Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Повеќе од 3,2 милиони американски патници се соочуваат со одложувања и откажувања на летови, бидејќи отсуствата на контролорите на летање продолжуваат да растат, додека федералната влада влегува во 34-тиот ден од блокадата, соопштија во понеделник воздухопловните власти и авиокомпаниите. Федералната администрација за воздухопловство (ФАА) соопшти дека одложувањата се воведуваат во Далас и Остин поради недостаток на контролори и дека слични мерки ...
Зохран Мамдани, новоизбраниот градоначалник на Њујорк, ја прослави својата победа велејќи дека покажал дека демократите можат да го победат Доналд Трамп. Во својот победнички говор во Бруклин, тој се нарече себеси „најлошиот кошмар на Трамп“ и рече: „Ако некој може да ѝ покаже на нацијата предадена од Доналд Трамп како да го победи, тоа е градот што го создал“. Според проекциите на NBC News, Мамдани освоил 60,2% од гласовите, додека неговиот ...
Припадници на Главната разузнавачка управа (ХУР) на Украина извршија прецизен напад во окупираниот град Авдиивка во регионот Донецк, уништувајќи го командниот пункт на руската елитна единица за беспилотни летала „Рубикон“. Неколку руски офицери и оператори на беспилотни летала беа убиени во нападот, потврди ХУР. Разузнавачите открија дека рускиот штаб се наоѓал во делумно уништена зграда во градот. Единицата „Рубикон“ е специјализирана за ...
Новиот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, одржа победнички говор во Бруклин, во кој на остар начин рече дека „градот што го роди Доналд Трамп сега покажува како да го победи“. Излегувајќи на сцената во Бруклин по 23.45 часот по локално време, Мамдани рече: „Сонцето можеби зајде вечерва на нашиот град, но како што еднаш рече Јуџин Дебс: ‘Ја гледам зората на подобар ден за човештвото’“. „Вечерва, и покрај сите очекувања, добивме. Иднината е ...
Во нуклеарната централа Козлодуј, избувнал пожар во енергетската просторија на безбедносниот систем на петтиот блок, што предизвикало итна реакција на работниците на електраната, објави порталот „Новините“. Поради густиот чад во просторијата, повикана е противпожарна служба, а се преземаат мерки за замена на оштетената опрема, јавува Танјуг. Официјално е објавено дека ситуацијата е под контрола и дека нема опасност за луѓето. Работниците во ...
Спорот меѓу шефот на OpenAI, Сем Алтман, и неговиот најголем ривал, Илон Маск, би можел дополнително да се загрее откако се појави веста дека Алтман планира да влезе во просторот за интерфејси мозок-компјутер (BCI), директно натпреварувајќи се со Neuralink на Маск. Според Financial Times, Алтман планира да помогне во основањето на Merge Labs, BCI стартап кој се стреми кон вредност од 850 милиони долари со поддршка на инвестицискиот тим на OpenAI ...
На белгиската армија ѝ е наредено да ги собори сите непознати дронови што летаат над нејзините бази, потврди синоќа шефот на одбраната Фредерик Вансина. Оваа одлука следеше по низа инциденти, вклучувајќи го и оној во неделата навечер кога четири дронови беа забележани над воздухопловната база Клајне-Брогел, што беше трета ноќ по ред со таква активност над воени и цивилни локации во Белгија, пишува новинската агенција Белга. Вансина беше јасен: ...
Шведскиот премиер, Улф Кристерсон, во септември објави планови за намалување на старосната граница за најтешките кривични дела, вклучувајќи убиство и тешка експлозија, од 15 на 13 години. Реформата на законот е одговор на зголемувањето на смртоносното насилство меѓу бандите. Полицијата тврди дека криминалните мрежи за употреба и трансфер на оружје сè повеќе регрутираат деца, бидејќи оние под 15 години не можат да бидат гонети. Владата тврди дека ...
Од раните утрински часови во италијанската покраина Нуоро, во тек е голема полициска операција против членови на банда која, според обвинувањата, е специјализирана за вооружени и експлозивни напади врз комбиња за транспорт на пари и банкомати. Во операцијата беа ангажирани околу 100 полицајци, кои спроведуваат налози за притвор и претрес на неколку локации низ областа Нуора, објави „Анса“. Јавното обвинителство на Нуора свика прес-конференција ...
Украина доби нови американски системи за воздушна одбрана „Патриот“ кои ќе ѝ помогнат да се одбрани од секојдневните руски напади, потврди претседателот Володимир Зеленски, пренесува „Еуроњуз“. „Повеќе системи ‘Патриот’ сега се во Украина и веднаш се распоредуваат“, рече Зеленски. „Секако, потребни се повеќе системи за заштита на клучните инфраструктурни објекти и нашите градови низ целата територија на нашата земја“, додаде тој. Зеленски ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц го покани сирискиот претседател Ахмед ел Шаара да ја посети Германија за да разговара за депортацијата на сириските граѓани. Кога станува збор за депортации, тие се однесуваат на сириски граѓани со криминално досие во Германија. „Секако, ќе продолжиме да депортираме криминалци во Сирија. Тоа е планот. Сега ќе го спроведеме на многу конкретен начин“, рече Мерц. Тој додаде дека Германија сака да помогне во ...
Ако има некој што е постојано нападнат на ужасен начин во сопствената земја, тоа сум јас. Секој ден ме прикажуваат како некаков Хитлер, вели српскиот претседател, Александар Вучиќ, во интервју за германскиот „Cicero“. На прашањето: „Фридом Хаус повеќе не ја смета Србија за слободна демократија, туку за хибриден режим. Ве обвинуваат дека ја укинувате поделбата на власта поради вашето прекумерно влијание врз партијата, парламентот и медиумите. ...
Претседателката на српското Собрание, Ана Брнабиќ, остро го критикуваше поранешниот српски претседател Борис Тадиќ откако тој ги повика граѓаните да излезат на улица синоќа. „Катастрофа од човек кој, за наше големо жалење и уште поголем срам, беше претседател на Република Србија, повикува на граѓанска војна. Тој похотливо и екстатично повикува луѓето да излезат на улица и да ги нападнат своите соседи, пријатели, членови на семејството, ...
ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: На ден 05.11.2025 г. поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот. ИЗВЕСТУВАЊЕ: Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца сопружници осомничени за продолжено кривично дело – Обљуба со злоупотреба на положбата од член 189 став 2 од Кривичниот законик. Осомничениот очув на жртвата подолг временски период ја злоупотребувал својата положба и го наведувал на обљуба и други полови дејствија девојчето родено 2009 година кое му било доверено на чување и воспитување. Кон ...
Кинескиот претседател Кси Џинпинг во вторникот повика на посилни меѓусебни инвестиции во разговорите со рускиот премиер и ја потврди посветеноста на Пекинг на подобрување на врските и покрај „турбулентните“ надворешни околности, објавија кинеските државни медиуми. Кси се сретна со премиерот Михаил Мишустин во Пекинг во Големата народна сала, еден ден откако кинескиот премиер Ли Ќијанг се сретна со Мишустин во Хангжу. Ли рече дека Кина сака да ја ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој ѝ го предаде Извештајот на Европската комисија за напредокот за 2025 година. Амбасадорот Рокас ги нотираше главните проблеми со коишто се соочуваме, како и очекуваните промени. Соговорниците констатираа недостаток на прогрес во владеењето на правото, борбата против корупцијата и криминалот, како и судството, истакнувајќи ...
Мајката на Стефан Хрка (27), кој пред една година загина во трагедијата при уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, најави дека од утре ќе започне штрајк со глад. На денешниот комеморативен собир во Нови Сад, Дијана Хрка им се обрати на присутните со емотивен говор, истакнувајќи дека не се откажува од борбата за правда и одговорност за загинатите. „Ова е мојата борба што морам да ја доведам до крај. Благодарам на ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради сомненија за сторени – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. На 3 ноември, управувајќи автомобил “Фолксваген пасат” по булеварот “Гоце Делчев” во Скопје, тој не се придржувал кон прописите и го загрозил јавниот сообраќај. ...
Во изминатиот период во Секторот за внатрешни работи Битола, од страна на граѓани, пријавени се кривични дела „измама“, извршени врз повозрасни лица. Сторителите ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни деца или внуци кои, наводно, непосредно пред јавувањето ...
Соопштение на СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ, за само нешто повеќе од една година, изгуби дури 140.000 гласачи, и ниту еден спин или лага не може да го побие овој факт. Пирова им е победата, затоа што граѓаните јасно ги препознаа нивните погрешни политики на секое поле. Цветаат клиентелизмот, партизацијата, неспособноста и ароганцијата. За една година од мандатот, ВМРО-ДПМНЕ нема ниту една политика со која може да се пофали, и тоа граѓаните го гледаат. ...
Во среда и четврток во утринските часови има услови за појава на магла. Под влијание на влажна воздушна маса, од четврток од вечерните часови па се до понеделник, следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни. Прогноза за 06.11.2025 Минимална температура: 2°C до 9°C Максимална температура: 12°C до 17°C Променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови со услови за слаб локален дожд ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, присуствуваше на парастосот во Храмот „Свети Сава“ во спомен на 16-те жртви кои загинаа при пад на настрешницата на железничката станица во Нови Сад. „Помина година од денот што засекогаш ја промени Србија. Шеснаесет животи беа изгубени. Денеска за секој од нив палиме свеќа, молејќи се во тишина и верувајќи дека нивните имиња и спомени ќе останат засекогаш во нашите срца,“ напиша Вучиќ на Инстаграм. Тој ...
Изјава на премиерот Христијан Мицкоски: Добар ден од Брисел. Само што завршивме со средбата со претседателот на Европскиот совет, господинот Антонио Кошта, пријателска средба. Првата средба ја имавме точно пред една година кога господинот Кошта беше избран за претседател на Европскиот совет и од тогаш до денеска негуваме навистина пријателски и искрени односи. Господинот Кошта е голем пријател на Македонија и во таков дух помина денешната ...
На 03.11.2025 околу 12:40 часот во СВР Куманово е пријавено дека на локалниот пат с.Пчиња-Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.К.(23) од с.Пчиња и патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од О.Р.(55) од с.Пчиња. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, додека со телесни повреди сопатникот од патничкото ...
СВР Штип поднесе кривична пријава против лице(34) од Струга, осуденик во Казнено-поправната установа Затвор Идризово и лице(46) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци“, додека Т.К. е пријавена и за „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Пријавените довеле во заблуда лице од Штип и неовластено ги прибавиле нејзините лични податоци, по што во текот на ...
На 03.11.2025 во 23:45 часот на ул.„29 Ноември“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода лице(29) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 21:30 часот во населба „Деребој“ во Тетово заедно уште неколку лица со тврди предмети се заканувале на К.Ц.(73) од Тетово, кој се обидел да им побегне при што паднал и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово. Осомничениот е задржан ...
На 03.11.2025 во 11:00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово приведоа лице(47) од Тетово, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од 15 месеци за сторено на кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супастанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик. Тој е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за ...
Ким Јонг Нам, долгогодишен дипломат и поранешен почесен шеф на државата на Северна Кореја, единствената личност надвор од династијата Ким што ја држеше оваа позиција, почина на 97-годишна возраст, објавија севернокорејските државни медиуми. Според новинската агенција КЦНА, севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун го посети неговиот гроб рано вчера за да му оддаде почит и да изрази сочувство. Ким Јонг Нам беше единствената личност надвор од ...
Работата на австралиските одбранбени сили за заштита на поморските трговски патишта, вклучително и оние низ Јужното Кинеско Море, станува сè поризична, бидејќи Кина спроведува „најголемо воено засилување во светот денес“, изјави австралискиот министер за одбрана Ричард Марлес. Отворените морски патишта, вклучително и оние низ Јужното и Источното Кинеско Море, се од клучно значење за националниот интерес на Австралија, изјави Марлес на ...