Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
Во организација на македонската амбасада и Културно-информативниот центар, во Тирана беше одржана пригодна свеченост по повод 5 мај – Денот на македонскиот јазик. -Вршителката на работите во Амбасадата, Радмила Стојмировска истакна дека оваа година се одбележуваат 81 година од усвојувањето на македонската азбука и го потенцираше значењето на јазикот како столб на нашиот национален идентитет, кој ја обединува заедницата и го чува богатството ...
Општина Илинден продолжува со континуирани вложувања во унапредување на комуналната инфраструктура и модернизација на механизацијата на јавните комунални претпријатија, со цел обезбедување поквалитетни и поефикасни услуги за граѓаните. Во таа насока, за потребите на ЈКП „Илинден“ е набавена нова градежна машина за извршување на повеќе комунални активности на територија на општината. Со новата механизација значително ќе се подобри квалитетот и ...
Во време кога енергетиката е едно од најважните прашања за секоја држава, наша обврска е да создадеме систем што ќе биде сигурен, конкурентен и отпорен на глобалните предизвици. Intraday Market токму тоа го овозможува. Со оваа платформа добиваме поголема флексибилност во управувањето со електроенергетскиот систем, подобро балансирање и поефикасно користење на енергијата во реално време – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето ...
Владата постојано работи на унапредување на електроенергетскиот систем – вели премиерот Христијан Мицкоски посочувајчи на изградбата на интерконекторите. Очекува веќе следната недела да почне и изградбата на северниот интерконектор. – Владата го зајакнува високонапонскиот преносен систем, тука мислам на системот на МЕПСО. Знаете дека се рестартира повторно изградбата на интерконекторот со Албанија. Продолжуваат и внатрешните рингови да се ...
Венко Филипче верно го следи Зоран Заев и неговите политики. Венко Филипче е третиот во низата по Зоран Заев и Димитар Ковачевски, кој е спремен да ги продолжи предавничките политики уште веднаш, рече Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција. Филипче ќе направи се за да ја задржи фотелјата на Бихаќка. Пред два дена, на 123 годишнината од смртта на Гоце Делчев, од пред неговиот гроб, Венко Филипче изјави ...
Уставниот суд на денешната седница ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 1 и член 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Подносителот на иницијативата, Илија Ивановски од Србија, смета дека оспорените одредби го ставаат во нееднаква и дискриминирачка положба во однос на другите пензионери кои оствариле право на пензија според истиот закон, но живеат и ја примаат ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на денешната прес-конференција ги покани граѓаните на традиционалниот целодневен настан „Нож и виљушка на европска чинија“, кој ќе се одржи на 9 мај во Паркот на Франкофонија, со почеток во 12 часот. Тој посочи дека станува збор за симболичен датум, Денот на Европа, кој годинава Центар го одбележува и преку оваа манифестација, во присуство на претставници на земјите членки на Европската ...
Јавен обвинител од Одделението за малолетници при Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Барање за поведување подготвителна постапка до судијата за деца во Основниот кривичен суд Скопје за 4 деца во судир со законот за кои постои основано сомнение дека презеле дејствија кои во Кривичниот законик се предвидени како кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1. Како што информира ЈО, малолетничките, од кои една ...
Министерството за образование и наука (МОН) денеска ја организира последната панел-дискусија во рамки на кампањата „Магијата е во знаењето“, на тема „Училницата на иднината: Вештачка интелигенција, знаење и новата улога на наставникот“. Како што најавува МОН, панел-дискусијата има за цел да отвори прашања за примената на вештачката интелигенција во образованието, вложувањето во обуки на наставниот кадар и улогата на наставникот во насочување ...
Институтот за национална историја – Скопје, во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер, денеска во Порта Македонија организираат панел-дискусија на тема „Моментот на основање на Европа: Зошто беше основана Европската Унија и што таа значи денес“, како дел од серијата „Дијалог за историја и стратегија“. Серијата „Дијалог за историја и стратегија“ има за цел да отвори критичка и структурирана дискусија за врската помеѓу клучните историски ...
Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје денеска и официјално ќе го означи почетокот на Пазарот во тековниот ден (Intraday Market). На настанот по овој повод, најавени се обраќања на премиерот Христијан Мицкоски и на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска. Поздравни обраќања ќе имаат и генералниот директор на МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски, генералниот директор на БСП и претседател ...
Под мотото „Генерација со визија – Професија со иднина“, денеска во Скопје ќе се одржи Третата регионална конференција на сметководители и овластени сметководители. Како што е најавено, конференцијата ќе обедини над 1.000 учесници од земјава и регионот, претставници на институции, професионални организации, академската заедница и деловниот сектор, а поздравни обраќања ќе имаат министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски и ...
Со изведување материјални докази предложени од Обвинителството, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште, одржано на 4 мај, свој исказ пред судот даде директорот на Институтот за судска медицина, Александар Станков, во својство на вешто лице, којшто посочи дека главна причина за смртта кај починатите лица, ...
Со изведување докази и сослушување сведоци, денеска во Основниот кривичен суд – Скопје продолжува судењето против пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, обвинет за сообраќајната несреќа во која животот го загуби 16-годишниот Матеј Димовски. Во пресрет на рочиштето, семејството преку писмено соопштение изрази незадоволство од ставот на обвинетиот изнесен на претходното рочиште, кога тој изјавил дека не чувствува одговорност за загубениот живот. ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 26 степени. Од ...
Во Општина Градско денеска ќе се одржи трибина во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“. Кампањата почна на 18 март годинава од Босилово и, како што беше најавено, ќе се реализира во над 30 општини, со посета на повеќе од 120 населени места. Целта е да се слушнат ставовите и потребите на земјоделците, да се презентираат досегашните политики и мерки во секторот, како и да се дискутира за актуелните предизвици. Како ...
Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска организира научна расправа на тема „Кривично-правен и граѓанско-правен статус на правните лица“. Настанот се организира во рамки на проектот „Владеење на правото во функција на економски раст и развој“, којшто се спроведува во ЦСИ МАНУ со финансиска поддршка од Министерството за образование и наука. Настанот се реализира во ...
Во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади и УНИЦЕФ денеска ќе се одржи конференцијата „Вложување во секое дете – поттикнување на човечкиот капитал, вработување на жените и инклузивен раст“. Како што е најавено, на конференцијата ќе се претстават клучните наоди од сеопфатната анализа на паричната помош за семејствата и децата, за да се иницира дијалог за реформи, со цел инвестирање во човечкиот капитал, ...
Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без струја ќе останат делови од Шуто Оризари и Кисела Вода. Според информациите од ЕВН Македонија, од 08:30 до 16 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците Пелагонија, Брсјачка Буна и Индира Ганди во општина Шуто Оризари, а од 08:30 до 14:30 часот, дел од улицата „Јустиниjан Први“ во населбата Драчево. Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без ...
Температурите низ целата држава утрово се над нула. Најстудено било во Берово каде се измерени два степена, а најтопло во Виница, Крушево и на Зајчев Рид во Скопје каде утринската температура е 10 степени. За денеска се најавува променливо облачно време со сончеви периоди и ветер од јужен правец кој ќе биде позасилен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 27 степени. Веќе од утре од попладневните часови се ...
СДСМ и Филипче се кријат зад флоскулата „проевропски“ додека во пракса нудат политика на отстапки без принципи, без црвени линии и без гаранции за државата. За Венко Филипче и СДСМ европскиот пат е алиби за прифаќање на се и сешто на штета на националните интереси, само СДСМ да се дограби до власта, а Филипче да ја зачува фотелјата на Бихачка, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Венко Филипче, во обид да ја задржи лидерската позиција во ...
Денеска се навршуваат 35 години од загинувањето на Сашко Гешовски, првата жртва во конфликтот што предизвика распад на Југославија, потсетуваат од Музеј галеријата во Кавадарци. Бројни делегации денеска ќе му оддадат почит со положување на цвеќе. – Роден е во Кавадарци на 31 октомври 1971 година, основно и средно училиште завршил во родниот град. По завршување на средното образование заминал на отслужување на воениот рок во ЈНА во Сплит – Р. ...
ДУИ повторно го пушти стариот филм. Народот вели: каде што те боли забот, таму оди јазикот. На ДУИ ја боли Изет Меџити, затоа што заедно со народот ги испрати во опозиција, се вели во соопштението на „Вреди“. Нека запомнат добро: Изет Меџити не е производ на канцеларии и милувања од Али Ахмети. Тој има мандат од Албанците, како градоначалник и пратеник. Со глас, со терен, со луѓе. Не како Бујар Османи, Блерим Беџети, Фатмир Бесими и кликава ...
Уставниот суд денеска ќе ја одржи 12-та седница, на чиј дневен ред шест иницијативи за оценување на уставноста и законитоста на различни законски и подзаконски акти, како и гласање за две нацрт-одлуки. Судот ќе ја разгледува иницијатива за измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, односно за членовите 1 и 3 од овој Закон, каде се оспорува ограничувањето на одредени права за пензионери кои живеат надвор од државата. ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во Брисел оствари средба со директорот на Генералниот директорат за соседска политика и проширување на Европската комисија, Герт Јан Копман, на која се разговараше за спроведувањето на реформите и напредокот во рамки на Реформската агенда 2024–2027. На средбата бил потенциран досегашниот напредок во реализацијата на реформите, како и динамиката на идните активности. Министерката истакнала ...
Монетарната политика на Народната банка (НБ) е оценета како целосно усогласена со препораките од европските институции, што претставува највисока оценка во делот на економските политики. Ова беше посочено во рамките на редовниот економски и финансиски дијалог помеѓу Европската Унија и земјите регионални партнери од Западен Балкан, Турција, Молдавија и Украина, којшто се одржа во Брисел, информираат од НБ. На дијалогот, посочуваат, учествуваше ...
Македонската култура е жива ризница на духот. Таа е светлина во фреските, ехо во каменот и трепет во народната песна. Во неа се запишани радоста и болката, копнежот и гордоста, истрајноста и вербата на многу генерации што создавале, чувале и оставале траен белег, порача вечерва од Брисел министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој се обрати пред почетокот на концертот на Оркестарот за џез-музика, во рамки на манифестацијата „Денови на ...
Македонските професионални возачи кои ќе останат повеќе од 90 дена во рамките на шенген зоната нема поеќе да се казнуваат. Владата изнајде решение. „Се дадоа неколку предлози, меѓутоа последниот со кој сметаме дека е изнајдено решение е издавањето на подлогорочни визи од страна на Хрватска и на Романија кој што се поблиски држави и се граничат со регионот“, изјави Беким Сали, Вцепремиерот и Министер за Европски прашања. Договорот се постигна ...
Македонскиот јазик е темел на нашиот идентитет и самобитност, траен сведок на историскиот континуитет и носител на културното и духовното наследство на македонскиот народ. Тој е огледало на генерации Македонци низ вековите, преку него се изразува народниот дух, а со неговото опстојување се потврдува нашето постоење. Тој е прекрасниот инструмент за изразување љубов и идеи, создавање уметнички и научни творби, вредни дела и вечни вредности, ...
Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, денеска учествуваше на третата едиција на форумот „Ереван Дијалог“, што се одржува на 5 и 6 мај 2026 година во Ерменија. Во рамки на форумот, Димитровски учествуваше на панел – дискусија посветена на глобалните геополитички трансформации и предизвиците на мултиполарниот свет, засилената конкуренција меѓу големите сили и нивното влијание врз меѓународната ...