Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
На пазарите на нафта, терминските договори за суровата нафта од марката „Брент“ паднаа за 1,27 отсто на 112,99 долари за барел, додека американската сурова нафта се лизна за 2,12 отсто на 104,16 долари, откако порасна ден претходно поради зголемената загриженост за прекини во снабдувањето. Поради толку високите цени на нафтата, стравот од инфлација расте на глобално ниво и последователното зголемување на каматните стапки од страна на ...
Вооружен маж вчера отворил оган во близина на Белата куќа, ранувајќи тинејџер кој случајно се нашол во близина, по што припадниците на американската Тајна служба возвратиле на огнот и го застрелале осомничениот. Тајната служба, која е одговорна за заштита на американскиот претседател и други високи претставници, објави дека инцидентот бил резултат на конфронтација помеѓу вооружено лице и полицијата на Тајната служба. И осомничениот и ...
Повеќе од 15.000 нови работни места се креирани во последната година, со што бројот на вработени во државата достигна околу 710.000, а бројот на пријавени невработени е под 90.000, изјави премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска присуствуваше на започнување на доградба на ООУ „Гоце Делчев“ во скопската општина Аеродром. Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање истакна дека реалната бројка на невработени, ако од вкупниот број пријавени ...
Одржливите јавни финансии и макроекономската стабилност се клучни во услови на зголемена глобална неизвесност, -порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во своето обраќање на економскиот и финансиски дијалог, што денеска се одржа во Брисел. Во рамките на 12. економски и финансиски дијалог, информираат од Министерството за финансии, се дискутира за економскиот развој, предизвиците и плановите, а беа усвоени и препораки за ...
Вкупната вредност на извозот на стоки од државава во првиот квартал годинава изнесува 1 998.3 милиони евра и бележи пораст од 3.6 проценти во однос на првиот лвартал од претходната година. Вредноста на увезената стока, пак, во периодот јануари – март годинава, изнесува 2 788.3 милиони евра, за 0.5 проценти повеќе во однос на истиот перод лани, покажуваат денеска објавените податоци на Државниот завод за статистика. Во периодот јануари – март ...
Со свечено поставување камен-темелник за изградба на нова трибина, Општина Илинден продолжува со унапредување на спортската инфраструктура на фудбалскиот стадион во населба Илинден. -Проектот се реализира во повеќе етапи, при што во првата фаза, во соработка со Фудбалската федерација на Македонија, беше извршена целосна реконструкција и проширување на теренот. Поставена е нова вештачка трева, изградена е заштитна ограда и имплементиран е ...
Поднесени се кривични пријави против родителите на малолетничките кои нападнаа девојче во општина Ѓорче Петров, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи. – Единицата за внатрешни работи – Ѓорче Петров при СВР – Скопје до ОЈО – Скопје денеска поднесе шест кривични пријави по член 201 став 1 од КЗ – запуштање и малтретирање дете, против Е.А и А.М, Е.С., Р.С. и Р.Г., С.А., В.И. и Ѓ.И., А.Т. и Т.Т., поради тоа што малолетните ...
Јазикот е заштитник на нашиот идентитет, сегашност и иднина. Коренот на нашето битие и кодот на нашата посебност. Македонскиот јазик е чувар на нашата колективна меморија, историја и идентитет, основната карактеристика што нè разликува од другите, вечниот паметник на нашето постоење и битисување и нашата лингвистичка гордост. Тоа го нагласи потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, во своето обраќање на одбележувањето на 5 Мај – ...
Основната каматна стапка се задржува на нивото од 4 проценти, одлучи денеска Извршниот одбор на Народната банка на редовна седница. Според Народната банка, податоците за првиот квартал од годинава упатуваат на понатамошен, но поумерен раст на економската активност, а просечната годишна стапка на инфлација забави на 3,7 проценти, малку повисока од проекцијата. Девизните резерви остануваат во сигурната зона, а продолжува јакнењето на ...
Македонија неминовно ќе има повисока инфлација во април. Тоа е неизбежно, поради глобалните случувања. Премиерот вели дека и земјите во регионот имаат раст на трошоците за живот помеѓу 4,5 и 6%. Дополнително лани во април функционираше и т.н. велигденска кошничка, што ги држеше цените на солидно ниво. Мицкоски е задоволен што месечната инфлација на најосновните прехранбени производи за еден месец не надминала 1 процент, што според него, е ...
Европската интеграција во Западен Балкан сè повеќе го губи својот трансформативен потенцијал и се претвора во продолжен и неизвесен процес, покажуваат најновите анализи подготвени во рамките на Националната конвенција за Европската Унија во Македонија. Според експертите, клучниот проблем не е недостигот на стратегии, туку недостигот на политичка волја за нивна доследна имплементација. „Политичката волја во регионот е претежно тактичка, а ...
Од утре следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура ќе биде од три до 10 степени Целзиусови степени, а дневната од 17 до 27 степени. Во наредните денови времето наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Метеоролозите најавуваат дека повремено врнежите ќе бидат пообилни, особено во петок. Од утре следува ...
Основниот кривичен суд Скопје ги прогласи за виновни за злоупотреба на службената положба сите тројцата полицајци од Кочани и на Кире Богатинов и Горан Лазаров им изрече условна казна затвор од една година, а на командирот на ПС Кочани Александар Темелков – условна казна затвор од две години, која нема да се изврши ако во период од четири години не стори ново кривично дело. На објавата на првостепената пресуда во Кривичниот суд денеска не ...
Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава по итна постапка против Р.Р. (39), вработен како полициски службеник во ОЗОЛО- ЕОПРСМ при Министерството за внатрешни работи, поради основано сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда” по член 130 став 2 од КЗ, односно затоа што на 02.05.2026 физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга. Како што соопшти МВР, Р.Р. е лишен од слобода и изведен пред ...
Бујар Османи во Брисел наводно ги штител правата на Албанците во Македонија, кои, според него, биле загрозени затоа што тој повеќе не е министер. Пародија!, се наведува во соопштението од ВРЕДИ. Со кој легитимитет Бујар Османи може да ги застапува Албанците, кога пред само неколку месеци изгуби дома, во Чаир, од своите? Од 22 години власт на ДУИ со СДСМ и ВМРО, Бујар Османи помина 3.670 дена во министерства, во власт и во дипломатски салони. ...
Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) денеска ги презентираше клучните резултати за 2025 година кои опфаќаат зголемување на буџетот на институцијата за 6,13 отсто, зголемување на капитацискиот бод на матичните лекари за 33 отсто и рангирање на прво место според транспарентност меѓу државните институции. – Управниот одбор на ФЗО минатиот четврток го одобри годишниот извештај за 2025 година. Минатата година Фондот се грижеше за 1.841.000 ...
– Општина Струга и оваа година ќе биде дел од националната еколошка акција „Генералка викенд“, која ќе се одржи в петок на 8 мај. Акцијата, како што соопшти Општина Струга, е можност уште еднаш да покажеме дека грижата за природата започнува од секој од нас. Збирно место, според информацијата, е во 10 часот пред Општина Струга, а по завршувањето на генералката најавен е коктел за учесниците. – Ги повикуваме сите граѓани, здруженија, ...
Учениците и професорите, стручната јавнос во Куманово, денеска упатија пораки за поголема грижа, негување и современо разбирање на јазикот. Денот на македонскиот литературен јазик денеска беше одбележан во Занаетчискиот дом со свечена академија. Учесниците ја истакнаа улогата на македонскиот јазик, како темел на националниот идентитет, но и како жива материја што се менува. Манифестацијата, која се одржува трета година по ред, според ...
Секторската работна група за енергетика денеска одржала состанок во Владата, на кој, како што информира Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), е порачано дека енергетската транзиција повеќе не е план, туку активен процес со конкретни резултати и мерливи цели. Фокусот на дискусијата на состанокот, на кој присуствувале претставници од Делегацијата на Европската Унија, УНДП, Светскатабанка, амбасади, клучни ...
Бројот на контролите на издавањето боледувања во 2025 година во однос на 2024 година е речиси двојно зголемен. Продолжуваме понатаму со контролите кои истовремено се потврда каде има недостатоци во системот. Сега имаме големо барање од Министерството за одбрана за контроли, истакна денеска генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Посочи дека имаат работна група за измени на правилникот за боледувања, прават ...
Јавното претпријатие „Паркинзи на Oпштина Центар“ воведува нов модел на организација и користење на јавните паркиралишта, насочен кон поголема достапност на паркинг – просторот за жителите, подобра ефикасност во управувањето и унапредување на квалитетот на услугите, соопштија попладнево од Одделението за односи со јавност при јавното претпријатие. – Со измените во новите подзаконски акти на ЈП „ПОЦ“, жителите на општина Центар и понатаму ...
Да ја чуваме кирилицата и јазикот. Во време на негирања и оспорувања од страна на Бугарија, потребата од правилна употреба на македонскиот јазик е поголема од кога било, посочуваат истакнати македонисти. По повод 5 Мај, Денот на македонскиот јазик, во Институтот „Крсте Мисирков“ се одржа свеченост со настапи на ученици и обраќања на професори и научни работници. Директорката на Институтот Грујовска, испрати порака до сите граѓани, особено ...
Судењето за пораншената прва антикорупционерка продолжи со изведување на докази на одбраната. Татјана Димитровска тврди дека сите одлуки кои ги споделила во пораките со ексдиректорот на ТЕЦ Неготино Небојша Стојановиќ, претходно биле јавно објавени на седници на Антикорупциската комисија. Одбраната на поранешната вработена во Термоелектраната, пред судот изведуваа решенија за вработување и велат нема оддавање на службена тајна бидејќи ...
Во време кога вештачката интелигенција е сè поприсутна, треба правилно да се избориме со предизвиците и да го зачуваме нашиот македонски јазик и нашата азбука. Според универзитетскиот професор Димитар Пандев, важно е да се најде средината меѓу јазикот на охридската книжевна школа и јазикот на вештачката интелигенција. На оваа историска фреквенција, пред нас се отвораат две клучни прашања, едно рационално од областа на логиката и когнитивната ...
Јасмина Костадинова иако немала потпишувачка улога во доделувањето на ИПАРД фодовите, добро ги знаела процедурите и така учествувала во паралелен систем за незаконско распределување европски пари. Договорот бил да добие 20 илјади евра за да посредува фирмата на екс министерот Џефдет Насуфи да ги добие пари од ИПАРД фондовите. Призна дека примила награда за против законито влијание и доби 10 месеци затвор. Судот го ценел признанието, но и дека ...
Во рамките на одбележувањето на 80 години од постоењето на гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово, вечерва во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ ќе биде изведена премиерата на театарската претстава „Крв не е вода“, во продукција на драмскиот клуб при училиштето, информираа денеска од гимназијата. Претставата, која ќе се игра во два термини од 12:0 и од 20:00 часот, е резултат на долгогодишната работа на клубот што оваа година одбележува 15 ...
Во законскиот рок – 30 април 2026 година, Управата за јавни приходи (УЈП) заврши со генерирање на Годишните даночни пријави (ДЛД-ГДП) за остварен доход во 2025 година, пришто се изгенерирани вкупно 862.896 даночни пријави, информираат од УЈП. -Сите граѓани ќе добијат и лична порака на својот профил на „МојДДВ” или на е-пошта регистрирана во УЈП. Согласно законските одредби, секое физичко лице кое во текот на 2025 година остварило доход има ...
Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 7 мај – четврток, во раните утрински часови, соопштија денеска од Одделението за односи со јавноста при Град Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, тогаш ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин. – Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат ...
Традиционално и годинава моштите на „Свети Георгиј Победоносец“ и неговата чудотворна икона на 7 мај, ден по Ѓурѓовден носени во торжествена литија низ струшките улици ќе го осветат градот на поезијата. Моштите на светителот од манастирот во Рајчица, според Дебарско-кичевската епархија, свечено ќе бидат пречекани во 13 часот во храмот „Свети Георгиј“ во Струга, каде верниците ќе може да се поклонат. По отслужената вечерна богослужба, со која ...
Не е извршено соодветно евидентирање на имотот на општина Илинден и не се преземени активности за запишување на правото на сопственост. Изградбата на локални патишта и улици е без одобрение за градење, реконструкцијата на инфраструктурните објекти е без проектна документација, а распределбата на средствата за култура и спорт не е извршена на транспарентен начин. Тоа го констатира Државниот завод за ревизија (ДЗР), при ревизија на финансиски ...