нив. ...

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница изврши разрешување и случаен избор на нови претседатели и заменици претседатели, членови и заменици членови во неколку општински изборни комисии. Разрешени беа 41 лица ангажирани во ОИК кои до ДИК имаа доставено документација со која се докажува дека не можат да ги исполнат изборните обврски. На нивно место беа избрани нови од редот на администрацијата. Членовите на ДИК го прифатија ...

Светските лидери и новинарските групи реагираа на израелскиот напад во понеделникот врз болницата Насер во Појасот Газа, во кој загинаа најмалку 20 лица, вклучувајќи пет новинари кои работеа за Ројтерс, Асошиејтед Прес, Ал Џезира и други. „Комитетот за заштита на новинарите ги осудува израелските напади во кои загинаа пет новинари во болницата Насер во јужна Газа и ја повикува меѓународната заедница да го смета Израел за одговорен за неговите ...

ВЕСТ НА ДЕНОТ Фудбалски младински натпревар заврши со физичка пресметка Осум дена притвор во кумановскиот затвор доби 43 годишниот родител од Скопје, кој вчера на фудбалскиот натпревар на фудбалерите од генерација 2009-2010 година меѓу клубовите „Шкупи“ и „Брегалница“ на стадионот „Бело Брдо“ во Штип физички напдна двајца малолетни фудбалери. Оваа пресуда доаѓа по вчерашниот тежок инцидент во Штип на натпреварот на младинските екипи ...

Германија нема да им се придружи на партнери како Канада и Франција во признавањето на палестинската држава, изјави канцеларот Фридрих Мерц денеска по средбата со канадскиот премиер Марк Карни, јави ДПА. -Ние нема да се придружиме на оваа иницијатива, рече Мерц на заедничката прес-конференција со Карни во Берлин, додавајќи дека „не сметаме дека условите за признавање на државата се исполнети на кој било начин во моментов“, пренесе германската ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
81%
1015
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
2.06
71%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.03
67%
1016
weather icon

Софија

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
58%
1016
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
1.3
78%
1014
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 0ᴼ
1.03
68%
1017
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
4.12
87%
1007
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
75%
1013
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
5.14
47%
1014
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 7ᴼ
1.03
62%
1014
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
1.79
52%
1014
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
81%
1009
Currency

61.6417

Currency

53.1915

Currency

71.2324

Currency

36.9682

Currency

38.6869

Currency

67.3099

Currency

7.73117

Currency

0.65765

Currency

0.33472

Currency

0.5249

Currency

1.19947

Currency

0.56705

Цинк

3.04

Паладиум

45107.50

Рутениум

56199.51

Иридиум

258288.78

Алуминиум

3.21

Кобалт

964.52

Платина

61343.62

Калај

43.61

Злато

141731.52

Родиум

340797.91

Сребро

2840.84

Бакар

10.81