Комисијата за одбрана денеска ја одржа 35. седница на која расправаше по три точки од дневниот ред и тоа предлог-законите за измена и дополнување на законот за јавни набавки во областа на одбраната, за измени и дополнување на законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и за измени и дополнувања на законот за развој, призводство и промет на воени стоки. За сите три предложени предлог-закони Собранието претходно се изјасни дека истите ...

Во организација на Министерство за локална самоуправа и програмата СИГМА, се одржа практична работилница на тема „Од политика до практика: Зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, на која учествуваа претставници на општините, институциите и домашни и меѓународни експерти. На отворањето на работилницата, како што соопшти Министерството за локална самоуправа, се обратија министерот за локална самоуправа Златко ...

Денес со тешко срце се сеќаваме на нашите 7.144 сограѓани македонски Евреи, кои на овој ден беа насилно одземени од своите домови, од своите семејства и од своето Скопје, испратени кон сигурна смрт во логорот Треблинка, напиша во објава на Фејбук градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Ова, како што поочува скопкиот градоначалник, е болка што сè уште живее во сеќавањето на нашиот град. -Тие беа наши соседи, пријатели, еснафи – луѓе ...

Македонија ја има завршено половина од работата во однос на степенот на имплементација на законодавството на Енергетската заедница. Има напредок во одредени делови, но претстои уште работа, покажува извештајот за 2025 година на Енергетската заедница што денеска го презентираше директорот на Енергетската заедница Артур Лорковски пред пратениците во македонското Собрание. – Македонија се наоѓа на средина. Заслужувате повеќе. Од една страна ...

Општина Аеродром започна со целосна реконструкција на пешачките површини кај ТЦ „Три бисери“, простор што секојдневно го користат голем број наши сограѓани. Со овој проект, како што велат, ќе се уредат околу 4.000 квадратни метри јавен простор, на потегот покрај бул. „Јане Сандански“ – од зграда број 7 до зграда број 11. -При тоа, старите и дотраени павер-елементи се заменуваат со нови и современи, со што овој фреквентен дел од Аеродром ќе ...

Претставници од 31 медицинска установа од 19 држави од Европа ќе присуствуваат на одбележувањето на првата годишнина од трагичниот настан во „Пулс“, најавено е денеска на прес конференција на која присуствуваа градоначалникот на Општина Кочани, Влатко Грозданов и претставници на Организацскиот одбор. На пресот, градоначалникот Владко Грозданов упати апел до граѓаните во текот на тридневното одбележување на најголемата трагедија на Кочани во ...

Општина Куманово започна со реконструкција на улица „425“, позната како стар Тромеѓански пат, во населбата Иго Тричковиќ. Проектот, како што информираше градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски опфаќа целосна реконструкција на трасата во должина од 1.540 метри, со што локалните власти очекуваат значително подобрување на сообраќајната инфраструктура и условите за движење на жителите од овој дел на градот. Според најавите од општината, ...

Паниката кај СДСM од тонењето и губењето на довербата кај народот расте од ден на ден. Дури и нивните анкети потврдуваат дека партијата им пропаѓа и дека граѓаните не им веруваат. Од толку што не знаат кај тераат, анкети им се причинуваат дури и таму каде што не се спомнати. Последно реагираа на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ и велат дека стоело дека сме направиле анкета, иако во соопштението не постои како викаме дека сме направиле анкета, се вели ...

И покрај демантите и јасните факти, СДСM и Филипче наместо да се извинат за невистините што ги пласираа во јавноста за наводни мигранти во Македонија, продолжуваат со истата реторика и обвинувања, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. Дури и по реакцијата и демантот од британскиот амбасадор во врска со наводите за мигрантски кампови во Македонија, СДСM останува на ...

Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор – Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи – Југ и од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај – Неготино, вчера во близина на клучка Неготино, лишија од слобода 24-годишно лице од село Студеничани, скопско. Претходно, по добиени сознанија дека превезува мигранти на патот Гевгелија -Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен ...

Изречена била итна мерка за отстранување од дом на насилник од Скопје поради извршено семејно насилство, соопштија утрово од Министерството за внатрешни работи. – Вчера од страна на Единицата за насилен криминал при Секторот за внатрешни работи – Скопје е поднесено барање до скопскиот Основен граѓански суд за итна мерка за отстранување од дом за Љ.Б., 68-годишен скопјанец, поради извршено семејно насилство. На 9 март во 22:30 часот во градот, ...

Општина Неготино, преку Оделението за урбанизам и заштита на животната средина, организира акција за пошумување со цел зголемување на зелените површини и унапредување на животната средина, информираше денеска градоначалничката Марија Нацева. – Акцијата се реализира во соработка со „Мен енд маунтенс“ (МАМ), организатори на „Генералка викенд“, кои обезбедуваат донација на садници. Како резултат на нашето активно учество, Општина Неготино доби ...

Изречени биле 37 мерки за прекршоци при акциска контрола на возачи на товарни моторни возила на територија на целата држава, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. – Вчера во периодот од девет до 14 часот, на подрачја на повеќе сектори за внатрешни работи, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе засилена акциска контрола во патниот сообраќај, насочена кон ...

СДСМ е изгубен во сопствениот ПР и секојдневно ја губи довербата на граѓаните. Политичката криза во СДСМ се продлабочува дополнително и со ПР конфузијата која владее во партијата. СДСМ тоне во сопствениот ПР на лаги, манипулации и деструкција што дополнително допринесува за падот на довербата кај граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ и Филипче се обидоа да стекнат политички поен плус ширејќи лаги за наводни мигранти во ...

Членовите на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Комисијата за европски прашања на Собранието ќе одржат состанок со претставници од Секретаријатот на енергетската заедница. На состанокот, како што информира собраниската прес-служба, ќе биде извршена презентација на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската ...

Објавена е првата авторска книга со студии за македонскиот јазик и философијата, со акцент на македонската терминологија. „Матица македонска“ објави едно од клучните дела со коишто го одбележува својот 35-годишен јубилеј – книгата „За македонскиот јазик и философијата“ од академик Витомир Митевски, потпретседател на Македонската академија на науките и уметностите. Ова дело, како што наведува „Матица македонска“, е резултат на долгогодишното ...

Девет предмети за дискусија, едно барање за преиспитување на одлука на Уставниот суд и два предлога за донесување на конечни одлуки се на дневен ред на денешната седница на судот. Меѓу иницијативите што ќе се најдат на дневен ред е и онаа со која се оспорува терминот „привремен“ во Законот за таксата за привремен престој, поднесена од Славко Лазовски, кој смета дека овој термин не е усогласен со современите уставни вредности. Судот ќе ја ...

СДСМ и кажувањата на раководството предводено од Венко Филипче се демантирани секој ден. И тоа демантирани се од релевантни изјави, релевантни институции. Но, на СДСМ како да не им се слуша, и секој ден оттаму повторуваат само лаги, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Конкретно, Државната комисија за борба против корупцијата ги демантираше нивните лаги што се однесуваат на Ивица Томовски. Антикорупциската комисија не утврди судир на ...

Како дел од активностите за одбележување на 12 Март – Светскиот ден на бубрежното здравје, Здружението за ретки болести „Ретко е да си редок“ објавувава серија текстови посветени на ретките бубрежни заболувања, како исклучително комплексни болести што често тешко се дијагностицираат, а бараат специфичен, доживотен третман. Текстовите се изработени од страна на еминентни експерти по медицина, а со цел подобра едукација на јавноста и рана ...

22 септември 1942 година. Македонија е окупирана. Бугарскиот Комесаријат за еврејски прашања со наредба од тој ден, за комесар за еврејски прашања во Скопје го назначил Иван Захариев, кој истовремено бил поставен и за помошник-кмет на скопската општина, значи му помагал на кметот Спиро Китинчев, заедно со другите четворица помошници како, на пример, Кирил Жерновски, на пример. Се разбира, сите во општината бездруго добро знаеле што работи ...

ЈЗУ Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство се стекна со сертификат за акредитација во важност од 5 години, од страна на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи (АКАЗУМ), се наведува во соопштението од Клиниката за гинекологија и акушерство. Ова е втор циклус на акредитација на ЈЗУ УК за гинекологија и акушерство, со кој оваа здравствена установа после успешно спроведените активности за исполнување на ...

Градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски денеска изврши увид во градежните активности на улицата „2“ во населеното место Расадник. при што оцени дека улицата во најбрз можен рок е целосно рекностуирана и завршена. -Продолжуваме со градежната офанзива и ги реализираме ветувањата. Направив увид во градежните активности на улица „2“ во населеното место Расадник која во најбрз можен рок е целосно реконструирана. Ова е улица во должина од ...

Американската војска соопшти дека нападнала и уништила 16 ирански бродови за поставување мини во близина на Ормускиот теснец, по извештаите дека Иран почнал да поставува експлозивни направи во стратешки виталниот воден пат. Повикувајќи се на разузнавачки извори, Си-ен-ен објави дека Иран поставил неколку десетици мини во теснецот во последните денови и има капацитет да посее уште стотици. Околу една петтина од светската нафта поминува низ ...

Иранските вооружени сили во текот на ноќта започнаа масовен бран напади со ракети и дронови насочени кон Израел и повеќе држави во Персискиот Залив. Додека израелската воздушна одбрана пресретна голем дел од проектилите, иранските медиуми блиски до Револуционерната гарда го опишаа нападот како најобемната операција од почетокот на војната. Според израелските воени извори, ракетите кои не биле соборени паднале во ненаселени подрачја, но ...

Цените на нафтата денеска дополнително паднаа по вчерашниот нестабилен ден и во моментов се движат околу 90 долари за барел. Релативната смиреност е веројатно најдобриот начин да се опише расположението на европските берзи и пазарите на стоки утрово. Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе одржи средба со сопствениците на супермаркетите, на која ќе се разговара за цените на производите. Средбата доаѓа откако кај нас имаше поскапување на ...

Во првите десет дена од март, полицијата низ државата регистрирала дури 6.264 сообраќајни прекршоци, а 151 возач бил лишен од слобода поради безобѕирно управување со возило, соопшти МВР. Најголемиот дел од казните се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина – дури 1.800 возачи возеле побрзо од пропишаното. Според податоците на полицијата, меѓу приведените возачи, 32 биле фатени како управуваат возило под дејство на алкохол, додека 50 ...

Во изминатите 10 дена регистрирани се 6.264 сообраќајни прекршоци, а приведени се 151 лице за безобѕирно управување на возило, соопшти МВР. Во периодот од 01.03.2026 до 10.03.2026, од вкупно 6.264 издадени платни налози, 1.800 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Од приведените 151 лице, 32 се за возење под дејство на алкохол, еден за возење со брзина поголема од дозволената во населено место, ...

Oколу 20 милиони евра финансиска поддршка се исплатени кон земјоделците од моментот на усвојување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година, информираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во гостување на една од националните телевизии. Тој посочи дека Министерството во изминатиот период одржало серија состаноци со речиси сите релевантни земјоделски здруженија, со цел заедничко ...

– Заменик – претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски имаше работни средби во Стејт Департментот каде се разговараше за стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД, со посебен акцент на политичките и економски врски. На средбата со Даниел Лоутон, заменик – помошник државен секретар задолжен за Европа, беше потенцирано силното партнерство меѓу двете земји засновано на меѓусебна поддршка и заедничка посветеност ...

Втората група македонски граѓани евакуирани од ОАЕ пристигна во Скопје, соопшти вечерва Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. – На Меѓународниот аеродром – Скопје пристигна втората група македонски граѓани кои безбедно полетаа од Дубаи и ја напуштија територијата на Обединетите Арапски Емирати. Станува збор за вкупно 150 патници, од кои 125 македонски државјани, седум државјани на Србија, 11 државјјани на Косово, двајца ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
53%
1019
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
4.63
71%
1019
weather icon

Загреб

11ᴼ / 5ᴼ
3.09
47%
1022
weather icon

Софија

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
54%
1021
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
3.34
88%
1018
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1025
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
4.12
85%
1013
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
41%
1016
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
5.14
38%
1018
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 9ᴼ
5.66
64%
1015
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
4.92
44%
1019
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
6.17
76%
1015
Currency

61.645

Currency

52.6183

Currency

71.0956

Currency

37.6837

Currency

38.5248

Currency

67.1488

Currency

7.70987

Currency

0.70065

Currency

0.32997

Currency

0.52528

Currency

1.1713

Currency

0.56113

Бакар

12.18

Родиум

326330.08

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Калај

51.07

Платина

66584.20

Рутениум

53788.20

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.62

Злато

153002.26

Паладиум

50026.56

Сребро

2508.22