Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Европската Унија планира привремено да ја суспендира ратификацијата на трговскиот договор со Соединетите Американски Држави поради неизвесноста околу царините воведени од претседателот Доналд Трамп. Главните политички групи во Европскиот парламент објавија дека ќе ја суспендираат работата за одобрување на договорот, откако Врховниот суд на Соединетите Американски Држави ја поништи одлуката на Трамп за примена на реципрочни царини низ целиот ...
Новите глобални царини од 10 проценти, наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп, стапија во сила откако Врховниот суд во петокот блокираше голем број од неговите претходни сеопфатни увозни давачки. Само неколку часа по пресудата, претседателот потпиша извршна наредба со која се воведува новата царина од 24 февруари. Новите глобални царини од 10 проценти, наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп, стапија во сила откако ...
Продуктоводот, преку кој ќе се транспортира дизел-гориво од Ррфинеријата во Солун до рафинеријата „Окта“ во Скопје, по 13 години, повторно се става во употреба. Министерството за енергетика денеска соопшти дека извршени се сите потребни проверки за функционалност на системот и оти ова е значаен чекор за зајакнување на сигурноста во снабдувањето со нафтени деривати. Проверката била спроведена од страна на Бирото за метрологија со учество на ...
Платите на избраните и именуваните функционери ќе се намалат за 10 до 13 илјади денари, а кај некои од позициите и повеќе, со цел поправична распределба на буџетските средства и усогласување со економските услови во државата – изјави денеска пратеникот од ВМРО‑ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, кој информира дека нивната пратеничка група поднела пакет од предлог-измени на шест закони, со кои тоа ќе се постигне. – Како група пратеници во Собранието, ...
Во светот на современиот бизнис, терминот „work-life balance“често се користи како теоретски концепт, но ретки се компаниите кои истиот го преточуваат во конкретна, опиплива придобивка за своите вработени. Еден таков пример е Flex Credit, компанија која неодамна ги прошири своите бенефиции, овозможувајќи дополнителни седум работни дена платено отсуство за татковците, покрај законските три. Оваа „благородна бенефиција“, како што ја опишуваат ...
Од денес со почеток од 12:00 часот до 22:00 часот и секој нареден ден до надминување на проблемот (затворен патен правец во Албанија поради оштетување на мост) ќе бидат пропуштани товарни моторни возила (празни и полни) од албанска страна на граничниот премин Блато, притоа напоменуваме дека сите ТМВ кои што се за фитосанитарен преглед – прегледот ќе може да се направи до 18:00 часот, соопшти Макам Транс. Од Макам Транс напоменуваат: 1. ...
Европската комисија предложи отворање преговори со шест земји од Западен Балкан за да ги вклучи во шемата на ЕУ „Роаминг како дома“. Оваа програма на Европската комисија е регулатива на ЕУ што дозволува мобилни телефони да се користат во други земји-членки по исти цени како и во вашата матична земја. Тоа значи дека кога се користи мобилен телефон во зоната на ЕУ, нема дополнителни трошоци за роаминг за повици, СМС-пораки или користење на ...
Европскиот пазар на нови автомобили започна 2026 година со намалување на регистрациите, покажуваат најновите податоци од Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA). Во јануари беа регистрирани 799.625 нови возила, што претставува пад од 3,9% во споредба со истиот месец лани и означува прв негативен месец за продажбата на нови патнички автомобили од јуни 2025 година. Најголем удар се забележа во Норвешка, каде што ...
Собранието денеска во рамки на 89. пленарна седница ја утврди потребата за носење на пакетот закони со кои се нивелираат платите на избраните и именуваните лица. Со овие закони се предвидува платите на овие лица да им се намалат до 13.000 денари. Станува збор за измени на Законот за пратениците, на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица, на Законот за платите на јавните обвинители, на Законот за платите на судиите, ...
Древниот кинески корен Polygonum multiflorum, популарно познат како „хи шо ву“, се покажа како средство кое ја менува играта кога станува збор за опаѓањето на косата и ќелавоста. Ново научно истражување покажува дека коренот на растението, кое се користи во традиционалната кинеска медицина повеќе од илјада години, дејствува на неколку фронта истовремено во борбата против ќелавоста. Кинескиот корен има повеќекратни ефекти врз опаѓањето на ...
Здравјето на цревата стана една од омилените теми на социјалните мрежи. Од пиење вода со семе од чија на празен стомак до додавање гел од алги во смути и пиење бујон (течност во која се варело месо или риба) за да ги излекувате вашите црева, на овие производи им се припишува сè, од подобро расположение до повеќе енергија. Но, научниците велат дека реалноста е покомплицирана, особено затоа што се појавуваат нови докази речиси секој ден. Иако ...
По комплетирањето на регуларниот дел, Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ги извлече редните броеви за плеј-офот во машката ракометна Суперлига во која ќе се разигрува за евро-куповите и титулата. Во првото коло ќе играат градските ривали Алкалоид и Вардар, додека Еурофарм Пелистер му гостува на ГРК Тиквеш. Третиот пар го сочинуваат Бутел Скопје и ГРК Охрид. Плеј-офот во нашиот најдобар ракометен шампионат стартува на 28 февруари. ...
Хелсиншкиот комитет за човекови права со години се обидува да го регулира функционирањето на навивачките групи поради говорот на омраза, кој честопати доведува до насилство, но тие не најдоа никаква поддршка за нивната иницијатива. Покрај санкциите наметнати од институциите, Комитетот смета дека е од витално значење да се работи директно со членовите на навивачките групи, да се решаваат конфликтите на мирен начин и да се поттикнат да го ...
Фудбалската федерација на Македонија го казни фудбалскиот клуб Вардар со парична казна од 5.000 евра и натпревар без присуство на публика на терен по националистичките скандирања од навивачите „Комити“ на последниот натпревар со Башкими. Одлуката беше донесена на вонредна седница на дисциплинската комисија на која беа констатирани навредливи и националистички повици. ФФМ: Поради лошата организација на натпреварот ФК Вардар – ФК Башкими, ...
Денес се играат две од четирите четвртфинални средби во Купот на Македонија, единствено пресметката на Струга и Шкендија се игра на 18 март поради европските обврски на шампионот. Во денешната програма екипите од ПМФЛ ќе имаат второлигашки противници. Вардар во натпревар без публика ќе ја дочека екипата на Охрид, во дуелот на лидерите во ПМФЛ и ВМФЛ. За овој натпревар ФФМ ги делегира Димитар Пилешков како главен и Ѓурковски и Дејаноски како ...
Фудбалската федерација на Македонија јавно и транспарентно ги објави дописите од надлежните органи на УЕФА за сомнителни натпревари во мак-фудбалот. Станува збор за натпревари на кои има сомнителни уплати за Башкими, Охрид и Тетекс. Од федерацијата објавија документи и објаснување дека истите се редактирани со цел да се заштитат чувствителни податоци бидејќи за дел од нив има активна истрага. „Во врска со информациите кои беа пласирани во дел ...
Кошаркарите на Орландо Меџик триумфираа на гостувањето кај Лос Анџелес Лејкерс (109-110) во НБА лигата. По голема драма во „Крипто.ком Арената“ на крајот славеа гостите. Вреди да се напомене дека Леброн Џејмс имаше шут за победа, но од многу тешка позиција откако Лука Дончиќ го потроши времето. Словенецот го заврши мечот со 22 поени, додека „Кралот“ уфрли еден помалку. Убедливо најдобар на паркетот беше Паоло Банчеро кој финишира со 36 поени ...
Боде/Глимт продолжи со својата неверојатна игра елиминирајќи го Интер Милан во плејофот од осминафиналето на Лигата на шампионите на УЕФА. Со овој нов подвиг, норвешкиот тим обезбеди место меѓу 16-те најдобри тимови во Европа, како и значителна финансиска корист. Со победа од 2:1 на стадионот „Сан Сиро“, тие го потврдија вкупниот резултат од 5:2 и се квалификуваа во следната рунда , со што го продолжија својот настап во елитното ...
Екипата на Шкендија пристигна во Турција каде ја очекува реваншот против Самсунспор во плеј-офот од Конференциската лига на УЕФА. Турскиот тим славеше со еден гол во Скопје, но тренерот Јетон Беќири смета дека ништо не е затворено, затоа што фудбалот носи чуда. „Да бидеме реални ние имаме негатива од првиот меч и секако дека Самсунспор е фаворит што се однесува до пласаманот, но фудбалот носи чуда и се надевам дека тоа чудо може да се случи ...
Во изминатите два циклуси го имавме Џејкоб Вајли, првиот од претквалификациите за Светскиот Куп, потоа и стартот на претквалификациите за Евробаскетот 2029. Сега во улога на „заштитник на рекетот“, нашиот најдобар тим го има на располагање Етан Хап. Повредите го спречија да го продолжи оној континуитет на добри игри во дресот на Македонија. Но овој февруарски ФИБА „прозорец“ му отвора нов простор на aмериканецот кој во овој мoмент е дел до ...
Тренерот на Самсунспор, Торстен Финк, најави офанзивен пристап пред реванш-дуелот со Шкендија во 1/16-финалето од УЕФА Конференциската лига. Македонскиот шампион ќе го одигра вториот натпревар од елиминациската фаза. Во првиот меч, одигран на Арената „Тодор Проески“ во Скопје, турскиот тим славеше со минимални 0-1, па Шкендија патува во Турција со цел да приреди сензација. Финк, кој ќе го има своето деби пред домашната публика во европски ...
Тргнувањето на новата ера на човечки мисии кон Месечината повторно е ставено на пауза. Ракетата SLS, која треба да ја изведе мисијата „Артемис II“, ќе биде вратена од лансирната рампа 39Б во Вселенскиот центар „Кенеди“ во зградата за склопување возила, откако инженерите открија проблем со протокот на хелиум во горниот степен на ракетата. Овој потег практично ја елиминира можноста за лансирање во март и го насочува вниманието кон априлските ...
Длабоко во арктичките планини на норвешкиот остров Шпицберген, во таен бункер познат како Глобален трезор за семиња на Свалбард, научниците додадоа 7.864 нови примероци од семе во подземен трезор за семиња. Овој глобален трезор за семиња, кој содржи повеќе од 1,38 милиони уникатни примероци, е последната безбедносна мрежа за иднината на глобалното земјоделство и храна во случај на катастрофи. Овогодишните примероци, први во 2026 година, ...
Снежната бура што го погоди североисточниот дел на САД оваа недела донесе обилни дождови во Њујорк, но и неочекувана политичка бура. Она што започна како вирална борба со снежни топки во парк заврши со повреди на двајца полицајци и отворен спор меѓу градоначалникот и полициските синдикати. Според CNN, инцидентот се случил во паркот Вашингтон Сквер, каде што жителите се собрале за однапред договорена борба со снежни топки за време на силна ...
За разлика од другите ретроградни периоди, каде хаосот е надворешен и очигледен, овде забуната е внатрешна. Мислите се замаглени, границите меѓу рационалното и емотивното се разлеваат, а заморот не доаѓа од работа, туку од луѓе, ситуации и очекувања што одамна ви ја трошат енергијата. Меркур во Риби не функционира по правила, рокови и логични шеми. Кога е ретрограден, ве тера да забавите, да се повлечете и да погледнете што навистина ве ...
Цената на биткоинот падна за повеќе од 5% во последните 24 часа во неделата навечер, паѓајќи под 65.000 долари, бидејќи големите сопственици префрлија монети на берзите, а неодамнешните купувачи продаваа со загуба, зголемувајќи притисок врз веќе кревкиот пазар. Поголемиот дел од падот на цената се случи во рок од само два часа во неделата навечер. Ова го означува првиот период на биткоин од шест последователни негативни неделни затворања, ...
Работниците кон средината на март излегуваат на улица доколку нема зголемување на минималната и на останатите плати. Потпретседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Иван Пешевски, за ТВ Алсат изјави дека според нивните пресметки, трошоците за живот на четиричлено семејство во последните два месеци се зголемени за речиси 2.000 денари. Тој посочува дека законското усогласување на платите од 1.500 денари веќе е надминато од растот на ...
Европските земји покажуваат значајни разлики во просечното богатство по возрасен жител, открива „Извештајот за глобално богатство 2025“ на UBS. Во Турција тоа изнесува околу 29.923 евра, додека во Швајцарија надминува 634.000 евра, објави Euronews. Според извештајот на UBS за 2025 година, просечното богатство по возрасен во 31 европска држава значително варира. Во Швајцарија е највисоко со 634.584 евра, следена од Луксембург со 523.591 евра, ...
Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија во прво читање денеска е на дневен ред на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика. Со предлог-законот се предлага минималната плата во државава да изнесува 600 евра. Овластен предлагач е претседателот на СДСМ, Венко Филипче заедно со уште неколкумина пратеници од опозициската партија. Овој ...
Државата во текот на следниот месец треба да го исплати првиот дел од солидарниот данок коишто компаните во 2023 година го уплатија согласно Законот за данок на солидарност. Од Министерството за финансии за МИА велат дека процесот за враќање на средствата уплатени согласно Законот за солидарен данок е започнат. – Донесен е Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за враќање на ...