По повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, делегации на ликалната самоуправа на Прилеп, на Сојузот на борци и поддржувачи на борбените традиции, на здруженија и граѓани им оддадоа почит на револуционерните дејци и се поклонија пред нивните споменици. Цвеќе беше положено пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто, пред спомениците на Ѓорче Петров и на Пере Тошев во центарот на ...

Кандидатот за градоначалник на општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, ја најави новата мерка што ќе биде дел од неговата програма за дигиталната писменост како поддршка на младите – субвенции за таблети и лаптопи за сите ученици од петто одделение во општина Центар, се вели во видео изјава од кандидадот за градоначалник на Општина Центар од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија (ЗНАМ). „Денес дигиталната писменост е исто толку важна колку и ...

Зацврстување на партнерството со Обединетото кралство, инвестиции во Македонија, целосно модернизирање на железничката инфраструктура со британска помош. Владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, имаше и повеќе од успешна работна посета на Лондон, каде успеаја и да ги презентира црвените линии во однос на македонските национални интереси. Според познавачите, на билатералните средби, во прв ред историската со Кралот Чарлс ...

Изет Меџити и неговиот тим вечерва во општина Чаир ја прославија заслужената победа на локалните избори. Во атмосфера исполнета со емоции и ентузијазам, Меџити им се заблагодари на партиските структури, активистите и граѓаните кои стоеле покрај него во текот на целата кампања, се наведува во соопштението од ВРЕДИ. -Победата што ја постигнавме не е случајност, туку резултат на работа, посветеност и доверба што ја изградивме заедно. Тоа е победа ...

Јас многупати кажувам дека мора да победуваме дома и тука немам никаква дилема, дека домашната задача е најважна, но мора да победуваме и во Лондон и во Брисел и во Париз и во Берлин и во Рим и во Вашингтон и во другите главни градови на земји-членки и на ЕУ, но и на влијателни држави во светот. Ќе се бориме за да ги браниме националните интереси и интересите на Македонија, генерално и на граѓаните. Иднината на државата е во рамките на ЕУ, тоа е ...

„Во вториот круг секако ќе имаме пораст на гласови, но во секој случај тешко е да се споредуваат локални и парламентарни избори, бидејќи на локалните избори има помал процент на излезеност, а поголема фрагментација по однос на големата бројка на листи за кандидати за советници. На парламентарни избори има поголем процент на излезеност, а истовремено има помала фрагментација и национална униформирана кампања“, вели Антонијо Милошоски, член на ИК ...

Без отстапки од националните интереси, со јасна визија за иднината на Македонија во Европската унија и со заштитен идентитет и достоинство. Премиерот Христијан Мицкоски од Лондон испрати порака до Брисел но и до Софија. Македонија очекува гаранции од Европската Унија и испорака од Бугарија – да го почитува Договорот за добрососедство и одлуките на Судот за човекови права во Стразбур кои се однесуваат за македонското малцинство кај нашиот источен ...

Орце Ѓорѓиевски кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека во првите 72 часа ќе направи генералка на цело Скопје и истакна дел од проектите кои се приоритетни како изградбата на подземна сообраќајница во Скопје, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „Проблемот со сметот не е само од денес и не е изминатата недела, ние имаме хроничен проблем неколку години наназад со кои се соочуваме како скопски градоначалници земајќи ...

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, единиците на МВР денеска, по обезбедени наредби од Основниот кривичен суд – Скопје, извршија претреси на повеќе локации низ Градот Скопје, поради основано сомневање за сторени кривични дела Лихварство и Перење пари и други приноси од казниво дело. Обвинителот, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 12 осомничени лица за кои ...

„Погубно е главниот град да биде, буквално може да кажам, затрупан со ѓубре и со смет. Ситуацијата е веќе апокалиптична, тоа што го гледаме на терен е неодговорно и буквално за срам. Надлежностите коишто ги има Град Скопје, очигледно, гледаме дека не ги извршува“, вели Драгана Бојковска, пратеник во македонското Собрание од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Бојковска се осврна на алармантната состојба со отпадот ...

Иванка Василевска, пратеник во македонското Собрание од редовите на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека процесот на подготовки за локални избори во секоја сериозна политичка структура почнува многу порано затоа што е многу важно што ќе добијат граѓаните како политичка понуда на претстојните локални избори, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „Поддршката кон Орце Ѓорѓиевски не е само поради припадноста во ист политички субјект и иделошка, туку е и ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска во Лондон се сретна со премиерот на Обединетото Кралство, Кир Страмер. – Во рамките на посетата на Самитот за Западен Балкан, остварив средба со британскиот премиер, г. Кир Стармер. На средбата разговаравме за продлабочување на билатералната соработка и поддршката на Обединетото Кралство на земјите од регионот. Главата цел е Берлинскиот процес, односно средбите на највисоко ниво кои се ...

Премиерот Христијан Мицкоски, кој заедно со владина делегација ушествува на Самитот за Западен Балкан во Лондон, денеска се сретна со неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ и со директорката на ЕБРД Одил Рено-Басо. – Остварена средба со хрватскиот колега Андреј Пленковиќ на која дискутиравме за европската перспектива и напредокот на реформските процеси. Хрватска е наш голем пријател и силен поддржувач на патот кон ЕУ, објави на Фејсбук ...

На маргините на Самитот на Берлинскиот процес за Западен Балкан што се одржува во Лондон, министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис имал неколку средби меѓу кои и со премиерот Христијан Мицкоски, како што преку Икс информираа од грчкото МНР. Од Министерството за надворешни работи на Грција објавија фотографии на Герапетритис со премиерите на Македонија и Косово Христијан Мицкоски и Албин Курти, со генералниот секретар на ...

Службите на Општина Центар заедно со Институтот за јавно здравје Скопје, веќе 5 дена спроведуваат вонредна есенска дератизација, со која се опфатени 1.980 шахти, стои во соопштението од Општина Центар. Дератизацијата се спроведува со цел уништување штетни глодари и превенција од заразни болести, како дел од мерките што општината ги презема за заштита на населението. „Спроведуваме вонредна дератизација со цел да ги спречиме сите можностите од ...

Јован Златевски соопшти дека се повлекува од функциите претседател на Републичкиот сојуз на здруженија на лозаропроизводители и претседател на Потсекторската група за лозарство и винарство при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Како што објави Златевски попладнево, причина за ваквиот чекор е недоволната соработка и поддршка од страна на институциите и покрај неговите заложби за подобрување на положбата на лозарите и на ...

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, денеска остварија работна средба со Тим Рид, извршен директор на Националната агенција за надворешно финансирање на Обединетото Кралство -УКЕФ. На средбата се разговараше за деталите околу соработката и подршката што ја овозможува оваа Агенција во рамки на Договорот за соработка меѓу двете земји, соопшти ...

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за иден градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски информираше дека на иницијатива на градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски денеска бил одржан состанок со сите скопски градоначалници во рамки на ЗЕЛС, со една единствена цел, да се изнајде решенија за нефункционалноста на ЈП „Комунална хигиена”. – Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една ...

Во организација на Фондацијата за култура и спорт Куманово, под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово, денеска во занаетчискиот дом се одржа манифестација во чест, Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот присуствуваа средношколци. Публиката имаше можност да проследи проекција на документарен филм „Историја на ВМРО“ и да ја разгледа изложбената поставка на фотографии, позајмени од ризницата ...

Во август годинава просечната месечна исплатена нето-плата изнесувала 45 310 денари, а просечната бруто-плата била 68 180 денари што во однос на истиот месец лани е зголемување од 10,3 отсто, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС). Зголемувањето на нето платата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита за 14.6 %, Образование за 14.5 % ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска се сретна со новоназначениот амбасадор на Кралството Шведска Ола Солстром. Осврнувајќи се на, како што рече, одличните билатерални односи меѓу двете земји, Солстром истакна дека во текот на неговиот мандат ќе се фокусира на политичките односи, односно на продолжување на поддршката за интеграција на Македонија во ЕУ, на соработката во НАТО, како и на унапредување на економската соработка. Шведскиот ...

Денеска мојот против кандидат зборува за тоа од каде ми доаѓале гласовите, од каде ќе ми дојдат гласовите, и почнува да зборува за некоја теорија на заговор, вели кандидадтот на Левица за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ, во изјава за медиумите. Владиниот кандидат се сретна со ВРЕДИ, ја доби нивната подршка. Јас се среќавам со скопјани. И ќе продолжиме да се среќаваме со скопјани. Затоа што скопјани се охрабрени, и во се поголем број ќе ...

Уставниот суд денеска ја одржа 22. седница на која дискутираше за осум иницијативи за оценување на уставност и законитост, две барања за заштита на слободи и права и два предлога за донесување на одлуки. Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 141-а од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги („Службен весник на Македонија“ бр.184/2013, 13/2014, 44/2014, 101/2014, 132/2014, 13/2016, 142/2016, 132/2017, 168/2018, ...

Актуелниот градоначалник на Куманово и кандидадт за нов градоначалнички мандат Макисм Димитриевски од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, преку својот профил на Фејсбук соопшти дека се сретнал со претставници на Коалиција ВРЕДИ од кои, како што вели, добил поддршка за вториот круг од локалните избори. – Подадена рака! Денес остварив средба со новиот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, организациониот секретар на Алтернатива, Башким Муртези и ...

Владата отвора нова страница на економскиот и индустриски развој на државата. Македонија станува центар за инвестиции во наменската воена индустрија – проект што ќе донесе милионски вложувања, нови работни места и стратешка соработка со светски компании. Премиерот Христијан Мицкоски, кој ја предводи владината делегација на Самитот за Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес во Лондон, денеска го потпиша Меморандумот за разбирање со ...

Со длабоко разбирање за состојбата во која се наоѓа и за предизвиците од лична природа на кои е изложена, нема да ја коментираме Данела Арсовска. И посакуваме добро здравје и брзо опоравување. Јасно ни е, а и сите експерти кои ги консултиравме тоа ни го потврдија дека ова нејзино однесување е надвор од нејзината волја и е посилно од нејзе, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Се надеваме дека ќе се избори со работите кои ја оптоваруваат, и ...

Општина Пустец ќе биде опфатена со Мастер планот за одржлив развој на туризмот, поддржан од AFD и Министерството за туризам, кој ќе ги утврди идните чекори за развој на одржлив и целогодишен туризам. Ова е договорено на редовниот состанок на Регионалниот Комитет за развој на туризмот, каде што биле дискутирани мерките и подготовките за зимската сезона 2025–2026 година. -Добра вест за Пустец и целиот регион е започнувањето на процесот за ...

Дритон Суљејмани, портпарол на Изборниот штаб на ВРЕДИ денеска во изјава за медиумите истакна дека Албанците на Локалните избори испратија јасна порака дека времето на, како што рече, лошо владеење, ароганција и измама завршила. -Денеска, три дена по 19 октомври една работа е јасна како Сонце – Албанците зборуваа со еден глас и ја избраа промената. Тие испратија моќна порака „времето на лошо владеење, ароганција и измама заврши“ и тоа не само на ...

Двајца турски државјани на возраст од 30 и 26 години се осомничени за помагање на странци при незаконит престој во државава, информира ЈОРСМ. Осомничените во текот на годинава, заеднички, со намера да прибават противправна имотна корист, помогнале на странци да престојуваат во земјава спротивно на одредбите од Законот за странци, за што, како што информираат Основното јавно обвинителство Скопје донело наредба за спроведување истражна постапка. ...

Министерот за здравство Азир Алиу денеска учествуваше на работилница во организација на Министерството за здравство, а со поддршка на Светската здравствена организација (СЗО), која има за цел унапредување на комуникацијата и координацијата, како предуслов за функционална институција, а со тоа и ефективен здравствен систем. -Неопходно е да изградиме механизам за навремена и ефективна комуникација, како и алатки за следење и евалуација на нашите ...

weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
9.77
68%
1013
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
1014
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
75%
1013
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
7.47
88%
1014
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
97%
1014
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
0.89
86%
1003
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
100%
1004
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
100%
1006
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
10.8
91%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
1.54
93%
1014
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
3.6
67%
1009
weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
100%
1008
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Калај

40.48

Паладиум

46425.68

Сребро

1878.05

Платина

52952.77

Алуминиум

2.91

Кобалт

58.42

Злато

135056.24

Бакар

10.95

Рутениум

29192.88

Цинк

3.23

Никел

473339.37

Иридиум

145787.60