Денеска во 11:30 часот претседателот на владата на Република Северна Македонија проф. др. Христијан Мицкоски ќе го посети Институтот за јавно здравје- Скопје, каде ќе оствари увид во набавената нова опрема, лабараториите, мерната станица, како и на отворањето на првото Психолошко советувалиште за деца и адолесценти од ваков карактер во државата, направено по сите светски стандарди и останатите новини во работата на Институтот. Денеска во ...

Денеска со почеток во 10:00 часот, во хотелот „Александар Палас“, ќе се одржи меѓународната конференција „Скопска иницијатива“ во организација на СДСМ и „2026 Корчуланска висока политичка школа“. „Скопската иницијатива“ ја покрена претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче, со што прогресивните сили од регионот и Европа заеднички застануваат во борбата против авторитарните режими, борбата против корупцијата и за европска интеграција на ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило, осум возеле без возачка дозвола, од кои двајца малолетници, а двајца под дејство на алкохол. Две лица во Прилеп возеле без возачка дозвола и по едно лице во Кривогаштани, Скопје (малолетник), Тетово, Гевгелија, Дебар и Ресен (малолетник). Додека, едно лице во Скопје и едно лице во Демир Хисар ...

Италијанската престолнина денес беше погодена од бура со обилни врнежи од дожд, а се појави и торнадо кое собори дрвја и тезги на пазарот во Рим. Обилните дождови доведоа до прелевање на атмосферската канализација и поплави во населбите Номентано, Саларио и Париоли, каде што сообраќајот беше запрен бидејќи нивото на водата речиси ги покри автомобилите, јавува „АНСА“. Многу други делови од Италија денес беа погодени од обилни дождови кои ...

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков денес изјави дека Русија, како одговор на заканите за нејзиниот територијален интегритет, може да одговори на агресорот со употреба на нуклеарно оружје во најлош случај. Рјабков, на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург (СПИЕФ), рече дека ова би било најлошото можно сценарио за обид за закана на руска територија, пренесува ТАСС. „Што се однесува до нас, хипотетичките ...

Американскиот претседател Доналд Трамп призна дека го нарекол израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху луд во телефонски разговор. Во интервју емитувано денес, Трамп одговори на прашањето дали го нарекол долгогодишниот израелски лидер „едноставно луд“ и го обвини за неблагодарност, што претходно го објави порталот „Аксиос“. „Го направив тоа. Не би рекол дека бев лут. Бев малку вознемирен од неговите постојани конфликти со Либан, знаете“, рече ...

Украинската технолошка и одбранбена компанија Fire Point успешно го изврши тестирањето на балистичкиот проектил FP-7. Станува збор за ракета која ќе послужи како технолошка основа за развој на нов противбалистички пресретнувач наречен FREYJA. Овој амбициозен домашен проект треба во блиска иднина да ѝ овозможи на Украина целосно самостојно и независно да го заштитува својот воздушен простор од најтешките балистички закани, јавува украинската ...

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја поздрави новата ера за Унгарија и за Европа, при приемот на новиот унгарски премиер Питер Маѓар во Елисејската палата. „Со вас се отвора нова ера во Унгарија, но и за Унгарија во Европа. Вашиот избор ја покажа силната приврзаност на унгарскиот народ кон вредностите на Европската Унија“, изјави Макрон. Питер Маѓар, кој победи на парламентарните избори во април, го победи поранешниот премиер ...

По завршувањето на протестот кај Славија, во центарот на градот беа регистрирани инциденти на неколку локации. Дел од демонстрантите фрлаа шишиња и камења кон полицијата, по што следуваше полициска реакција. Според информациите од терен, имало судири меѓу граѓани и полицијата, како и повеќе апсења. Во еден момент, лице во цивилна облека соборило демонстрант, кој потоа бил удрен со палка додека лежел на асфалтот. На улицата Краља Милана влегле ...

По повод 1 Јуни – Меѓународниот ден на детето и Денот на згрижувачките семејства, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими дечиња и претставници на згрижувачките семејства од СОС Детско село, како и дел од раководството на организацијата. Оддавајќи им почит за благородната дејност и хуманоста, претседателката ги оквалификува згрижувачите како големи мајки и татковци, како големи родители. „Со Вас домот не е само куќа“, истакна таа и ...

Сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме со град. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минимална температура: 8°C до 15°C Максимална температура: 22°C до 33°C ...

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата ...

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Џ.С.(19) од Скопје, М.Г.(18), 17-годишник и 15-годишник, сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 14.05.2026 во Струмица, пријавените со употреба на физичка сила одзеле чанта со пари, лични документи и други предмети од Б.С. (70) од Струмица. СВР Струмица поднесе кривична пријава против Џ.С.(19) од Скопје, М.Г.(18), 17-годишник и 15-годишник, ...

Неспоредлива е поддршката на оваа Влада за развој и проекти во општините, од која било Влада претходно. Во 2024 и 2025 реализиравме 350 милиони евра за развој и инфраструктурни проекти во општините, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски од средбата во ЗЕЛС со градоначалниците и претставниците од Светска банка каде токму се разговараше за развој и реализација на проекти во општините. ...

Министерството за образование и наука со поддршка од Центарот за трансфер на технологии и иновации ИНОФЕИТ при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје ја унапредува примената на Е-дневникот. Во рамки на соработката е развиено напредно софтверско решение во форма на четбот, базирано на RAG (Retrieval-Augmented Generation) архитектура, кое е интегрирано во Е-дневникот и овозможува интелигентно пребарување и генерирање ...

„Единствениот пат кон членство во европската Унија се уставните измени, тоа се и последните пораки од ЕУ, нагласи пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во дебатната емисија „Клик плус“ на ТВ21. Лукаревска посочи дека одговорноста сега е кај Владата, но наместо стратегија која ќе го олесни влегувањето во европското семејство, власта свесно го блокира европскиот пат и во јавноста пласира лаги и манипулации. „Сите сигнали и пораки коишто ги ...

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија утре, 06.06.2026 година (сабота), ќе биде домаќин на меѓународна конференција на којшто ќе биде промовирана „Скопска иницијатива“, заедничка активност која ги обединува регионалните прогресивни и социјалдемократски сестрински партии за демократски, европски и просперитетен Западен Балкан. „Скопската иницијатива“ ја покрена претседателот на СДСМ, проф.д-р Венко Филипче со што прогресивните сили од ...

Во рамки на посетата на Струга, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, оствари средба со градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура. На средбата беше разговарано за актуелните прашања од значење за локалната самоуправа, за потребите на граѓаните, како и за можностите за унапредување на соработката меѓу централните институции и општините. Претседателот Гаши ја истакна важноста на отворениот дијалог со ...

Во текот на мај 2026 година пријавени се вкупно 191 кривично дело од семејно насилство што претставува зголемување од 70,5% во споредба со истиот месец од претходната година. Најголем дел од кривичните дела се „телесна повреда“ – 130 и „загрозување на сигурноста“ – 52 кривични дела, додека од потешките кривични дела во овој период извршено е едно убиство на подрачјето на СВР Битола и две тешки телесни повреди. Најголем број од кривичните дела ...

SpaceX на Илон Маск го одложи лансирањето на својата масивна ракета Starship и објави дека планира нов обид за долгоочекуван тест лет за денес. Веста доаѓа само еден ден откако компанијата ги откри плановите за излегување на берза, каде што успешното лансирање на новата моќна ракета би можело да помогне во привлекувањето на инвеститорите да купуваат акции, објавува BBC. Рекордно излегување на берзата Првичната јавна понуда (IPO) на ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска, заедно со амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Михалис Рокас и постојаниот претставник на програмата за развој на Обединетите нации (УНПД) Армен Григоријан, извршија увид во активностите за воспоставување на граничниот премин „Маркова Нога“, каде во тек е реализацијата на проектот „Гранична станица Преспанско Езеро: Воспоставување на граничен премин меѓу ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, по повод Светскиот ден на велосипедот ги повика центарци да аплицираат за субвенции за велосипеди, електрични велосипеди и дополнителна опрема и да се приклучат на иницијативата „Цел Центар на точак“, насочена кон поттикнување на еколошки и одржлив начин на превоз. ,, Ова е одличен повод уште еднаш да ги повикам граѓаните да ја искористат можноста што ја нуди Општина Центар”. Јавниот ...

Во рамки на Самитот Европска Унија – Западен Балкан кој се одржа денес во Тиват, Црна Гора, претседателот на владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски даде изјава за медиумите во која оцени дека процесот на проширување на Европската Унија останува жив. „Ова се моменти кога практично Европската унија, односно Европскиот Совете јасно кажува дека процесот на проширување останува жив. Она што е наша задача како Влада е тој ...

Соопштение на СДСM: Сите лаги на Хрисијан Мицкоски паднаа во вода. Иницијативата на германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон за нова динамика на интеграција на Западен Балкан, претставува уште една потврда на она што го говори СДСМ, дека има расположение во ЕУ за прошрување но Македонија мора да ги спроведе реформите и да ги внесе малцинствата во Уставот. „Нашата заедничка цел е да ја комплетираме Унијата ...

Утре, на 6 јуни, во Diamond Mall, љубителите на музиката, колекционерите на винилни изданија, аудиофилите и сите кои сакаат да ја почувствуваат магијата на аналогниот звук ќе имаат единствена можност да бидат дел од Интернационалниот саем на музика, винил и аудио опрема, настан кој на едно место ги обединува музичката култура, колекционерството, издаваштвото и најсовремената аудио технологија. Во текот на целиот ден, почнувајќи од 10.00 до ...

На 04.06.2026 во 20:50 часот на крстосницата од улица „172“ и улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода три лица од 20 до 26 години, сите од село Долно Палчиште, тетовско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 04.06.2026 во 20:50 часот на крстосницата од улица ...

Со инвестиција од 4,2 милиони евра за прв пат набавуваме нови возила и опрема за одржување на хигиената низ општините. Ова е најголема поддршка до сега од Владата за општините во делот на подобрување со сотојбата со хигиента. “Се купуваат 49 возила од различен тип, кои што треба да помогнат на градот Скопје и на останатите општини за подобрување на состојбата со хигиената. Се купуваат 17 мултифункционални возила за урбано одржување хигиена со ...

Во 2025 година во однос на 2024 година се склучени за 5.1 % помалку, а разведени за 8.0 % повеќе бракови, соопшти ДЗС. Во 2025 година се склучени 10 507 бракови и во споредба со претходната година нивниот број е намален за 5.1 %. Најмногу бракови, 1 362 или 13.0 %, се склучени во месец август, а најмалку во месец март, 473 бракови или 4.5 %. Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 92.8 % за жените и 92.1 % за мажите. Во втор брак со ...

Министерството за социјална политика, демографија и млади ја информира јавноста дека во тек е имплементација на ново софтверско решение со кое се врши модернизација и унапредување на процесите за обработка и исплата на правата од социјална и детска заштита во центрите за социјална работа. Станува збор за значајна реформа чија цел е зголемување на ефикасноста, сигурноста и квалитетот на услугите што ги добиваат граѓаните. Во процесот на ...

учествуваат во процесот на стабилизација и асоцијација во Југоисточна Европа). Конференцијата традиционално се организираше со поддршка на Советот за регионална соработка и GIZ – Германско друштво за интернационална соработка во име на Германското федерално министерство за економска соработка и развој. Покрај претставниците од нашата земја, на настанот учествуваат делегации од парламентарните комисии за европска интеграција/прашања на ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
2.06
22%
1012
weather icon

Белград

33ᴼ / 32ᴼ
2.57
27%
1012
weather icon

Загреб

37ᴼ / 35ᴼ
2.57
26%
1011
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
3.09
28%
1015
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
4.01
21%
1014
weather icon

Љубљана

35ᴼ / 34ᴼ
2.06
30%
1012
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
7.72
36%
1014
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
4.12
44%
1014
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
4.63
31%
1013
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 28ᴼ
2.24
30%
1015
weather icon

Будимпешта

35ᴼ / 34ᴼ
5.14
22%
1012
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 26ᴼ
9.77
82%
1014
Currency

61.53

Currency

53.1364

Currency

71.9634

Currency

37.6482

Currency

38.3228

Currency

65.492

Currency

7.88626

Currency

0.63317

Currency

0.33382

Currency

0.52479

Currency

1.11095

Currency

0.55713

Родиум

282926.57

Платина

56103.05

Бакар

13.28

Злато

140678.81

Цинк

0.00

Паладиум

41731.67

Рутениум

53852.50

Калај

56.34

Сребро

2080.30

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.25

Иридиум

252383.36