Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со Вељко Кајтази, претставник на 12 национални малцинства во Хрватскиот сабор и делегација на Сојузот на Ромите од Хрватска „Кали Сара“, предводена од претседателката Сузана Крчмар. Во фокусот на средбата беше положбата на Ромите, потребата од унапредување на нивните права и можностите за споделување добри практики. Сиљановска-Давкова посочи дека Ромите се важен дел од македонското ...
Соопштение на СДСМ: ЗНАМ денеска излезе со соопштение во кое вели дека ЕУ интеграцијата мора да се темели на реформи, а не на „нови условувања“. Ова е класична манипулација. Нема нови условувања. Уставните измени се дел од европската преговарачка рамка уште од самиот почеток. Тоа не е „уцена“, туку основен услов за отворање на преговорите – што вчера јасно го потврди и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Реформи оваа власт не ...
Соопштение на СДСМ: Пораките на Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и најновиот извештај на Вајц усвоен од Европскиот парламент се две силни потврди за она што СДСМ го говори со месеци. Мицкоски ги лаже граѓаните за европската иднина на Македонија, неговата криминална Влада не испорачува никакви реформи. Кошта јасно и недвосмислено порача дека уставните измени се единствениот услов за формално отворање на пристапните преговори ...
Градежништвото останува еден од најсилните двигатели на домашната економија, што јасно го потврдуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика за првиот квартал од 2026 година. Според државната статистика, градежниот сектор во првото тромесечје од оваа година бележи раст од 7,2 проценти во споредба со истиот период минатата година. Овие бројки претставуваат силен показател за континуираната градежна активност низ целата држава, ...
Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Ф.А.(63), Ѓ.К.(57), И.Ш.(35), Џ.Ш.(35), сите од Скопје, како и против С.Ј.(35) од Куманово и И.А.(38) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „трговија со дете“. Во текот на 2024 и 2025 година, Ф.А. и Ѓ.К. го ...
Десет минути невреме понекогаш се доволни за штета што се плаќа со месеци. Еден силен град може да го оштети автомобилот, да скрши ролетни, да уништи кров, да направи хаос во двор или за неколку минути да го избрише трудот на земјоделците. Летните невремиња во Македонија сè почесто доаѓаат нагло: претпладне сонце, попладне црни облаци, силен ветер, пороен дожд и град. Според актуелната временска најава на УХМР, во наредните денови повторно се ...
Сè повеќе граѓани го чувствуваат истиот проблем: во маркет се плаќа повеќе, а дома се носи помалку. Кесите се полнат потешко, сметките се подолги, а фрижидерот сè побрзо се празни. Ако порано едно семејство со едно поголемо пазарење можеше да „истурка“ неколку дена, денес многумина велат дека истите пари исчезнуваат многу побрзо. Леб, млеко, јајца, масло, месо, сирење, овошје, зеленчук — сè што е основно, сè повеќе личи на внимателна ...
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата ...
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 l/m²), електрични празнења, силен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме ...
Утре променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 l/m²), елекстични празнења, силен ветер и појава на град. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. ...
Со брза реакција на тетовската полиција приведен е тетовец кој под дејство на алкохол и со пиштол се обидел да изврши разбојништво во угостителски објект, пронајден е пиштолот следува соодветна пријава На 03.06.2026 во 16:00 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода лице (22) од Тетово. При преглед кај него бил пронајден и одземен еден гасен пиштол, а по извршено алкотестирање било утврдено ...
На 02.06.2026 во 13:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода лице(45) и лице(39), двајцата од село Баница, струмичко. Според пријавеното, тие на ул.„Братство и единство“ во Струмица, заедно со уште две малолетни лица од село Баница, агресивно се однесувале кон вработени во општина Струмица и полициски службеници од СВР Струмица кои извршувале службени задачи. Тие се задржани во Полициската станица ...
СВР Тетово поднесе кривична пријава против маж (58) од тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полово вознемирување’’. Во декември 2024 година во комбе со кое вршел превоз на патници, во момент кога немало никој друг во комбето, пријавениот извршил полови дејствија врз 15-годишна малолетничка од тетовско. СВР Тетово поднесе кривична пријава против маж (58) од тетовско, поради постоење основи на сомнение за ...
На 02.06.2026 во 08:40 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода К.К.(22) од Косово затоа што при гранична контрола и проверки во оперативна евиденција било констатирано дека евидира со мерка „апси“ по барање на Интерпол. Лицето е предадено во полициска станица за понатамошна постапка. На 02.06.2026 во 08:40 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски ...
На 02/03.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода лице(49), лице(36), лице(29), лице(39), 40-годишна жена, лице(39) и 16-годишник, сите од Скопје и Т.А. од Италија, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела грутчеста и бела прашкаста материја, кристална материја, марихуана и нож. По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци. На 02/03.06.2026 во ...
Кога болката е неиздржлива, а зборовите немаат сила, постојат луѓе кои наоѓаат сила да ја донесат можеби најхуманата одлука. Токму тоа го стори едно семејство, кое во најтешките мигови од својот живот одлучи да подари живот на другите. Со оваа исклучителна одлука за органдонорство, нивниот сакан продолжува да живее во срцата, телата и насмевките на луѓе кои повторно имаат шанса. Во градите на 52-годишен пациент, кој од 2021 година со ...
Министерството за правда денес го промовираше Годишниот извештај за спроведувањето на Развојната секторска стратегија за правосудство 2024–2028 за 2025 година, документ кој дава сеопфатен преглед на напредокот во реализацијата на реформите во правосудниот сектор. Во своето обраќање, министерот за правда Игор Филков, истакна дека резултатите покажуваат континуирана динамика во спроведувањето на реформските процеси и јасна институционална ...
Во рамките на официјалната посета на Словачката Република, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Братислава ја посети мултимедијалната изложба „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“, посветена на духовното и културното наследство на светите браќа Кирил и Методиј и словенската писменост. Кураторот на изложбата, Кирил Пенушлиски, ги претстави делата на македонските уметници Александра Костадиновска, Ана ...
Денеска на прес конференција во Владата, премиерот Христијан Мицкоски се обрати на јавноста, во врска со економските бројки – Целта на денешната прес-конференција се најновите резултати објавени од Државниот завод за статистика, кои се однесуваат на растот на Бруто-домашниот производ. Овие бројки покажуваат дека растот на БДП повторно е меѓу првите пет во Европа, како процент од бруто домашниот производ, што претставува исклучителен резултат. ...
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал денеска им доделија сертификати на 50 наставници од основните училишта во Македонија кои учествуваа на работилница за креирање забавни ученички активности што поттикнуваат поддршка, заедништво и почитување на различностите меѓу учениците. Работилницата беше организирана од МОН и ОБСЕ и им овозможи на наставниците нови практични ...
На денешната прес конференција претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, го разоличи лицемерието на власта, додека функционерите на ВМРО и нивните семејства си обезбедиле европска иднина, на граѓаните и нивните деца им нудат изолација, чекање со децении и откажување од европската перспектива. „Додека пола Влада, пратеници, функционери на ВМРО имаат бугарски односно европски пасоши во џебовите, сите други во државата и нивните деца сега треба ...
Постапувајќи по кривична пријава поднесена од Управата за финансиска полиција, предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица – поранешни директор и помошник директор на Царинската управа, управител на правен субјект и вработен во истиот субјект. На осомничените им се ставаат на товар кривичните дела Злоупотреба на ...
Кина ги повика САД и Иран да го почитуваат прекинот на огнот и да избегнат нова ескалација на конфликтот на Блискиот Исток по последните меѓусебни напади. „Кина е длабоко загрижена за моменталната ситуација“, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, на прес-конференција во Пекинг. Изјавата на Пекинг дојде откако САД објавија дека извршиле напади врз иранскиот остров Кешм како одговор на она што го нарекоа ...
Русија соопшти дека соборила стотици украински дронови над нејзина територија, вклучувајќи околу 60 над Ленинградската област, во напад што се случи во вчера вечерта, токму кога требаше да започне голем економски форум во Санкт Петербург. Александар Беглов, гувернерот на Санкт Петербург, родниот град на рускиот претседател Владимир Путин, потврди дека три области биле цел на нападот и дека неколку лица се повредени, а оштетена е и ...
Иран е подготвен да преговара доколку е потребно, но не верува во никакви ветувања од Соединетите Американски Држави, изјави заменик-претседателот на иранскиот парламент Моџтаба Никзад, како што објави полуофицијалната иранска новинска агенција „Тасним“. „Погрешно е да се тврди дека само се бориме, а не преговараме“, рече Никзад. „Се држиме до црвените линии што ги повлече Врховниот лидер. Доколку е потребно, ќе преговараме, но не им веруваме ...
Секоја нова тарифа на САД за стоки од Европската Унија, покрај оние договорени минатата година, би била неприфатлива, изјави висок функционер на ЕУ. Тој ги опиша тврдењата на САД дека Унијата не се бори против трговијата со производи направени од принудна работа како „целосно апсурдни“. САД вчера предложија воведување дополнителни тарифи од 10 или 12,5 проценти за увоз од 60 економии, вклучувајќи ја и Европската Унија. Причината е што ...
Бројот на натурализации во Германија достигна рекордно ниво во 2025 година, кога околу 332.500 странци добиле германско државјанство, според податоците од Федералниот завод за статистика на земјата. Ова претставува раст од 14 проценти во споредба со 2024 година и највисоко ниво од почетокот на статистичкото следење во 2000 година, кога бројот на натурализации никогаш не надминал 300.000 годишно, објави „Шпигел“. Поголемиот дел од ...
Бројот на жртви во пожарот што денес зафати зграда во населба во Њу Делхи се искачи на 21, објавија локалните власти. Службеникот на противпожарната служба Абхилаш Малик изјави дека пожарникарите спасиле повеќе од 40 лица од зградата, објави „Индија тајмс“. Пожарот оттогаш е изгаснат, а причината за избувнувањето засега е непозната. Полицијата објави дека пожарот избувнал во хотелот „Флауриш Стеј“, кој нуди услуги за ноќевање со појадок по ...
Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека Унгарија е подготвена да даде дипломатски придонес во решавањето на конфликтот во Украина и дека би можела да стане место за преговори. „Можеме да обезбедиме дипломатска и хуманитарна помош, а Унгарија би можела да биде и место за преговори“, рече Маѓар во интервју за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЗ). Што се однесува до безбедносните гаранции за Киев, тој истакна дека само ...
Одговорот на Русија на нападите на украинските вооружени сили ќе биде системски како и досега, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој потсети на изјавата на Министерството за надворешни работи на Русија, во која се наведува дека одговорот на украинските напади ќе биде системски, објави ТАСС. „Всушност, тие веќе се“, изјави Песков пред новинарите кога беше прашан како Русија планира да одговори на нападот на Украина врз Санкт ...