Белград
9ᴼ /
8ᴼ
Управата за јавни приходи (УЈП) направи техничка надградба на своите електронски системи со цел нивното користењето да биде уште полесно и поедноставно. Најавата на почетната страница на системот е-ПДД (https://e-pdd.ujp.gov.mk/) сега е пренасочена преку порталот е-Даночни услуги (https://e-ujp.ujp.gov.mk/), со што, како што велат од УЈП, пристапот станува поедноставен и побрз. -Со едноставно кликање на линкот „ПДД“ во горниот десен агол на ...
Предлог – притвор за шест лица, за петанестина мерки за претпазливост, и за шест до седум правни лица од Прилеп, Битола и Скопје -предлог за изрекување забрана за учество во постапки за јавни набавки. Вчерашната робусна акција на Финансиската полиција во прилепската болница, денеска околу пладне пред Обвинител седна поголема група осомничени лица кои се товарат за учество во финансиски малверзации и сторен криминал за околу 800.000 евра. Помеѓу ...
Премиерот Христијан Мицкоски, кој ја предводи владината делегација во Лондон на Самитот за Западен Балкан – Берлински процес, попладневно информира дека потпишал Меморандум за разбирање со американско-британската компанија „Бурсток“, која што ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија. -Денеска потпишавме меморандум за разбирање со американско-британската компанија „Бурсток’, која што ќе инвестира во наменската воена индустрија во ...
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во рамки на работната посета на Обединетото Кралство, денеска остварил средба со претставници на Националната агенција за извозно финансирање – УКЕФ. Како што соопшти Министерството за транспорт, на состанокот се разговарало за подршката што ја овозможува УКЕФ кон земјите од Западен Балкан во делот на обновливите извори на енергија, транспортот и здравството. ...
ВМРО-ДПМНЕ би добиле над 60 пратеници, а СДСМ би завршиле со 20-на пратеници доколку резултатите од првиот круг на локални избори се пресликаат на моделот за парламентарни. Ова го покажуваат анализите и проценките на двете партии. Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ велат дека со добиените 300 000 гласови на локалните избори, на потенцијални парламентарни избори, според Донтовиот модел, партијата би освоила над 60 пратеници, додека, пак, за СДСМ велат ...
Два различни принципи во битката за Карпош, многу ветувања, проекти. Во вториот круг се борат Сотир Лукровски од ВМРО-ДПМНЕ, кој влезе како победник со освоени 34.5% од гласвоите и актуелниот градоначалник Стевчо Јакимовски, поддржан од коалицијата „Искуство за успех“, кој бара петти мандат, а во втор круг влегува со 29.4%. Лукровски ветува дека ако биде избран ќе престане бетонизацијата и урбаното дивеење. Вели во Карпош има два фронта, еден на ...
Поскапи производи и помала конкурентност на европските пазари. Обврската за декарбонизација ќе значи дополнителен трошок за компаниите, првично за оние од челичниот и цементниот сектор. Од први јануари, фирмите од државите што не се членки на Европската Унија ќе треба да плаќаат такса за загадување за извезените производи согласно нивото на т.н. јаглероден отпечаток. Министерката за енергетика Сања Божиновска вели дека се уште не се знае како ќе ...
„Безбедноста на децата мора да биде обврска на општината, а не трошок за родителите“, порача Мирослав Лабудовиќ кандидат на ЗНАМ за градоначалник на Општина Центар. Тој најави дека дел од неговата програма е воведување 24-часовно физичко обезбедување во сите училишта и градинки на територијата на Центар, стои во соопштението на кандидатот за градоначалник на Центар. „Не може родителите од свој џеб да плаќаат за нешто што е законска обврска на ...
Советничката група од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Даме Димитровски, заедно со советничките групи на нивните коалициски партнери Вреди и ЗНАМ, денеска одржаa координативна средба со кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Орце Ѓорѓиевски, на која се разговарало за првите чекори по преземањето на управувањето со градот. Како што изјави Ѓорѓиевски, првиот ребаланс на буџетот ќе биде насочен кон враќање на ...
Состаноци за европските интеграции, стабилноста на регионот, економскиот развој на земјава, стратешката инфраструктурна поврзаност. Владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски втор ден во Лондон – ги претставува позициите на Македонија на низа билатерални средби кои се важни за реализација на проектите, за македонската економија, транспортната инфрраструктура, но и приближувањето на земјата кон ЕУ. Од клучно значење е ...
Полицијата ја тресе документацијата за тоа кој е виновникот што контенјерите во македонската метропола остана со денови преплавени со ѓубре. Инспектори проверуваат за затајувањето на надлежните институции да се грижат за хигиената во Скопје. Освен полицијата и Обвинителството почна постапка – проверува како работеле Град Скопје и јавното претпријатие. Оттаму не ја исклучуваат можноста освен „Комунална хигиена“, да бидат опфатени проверки и на ...
Министерството за економија денеска соопшти дека Европската комисија, во најновиот извештај за имплементацијата на Планот за раст, потврдила дека Македонија упешно ја спровела реформската мерка 4.1.1 – „Справување со неформалната економија во поддршка на Стратегијата за формализација на неформалната економија“. Целта на мерката е унапредување на формалната економија преку интензивирање на инспекцискиот надзор и примена на пристап заснован на ...
Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври е одбележан со пригоден настан во населеното место Миладиновци, каде што беше положено свежо цвеќе пред споменикот на македонскиот револуционер Васил Стојанов-Аџаларски, роден во 1880 година во селото Аџалари, денешно Миладиновци. -Тој бил истакнат војвода и борец за национална слобода, кој предводел чета составена од комити од поширокиот регион на денешна општина Илинден. Аџиларски ...
Билатералната развојна соработка, која претставува еден од најзначајните столбови на стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, како и најактуелните политички случувања во регионот на Западен Балкан и значењето на Берлинскиот процес како клучна политичка и развојна рамка за зајакнување на регионалната соработка, биле во фокусот на билатералната средба на министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска во Лондон со ...
Лични интереси и фрустрации, а не подобри услови за работа биле причина за хаосот во Македонска Навигација кој се заканува да прерасне со штрајк на контропкорите на летање. Адвокатот на компанијата јавно предупредува дека синдикатот незаконски продолжува да притиска и да се заканува и покрај одлуката на судот дека најавениот штрајк е незаконски. Адвокатот Николоски вели дека причините за организирање на штрајкот апсолутно се нејасни за Управниот ...
Жените во Македонија имаат банкарски сметки и кредитни картички на исто ниво како мажите, но имаат добиено само 28 отсто од кредитите достапни преку Програмата за финансирање на зелена економија (Green Economy Financing Facility– GEFF). Соодносот е скоро 10 милиони евра зелено кредитирање помалку за жените, покажуваат резултатите од истражувањето направено од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Според истражувањето, жените покажуваат ...
Избрани се деветтемина студентски претставници во Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, чиј мандат ќе почне на 1 ноември. Универзитетското студентско собрание (УСС на УКИМ) соопшти дека за сенатори се избрани студентите: Адам Стојановски од Природно-математичкиот факултет; Филип Питулков и Борјан Велјановски од Економскиот факултет; Сергеј Пуриќ и Александар Бојчовски од Правниот факултет „Јустинијан Први“; Александар Димоски ...
ВМРО-ДПМНЕ како апсолутен победник на локалните избори со освоени 33 општини во првиот круг и водство во 19, плус градот Скопје, би освоило над 60 пратеника доколку утре има парламентарни избори, додека пак СДСМ и Филипче би биле трета партија во некои изборни единици, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, наведува партијата. ВМРО-ДПМНЕ во однос на минатите локални избори има скок од 12.000 гласа, додека пак СДСМ е во дебел ...
Вработени од „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“ организирани од Независниот синдикат на државната администрација денеска протестираа поради неисплата на септемвриската плата. Блокирајќи ја раскрсницата на булеварот „Илинден“, побараа исплата на платата и почитување на одредбите од потпишаниот колективен договор односно исплата на додатоците за плата, регрес за годишен одмор, отпремнина за пензија. На раководството на претпријатието му ...
Основното јавно обвинителство Прилеп денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 16 физички и седум правни лица, додека уште девет други лица се осомничени за дела кои се гонат во скратена постапка за прекршување на прописите за јавни набавки во ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ – Прилеп. Како што соопштија од ЈОРСМ, тие се осомничени за кривични дела – Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна ...
Повторно блокади најавија од „Паркови и зеленило“. Вработените таму, заедно со колегите од „Флораком“ и „Луна“ повторно излегоа на протест – незадоволни поради неисплатената септемвриска плата. Денеска ја блокираа „Илинденска“. Откако директорот повторно одбил да ги прими на разговор. Од Синдикатот предупредуваат дека се соочуваат и со ризик да останат без здравствено осигурување. Претседателот на синдикатот, Ристевски, најави дека доколку до 28 ...
Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) има право да организира штрајк и за тоа има овластувања од гранковиот синдикат, а постапката за организирање на штрајкот најавен за 20. месецов што беше забранет со судско решение на барање на раководството на М-НАВ, е спроведена како што треба, за што има и соодветна документација, изјави денеска Александар Тасевски, претседател на М-НАВ. Тасевски ги оцени како паушални тврдењата што претходно ...
Македонија, како и земјите од Западен Балкан, е дел од Европа и нејзините политики, а не простор надвор од нејзините граници. Во таа насока, нашата држава ниту размислува ниту поддржува идеи за отворање кампови за враќање на одбиени баратели на азил. Ова го истакнал заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски, кој учествува на годишната Конференција за миграции во Виена (Vienna Migration Conference) во ...
Независниот кандидат за градоначалник на Општина Македонска Каменица, Миран Митревски во објава на својот Фејсбук профил ја изразува неговата поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Димчо Атанасовски, во вториот изборен круг. Митревски наведува дека поддршката ја дава врз основа на позитивното искуство и успешната соработка со Атанасовски во периодот кога тој ја извршувал функцијата градоначалник. -Со него, за првпат во нашата општина, ...
Дебарските иселеници продолжуваат со донации за Општата болница со проширена дејност во Дебар, која со својата дејност ја покрива и општина Центар Жупа, а при итни случаи и подрачјето на Река, Општина Маврово и Ростуше. Последователна донација е EХO апарат (Ултразвук), за амбуланта за ендокринологија, во вредност од 35.400 евра, од дебарската асоцијација во САД „Dibra Community Center“. Директорот на болницата Мерсим Колеци, на средба со ...
Прилепското обвинителство побара притвор за шест лица и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската општа болница. -Основното јавно обвинителство Прилеп до прилепскиот Суд за случајот со Општата болница во Прилеп поднесе предлози за притвор за шест лица, за 15-тина мерка за претпазливиост и за шест до седум правни лица (од Прилеп, Битола, Скопје) предлог за изрекување забрана за учество во постапки за јавни ...
Декарбонизацијата, енергетската ефикасност и обновливата енергија се моќни алатки за изградба на поиновативна, поотпорна и конкурентна економија, рече евроамбасадорот во земјава Михалис Рохас, на промоцијата на првиот водич за декарбонизација за малите бизниси во земјата, што се одржа денеска во Стопанската комора. Рокас истакна дека Македонија покажа силна посветеност преку својот Национален план за енергија и клима како визија каде што растот ...
Во Скопје денеска се спроведува координирана акција на Министерството за внатрешни работи (МВР) под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). Акцијата опфаќа претреси на повеќе локации и е насочена кон лица осомничени за сериозни кривични дела, меѓу кои лихварство и перење пари. Од ОЈО ГОКК информираат дека постои основано сомневање за инкриминирани активности, а повеќе информации ќе ...
Зајакнување на соработката, особено во сферата на евроинтеграциите, регионалната стабилност и заедничките приоритети во рамки на Европската Унија, биле темите на кои денеска во Лондон се осврнале премиерот Христијан Мицкоски и францускиот министер за Европа, Бенжамин Адад. -Денеска во Лондон одржав средба со Бенжамин Адад, Француски министер за Европа. На средбата разговаравме за продлабочување на соработката меѓу нашите земји, особено во ...
Македонските компаниии треба да преминат кон поодржливо и нискојаглеродно работење со цел намалување на јаглеродниот отпечаток и постигнување на јаглеродна неутралност. Со оглед дека од 01.01.2026 година ЕУ стартува правилото „загадувачот плаќа“ за производи од трети земји, вклучувајќи ги и оние од Македонија, согласно нивото на јаглероден отпечаток при нивното производство, Стопанската комора и Европската инвестициска банка, заедно со ЕУ и ...