САД одобрија продажба на повеќе системи за противвоздушна одбрана Патриот и друго оружје на својот сојузник во НАТО, Данска, која со тоа планира да ја поддржи Украина во борбата против Русија. Американскиот Стејт департмент го одобри договорот вреден 8,5 милијарди долари (7,3 милијарди евра), кој вклучува шест лансери, радарски системи, системи за наведување и проектили. Данска и другите членки на НАТО сакаат да ѝ испорачаат на Украина ...

Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД) официјално е во фаза на затворање, соопшти американскиот државен секретар Марко Рубио. – Од јануари, им заштедивме на даночните обврзници десетици милијарди долари. Со мал број клучни програми кои се префрлени во Стејт департментот, УСАИД официјално е во режим на затворање. Рос Ваут сега го презеде раководството на процесот на ликвидација на оваа агенција, која одамна ...

Унгарија е единствената земја од ЕУ што не е на списокот на земји што ја поддржаа изјавата на Европската Унија со која се осудуваат нападите врз Кијив во кои загинаа 23 лица. Изјавата ја поддржаа 26 земји-членки на ЕУ (Австрија, Белгија, Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Ирска, Италија, Летонија, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, ...

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека нема намера да поднесе предвремена оставка пред гласањето за доверба на владата, закажано за 8 септември. Причина за гласањето е незадоволството на населението поради мерките за штедење предвидени во нацрт-буџетот за 2026 година, а премиерот Франсоа Бајру најави дека прашањето за доверба ќе се разгледа на вонредна седница на парламентот. – Што се однесува до мене, јас верувам во демократија. ...

Тајландскиот суд ја отстрани суспендираната премиерка Паетонгтарн Шинаватра од функцијата во петокот, пресудувајќи дека нејзиниот контроверзен телефонски разговор со поранешниот лидер на Камбоџа ги прекршил етичките правила, во потег што го турка кралството во нови политички превирања. Какошто пренесува Си-ен-ен, Петонгтарн, членка на моќната династија на политичкото семејство Шинаватра, стана најмладата премиерка во земјата во август 2024 ...

Постапка за собирање потписи за градоначалници до вчера (28 август) започнале вкупно 13 независни кандидати и тоа по еден кандидат во Македонска Каменица, Куманово, Охрид, Дебарца, Дебар, Демир Капија, Македонски Брод, Кочани, Битола, Могила, Новаци, Демир Хисар и еден кандидат за Град Скопје. Сите кандидати ја подигнале својата кандидатура освен во Куманово каде постапката на собирање потписи е сеуште во тек, информираат за МИА од Државната ...

Има една шега во статистиката – ако доволно ги мачите податоците, тие ќе признаат сѐ што сакате. Изгледа ВМРО буквално ја сфатиле, па од петни жили се трудат да покажат дека имаат добри резултати кога се платите и инфлацијата во прашање, вели професорот Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ Медиа, по обидите на ВМРО ДПМНЕ, со манипулација со бројки да докажува дека народот денес е побогат од времето на СДСМ. Во продолжение, професорот Јовановиќ нуди ...

Долгогодишните поддржувачи и апологети на руската неиспровоцирана воена агресија врз Украина меѓу македонските портали, во секојдневните настојувања да ја оправдаат „инвестицијата“ во нив за ширење на руската пропаганда и проруските наративи во земјава, со радост и нескриено задоволство (како што може да се заклучи од насловите на објавените текстови), ја дочекаа информацијата лиферувана од украинскиот проект за мапирање „Дипстејт“- дека ...

Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, на социјалната мрежа Х објави пост по повод Денот на сеќавање на бранителите на Украина кои загинаа во борбата за независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Денес,29.08.2025,на Денот на сеќавање на бранителите и бранителките на Украина, им оддаваме почит на сите што го дадоа својот живот за нашата слобода Од 2014 год. руската агресија одзема животи на Украинците Секоја ...

Состанокот на мексиканскиот Сенат се претвори во насилство во среда, откако еден од неговите членови очигледно се разбеснил што не добил можност да зборува. Како што пренесува Си-ен-ен, тепачката избувна меѓу двајца високо рангирани сенатори кон крајот на седницата на која се водеше жестока дебата за можноста за американска воена интервенција во земјата. Додека се свиреше националната химна, разбеснетиот сенатор Алехандро Морено – претседател ...

Американскиот Стејт департмент одобри можна продажба на воена опрема на Украина во вредност од околу 825 милиони долари, а потребната дозвола за оваа одлука е доставена до Конгресот на САД преку Агенцијата за соработка во одбраната и безбедноста –ДСЦА (DSCA). Владата на Украина побара купување до 3.350 ракети ERAM (Extended Range Attack Munition) со продолжен дострел и ист број вградени GPS/INS системи со SAASM (Selective Availability ...

Претседателот Доналд Трамп не се обидува само да ја запре транзицијата од фосилни горива во САД. Тој врши притисок и врз други земји да се повлечат од своите климатски заложби и да согоруваат повеќе јаглен, гас и нафта, пишува Њујорк Тајмс. Трамп тоа го прави преку тарифи, давачки и други механизми на најголемата економија во светот. Портпарол на Белата куќа изјави дека администрацијата „нема да ја загрози економската и националната ...

ВЕСТ НА ДЕНОТ Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола од Алта Груп, два дена по анализата објавена на медиумската платформа на ЦИВИЛ Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија со решение од 19 август 2025 ја запре постапката за преземање на Стопанска банка а.д. Битола по барање на Алта Гроуп ДОО Белград. Одлуката е доставена до банката на 25 август (арх. бр. 02-10332/1). Според образложението, ...

Ситуацијата пред Филозофскиот факултет во Нови Сад е мирна утрово. Видливи се траги од синоќешните судири меѓу граѓаните, студентите и полицијата, пренесува 021.rs. Ispred Filozofskog fakulteta vidljivi su tragovi sinoćnih sukoba sa policijom. Policajci u opremi još uvek čuvaju ulaz. #NoviSad pic.twitter.com/GVEaZyenbY — Radio 021 (@Radio021) August 28, 2025 Полицијата во опрема за разбивање на демонстрациите сè уште го чува влезот на ...

Прес-секретарката на Белата куќа, Каролин Ливит, направи паралела помеѓу неодамнешниот смртоносен руски напад врз Кијив и украинските напади врз руските нафтени постројки за време на брифингот во Вашингтон на 28 август, пренесува Кијив Индипендент. Коментарите на Ливит дојдоа откако московските сили започнаа уште еден масовен напад со беспилотни летала и ракети врз Украина во текот на ноќта на 28 август, насочен кон Кијив. Нападот погоди ...

Министерството за надворешни работи на Велика Британија ѝ порача на Русија да „запре со ова бесмислено убивање“ откако нападите врз Киjiв однесоа најмалку 21 жртва, вклучувајќи четири деца, пренесува Би-би-си. Ова доаѓа откако министерството го повика амбасадорот на Русија во Велика Британија поради нападите во кои беа повредени десетици лица и беа оштетени зградите на Британскиот совет и мисијата на ЕУ Британската амбасада во Украина имаше ...

Поранешниот британски премиер Тони Блер се придружи на состанокот во Белата куќа со американскиот претседател Доналд Трамп за да разговараат за плановите за повоената Газа, пренесува Би-би-си. Пратеникот за Блискиот Исток, Стив Виткоф, изјави дека САД составуваат „многу сеопфатен“ план за „следниот ден“ по војната. Сепак, малку друго е откриено за состанокот. Блер беше пратеник за Блискиот Исток неколку години откако ја напушти функцијата во ...

Пожарот кој вчера изби покрај автопатот Скопје – Тетово, е целосно изгаснат, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. Огнот, кој започна на подрачјето на општината Желино, во селото Церово вечерта се прошири во насока на Карпалак покрај автопатот, а беше изгаснат во ноќните часови од страна на тетовските и скопските пожарникари, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во текот на вчерашниот ден целосно се изгаснати 29 ...

Утрината на 28 август, чадот и смогот повторно го обвија родниот Кијив. Службите информираат дека спасувачките работи се во тек – спасувачите бараат луѓе под урнатините на нивните сопствени домови. Цела ноќ, од 20:24 часот на 27 август – до речиси 9 часот наутро на 28 август, рф извршуваше ракетни и дронови напади врз станбени згради, детски градинки, канцеларии. А деновиве владата на рф иницираше денонсирање на Европската конвенција за ...

Украинските сили ја нападнаа рафинеријата Кујбишев во руската област Самара и рафинеријата Афипски во Краснодарскиот крај во текот на ноќта на 28 август, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина, пренесува Кијив Индипендент. Соопштението доаѓа како потврда за масовниот напад со беспилотни летала што ги погоди двете рафинерии за нафта и други објекти низ Русија, како што претходно објавија локалните медиуми. Објектот Кујбишев, кој ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска соопшти за нови санкции против Русија по синоќешниот ракетен и напад со дронови врз Кијив, во кој беше оштетено седиштето на Делегацијата на ЕУ во украинскиот главен град. „Синоќешниот напад покажува дека Кремљ нема да запре пред ништо за да ја тероризира Украина, неселективно убивајќи цивили – мажи, жени и деца, па дури и гаѓајќи ја Европската Унија“, рече фон дер Лајен во ...

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и рускиот претседател Владимир Путин ќе бидат меѓу повеќе од дваесетина странски лидери кои ќе присуствуваат на масовната воена парада во Кина следната недела, објави кинеското Министерство за надворешни работи во четврток. Како што пренесува Си-ен-ен, парадата, која ќе се одржи на плоштадот Тјенанмен во Пекинг на 3 септември, е дел од комеморациите на Кина за одбележување на 80-годишнината од крајот на ...

Белата куќа соопшти дека ја отпуштила директорката на американските Центри за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), Сузан Монарез, откако таа одби да поднесе оставка во среда, пренесува Би-би-си. Во соопштението се вели дека таа „не била усогласена со агендата на претседателот“ и дека е отстранета од нејзината позиција во здравствената агенција. Министерството за здравство на САД претходно го објави нејзиното заминување, што предизвика ...

Русија изврши голем воздушен напад врз украинските градови доцна на 27 август, напаѓајќи го Кијив со ракети и насочувајќи се кон региони далеку од линиите на фронтот, објави Кијив Индипендент. Најмалку 17 лица беа убиени во нападот врз главниот град, вклучувајќи четири деца, соопштија властите. Тројца од нив се на возраст од 2, 14 и 17 години., се вели во ажурираното соопштение на властите. Дванаесет жртви се пријавени во областа Дарницки, ...

Унгарската влада, која одржува блиски односи со Русија, има историја на редовно блокирање на поддршката на ЕУ за Украина, што ги затегна односите меѓу Будимпешта и неколку други земји од ЕУ. Унгарската влада ја тужи Европската Унија поради одлуката за доделување милијарди евра помош на Украина од замрзнати руски средства. Тужбата, поднесена против Европскиот мировен фонд (ЕМФ), првично беше поднесена пред Судот на правдата на ЕУ, но оттогаш е ...

Пукањето во училиште во Минеаполис, во кое загинаа две деца, а 17 други беа повредени, се истражува како антикатоличко злосторство од омраза, вели ФБИ, пренесува Би-би-си. „ФБИ го истражува ова пукање како чин на домашен тероризам и злосторство од омраза насочено кон католиците“, изјави директорот на ФБИ, Кеш Пател, во објава на X. Двете деца, на возраст од осум и 10 години, беа убиени кога напаѓач отвори оган низ прозорците на градската ...

Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, во пост на социјалните мрежи на 1282 ден од руската војна во Украина објави за синоќешниот масовен руски ракетен напад врз станбени згради во Кијив, каде меѓу загинатите има и деца, и повторно упати повик за потребна воена помош за Украина и санкции против рф. ...

Русија изврши голем воздушен напад врз украинските градови доцна на 27 август, напаѓајќи го Кијив со ракети и насочувајќи се кон региони далеку од линиите на фронтот, објави Кијив Индипендент. Најмалку 10 лица беа убиени во нападот, вклучувајќи и 14-годишник, соопштија властите. Уште 48 лица се повредени, а најмалку 30 од тие жртви се хоспитализирани, соопштија властите во Кијив. Меѓу повредените има и неколку деца. Сирени за воздушен напад ...

Соединетите Американски Држави по шести пат ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС (Нафтена Индустрија Србија), во сопственост на руската „Газпром“, соопшти српската министерка за енергетика Дубравка Ѓедовиќ-Хандановиќ. Санкциите се одложени до 26 септември, изјави Ѓедовиќ-Хандановиќ, додавајќи дека целта е НИС да биде отстранета од листата на санкции на Канцеларијата за контрола на странски средства при Министерството за ...

Два германски борбени авиони „Еурофајтер“ беа испратени да пресретнат руски извидувачки авион Ил-20 над Балтичкото Море на 26 август, објави Дојче Веле (DW). Командата на НАТО даде наредба за пресретнување на Ил-20, кој леташе со исклучени транспондери и без да поднесе план за лет. Германските борбени авиони полетаа од воздухопловната база Росток-Лаге. Сегашната операција беше веќе десеттиот лет на тревога на авиони на германските ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
75%
1016
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1016
weather icon

Загреб

8ᴼ / 3ᴼ
2.06
63%
1017
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
58%
1017
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
0.83
76%
1015
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 5ᴼ
0.84
66%
1018
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
6.17
84%
1008
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
61%
1013
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
4.12
50%
1015
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
67%
1013
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 9ᴼ
1.79
52%
1015
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
6.69
79%
1010
Currency

61.6417

Currency

53.1915

Currency

71.2324

Currency

36.9682

Currency

38.6869

Currency

67.3099

Currency

7.73117

Currency

0.65765

Currency

0.33472

Currency

0.5249

Currency

1.19947

Currency

0.56705

Иридиум

258288.78

Калај

43.61

Родиум

340797.91

Алуминиум

3.21

Бакар

10.81

Цинк

3.04

Злато

141731.52

Рутениум

56199.51

Паладиум

45107.50

Сребро

2840.84

Платина

61343.62

Кобалт

964.52