Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас денеска го повика Израел да ја прекине својата актуелна воена операција во Либан, обвинувајќи дека операцијата води кон масовно раселување и дестабилизација на веќе кревката ситуација. Иако Израел го има правото на самоодбрана како одговор на неодамнешните напади од страна на милицијата Хезболах поддржана од Иран, неговиот одговор „беше прекумерен“, изјави Калас, ...
Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, изјави дека САД се на многу добар пат во спроведувањето на својот план во Иран, како и дека претседателот Доналд Трамп ќе ги диктира условите за предавање. – Нашите капацитети се убедливо надмоќни во споредба со иранските. Кога ќе ги здружите нашите воздушни сили со израелските, тоа се двете најмоќни авијации во светот – рече Хегсет во интервју за ТВ мрежата Си-Би-Ес. На новинарско прашање што ...
Иранската револуционерна гарда, идеолошката армија на Исламската Република Иран, му се заколна на верност на Моџтаба Хамнеи, синот на убиениот ајатолах Али Хамнеи, кој е именуван за нов ирански врховен лидер. Исламската револуционерна гарда „го поддржува изборот на Советот на експерти (и) е подготвена целосно да се покори и да се жртвува за да ги исполни божествените заповеди“ на Моџтаба Хамнеи, се наведува во соопштението. Моџтаба Хамнеи, ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, се огласи на социјалната мрежа Truth Social откако светските цени на нафтата се искачија на повеќе од 100 долари за барел, како резултат на војната што САД и Израел ја водат против Иран од минатата недела. Како и секогаш, Трамп ги минимизираше негативните ефекти од војната, велејќи дека дури и со зголемувањето на цената, „вредело“. „Краткорочните цени, кои масовно ќе паднат кога ќе биде уништена нуклеарната ...
Унгарската владејачка партија ФИДЕС денеска поднесе предлог-закон за овластување на Националната даночна и царинска управа да ги задржи парите и златото, кои беа конфискувани минатата недела од две украински оклопни возила, додека трае даночната проверка. Унгарија во петокот соопшти дека притворила седум Украинци кои превезувале околу 82 милиони долари и злато, под сомнение за перење пари. Киев ја обвини Будимпешта за земање на банкарските ...
Суровата нафта Брент денеска за момент надмина 118 долари за барел, што е највисока цена во последните четири години. Експертите предупредуваат дека цената на нафтата би можела да достигне и 150 долари за барел ако Ормутскиот Теснец остане затворен. Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека порастот на цените на нафтата е мала цена што треба да се плати за безбедноста и мирот во светот. Земјите од Г7 се собраа на итен состанок. ...
Цените на нафтата денеска се вратија на ниво под 100 долари за барел по скокот на отворањето, бидејќи главните производители од Блискиот Исток почнаа да го намалуваат производството по нарушувањата во транспортот во Ормускиот Теснец. Така, нафтата брент е во пораст од околу осум отсто и е на ниво од околу 99,5 долари за барел, а американската сирова нафта WTI (West Texas Intermediate) за околу четири отсто и се движи околу 95 долари за барел, ...
Адвокатот Тони Менкиноски, кој доби црн печат од граничната полиција за влез во Бугарија до 2036 година, денеска го информирал Парламентот, Владата и Министерството за надворешни работи за да преземат соодветните чекори согласно нивниот мандат и овластување, бидејќи, како што рече, да се стави црн печат на адвокат не се случило ниту во Нинбершките процеси. Менкиноски, кој ги застапува македонските здруженија од Бугарија пред Европскиот суд за ...
Експертот за кризи, хирургот на Заев, Филипче, човекот кој во време ковид кризата, наместо набавка на ракавици, каљачи, маски и така натаму, договараше провизии за вакцини, нема кредибилитет да дели совети како треба да се постапи, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Изгледа Венко живее во некој свој свет, во којшто е само тој со Заев, Башановиќ и уште двајца тројца, па нема кој да му каже дека Владата си ја врши својата работа без тоа да ...
Македонската берза и оваа година се приклучи кон иницијативата „Да заѕвониме за родова еднаквост“ (Ring the bell for gender equality). Мотото за 2026 година е „Права. Правда. Акција, за сите жени и девојки“ (Rights. Justice. Action for all women and girls), со што по повод Меѓународниот ден на жената се повикува на забрзана акција за отстранување на структурните бариери за родова еднаквост. Иницијативата што е поддржана од над 110 други берзи ...
Во Министерството за правда денеска се одржа конститутивна седница на работната група за реформи во изборното законодавство, со која ќе претседава министерот за правда Игор Филков. На седницата, како што информираат од Министерството, е дискутирано за Деловникот на работа и начинот на работа на работната група. Следната седница на работната група за реформи во изборното законодавство е закажана на 23 март, а на членовите на работна група ќе ...
Запалена сува трева предизвика пожар во дел од магацин на компанија, која произведува раноградински производи во близина на село Таринци во Општина Карбинци. Причинета е материјална штета. Командирот од Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ)-Штип, Благој Ренџов вели пожарот се случи во 14.20 минути, а во моментот се врши негово догаснување. Ренџов додава дека на лице место интервенираат екипите на ТППЕ Штип, со две противпожарни возила. ...
Македонското друштво „Илинден”- Тирана му го честита изборот на новиот албански прв дипломат Ферит Хоџа, со очекувања да се заложи за подобрување на правата на Македонците во Албанија. -Дозволете ми, во име на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, во мое лично име, како и во име на македонското национално малцинство во Република Албанија, да ви го честитам изборот на оваа клучна функција и во посакам успех на вашата позиција како министер за ...
Седумнаесет реконструкции на објекти на македонската Армија ќе има оваа година, а инвестицијата е околу десет милиони евра, најави денеска при посетата на касарната „Јане Сандански“ во Штип, министерот за одбрана Владо Мисајловски. Тој денеска заедно со претставници од Генералштабот на Армијата и Mинистерството за одбрана извршија увид во градежните активности на објектите кои што се реконструираат. -Денеска можеме да видиме еден целосно ...
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев оствари работна средба со претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Адем Чучуљ, на која се разговараше за унапредување на меѓуинституционалната соработка во насока на јакнење на интегритетот во јавната администрација. Како што информираат од МЈА, фокус на средбата бил ставен на развој и спроведување на едукативни активности и обуки за јавните службеници, насочени кон ...
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи регистрирала осум пријавени настани со семејно насилство, а полициски службеници лишиле од слобода шест лица во Скопје, Росоман, Кичево и Виничко. Утринава во 00:05 часот на подрачјето на скопски Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Д.(52) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 08.03.2026 околу 16:30 часот во семејниот дом упатувал закани ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изврши увид во градежните активности на новата полициска станица во општина Аеродром. Новата полициска станица, која, според Министерството за внатрешни работи, претставува еден од капиталните инфраструктурни проекти, е проектирана со главен влез за граѓаните од страната на булеварот, со цел полесен и попрактичен пристап, како и дополнителен влез на задната страна за службени потреби. ...
Бензиските станици се преполни со возила. Граѓаните чекаат ред да наполнат гориво по поефтина цена. Во текот на денот на неколку бензиски станици имаше недостиг на гориво поради зголемена побарувачка на енергенси. Од Државниот Пазарен Инспекторат истакнаа дека тие се на терен. Прават контрола на безниските станици. Во последните 4 дена имаат направено над 250 инспекциски контроли, а забележани се проблеми кај само 10% од контролираните ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска ќе учествува на меѓународната конференција Budapest Balkans Forum 2026, која се одржува во Будимпешта, Унгарија, во организација на Унгарскиот институт за меѓународни прашања. Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Муцунски ќе се обрати на воведната дебата на високо ниво на тема „Централна Европа и Западниот Балкан во новата ...
Во подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување во Кочани не е примена документација во врска со дискотеката „Пулс“, сведочеше вработена во ова подрачно одделение. На денешното судење за пожарот во кочанската дискотека, таа посочи дека прегледувала документација доставена од управители на фирмите во врска со правилници за заштита од пожари и опасни материи, а на прашањето дали во делокругот на нејзината работа има примено ...
Со положување цвеќе, комеморативна програма и посета на еврејските гробишта во Штип, денеска се одбележа 83 години од депортацијата на Евреите во Штип. На настанот присуствуваа вицепремерот Љупчо Димовски, министерот за култура Зоран Љутков, пратениците во македонското Собрание, Никола Мицевски, Душко Иванов и Благој Бочварски, потоа градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, претставници на Еврејската заедница, државни институции, ...
Неучеството на жените во економијата и на пазарот на трудот не е само прашање на социјална правда, туку и сериозен економски проблем кој генерира огромни загуби за државата и општеството, беше истакнато на денешната панел-дискусија во Европската куќа во Скопје, посветена на женското економско јакнење. Со денешниот настан се означи почетокот на серијата дебати за правата на жените што ќе се одржуваат во текот на целата година – почнувајќи со ...
Локалната власт на Дебар и раководството на општинското комунално претпријатие „Стандард” со цел чист град и околина, преземаат активности за да обезбедат управувањето со отпадот и одржувањето на животната средина да биде според стандардите што се практикуваат во Европа. Во тие рамки за време на посетата на Љубљана, Словенија, градоначалникот на Општина Дебар, Фисник Меља, заедно со директорот на „Стандард“, Нертиљ Османи, реализирале работна ...
Министерот за здравство Азир Алиу денеска ја посети Општата болница со проширана дејност во Кочани. При тоа се сретна со градоначалникот Владко Грозданов и со ракводството на кочанската здравствена установа. На овој настан беше објавено склучувањето на Меморандум за соработка помеѓу Општината и Болницата во насока на расчистување и хортикултурно уредување на дворната површина и просторот под асфалт, заради обезбедување повеќе паркинг места за ...
Вработена во сметководствено биро кое соработувало со Агенцијата за обезбедување Рубикон денеска на судењето за пожарот во Пулс сведочеше дека никогаш не сретнала некаков материјален документ дека помеѓу Пулс и Рубикон постола деловна соработка. На прашање од обвинителот дали во материјалното работење некогаш изготвиле или виделе фактура која е со назнака за субјектот МММ Кафе ДООЕЛ односно за клубот Пулс, таа одговори негативно. На прашањето ...
Премиери, меѓународни гостувања, копродукции и активности за поддршка на младите автори и независната сцена се во годишната програма на Македонскиот народен театар за 2026 година, во која МНТ има поголем буџет за 56,8 отсто во однос на минатогодишниот. Како што соопшти директорот на МНТ Никола Кимовски денеска на прес-конференција, веќе се почнати пробите за премиерата на претставата „Страв и надеж“ од Франц Ксавер Крец, во режија на ...
На територија на државата, полициските службеници вчера лишиле од слобода 11 возачи, од кои осум за управување возило без возачка дозвола, двајца за управување на возило и покрај тоа што имале активна забрана и еден за возење под дејство на алкохол, соопшти Министерството за внатрешни работи. -Најмногу возачи се лишени на подрачјето на СВР Охрид – пет, додека на подрачјата на СВР Скопје, СВР Тетово и СВР Битола се лишени по двајца возачи. Од ...
Бројот на невработените лица во 2025 година е намален за 6,6 проценти во споредба со 2024 година, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Активното население брои 796 399 лица, од кои вработени се 704 617, а невработени 91 782. Стапка на активност изнесува 52,5, на вработеност 46,4, а на невработеност 11,5 отсто. Од вкупниот број невработените лица, мажи се 61,4 проценти, а жени 38,6 проценти. Бројот на вработени лица бележи ...
По денешното евакуирање на 151 лице од Дубаи кои пристигнаа вечерва на Скопскиот аеродром, се очекува следен авион да има во вторник, со кој отприлика волкав број патници ќе пристигнат во државата. Третиот лет се планира за средината на неделата, но се уште се чека да се види дали ќе се зголеми интересот на македонските граѓани од ризичните подрачја, за да биде целосно искористен потенцијалот за извлекување што го организира државата. Како ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска информира дека во тек е координиран процес на евакуација на македонските државјани од повеќе земји на Блискиот Исток, кој, како што рече, се очекува да биде финализиран до крајот на оваа недела. На прес-конференција во Владата, Муцунски истакна дека од првиот момент на ескалацијата на безбедносната криза е воспоставен кризен механизам преку Министерството и ...