Сплотени и со почит кон жртвите, Кочани се подготвува да ја одбележи годишнината од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, во која животот го загубија 63 млади луѓе, а над 200 беа повредени. Програмата започнува на 14-ти со православни содржини за молитвено сеќавање. Наредниот ден се предвидени спортски активности со учество на повредените и семејствата на загинатите. На 16 март, во часот кога се случи трагедијата која ќе остане трајно ...

Изборот на Владата да го предложи судијата Ненад Савевски за државен обвинител предизвика позитивни реакции кај дел од правната фела. Го нарекуваат непартиски човек кој досега неколку пати се спротивставил на политички вијанија, барајќи да се спроведува законот. Адвокатот Јанаки Митровски од својот колега судијата Савевски очекува многу. Тој вели дека државниот обвинител ќе има тешка задача пред себе пред се да се избори за финансиска ...

Во Македонија се уште има многу мал број на луѓе кои се одлучуваат да донираат органи алармираат надлежните. Иако свеста полека расте,бројките покажуваат дека семејствата често ја стопираат оваа одлука. Минатата година 13 пациенти биле подготвени да станат донори на органи. Но на крајот, само тројца навистина донирале. Кај останатите десет случаи, семејствата не дале согласност. Слична е состојбата и оваа година. Дел од пациентите изразиле ...

Ги анализиравме сите кандидати, ги анализиравме нивните биографии, воедно и заклучоците од Советот на јавни обвинители, и како Влада, во една конструктивна дебата, донесовме заклучок дека Ненад Савевски може да биде соодветно решение за нов државен јавен обвинител, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарско прашање зошто Владата одлучила Савевски да биде нејзин избор за државен јавен обвинител, Мицкоски рече дека, ...

Основниот кривичен суд во Скопје ѝ изрече казна од две години и шест месеци затвор на Гордана Филиповиќ за сообраќајната несреќа во која на пешачки премин кај МНТ во 2022 година беше прегазен Слободан Ангеловски. Со оваа одлука казната е намалена за шест месеци во однос на првичната пресуда од три години затвор. Семејството на Ангеловски изрази разочараност од пресудата, оценувајќи дека казната е премногу ниска и под законскиот минимум за ...

550 милиони евра тежи трговската размена помеѓу Македонија и Полска која треба да продолжи да расте и зголемува. Тоа е една од поважните заложби на македонската амбасада во Варшава. Билатералната соработка според македонските амбасадор во полската престолнина е на одлично ниво. Јасмин Ќахил пред камерата на Алфа вели дека Полската Република секогаш била тука кога и требало помош на Македонија. „На пример, приемот на нашите деца бегалци после ...

Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница едногласно ги усвои решенијата за формирање Комисија за селекција на кандидати за член на Државната комисија за спречување на корупцијата и за остварување на плата по престанок на функцијата претседател и на член на Регулаторната комисија за домување. Претседателот на Комисијата, Ѓорѓија Сајкоски, појасни дека утре истекува рокот од огласот за избор на член на Државна комисија ...

– На денешното рочиште за случајот „Онкологија“, вештото лице Милан Ристевски сведочеше за терапиите и протоколите во Клиниката за радиотерапија и онкологија – Скопје. Тој сведочеше дека забележал отстапувања, особено во делот на недоволно документирани податоци за состојбата на пациентите и објаснувања за изборот на терапија. -Кај најголемиот дел од контролираните преписи на терапија истите беа во рамките на препораките, но кај одреден дел ...

Во Крива Паланка денеска официјално се пуштени во употреба новите спортски трибини на фудбалскиот стадион со капацитет од 1050 седишта. Од локалната самоуправа на општината потенцираат дека со нив спортскиот комплекс во Крива Паланка се профилира како вистински центар за спорт, рекреација и здрав начин на живот, достапен за сите генерации. Вредноста на проектот изнесува 3.4 милиони денари со ДДВ, финансиски средства обезбедени од Министерство ...

Министерот за правда Игор Филков оствари работна средба со претседателот на Државната изборна комисија Бојан Маричиќ, потпретседателот на ДИК Абдуш Демири и членот на Комисијата Ангелчо Ристов. На средбата се разговарало за реформите во изборното законодавство, како и за важноста од тесна институционална соработка помеѓу Министерството за правда и Државната изборна комисија во процесот на подготовка на законските измени. Како што информираат ...

Општина Пустец реализира еколошка акција со цел чиста и здрава животна средина, како дополнителен услов за зголемување на бројот на туристите кои ја посетуваат општината -Веќе стана традиција ние како локална власт во соработка со комуналното претпријатие, да организираме акции за чистење на територијата на нашата преубава општина. Со тоа испраќаме порака за важноста на чистата околина, како за жителите така и за туристите кои се очекува да ...

Во време кога СДСM беше на власт, цените на нафтата, храната, електричната енергија одеа до плафон, куповната моќ на парите се намалуваше, а тогашната власт не мрдна со прст да помогне на граѓаните, се вели во сооштението од ВМРО-ДПМНЕ. Да потсетиме дека тогаш, СДСM на чело со Заев, сакаа да воведат и така наречена еколошка такса со која дополнително ќе ги зголемеа цените на нафтата и нафтените деривати за над 3,5 денари по литар, кои ќе ги ...

Македонската академија на науките и уметностите претставува една од најзначајните институции во нашата држава, храм на знаењето, науката и уметноста, но и чувар на интелектуалниот, културниот и научниот идентитет на Македонија. Низ децении постоење, МАНУ игра клучна улога во развојот на научната мисла, во заштитата на националното културно наследство и во создавањето визии за иднината на државата, објави на Фејсбук градоначалникот на Скопје, ...

Тврдењата за злоупотреба на службената положба се целосно неосновани. Ниту во еден момент не сум попречил остварување на какво било работничко право загарантирано со Уставот и со закон. Напротив, моја обврска е да обезбедам систем каде што правилата важат еднакво за сите, без привилегии и без исклучоци, изјави денеска на прес-конференција министерот за култура и туризам Зоран Љутков, откако Синдикатот на културата објави дека поднел кривична ...

Такси услугите во Штип нема да се зголемат и покрај воениот конфликт на Блискиот Исток. Претседателот на Здружение на такси компании „Такси 2003“-Штип, Глигор Арсов денеска образложи дека последните промени на цените на такси услугите се направени пред два месеци и се изгласани од страна на советниците на советот на Општина Штип. Посочува дека ги следат случувањата и доколку има потреба да се реагира тоа треба да биде во согласност со ...

Јавната свест за органодарителството особено за кадаверичната трансплантација односно трансплантацијата од починато лице неопходно е да се зголеми. Се прват измени на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување со цел да се олесни пристапот до донор и да се зголеми прагот односно да може да донираат и подалечни роднини. Се очекува до крајот на април тие да бидат изгласани во Собранието. Се разгледува и можноста ...

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево ќе има средба со трговците и претставници на маркетите. Како што изјави денеска, средбата е закажана за 16.00 часот. Мицкоски рече дека има јасни пораки и аргументи кои ќе ги изнесе на состанокот. -Имаме најниска цена на горивата во регионот, нема ценовен шок и снабдувањето со нафта и нафтени деривати не е доведено во прашање. Компаниите снабдувачи имаат доволно резерви, инфлацијата е најниска во ...

Граѓаните и посетителите можат да се поврзат на бесплатна WI-FI мрежа на градскиот плоштад во Куманово, информираа денеска од општината. -Wi – Fi мрежата е поставена во рамките на иницијативата WiFi4WB, финансирана од Европската унија и Владата на Сојузна Република Германија, а се спроведува од германската агенција за меѓународна соработка (GIZ), како дел од проектот EU4Digital, наведуваат од општината. Со овој проект Куманово добива ...

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска одговарајќи на новинарски прашања во врска со процесот на реконструкција на Универзалната сала, рече дека е донесена одлуката за избор на изведувач и оти се чека да се произнесе второстепената комисија по однос на жалбата. -Евалуацијата на документацијата заврши, ја донесовме одлуката за избор на изведувач, тоа беше минатиот понеделник. Чекавме десет дена, претпоследниот ден се појави жалба ...

Во Скопје денеска беше презентиран проектот „Застапување за дигитална инклузија“, што ќе биде имплементиран од Здружението за асистивна технологија – „Отворете ги прозорците“ и „ЗЕТА“ – Здружение за попреченост и правда. Општа цел на проектот, како што беше кажано на настанот, е да се придонесе кон унапредување на човековите права и еднаквоста на лицата со попреченост преку застапување за дигитална инклузија, развој на капацитетите на ...

Македонската економија се движи кон состојба на консолидирање, 55 отсто од странските инвеститори планираат повторни вложувања, порачаа денеска премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на Советот на странски инвеститори во земјава, Виктор Мизо, по состанокот во Стопанската комора. – Имавме плодна и успешна дебата. За нас странските инвеститори се исклучително важни, се разбира исто како и домашните инвеститори, бидејќи економијата е една ...

Тишина, наведнати глави и молитва за душите на 7.144 македонски Евреи. Пред споменикот во поранешниот скопски Монопол, местото од каде пред 83 години започнал патот кон смртта, беше одбележана годишнината од депортацијата во логорот Треблинка. Токму тука, во март 1943 година, илјадници Евреи од Скопје, Битола и Штип биле затворени и натоварени во сточни вагони, третирани како товар, а не како луѓе. Претседателот на Еврејската заедница во ...

– Општина Куманово започна со реконструкција на улица „425“, позната како стар Тромеѓански пат, во населбата Иго Тричковиќ. Проектот, како што информираше градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски опфаќа целосна реконструкција на трасата во должина од 1.540 метри, со што локалните власти очекуваат значително подобрување на сообраќајната инфраструктура и условите за движење на жителите од овој дел на градот. Според најавите од ...

Во пресрет на едногодишнината од трагедијата во дискотеката во Кочани, в сабота на 14 март ќе се одржи Меѓународната конференција „Институционални и клинички аспекти и решенија по пожарот во Кочани една година потоа“, на која ќе присуствуваат претставници на институциите, здравствени експерти, меѓународни организации и хуманитарни партнери. Конференцијата, на која ќе има лекари и медицикски персонал од 37 земји кои излегоа во пресрет за ...

Сеќавањето е наша морална должност, а борбата против омразата наша историска одговорност. Затоа, не смееме да се свртиме од минатото и не смееме да се плашиме од најтемните поглавја од историјата, туку да ги признаеме ужасните извесности, како и празнините, неизвесностите и прашањата што остануваат без јасни одговори до ден денес. Не смее да се дозволи заборавот да ги проголта македонските Евреи. Може да има многу политички мотивирани ...

Како претседател на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, ве известувам дека јавната расправа по Предлогот на закон за јавното обвинителство ја закажав за на 17.03.2026 год. (вторник) од 12.30 часот, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Амандманската расправа по истиот закон ќе се одржи на 19.03.2026год (четврток), од 11.00 часот. Како претседател на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, ве ...

При реализиран надзор над работењето на финансиските друштва констатирани се одредени измамнички трговски практики коишто се однесуваат, маѓу другото на рекламирањето на финансиските услуги и други дејствија од финансиските друштва, спротивно на Законот за заштита на потрошувачите, информира Министерството за финансии (МФ). -При надзорот констатирани се рекламирање со 0 отсто камата, иако во договорот за кредит биле предвидени други ...

Собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на денешната седница го разгледа, а потоа и го проследи на натамошна постапка Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за шумите. Предложениот текст е поднесен од група пратеници и досега за него не се поднесени амандмани. Измените треба да овозможат целосно следење на движењето на дрвото и дрвната маса, низ сите фази на производствениот и дистрибутивниот процес, ...

Во организација на Министерството за локална самоуправа, со поддршка од СИГМА/ОЕЦД и во присуство на претставници од Владата, ЗЕЛС и општините, денеска се одржа настан посветен на зајакнување на меѓуопштинската соработка (IMC) во Македонија, информираат од Министерството за европски прашања. На настанот се обратил и првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, кој истакна дека силната локална самоуправа е ...

Пратениците на денешната седница на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетски политики едногласно го усвоија Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за возила, по скратена постапка. Пратеникот во македонско Собрание, Кире Божиновски ја образложи потребата од донесување на законските измени на Законот за возила. Божиновски рече дека со овој законските измени се решаваат две клучни прашања, а тоа се ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
53%
1019
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
4.63
71%
1019
weather icon

Загреб

11ᴼ / 5ᴼ
3.09
47%
1022
weather icon

Софија

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
54%
1021
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
3.34
88%
1018
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1025
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
4.12
85%
1013
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
41%
1016
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
5.14
38%
1018
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 9ᴼ
5.66
64%
1015
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
4.92
44%
1019
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
6.17
76%
1015
Currency

61.645

Currency

52.6183

Currency

71.0956

Currency

37.6837

Currency

38.5248

Currency

67.1488

Currency

7.70987

Currency

0.70065

Currency

0.32997

Currency

0.52528

Currency

1.1713

Currency

0.56113

Бакар

12.18

Злато

153002.26

Иридиум

253540.09

Платина

66584.20

Калај

51.07

Родиум

326330.08

Паладиум

50026.56

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Сребро

2508.22

Рутениум

53788.20

Алуминиум

3.62