
Скопје
32ᴼ /
32ᴼ



Оваа власт потполно го урниса здравствениот систем и тоа само во една година. Ние имаме нефункционален здравствен систем со заостанати реформи и апсолутен политички марктинг, истакна д-р Елена Радеска, од комисијата за здравство на СДСМ, во рамките на трибината под слоганот „Македонија понижена – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ“. Радеска нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ во предизборната програма имаше напишано 13 страни проекти за здравство, кои останаа ...
Во обраќање кон сите разочарани и скептични граѓани, Венко Филипче упати јасна порака – СДСМ не е иста со ВМРО-ДПМНЕ. Оваа борба не е само за власт, туку за вредности, вистина и еднаквост. – Сакам да им се обратам на оние кои велат „сите се исти“ или „во СДСМ нема промена“. Не сме исти. Не се исти оние кои вртат глава кога ќе се пожалите на тешка живеачка и оние кои понудија решенија за повисоки плати и пониски цени. Не се исти оние кои ветуваа ...
Правдата беше едно од клучните ветувања на оваа власт – и токму таму најмногу разочара. Реформите во судството не само што не се случија, туку се целосно блокирани. Власта сака судство под нејзина контрола – не независна правда. Ова го истакна Венко Филипче на трибината „Македонија понижена – Една година Влада“. – Ветуваа реформи во судството. Ова беше клучно ветување за горда Македонија. Јас искрено верував во тоа, подадов рака за тие реформи. ...
Професорот Љубомир Фрчкоски, во рамките на трибината на СДСМ, под слоганот „Македонија понижена – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ“, истакна дека со ВМРО-ДПМНЕ се случува парадокс. Имено, ВМРО-ДПМНЕ е ретко силна партија, со оглед на пратениците и позициите во парламентот, но парадоксот е дека таа практично не владее на надворешен, но и на внатрешен план. Не носи одлуки, нагласи Фрчкоски. Тој истакна дека политиката дефинира две акции, од кои ...
Во време кога владеењето на правото и темелните вредности на достоинствениот живот се клучни за опстанокот на демократскиот поредок, во Македонија сведочиме на сериозна тенденциозна операција која има за цел да ја разниша уставно загарантираната поделба на власти и да ја поткопа независноста на правосудството како трета и клучна власт, рече потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска, во рамките на трибината под слоганот „Македонија понижена – една ...
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ следува период на топло време со пораст на температурите. Особено топло се очекува од среда до петок кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 40°C, информира УХРМ. Во петок попладне и во вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, а пад на температурата за неколку степени се очекува за време на викендот кога ќе дува умерен до засилен ...
Израелското Министерство за надворешни работи објави видео од ликвидацијата на командантот на единицата за пренос на оружје на Иранската револуционерна гарда. Бехнам Шахријари, командантот на Единицата за пренос на оружје на иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) и припадник на силите Кудс, бил убиен во прецизен напад на израелската армија (ИДФ) во западен Иран. „Шахријари беше одговорен за сите трансфери на оружје што иранскиот режим им ги ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неделата рано наутро изјави дека одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги нападне иранските нуклеарни постројки „ќе ја промени историјата“. „Честитки, претседателе Трамп. Вашата храбра одлука да ги гаѓате иранските нуклеарни постројки со сила која е и моќна и праведна – ќе го промени текот на историјата“, рече Нетанјаху во видео изјава. Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави ...
Американскиот претседател Доналд Трамп, во директното обраќање до нацијата, потврди дека американските сили извршиле напади врз три ирански нуклеарни постројки. „Сите ги слушаа тие имиња со години додека ја градеа таа страшна и разорна нуклеарна програма. Нашата цел беше да го уништиме иранскиот објект за збогатување ураниум“, рече Трамп. Тој додаде дека нападите биле спектакуларен воен успех и дека клучните капацитети за збогатување ураниум ...
Иран го задржува правото на сите опции за самоодбрана по американското бомбардирање на иранските нуклеарни постројки, објави иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи на платформата „Икс“, нагласувајќи дека американските напади се невидени и ќе имаат трајни последици. Иранскиот министер изјави дека САД, како постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации, извршиле сериозно прекршување на Повелбата на Обединетите нации ...
Водечките американски демократи остро ја критикуваат одлуката на претседателот Доналд Трамп да нападне цели во Иран, доведувајќи ја во прашање законитоста на таа воена акција. „Ниту еден претседател не треба да смее еднострано да ја турка оваа нација во нешто толку значајно како војна“, рече лидерот на малцинството во Сенатот, Чак Шумер. „Републиканецот Трамп мора да одговара пред Конгресот и американскиот народ. Опасноста од поширока, подолга и ...
Американски воени авиони и подморници нападнаа три клучни нуклеарни постројки во Иран во раните утрински часови во неделата, што ја вовлече американската војска директно во војната против Иран и ги зголеми стравувањата дека нападите би можеле да предизвикаат опасна ескалација на Блискиот Исток, пишува „Њујорк Тајмс“. Претседателот Доналд Трамп рече дека целта на нападот била да се уништат капацитетите на Иран за нуклеарно збогатување и да се ...
Министерството за надворешни работи на Иран објави ново соопштение. Техеран истакна дека ќе се брани од, како што ја нарече, американска воено поттикнувачка политика. „Исламската Република Иран е решена да ја брани територијата, суверенитетот, безбедноста и народот на Иран со сите сили и со сите средства од агресијата на Соединетите Американски Држави“, се вели во соопштението објавено на социјалните мрежи. Тие го нарекоа нападот јасно кршење на ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го пофали ефектот од американските напади врз иранските нуклеарни објекти, иако според прелиминарните извештаи се доведува во прашање дали САД успеале да уништат поголем дел од збогатениот нуклеарен материјал на Иран. „Монументална штета е нанесена на сите нуклеарни објекти во Иран, што е потврдено со сателитски снимки“, напиша тој доцна во неделата навечер на Truth Social. „Тотално уништување е точниот ...
Пратеникот од СДСМ, Митко Трајчулевски, предупреди дека блокадата на железничката делница од Крива Паланка до бугарската граница од страна на владата значи ризик за губење над 200 милиони евра неповратни европски средства. „Оваа делница е дел од Коридорот 8, кој има и економско и безбедносно значење за Македонија и регионот. Наместо да го изградиме со европски пари и под нивна контрола, владата го блокира проектот без објаснување“, истакна ...
Како млад човек, јас најпрво што очекував е дека за една година Македонија навистина ќе стане горда држава. Но, за жал, наместо горда, станавме понижени – и тоа е факт. И денес зборуваме за тоа. Кога СДСМ се бореше за зголемување на минималната плата, ВМРО-ДПМНЕ се бореше за вработување на роднини во институциите. Денес, Македонија е претпоследна во Европа според висината на минималната плата. Единствената држава зад нас е Албанија, а таа ...
Воздушниот простор на Израел како и аеродромот, се затворени, а планот за евакуација на странски државјани преку аеродромот Тел Авив засега не е возможен. Македонската амбсада во Израел информира дека постои најава за отворање на аеродромот, денес 22 јуни, од 14.00 часот. Од Министерството за туризам на Израел добиена е информација дека функционира морската рута од Ашдод до Лимасол (Кипар) (компанијата “Mano Shipping”). „Следниот брод со ...
Еден од најосетливите и најважни аспекти во образованието се платите на наставниците. Во својата предизборна кампања, ДПМНЕ ветуваа достоинствени плати и вреднување на трудот. Но, што добија наставниците во реалноста? Наместо најавеното покачување од 12%, тие добија 5%, а остатокот дури неколку месеци не беше исплатен, со што наставниците практично беа во услови на годишна криза, рече професорот Петре Трајковски, од трибината „Македонија ...
Митко Трајчулевски, пратеник од СДСМ, на трибината „Македонија понижена – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ“ истакна дека владеењето на ВМРО-ДПМНЕ го сруши митот за економска супериорност и ефикасност. „ВМРО-ДПМНЕ имаше седум години да се подготви за владеење, но денес не гледаме резултати – гледаме само оправдувања. Целосно се распаѓа митот за економски способна и организирана власт. Сведоци сме на неуспешно менаџирање, неспособност и недостиг на ...
Во организација на Програмата „ЕУ за општините“, финансирана од Европската Унија, во Скопје се одржа првиот ЕУ-МК Саем за одржлив локален развој и вмрежување. Настанот ги обедини општините од Северна Македонија и нивните партнери од земјите-членки на Европската Унија со цел размена на добри практики, презентација на иновативни решенија и поттикнување нови соработки за одржлив развој на локално ниво. Настанот беше официјално отворен од ...
По една година од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ветената горда Македонија е само празен слоган во еден докажано лажен ПР-наратив на ВМРО-ДПМНЕ, гол, популистички памфлет зад кој се крие суровата реалност на нашата држава – Македонија е понижена, порача генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Александар Димитријевиќ, на денешната трибина во организација на СДСМ, под слоганот „Македонија понижена – една година влада на ...
-На 20.06.2025 во 10.51 часот на патот Гостивар – Тетово, кај клучка Камењане, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Б.М.(29) од с.Пирок, тетовско. При сообраќајна контрола и преземени мерки и активности било констатирано дека Б.М. управувал патничко моторно возило „ауди” со германски национални ознаки со брзина од 190 километри на час на место каде што максималната дозволена ...
„Со жалење можам да констатирам дека за првпат во плурализмот од ’91-ва година наваму, како никогаш досега, граѓаните за толку кратко време не посакуваат нови политики,“ изјави потпретседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членови на партијата во Струга. Филипче оцени дека за неполна година, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја довела државата во состојба на целосна негрижа и неспособност: „Ваков дебакл на власта, вакви неуспешни ...
Социјалдемократскиот сојуз утре напладне ќе ја отвори тематската конференција „Македонија понижена – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ“, најавена како сеопфатна анализа на работата на актуелната власт. Настанот ќе се одржи во централното партиско седиште на СДСМ во Скопје, а за јавноста ќе биде отворен од 11:30 часот, кога е предвидено пристигнувањето на медиумските екипи. Пет фокус-панели, дваесетина говорници Конференцијата почнува точно во ...
Интегрален текст од денешната прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка: Почитувани граѓани, Во јавноста излегоа нови, сериозни сомнежи поврзани со скандалот за јазичниот сертификат на директорот на АНБ, Бојан Христовски. Последното истражување на БИРН, од увид во документацијата открива нови сомнителни и скандалозни детали за валидноста на ТОЕФЛ сертификатот по кои мора да постапат институциите. Прво. За јазичниот сертификат ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја посети базата на разузнавачката управа заедно со неколку високи функционери. На средбата учествуваа и израелскиот министер Рон Дермер, воениот секретар генерал-мајор Роман Гофман, шефот на националната разузнавачка служба и шефот на воената разузнавачка администрација. Нетанјаху рече дека војниците и припадниците на војската во базата вршат „света работа за да дадат разузнавање што носи победа во ...
Во текот на изминатата ноќ две лица загинаа, а четворица се повредени во напад на станбена зграда во иранскиот град Ком, според извештаите на иранските државни медиуми, пренесува Си-Ен-Ен. Во нападот беше погоден четвртиот кат од зградата, а тоа се случи набрзо откако израелските одбранбени сили објавија дека почнале нов бран напади врз Иран. Градот Ком се наоѓа во близина на тајниот ирански капацитет за збогатување ураниум Фордоу. Неофицијално, ...
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека израелската армија го убила командантот на меѓународниот огранок на Иранската револуционерна гарда во напад на стан во Ком, Иран. Командантот Саид Изади го предводеше палестинскиот корпус на силите Кудс, рече Кац. Силите Кудс изградија мрежа на арапски сојузници позната како Оската на отпорот, основајќи го Хезболах во Либан во 1982 година и ја поддржуваа палестинската милитантна ...
Владата на Израел под водство на Бенјамин Нетанјаху е најголемата пречка за мирот на Блискиот Исток, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Ердоган го обвини Израел дека се обидува да го саботира секој обид за нуклеарни преговори меѓу САД и Иран, посочувајќи дека израелските напади покажуваат дека Тел Авив не сака дипломатија. Тој ги повика другите земји да не наседнуваат на „отровната реторика“ на Израел за конфликтот, туку наместо тоа ...
Министерот за надворешни работи на Иран Абас Аракчи изјави дека неговата земја не може да преговара со Соединетите држави додека нејзиниот народ е бомбардиран. Тој, исто така, тврди дека „САД се вклучени во агресија од првиот ден“ иако за тоа не дал никакви докази, пишува Би-Би-Си. Зборувајќи за новинарите во Истанбул, каде што ги продолжува дипломатските разговори, Аракчи предупреди дека вклучувањето на САД во конфликтот меѓу Израел и Иран би ...